OPEL GRANDLAND X 2019.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019.75, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2019.75Pages: 307, PDF Size: 7.81 MB
Page 171 of 307

Возење и ракување169подлогата. Ја отстранува калта и
повторно го воспоставува
триењето.
Истовремено, тркалото со најголем
контакт со подлогата добива
најголем можен вртежен момент.
Овој режим е активен при брзини
до 80 км/ч.
Режим за песок 1
Овој режим овозможува мало
количество истовремено вртење
на тркалата на двете погонски
тркала и на тој начин овозможува
возилото на напредува и го
намалува ризикот од потонување.
Овој режим е активен при брзини
до 120 км/ч.Внимание
Не користете ги другите режими на песок затоа што возилото
може да заглави.
Спортски режим
Спортскиот режим ги прилагодува
поставките на некои системи на возилото кон поспортски стил на
возење.
Активирање
Притиснете SPORT кога работи
моторот.
LED-сијаличката во копчето
светнува кога спортскиот режим е
активиран и се појавува статусна
порака во Информативниот центар на возачот.
Деактивирање
Кратко притиснете SPORT.
Спортски режим се деактивира
следниот пат кога ќе се активира палењето.
Page 172 of 307

170Возење и ракувањеСистеми за помош навозачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да зачувува и одржува брзини над
40 км/ч. Дополнително, кај рачен
менувач мора да се избере
најмалку трета брзина, а на
автоматски менувач положба D
или мора да се избере втората или
повисока брзина во положба M.
Може да дојде до отстапувања од
снимените брзини кога се вози по
угорници или удолнини.
Системот ја одржува брзината на
возилото на брзината определена
од возачот без притискање на
педалата за гас.
Претходно поставената брзина
може да се надмине привремено со
силно притискање на педалата за
гас.
Статусот и претходно поставената
брзина се прикажуваат во
Информативниот центар за
возачот.
Не користите ја контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржува постојана брзина.
Контролна сијаличка m 3 106.Вклучување на системот
Притиснете m, симболот m заедно
со порака се прикажуваат во
Информативниот центар за
возачот. Системот сè уште не е
активен.
Page 173 of 307

Возење и ракување171
Активирање на
функционалноста
Поставување на брзината од
возачот
Забрзајте до саканата брзина и
поместете го вртливото копче
еднаш кратко до SET/-.
Моменталната брзина се снима и одржува. Педалот за гас може дасе отпушти.
Потоа, претходно поставената
брзина може да се промени со
вртење на вртливото копче на
RES/+ за зголемување или на
SET/- за намалување на брзината.
Поместете го вртливото копче
неколку пати за да ја променувате
брзината во мали чекори.
Поместете го и задржете го за да ја
променувате брзината во големи
чекори.Вредноста на брзината е наведена
во Информативниот центар за
возачот.
Преземање брзина од
препознавањето ограничување на
брзина
Интелигентното приспособување
на брзината го информира возачот
кога препознавањето
ограничување на брзина ќе открие
ограничување на брзината.
Откриеното ограничување на
брзината може да се користи како
нова вредност за контролата на
патувањето.
Со користење на камерата во
горниот дел од шофершајбната,
овој систем го открива и го чита ограничувањето на брзината и
завршувањето на ограничувањето
на брзината.
Ако контролата на патувањето е
активна, препознатото
ограничување на брзината ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот и ќе светне
MEM .
Page 174 of 307

172Возење и ракувањеПритиснете MEM на воланот за да
побарате зачувување на
предложената брзина.
Притиснете MEM на воланот уште
еднаш за да ја потврдите и
зачувате новата поставка за
брзината.
Оваа брзина е новата вредност за
контролата на патувањето.
Функцијата може да се деактивира
или активира во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 113.
Надминување на поставената брзина
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете Ñ, контролата на
патувањето е во режим на пауза и се прикажува порака. Возилото се
вози без контрола на патувањето.Контролата на патувањето е
деактивирана, но не е исклучена.
Последната зачувана брзина
останува во меморијата за да може
повторно да се активира подоцна.
Контролата на патувањето се
деактивира автоматски во
следниве случаи:
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Брзината на возилото е под 40 км/ч.
● Работи системот за контрола на пролизгувањето или
електронската контрола за стабилност.
● Рачката на менувачот е во N
(автоматски менувач), прва
или втора брзина (рачен
менувач).
Продолжување со снимената
брзина
Поместете го вртливото копче на
RES/+ при брзина над 40 км/ч.
Снимената брзина ќе се постигне.Исклучување на системот
Притиснете m и режимот за
контрола на патувањето ќе се исклучи, а во Информативниот
центар за возачот ќе се исклучи и показателот за контролата на
патувањето.
Со притискање на ß за
активирање на ограничувачот на
брзината се деактивира
контролата на патувањето.
Исклучувањето на палењето ги
откажува сите програмирани
вредности за брзина.
Дефект Во случај на дефект на контролата
на патувањето, брзината се брише и цртичките почнуваат да трепкаат.
Препознавањето на ограничување
на брзина може да не работи
правилно ако сообраќајните знаци
не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци и
сигнали.
Page 175 of 307

Возење и ракување173Ограничувач на брзината
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 30 км/ч.
Возачот може да го забрза
возилото до претходно
поставената брзина. Може да дојде до отстапувања од ограничената
брзина само при возење надолу.
Претходно поставената брзина
може да се надмине привремено со силно притискање на педалата за
гас.
Статусот и претходно поставеното
ограничување на брзината се
прикажуваат во Информативниот центар за возачот.Вклучување на системот
Притиснете ß, симболот ß заедно
со порака се прикажуваат во
Информативниот центар за
возачот. Системот сè уште не е
активен.
Активирање на
функционалноста
Поставување на брзината од
возачот
Page 176 of 307

174Возење и ракувањеЗабрзајте до саканата брзина и
поместете го вртливото копче
еднаш кратко до SET/-.
Моменталната брзина се зачувува како максимална брзина.
Претходно поставената
максимална брзина може да се постави со притискање на
вртливото копче на RES/+ за
зголемување или на SET/- за
намалување на саканата
максимална брзина. Поместете го
вртливото копче неколку пати за да
ја променувате брзината во мали
чекори. Поместете го и задржете го
за да ја променувате брзината во
големи чекори.Вредноста на брзината е наведена
во Информативниот центар за
возачот.
Притиснете Ñ за да го активирате
ограничувачот на брзината.
Преземање брзина од
препознавањето ограничување на брзина
Интелигентното приспособување на брзината го информира возачот
кога препознавањето
ограничување на брзина ќе открие
ограничување на брзината.
Откриеното ограничување на
брзината може да се користи како
нова вредност за ограничувачот на брзината.
Со користење на камерата во
горниот дел од шофершајбната, овој систем го открива и го читаограничувањето на брзината и
завршувањето на ограничувањето
на брзината.
Ако ограничувачот на брзината е
активен, препознатото
ограничување на брзината ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот и ќе светне
MEM .
Притиснете MEM на воланот за да
побарате зачувување на
предложеното ограничување на брзина.
Притиснете MEM на воланот уште
еднаш за да ја потврдите и
зачувате новата поставка за
брзината.
Оваа брзина е новата вредност за
ограничувачот на брзината.
Page 177 of 307

Возење и ракување175Функцијата може да се активира
или деактивира во изборникот за
приспособување кон
индивидуалните потреби 3 113.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Во случај на итна потреба,
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас блиску до крајната точка. Во
овој случај, претходно поставената
вредност за брзината трепка.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете Ñ, ограничувачот на
брзината е во режим на пауза и се
прикажува порака. Возилото се
вози без ограничувачот на
брзината.Ограничувачот на брзината е
деактивиран, но не е исклучен.
Последната зачувана брзина се
меморира за повторно враќање на
брзината подоцна.
Продолжување на
ограничената брзина
Притиснете Ñ и ќе се постигне
зачуваното ограничување на
брзината.
Исклучување на системотПритиснете ß и режимот за
ограничувачот на брзината ќе се
исклучи, а во Информативниот
центар за возачот ќе се исклучи и
показателот за ограничувањето на
брзината.
Со притискање на m за активирање
на контролата на патувањето се
деактивира ограничувачот на
брзината.
Претходно поставената брзина останува во меморијата кога ќе се
исклучи палењето.Дефект
Во случај на дефект на
ограничувачот на брзината,
брзината се брише и цртичките
почнуваат да трепкаат.
Препознавањето на ограничување
на брзина може да не работи
правилно ако сообраќајните знаци
не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци и
сигнали.
Приспособлива контролана патувањето
Приспособливата контрола на
патувањето претставува
подобрување на
конвенционалната контрола на
патувањето со дополнителна
карактеристика на одржување
одредена оддалеченост за
следење на возилата напред.
Користи радарски сензор и сензор
за камера за да открива возила
напред. Ако не се открие возило на патеката на возење,
приспособливата контрола на
Page 178 of 307

176Возење и ракувањепатувањето ќе се однесува како
конвенционална контрола на
патувањето.
Приспособливата контрола на
патувањето го забавува возилото кога се приближува кон возило што
се движи побавно. Потоа ја
приспособува брзината на
возилото да го следи возилото
напред со избраната оддалеченост
за следење. Брзината на возилото
се зголемува или намалува за да го следи возилото напред, но нема да
ја надмине поставената брзина.
Може да примени ограничено
сопирање со активирани светла за
сопирачките.
Ако возилото напред забрза или ја промени лентата,
приспособливата контрола на
патувањето постепено го забрзува
возилото за да се врати на
зачуваната поставена брзина. Ако
возачот вклучи некој од трепкачите
за да претекне побавно возило,
приспособливата контрола на
патувањето дозволува возилото
привремено да пристапи до
возилото напред за да помогне вопретекнувањето. Сепак,
поставената брзина никогаш нема
да се надмине.
Приспособливата контрола на
патувањето може да зачува брзини над 30 км/ч за рачен менувач. Аковозилото напред се движи многу
бавно и избраната оддалеченост
за следење повеќе не може да се
одржува, се слуша
предупредувачка мелодија и се
прикажува порака во
Информативниот центар за
возачот. Пораката го потсетува
возачот да ја преземе контролата
над возилото. Кај возила со
автоматски менувач, системот
може да го сопре возилото до
целосно запирање.9 Предупредување
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот додека се
вози со приспособливата
контрола на патувањето.
Возачот има целосна контрола
врз возилото бидејќи педалата
на сопирачките, педалата на
гасот и копчето Ñ се
поприоритетни од кое било
работење на приспособливата
контрола на патувањето.
Вклучување на системот
Притиснете C и симболот C се
прикажува во Информативниот
центар за возачот. Системот сè
уште не е активен.
Page 179 of 307

Возење и ракување177
Активирање на
функционалноста
Поставување на брзината од
возачот
Приспособливата контрола на
патувањето треба да се вклучи
рачно при брзини помеѓу 30 км/ч и
180 км/ч. Кај возилата со
автоматски менувач, рачката на
автоматскиот менувач мора да
биде во положба D или M.
Забрзајте до саканата брзина и
поместете го вртливото копче до
SET/- . Моменталната брзина се
снима и одржува.Брзината е наведена во
Информативниот центар за
возачот.
Потоа, претходно поставената
брзина може да се промени со
вртење на вртливото копче на
RES/+ за зголемување или на
SET/- за намалување на брзината.
Поместете го вртливото копче
неколку пати за да ја променувате
брзината во мали чекори.
Поместете го и задржете го за да ја
променувате брзината во големи
чекори.
Кога приспособливата контрола на
патувањето работи, системот за
сопирање-поаѓање автоматски се
деактивира.
Преземање брзина од
препознавањето ограничување на
брзина
Интелигентното приспособување
на брзината го информира возачот кога препознавањето
ограничување на брзина ќе открие
ограничување на брзината.
Откриеното ограничување на
брзината може да се преземе како
нова поставена брзина за
приспособливата контрола на
патувањето.
Со користење на камерата во
горниот дел од шофершајбната,
овој систем го открива и го чита
ограничувањето на брзината и
завршувањето на ограничувањето
на брзината.
Ако приспособливата контрола на
патувањето е активна,
препознаеното ограничување на
брзината ќе се прикаже во
Информативниот центар за
возачот и ќе светне MEM.
Page 180 of 307

178Возење и ракувањеПритиснете MEM на воланот за да
побарате зачувување на
предложената брзина.
Притиснете MEM на воланот уште
еднаш за да ја потврдите и
зачувате новата поставка за
брзината.
Ова ограничување на брзината сега е новата поставена брзина за
приспособливата контрола на
патувањето.
Функцијата може да се активира
или деактивира во изборникот за
приспособување кон
индивидуалните потреби 3 113.
Надминување на поставената брзина
Секогаш е можно да се вози побрзо
од избраната поставена брзина со
притискање на педалата на гасот.
Кога ќе се отпушти педалата за гас, возилото се враќа на зачуваната
брзина. Ако напред има возило што
се движи побавно, се враќа
оддалеченоста за следење што ја
избрал возачот.Ако поставената брзина се
надмине, наведената поставка за
брзина трепка во Информативниот центар за возачот и се појавува
порака за предупредување.9 Предупредување
Забрзување од страна на
возачот го исклучува
автоматското сопирање од
системот. На тоа укажува
појавно предупредување на
Информативниот центар за
возачот.
Продолжување со зачуваната
брзина
Поместете го вртливото копче на RES/+ на брзина поголема од
30 км/ч. Приспособливата
контрола на патувањето се
активира со зачуваната поставена
брзина.
Приспособлива контрола на
патувањето кај возила со
автоматски менувач
Кај возила со автоматски менувач,
приспособливата контрола на
патувањето овозможува да се
одржи избраното растојание зад
возило што сопира додека не се
постигне целосно запирање.
Ако системот го запрел вашето
возило зад друго возило, тогаш
поставената брзина се заменува со
зелена контролна сијаличка ..
Овој симбол укажува дека
возилото автоматски се задржува во запрена позиција.
Ако запреното возило напред било запрено подолго време и потоа
почне да се движи нанапред,
зелената контролна сијаличка за
возило напред . ќе трепка и ќе се
огласи предупредувачка мелодија
како потсетник да го проверите
сообраќајот пред да продолжите.
Кога возилото напред ќе тргне,
притиснете ја педалата за гаста до 30 км/ч , па поместете го вртливото
копче до SET- или RES+ за да ја