OPEL GRANDLAND X 2018.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2018.5Pages: 309, PDF Size: 7.7 MB
Page 21 of 309

Накратко19Копче за вклучување Старт
● рачен менувач: притиснете гипедалите за куплунгот и
сопирачките
● автоматски менувач: притиснете ја педалата за
сопирачките и ставете ја
рачката на менувачот во P или
N
● не притискајте ја педалата за гас
● притиснете го копчето Start/Stop
● отпуштете го копчето откако ќе
почне стартувањето
Систем за сопирање-поаѓање
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено и одредени услови
се исполнети, Autostop е вклучен.
На Автостоп укажува контролната
сијаличка D.
Рачен менувач: за повторно
палење на моторот, притиснете ја
педалата за куплунгот уште еднаш.
Контролната сијаличка D се гаси.
Автоматски менувач: за повторно
палење на моторот, отпуштете ја
педалата за сопирачките.
Контролната сијаличка D се гаси.
Систем за сопирање-поаѓање
3 156.
Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P. Ако
возилото е на угорница, свртете ги предните тркала
од работ на тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P.
Свртете ги предните тркала кон работ на тротоарот.
● Затворете ги прозорците.
Page 22 of 309

20Накратко● Изгаснете го моторот.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење или исклучете го
палењето на возилото со
копчето за вклучување.
Завртете го воланот додека
не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.
● Заклучете го возилото со e на
далечинскиот управувач за
радиото.
Активирајте го системот за
тревожење при кражба 3 37.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 231.
Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Клучеви, брави 3 21.
Оставање на возилото да стои подолго време 3 229.
Page 23 of 309

Клучеви, врати и прозорци21Клучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............21
Клучеви ..................................... 21
Далечински управувач ............22
Систем на електронскиот клуч .......................................... 23
Систем на централната брава ....................................... 25
Автоматско заклучување ........29
Детски брави ............................ 30
Врати ........................................... 31
Товарен простор ......................31
Безбедност на возилото ............37
Систем за заштита од
кражба ..................................... 37
Систем за тревожење при кражба ..................................... 37
Имобилизатор .......................... 39
Странични ретровизори ............40
Конвексен облик ......................40
Електрично местење ...............40
Преклопни прозорци ................ 40
Ретровизори со греење ...........41Ретровизори ............................... 41
Рачна заштита од отсјај ..........41
Автоматско намалување на отсјај ........................................ 42
Прозорци .................................... 42
Шофершајбна .......................... 42
Електрични прозорци ..............42
Греење на задното стакло ......44
Греење на шофершајбната ....45
Штитници за сонце ..................45
Ролетни со валци ..................... 45
Покрив ......................................... 46
Стаклена плоча ........................46Клучеви, заклучување
КлучевиВнимание
Не закачувајте тешки или
обемни елементи на клучот за
палење.
Резервни клучеви
Бројот на клучот е даден на етикета
која се вади.
Бројот на клучот треба да се
наведе кога се нарачуваат
резервни клучеви бидејќи тој е
компонента на системот на
имобилизаторот.
Брави 3 267.
Централна брава 3 25.
Палење на моторот 3 154.
Далечински управувач 3 22.
Електронски клуч 3 23.
Page 24 of 309

22Клучеви, врати и прозорциБројот на шифрата за адаптерот за
завртките за заклучување на
тркалата е наведен на картичка.
Треба да се наведе кога се
нарачува резервен адаптер.
Менување на тркалата 3 258.
Клуч со дел што се преклопува
Притиснете го копчето за да се
извлече. За да се преклопи клучот,
прво притиснете го копчето.
Далечински управувач
Овозможува ракување со следниве функции со користење на
копчињата на далечинскиот
управувач:
● централната брава 3 25
● системот за заштита од кражба
3 37
● системот за тревожење при кражба 3 37
● отклучување и отворање на задната врата
● електричните прозорци 3 42
● преклопување на ретровизорите 3 40
Далечинскиот управувач има опсег
до 100 метри, но исто така може да биде многу помалку поради
надворешни влијанија.
Предупредувачките трепкачи го
потврдуваат работењето.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Замена на батеријата во
далечинскиот управувач
Заменете ја батеријата штом се
намалува опсегот.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Page 25 of 309

Клучеви, врати и прозорци23
1.Отстранете го задниот капак од
далечинскиот управувач.
2. Извадете ја рамната батерија од локацијата.
3. Заменете ја батеријата со друга
од истиот тип. Обрнете
внимание на положбата на
инсталирањето.
4. Вратете го капакот.
Дефект
Ако со централната брава не може
да се ракува со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
● Дефект во далечинскиот управувач.
● Електронскиот клуч е надвор од опсегот на прием.
● Напонот на акумулаторот е слаб.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Рачно отклучување 3 25.Систем на електронскиот
клуч
Овозможува ракување без клуч со
следниве функции:
● централната брава 3 25
● електрична задна врата 3 31
● вклучување на палењето и палење на моторот 3 154
Електронскиот клуч просто треба
да биде со возачот.
Освен тоа, електронскиот клуч има функција и на далечински
управувач 3 22.
Page 26 of 309

24Клучеви, врати и прозорциРакувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Заменување на батеријата во
електронскиот кчуч
Заменете ја батеријата штом
системот веќе не работи правилно
или опсегот е намален. На
потребата од замена на батеријата
укажува порака во
Информативниот центар за
возачот 3 114.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
1. Извадете го капакот.
2. Извадете ја рамната батерија од локацијата.
3. Заменете ја батеријата со друга
од истиот тип. Обрнете
внимание на положбата на
инсталирањето.
4. Вратете го капакот.
Дефект
Ако со централната брава не може
да се работи или моторот не може
да се запали, причината може да
биде следното:
● Дефект на електронскиот клуч.
● Електронскиот клуч е надвор од опсегот на прием.
● Напонот на акумулаторот е слаб.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
За да се отстрани причината на
дефектот, сменете ја положбата на
електронскиот клуч.
Рачно отклучување 3 25.
Page 27 of 309

Клучеви, врати и прозорци25Систем на централнатабрава
Ги отклучува и заклучува вратите,
товарниот простор и вратичката на резервоарот за гориво.
Едно повлекување на внатрешната
рачка од некоја врата ја отклучува
соодветната врата.
Повлекувањето на рачката уште
еднаш ја отвора вратата.
Забелешка
Во случај на сообраќајка во
којашто се активираат воздушни
перничиња или затегнувачи на
ремените, возилото автоматски
се отклучува.
Забелешка
За кратко време по
отклучувањето со далечинскиот
управувач, вратите се
заклучуваат автоматски ако не се
отворила ниедна врата.
Предуслов за ова е
поставувањето да се активира во
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 115.Ракување со далечинскиот
управувач
Отклучување
Притиснете го O.
Режимот за отклучување може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во Инфо-
екранот. Две поставки може да се
изберат:
● Сите врати, товарниот простор
и вратичката на резервоарот
за гориво ќе бидат отклучени
со притискање на O еднаш.
● Само вратата на возачот, товарниот простор и
вратичката на резервоарот за
гориво ќе бидат отклучени со
притискање на O еднаш. За
отклучување на сите врати,
притиснете O двапати.
Изберете ја соодветната поставка
во Приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 115.
Отклучување на задната врата
Притиснете P подолго за да се
отклучи само задната врата.
Отклучување и отворање на
задната врата 3 31.
Заклучување
Затворете ги вратите, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот.
Page 28 of 309

26Клучеви, врати и прозорци
Притиснете го N.
Ако возачката врата не е правилно
затворена, системот на
централната брава нема да
работи.
Потврдување
Ракувањето со системот на централната брава се потврдува
со предупредувачките трепкачи.
Предуслов за ова е дека
поставувањето се активира во
приспособување кон
индивидуалните потреби 3 115.
Ракување со системот на
електронскиот клуч
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото во опсег од
околу еден метар од страната на
соодветната врата.
Отклучување
Поминете со раката зад рачката од вратата на една од предните врати
за да го отклучите возилото или
притиснете го копчето за задната
врата.
Држете ја раката зад рачката од
вратата или држете го притиснато
копчето за задната врата за да ги
отворите прозорците.
Режимот за отклучување може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во Инфо-
екранот. Две поставки може да се
изберат:
Page 29 of 309

Клучеви, врати и прозорци27● Со поминување со раката задрачката на возачката врата ќесе отклучи само возачката
врата.
● Со протнување на раката зад кваката на совозачката врата
или со притискање на копчето
за задната врата ќе се отклучат сите врати, товарниот простор
и вратничката на резервоарот
за гориво.
● Со притискање на копчето за задната врата ќе се отклучисамо задната врата.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 115.Заклучување
Притиснете со прст или палец на
една од рачките на вратите (на
ознаките) или притиснете го
копчето за задната врата.
Сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот за
гориво ќе бидат заклучени.
Системот се заклучува ако некоја
врата била отворена, а сите врати
сега се затворени.
Ако возачката врата не е добро
затворена, електронскиот клуч
останува во возилото или
палењето не е исклучено, нема да
се дозволи заклучување и ќе се
слушне предупредувачка
мелодија.
Ако имало два или повеќе
електронски клучеви во возилото и палењето било вклучено еднаш,
вратите ќе се заклучат дури и ако
само еден електронски клуч се
изнесе од возилото.
Отклучување и отворање на
задната врата
Задната врата може да се отклучи
и отвори без користење на рацете со притискање на прекинувачот на
подлогата за допир под лентата на
задната врата кога електронскиот клуч е во опсегот. Вратите
остануваат заклучени.
Товарен простор 3 31.
Page 30 of 309

28Клучеви, врати и прозорциРакување со копчињата на
електронскиот клуч
Системот на централната брава
исто така може да се ракува со копчињата на електронскиот клуч.
Притиснете O за отклучување.
Притиснете N за заклучување.
Подолго притиснете P за да ја
отклучите и отворите само
електричната задна врата.
Ракување со далечинскиот
управувач 3 25.
Потврдување
Ракувањето со системот на
централната брава се потврдува
со предупредувачките трепкачи.
Предуслов за ова е дека
поставувањето се активира во
приспособување кон
индивидуалните потреби 3 115.
Копче за централната брава
Ги заклучува или отклучува сите
врати, товарниот простор и
вратичката за полнење на
резервоарот од внатрешноста на
патничкиот простор.Притиснете Q за да заклучите.
Светнува LED-сијаличката во
копчето.
Притиснете Q повторно за
отклучување. LED-сијаличката во копчето се исклучува.
Ракување со клучот во случај на дефект на системот на
централната брава
Во случај на дефект, на пример, испразнет акумулатор или
батерија на далечинската контрола или електронскиот клуч, возачката
врата може да се заклучи или
отклучи со механичкиот клуч.
Рачно отклучување
Електронски клуч: притиснете го и
задржете го копчето за да се
извлече вметнатиот клуч.