OPEL GRANDLAND X 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2020Pages: 323, PDF Size: 21.86 MB
Page 251 of 323

Нега на возилото249Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 291.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 137.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој дел може да
доведе до привремено
деактивирање или попречување
на системот за сопирање-
поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки
за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, апроветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Акумулаторот секогаш треба да се
заменува со акумулатор од ист тип.
Акумулаторот треба да го замени
автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 158.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возила со систем за
сопирање-поаѓање, уверете се
дека потенцијалот на
полнењето не надминува
14,6 V кога се користи полнач за батерија. Во спротивно, може да
се оштети батеријата на
возилото.
Палење со кабли 3 278.
Page 252 of 323

250Нега на возилотоЗаштита од празнењеНапон во батериите
Кога напонот на акумулаторот е
низок, на Информативниот центар
за возачот ќе се прикаже
предупредувачка порака.
Кога возилото се вози, функцијата
за намалување на оптоварувањето
привремено деактивира одредени
функции, како што се
климатизацијата, греењето на
задното стакло, воланот со греење
и др.
Деактивираните функции повторно се активираат автоматски штом
тоа го дозволуваат условите.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да се
полни поради неговата состојба,
мора да се зголеми излезната
моќност на генераторот. Ова се
постигнува со засилување на
работата во празен од што може да
биде чујно.
Во Информативниот центар за
возачот се појавува порака.Штекер за струја
Приклучоците за струја се
деактивираат во случај на низок напон во акумулаторот.
Етикета за предупредување
Значење на симболите: ● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може дапредизвикаат слепило или
повреда.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Режим за заштеда на енергија Овој режим ги деактивира
потрошувачите на енергија за да
спречи прекумерно празнење на
акумулаторот на возилото. Овие
потрошувачи, како што се
Инфозабавниот систем,
бришачите на шофершајбната,
фаровите за средно светло,
светлата за внатрешноста и
слично може да се користат
најмногу 40 минути откако
палењето ќе се исклучи.
Page 253 of 323

Нега на возилото251Менување во режим за заштеда на
енергија
Кога е активиран режимот за
заштеда на енергија, во
Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Активен телефонски повик преку
опцијата без раце ќе се одржи уште околу дополнителни 10 минути.
Деактивирање на режимот за
заштеда на енергија
Режимот за заштеда на енергија се
деактивира автоматски кога
моторот ќе се стартува повторно.
Моторот нека работи за да има доволно енергија:
● помалку од 10 минути за да се користат потрошувачи до
околу 5 минути
● повеќе од 10 минути за да се користат потрошувачи до
околу 30 минути
Функционалности на греење Забелешка
Одредени функционалности за
греење, како што се греење на
седиштата или волан со греење,може да бидат привремено
недостапни во случај на
ограничувања од електрично
преоптоварување. Функциите ќе продолжат по неколку минути.
Цедење на системот со дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил
докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучувајте го
палењето трипати за 15 секунди
одеднаш. Потоа верглајте го
моторот најмногу 40 секунди.
Повторете го овој процес по
најмалку 5 секунди. Ако моторот не
се пали, побарајте помош од
автомеханичар.Замена на четкичките на
бришачите
Шофершајбна
Исклучете го палењето.
Во рок од една минута по
исклучувањето на палењето,
активирајте ја рачката за
бришачите за да ги поставите
бришачите вертикално на
шофершајбната.
Кренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Page 254 of 323

252Нега на возилотоПрицврстете ја четкичката на
бришачот под определен агол во
однос на рачката на бришачот, и
притиснете ја се додека не се
заглави.
Спуштајте ја рачката на бришачот внимателно.
Заден прозорец
Подигнете ја рачката на бришачот.
Откачете ја четкичката на
бришачот како што е покажано на
илустрацијата и извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под определен агол во
однос на рачката на бришачот, и
притиснете ја се додека не се
заглави.
Спуштајте ја рачката на бришачот внимателно.Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користете само исти вид на
сијалица за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на моторниот простор.
Проверка на ламбите
По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете ги светлата.
Халогенски предни фарови
Халогенски предни фарови со
посебни ламби за средно и долго
светло.
Page 255 of 323

Нега на возилото253
Внатрешна сијалица (1) за долго
светло.
Надворешна сијалица ( 2) за средно
светло.
Долго светло (1)
1. Отстранете го заштитниот капак со повлекување.
2. Притиснете ја спојката кон внатре и повлечете јафасонката наназад.
3. Извадете ја сијалицата од фасонката и заменете ја.
4. Ставете ја фасонката во куќиштето на фарот.
5. Ставете го заштитниот капак.
Page 256 of 323

254Нега на возилотоСредно светло (2)
1. Отстранете го заштитниоткапак со повлекување.
2.Притиснете ја спојката нагоре и
повлечете ја фасонката
наназад.
3. Извадете ја сијалицата од фасонката и заменете ја.
4. Ставете ја фасонката во куќиштето на фарот.
5. Ставете го заштитниот капак.
Предни трепкачи
Во случај на дефектни LED диоди,
нека Ви ги заменат истите кај
автомеханичар.
Странично светло
Во случај на дефектни LED диоди,нека Ви ги заменат истите кај
автомеханичар.
Светло за дневно возење
Во случај на дефектни LED диоди, нека Ви ги заменат истите кај
автомеханичар.
LED предни фарови Предните фарови за средно и
долго светло, страничните светла,
светлата за дневно возење и
трепкачите се направени како LED
и не можат да се заменат.
Во случај на дефект, светлата
треба да ги поправи
автомеханичар.
Предни фарови за магла
Сијалиците нека Ви ги заменува
автомеханичар.
Page 257 of 323

Нега на возилото255Задни светлаЗадните светла, светлата за
дневно возење и третото стоп-
светло се направени како LED. Во
случај на дефект, треба да ги
замени автомеханичар.
Комплет на светло во
каросеријата
1. Отворете ја задната врата, па откачете го пристапниот капак
на соодветната страна.
2. Разлабавете ја навртката за прицврстување на сијаличкатасо клуч.
За да не ја загубите навртката
ако падне во облогата, прво
ставете некоја ткаенина под
неа.
3. Рачно одвртете ја и извадете ја
навртката за прицврстување на
сијаличката.
4. Откачете ја спојката додека малку го влечете светлото.5. Од надворешната страна, внимателно повлечете го
комплетот на светлото од
отворот и извадете го.
Внимавајте цевката со кабелот
да остане во положбата.
6. Свртете ја фасонката налево и извадете ја од комплетот на
светлото.
Page 258 of 323

256Нега на возилото
7. Извадете ја сијалицата одфасонката и заменете ја.
Стоп-светло ( 1)
Трепкач ( 2)
8. Ставете ја фасонката во комплетот од светлото.
Наместете го комплетот на
светлото во отворот и затегнете ја навртката за прицврстување
на сијаличката однатре.
Закачете го капакот.
Комплет светла во задната
врата
1. Отворете ја задната врата и извадете го капакот.
Page 259 of 323

Нега на возилото2572. Разлабавете ја навртката заприцврстување на сијаличката
со клуч.
3. Рачно одвртете ја и извадете ја
навртката за прицврстување насијаличката.
4. Откачете ја спојката додека малку го влечете комплетот на
светлото.
5. Од надворешната страна, внимателно повлечете го
комплетот на светлото од
отворот и извадете го.
Внимавајте цевката со кабелот
да остане во положбата.6. Свртете ја фасонката налево и извадете ја од комплетот на
светлото.
7. Извадете ја сијалицата од фасонката и заменете ја:
Светло за рикверц ( 1)
Заден фар за магла ( 2)
8. Ставете ја фасонката во комплетот од светлото.
Наместете го комплетот на
светлото во отворот и затегнете ја навртката за прицврстување
на сијаличката однатре.
Закачете го капакот.
Трето стоп-светло Третото стоп-светло е направено
како LED и не може да се замени.
Во случај на дефект, светлата
треба да ги поправи
автомеханичар.
Page 260 of 323

258Нега на возилотоПроверка на ламбитеВклучете го палењето, вклучете ги
и проверете ги сите светла.
Странични трепкачи
За да ја замените сијаличката,
отстранете го склопот на светлото:
1. Лизгајте го склопот на светлото
нанапред и извадете го од
задната страна.
2. Свртете ја фасонката надесно и
извадете ја од склопот на
светлото.
3. Извадете ја сијалицата од фасонката и заменете ја.
4. Ставете ја фасонката и свртете
ја налево.
5. Ставете го левиот крај од склопот на светлото, лизгајте
налево и ставете го десниот
крај.
Светло за регистарската табличка
Светлата за регистарската
табличка се направени како LED-
сијалички и не можат да се
заменат.
Во случај на дефект, светлата
треба да ги поправи
автомеханичар.
Внатрешни светла Следниве сијалички нека ги замени
автомеханичар:
● светло за внатрешноста, светла за читање
● светло во товарниот простор
● осветлување на таблата со инструменти