OPEL GRANDLAND X 2018.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2018.5Pages: 309, PDF Size: 7.7 MB
Page 41 of 309

Клучеви, врати и прозорци39
Систем на електронскиот клуч:
Отклучување на возилото со
притискање на една од кваките на
предните врати на ознаките го
деактивира системот за
тревожење при кражба.
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото во опсег од
околу еден метар од страната на
соодветната врата.
Системот не се деактивира со
отклучување на возачката врата со клучот или со копчето за
централната брава во патничкиот
простор.
Аларм
Кога е активиран, се огласува
сирената за аларм и
предупредувачките трепкачи
трепкаат истовремено. Бројот и
времетраењето на аларамните
сигнали се утврдени со закон.
Системот за тревожење при
кражба може да се деактивира со
притискање на c, со притискање на
една од кваките на предните врати
на ознаките со системот на
електронскиот клуч или со
вклучување на палењето на
моторот.
На вклучен аларм што не го
прекинал возачот ќе укажуваат
предупредувачките светла. Ќе
трепнат брзо трипати следниот пат кога возилото ќе се отклучи со
далечинскиот управувач.
Дополнително, во
Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредувачка порака откако ќе
се вклучи палењето.
Пораки за возилото 3 114.Ако акумулаторот на возилото
треба да се откачи (на пр. за
одржување), сирената на алармот
треба да се деактивира на
следниот начин: вклучете го, па
исклучете го палењето, па
откачете го акумулаторот на
возилото во рок од 15 секунди.
Имобилизатор
Системот е дел од бравата за
палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото
со клучот што се употребува.
Имобилизаторот автоматски се
активира откако клучот ќе се
извади од прекинувачот за палење.
Забелешка
Ознаките за радио фреквентна
идентификација (RFID) може да
предизвика пречки со клучот. Не
го ставајте во близина на клуч кога го палите возилото.
Page 42 of 309

40Клучеви, врати и прозорциЗабелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш заклучувајте го
возилото откако ќе го напуштите
3 25 и вклучете го системот за
тревожење при кражба 3 37.Странични
ретровизори
Конвексен облик
Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Известување за странична мртва точка 3 206.
Електрично местењеИзберете го соодветниот
страничен ретровизор со
притискање на копчето за
ретровизорот налево или надесно.
Потоа завртете ја контролата за да
се намести ретровизорот.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
извиткаат од своите вообичаени
монтажни положби ако се удрат со
доволна сила. Вратете го
ретровизорот на место со вршење
благ притисок врз неговото
куќиште.
Page 43 of 309

Клучеви, врати и прозорци41Електрично свиткување
Повлечете го копчето за
ретровизорите наназад. Двата
странични ретровизора ќе се
свиткаат.
Повлечете го копчето за
ретровизорите наназад повторно
за да ги вратите страничните
ретровизори во првичната
положба.
Ако рачно се отвори некој
електрично преклопен ретровизор, повлекувањето на копчето за
ретровизорите наназад
електрично ќе го отвори само
другиот ретровизор.
Ретровизори со греење
Се ракува со притискање на b.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Греење на задното стакло 3 44.
Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Page 44 of 309

42Клучеви, врати и прозорциАвтоматско намалувањена отсјај
Отсјајот од возилата што доаѓаат
одзади ноќе автоматски се
намалува.
Прозорци
Шофершајбна
Налепници на шофершајбната Не ставајте налепници, на пр.
вињети за патарина или слично, на шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот и погледот
на камерата во куќиштето на
ретровизорот може да бидат
ограничени.
Замена на шофершајбнаВнимание
Ако возилото има сензор за предна камера за системи за
помош на возачот, многу важно
е секоја замена на
шофершајбната да се врши
точно според спецификации на
Опел. Инаку, овие системи
може да не работат правилно, и постои ризик од неочекувано
однесување и / или пораки од
овие системи.
Електрични прозорци9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Ако има деца на задните
седишта, вклучете го системот
за безбедност на децата за
електричните прозорци.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Вклучете го палењето за ракување со електричните прозорци.
Page 45 of 309

Клучеви, врати и прозорци43
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
Нежно притискање или
повлекување до првиот степен: прозорецот се движи нагоре или
надолу се додека се управува со
прекинувачот.
Цврсто притискање или
повлекување до вториот степен, а
потоа отпуштање: прозорецот се
движи автоматски нагоре или
надолу при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
движењето, ракувајте со
прекинувачот уште еднаш во иста
насока.
Безбедносна функција Ако стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш застанува и повторно се отвора.
Безбедносна функција за
потиснување
Во случај на тешкотии во
затворањето поради мраз или
слично, вклучете го палењето,
потоа повлечете го прекинувачот
до првото попуштање и задржете
го. Прозорецот се движи нагоре
без да биде вклучена
безбедносната функција. За да се
запре движењето, отпуштете го
прекинувачот.Систем за безбедноста на деца
за задните прозорци
Притиснете V за деактивирање на
задните електрични прозорци,
сијаличката свети. За активирање
притиснете го V повторно.
Ракување со прозорците
однадвор
Со прозорците може да се ракува
далечински надвор од возилото.
Page 46 of 309

44Клучеви, врати и прозорци
Притиснете го и држете го e за да
се затворат прозорците.
Отпуштете го копчето за да го
запрете движењето на прозорците.
Ако прозорците се затворат
целосно, предупредувачките
светла ќе трепнат двапати.
Преоптоварување Ако со прозорците повеќе пати серакуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците ќе се блокира за неколку време.
Иницијализирање на
електричните прозорци
Ако прозорците не може да се
затворат автоматски (на пр. по откачување на акумулаторот на
возилото), во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Пораки за возилото 3 114.
Активирајте ги електричните
прозорци на следниот начин:
1. Затворете ги вратите.
2. Вклучете го палењето.
3. Повлекувајте го прекинувачот додека прозорецот не се
затвори и продолжете да го
влечете уште две секунди.
4. Притискајте го прекинувачот додека прозорецот целосно не
се отвори и продолжете да го
притискате уште две секунди.
5. Повторете го истото за секој прозорец.Греење на задното стакло
Се користи со притискање на b
заедно со страничните
ретровизори со греење.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Во зависност од системот за
контрола на климатизацијата, b се
наоѓа на различно место.
Возила со систем за греење и
проветрување или систем за
климатизација
Page 47 of 309

Клучеви, врати и прозорци45Возила со електронски систем
за контрола на климатизацијата
Греење на
шофершајбната
Се користи со притискање на ,.
LED-сијаличката во копчето
светнува.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Во зависност од системот за
контрола на климатизацијата, ,
се наоѓа на различно место.
Возила со електронски систем
за контрола на климатизацијата
Возила со систем за
климатизација
Штитници за сонце
Штитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Ако штитниците за сонце имаат
вградени огледала, капаците на
огледалата треба да бидат
затворени за време на возењето.
На задната страна од штитникот за
сонце се наоѓа држач за билети.
Ролетни со валци
Page 48 of 309

46Клучеви, врати и прозорциЗа да се намали сончевата
светлина на вториот ред седишта,
повлечете ја ролетната угоре
користејќи ја дршката и заглавете
ја на врвот од рамката на вратата.Покрив
Стаклена плоча
Ролетна
Нежно притиснете го N на првиот
степен назад: ролетната се отвора
додека се држи прекинувачот.
Силно притиснете го N на вториот
степен, па ослободете го назад:
ролетната се отвора додека се
држи прекинувачот.
Нежно притиснете го N на првиот
степен напред: ролетната се
затвора додека се држи
прекинувачот.
Силно притиснете го N на вториот
степен, па ослободете го напред:
ролетната се затвора додека се
држи прекинувачот.
Безбедносна функција
Ако при автоматско затворање
ролетната наиде на отпор, таа
веднаш се запира и се отвора
повторно.
Функција за подготвеност
Во положбата 1 на прекинувачот за
палење може да се ракува со
ролетната 3 151.
Стартување по прекин во
електричното напојување
По прекин во електричното
напојување, со ролетната може да
се работи само до одреден опсег.
Иницијализирајте го системот на
следниов начин:
Page 49 of 309

Клучеви, врати и прозорци471. Свртете го клучот вопрекинувачот за палење во
положба 1.
2. Нежно притиснете го N
двапати на првиот степен назад и ролетната се отвора малку.
3. Веднаш нежно притиснете го N двапати на првиот степен
напред и ролетната се затвора
малку.
По чекорот 3, ролетната е во
режимот за иницијализација
без безбедносната функција.
4. Нежно притискајте го N на
првиот степен назад додека
ролетната не се отвори
целосно.
5. Нежно притискајте го N на
првиот степен напред додека
ролетната не се затвори
целосно.
По оваа постапка, ролетната е
иницијализирана со активна
безбедносна функција.
Кога N ќе се притисне цврсто до
вториот степен за време на
иницијализирањето, постапката се
откажува.
Page 50 of 309

48Седишта, потпирачиСедишта,
потпирачиПотпирачи за глава ....................48
Активни потпирачи за глава ...49
Предни седишта .........................50
Положба на седиштата ...........50
Рачно прилагодување на седиштето ............................... 51
Електрично местење на седиштето ............................... 53
Потпирач за рака .....................55
Греење ..................................... 55
Проветрување .......................... 56
Задни седишта ........................... 56
Потпирач за рака .....................56
Греење ..................................... 56
Безбедносни ремени .................57
Безбедносен ремен прицврстен на три точки ........58
Систем на воздушни
перничиња .................................. 60
Систем на предни воздушни перничиња ............................... 64
Систем на странични воздушни перничиња .............64Систем на завесни воздушни
перничиња ............................... 65
Деактивирање на воздушното перниче ................................... 66
Системи за врзување на деца ..67
Места за монтирање на системот за врзување на
деца ......................................... 70Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката