OPEL GRANDLAND X 2018.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2018.5Pages: 309, PDF Size: 7.7 MB
Page 51 of 309

Седишта, потпирачи49положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење
Потпирачи за глава на предните седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава угоре или притиснете ја патентбравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот удолу.
Потпирачи за глава на задните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава угоре или притиснете ја патентбравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот удолу.
Вадење
Притиснете ја спојката, повлечете
го соодветниот потпирач за глава
нагоре и извадете го.
Активни потпирачи за
глава
Во случај на удар одзади, предните
делови на активните потпирачи за
глава се движат малку нанапред. Затоа главата е поткрепена така
што ризикот од повреда на вратот е намален.
Забелешка
Одобрената дополнителна
опрема може да се прикачи само ако не се користи седиштето.
Page 52 of 309

50Седишта, потпирачиПредни седиштаПоложба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Не складирајте ништо под
седиштата.
● Седете така да задникот да биде колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете
го растојанието помеѓу
седиштето и педалите така
што нозете ќе бидат малку
свиткани кога ги притиснувате
педалите. Лизнете го
совозачкото седиште колку е
можно поназад.
● Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти
на екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот.
Колковите би требало да лежат леко врз седиштето без да го
притискаат него.
● Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно
поназад до потпирачот за грб. Наместете ја накосеноста на
потпирачот за грб така што ќе
може лесно да се дофати
воланот со благо свиткани
лакти. Гледајте да има контакт
помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го
вртите воланот. Не го
навалувајте потпирачот за грб
премногу назад.
Препорачуваме максимална
накосеност од околу 25°.
● Приспособете го седиштето и воланот на начин што зглобот
ќе се наоѓа на врвот на воланот
додека раката е целосно
испружена и рамениците се
потпираат на потпирачот за
грб.
● Местење на воланот 3 85.
● Наместете го потпирачот за глава 3 48.
Page 53 of 309

Седишта, потпирачи51● Наместете ја височината набезбедносниот ремен 3 58.
● Намастете го потпирачот за колковите така што ќе има
простор со ширина од околу
два прста помеѓу работ на
седиштето и шуплината на
коленото.
● Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Рачно прилагодување на
седиштето
Возете само со заглавени седишта
и потпирачи за грб.Надолжно прилагодување
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Обидете се да го поместувате
седиштето назад и напред за да
проверите дали седиштето е
заклучено.
Наклонетост на потпирачот за
грб
Свртете го тркалцето. Не
навалувајте се на потпирачот за грб кога го местите.
Page 54 of 309

52Седишта, потпирачиВисочина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре:седиштето погореудолу:седиштето подолуНавалување на седиштата
Притиснете го прекинувачот
наназад:предниот крај погоренанапред:предниот крај подолуПотпирач за половината
Дотерајте го потпирачот за
половината користејќи го
четиринасочниот прекинувач за да
им одговара на личните барања.
Местење на потпирачот нагоре и
надолу: притиснете го
прекинувачот угоре или удолу.
Зголемување и намалување на
потпирачот: притиснете го
прекинувачот нанапред или
наназад.
Page 55 of 309

Седишта, потпирачи53Приспособлив потпирач за
колковите
Повлечете ја рачката и слизнете го потпирачот за колковите.
Електрично местење на седиштето
9 Предупредување
Треба да се внимава кога се
ракува со електричните
седишта. Има ризик од повреда, особено за децата. Може да се
заглават предмети.
Внимавајте многу на седиштата
кога ги дотерувате истите.
Треба да се известат патниците
на возилото соодветно.
Надолжно прилагодување
Поместете го прекинувачот
нанапред / наназад.
Височина на седиштето
Поместете го прекинувачот угоре /
удолу.
Page 56 of 309

54Седишта, потпирачиНавалување на седиштата
Поместете го предниот дел на
прекинувачот нагоре / надолу.
Наклонетост на потпирачот за
грб
Свртете го прекинувачот
нанапред / наназад.
Потпирач за половината,
приспособување на потпирачот за бутовите, видете рачно
приспособување на седиштето
3 51.
Функција на меморирање на
електрично местење на
седиштето
Може да се зачуваат две различни
поставки на возачкото седиште.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 115.
Зачувување на меморираната
позицијата
● Наместете го возачкото седиште во саканата положба.
● Притиснете и држете M и 1 или
2 истовремено додека се
огласува мелодија.
Повикување на мемориските
положби
Притиснете и држете 1 или 2
додека не се постигне зачуваната положба на седиштето. Со
Page 57 of 309

Седишта, потпирачи55отпуштање на копчето додека
седиштето се движи се откажува
повикувањето.
Безбедносна функција
Ако возачкото седиште наиде на
отпор при движењето,
повикувањето може да сопре. По отстранувањето на пречката,
притиснете и држете го
соодветното копче за меморирање
на положбата две секунди.
Обидете се повторно да ја
повикате мемориската положба.
Ако повикувањето не работи,
посоветувајте се со сервисер.
Преоптоварување
Ако поставката на седиштето е
струјно преоптоварена,
напојувањето се прекинува
автоматски за кратко време.
Забелешка
По несреќа во која се активирале
воздушните перничиња,
мемориските функции за секое
позициско копче ќе бидат
деактивирани.Потпирач за рака
Потпирачот за рака може да се
лизне нанапред за 10 см.
Повлечете ја рачката за да го
лизнете потпирачот. Под
потпирачот за рака има складишна преграда.
Греење
Приспособете го греењето во
саканата поставка со притискање
на ß за соодветното седиште
еднаш или повеќепати.
Контролната сијаличка во копчето
ја покажува поставката.
Долготрајната употреба на
највисоката поставка не се
препорачува за луѓе со осетлива кожа.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот
и за време на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 156.
Page 58 of 309

56Седишта, потпирачиПроветрување
Активирајте го проветрувањето со
притискање на A за соодветното
предно седиште.
Проветрените седишта
функционираат кога работи
моторот и за време на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 156.
Задни седишта
Потпирач за рака
Преклопете го потпирачот за рака
надолу. Потпирачот за рака има
држачи за чаши.
Греење
Регулирајте го греењето на
седиштето со вртење на тркалцето
ß за соодветното задно
надворешно седиште на саканото
поставување.
Долготрајната употреба на
највисоката поставка не се
препорачува за луѓе со осетлива кожа.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот
и за време на Autostop.
Page 59 of 309

Седишта, потпирачи57Безбедносни ремени
Безбедносните ремени се
заклучуваат при нагло забрзување или забавување на возилото,
задржувајќи ги патниците во
положбата на седењето.
Следствено, ризикот од повреда е значително намален.
9 Предупредување
Пред секое патување врзете ги
безбедносните ремени.
Во случај на сообраќајка, луѓето кои не се врзани со ремени ги
загрозуваат своите сопатници и
себеси.
Еден безбедносен ремен е
предвиден за употреба само за
едно лице одеднаш.
Систем за врзување на деца
3 67.
Одвреме-навреме проверувајте ги
сите делови од системот на
ремените за оштетувања,
нечистотија и функционалност.
Заменете ги оштетените
компоненти. По сообраќајка, нека
Ви ги замени ремените и
активираните затегнувачи на
ремените автомеханичар.
Забелешка
Уверете се дека ремените не се
оштетени или приклештени со остри предмети. Спречувајте го
влегувањето на нечистотија во
механизмите за вовлекувањ на
ремените.
Потсетник за безбедносниот
ремен
Секое седиште е опремено со
потсетник за безбедносниот
ремен, за којшто има контролна
сијаличка X за соодветното
седиште во конзолата на покривот
3 102.
Ограничувачи на силата на
ремените
Притисокот врз телото се намалува
со постепеното ослободување на
ременот при судар.
Затегнувачи на ремените Во случај на фронтален судир,
удар одзади или страничен судир
со одредена силина, предните и
задните безбедносни ремени се затегнуваат. Предните појаси се
затегнуваат од два затегнувачи на
седиштето. Надворешните задни
безбедносни ремени се затегнати
од еден затегнувач за седиште.
Page 60 of 309

58Седишта, потпирачи9Предупредување
Неправилното ракување (на пр.
вадење или монтирање на
ремените) може да ги активира
затегнувачите на ремените.
Активирањето на затегнувачите на
ремените се означува со постојано
светење на контролната сијаличка
v 3 103.
Активираните затегнувачи на
ремените треба да ги замени
автомеханичар. Затегнувачите на
ремените може само еднаш да се
активираат.
Забелешка
Не закачувајте и не монтирајте
додатоци или други предмети
коишто може да му пречат на
работењето на затегнувачите на
ремените. Не вршете никакви
преиначувања на деловите на
затегнувачите на ремените
бидејќи тоа може да ја поништи
дозвола за работа на возилото.
Безбедносен ремен
прицврстен на три точки
Врзан
Извлечете го ременот од
механизмот за вовлекување,
повлечете го преку телото без да
се преврти, и вметнете го јазичето
во бравата. Затегнувајте го
ременот за скутот редовно за
време на возењето со
повлекување на ременот за
рамото.
Лабавите или кабастите облеки го
спречуваат ременот да се намести
припиени. Не ставајте предмети,
како на пример чантички или
мобилни телефони помеѓу
ременот и Вашето тело.
9 Предупредување
Ременот не смее да лежи врз
тврди или кршливи предмети во џебовите на Вашата облека.
Потсетник за безбедносниот ремен
X 3 102, 3 110.