OPEL GRANDLAND X 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2020Pages: 323, PDF Size: 21.86 MB
Page 241 of 323

Возење и ракување239
● Отстранете го капакот одвртливото копче и проверете
дали вртливото копче е
заклучено. Ако вртливото
копче не може да се сврти, значи дека е заклучено.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.● Извлечете го вртливото копче
и свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
Page 242 of 323

240Возење и ракување9Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.
Page 243 of 323

Возење и ракување241Помош за стабилноста наприколката
Ако системот открие занесувања,
моќноста на моторот се намалува и комбинацијата возила / приколка се
кочи селективно додека не
престане занесувањето. Додека системот работи, држете го
воланот колку што може помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 178.
Page 244 of 323

242Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................243
Додатоци и модификации на возилото ................................ 243
Чување на возилото ..............244
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......245
Прверки на возилото ...............245
Вршење работа ...................... 245
Хауба ...................................... 245
Моторно масло ......................246
Ладилник ................................ 247
Течност за миење ..................248
Сопирачки .............................. 248
Течност за сопирачките ........248
Акумулатор ............................. 249
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 251
Замена на четкичките на бришачите ............................. 251
Замена на сијалиците ..............252
Халогенски предни фарови ..252
LED предни фарови ..............254
Предни фарови за магла ......254
Задни светла .......................... 255
Странични трепкачи ..............258Светло за регистарската
табличка ................................ 258
Внатрешни светла .................258
Електричен систем ..................259
Осигурувачи ........................... 259
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............259
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......261
Прирачен алат ......................... 263
Алати ...................................... 263
Тркала и гуми ........................... 264
Зимски гуми ............................ 264
Ознаки на гумите ...................264
Притисок на гумите ................ 265
Систем за откривање на издишаноста на гумите ........266
Длабочина на шарата ...........267
Менување на големината на гумите и тркалата .................268
Раткапни ................................. 268
Синџири за гуми ..................... 269
Комплет за поправање гуми . 269
Менување тркала ................... 272
Резервно тркало ....................274
Палење со кабли ......................278
Влечење ................................... 280
Влечење на возилото ............280
Влечење друго возило ..........281Нега за изгледот ......................282
Нега на надворешноста ........282
Нега на внатрешноста ........... 285
Патосници .............................. 285
Page 245 of 323

Нега на возилото243Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди) може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, врз потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови од
возилото и да предизвикаат
возилото повеќе да не ја почитувадозволата за работа што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Прекривки за заштита од студ
Се препорачува заштитните
прекривки да се монтираат во
сервис.
Внимание
Заштитните капаци секогаш
мора да се отстрануваат кога ќе се случи нешто од следново:
● Амбиенталната температура е над 10 °C.
● Кога возилото се влече.
● Возилото се вози со брзина поголема од 120 км/ч.
Монтирање
1. Монтирајте ја заштитната прекривка како што е
прикажано.
2. Притиснете го долниот дел од заштитната прекривка врз
решетката. Уверете се дека
заштитната прекривка е
правилно прицврстена.
3. Повторете ја постапката за другите заштитни прекривки.
Page 246 of 323

244Нега на возилотоОтстранување
1. Ставете ја раката задрешетката, турнете гидржачите од заштитната
прекривка кон напред за да ја
ослободите заштитната
прекривка.
2. Повлечете ја заштитната прекривка нагоре и отстранете
ја.
3. Повторете ја постапката за другите заштитни прекривки.
Чување на возилото
Складирање за долго време Ако возилото ќе се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина илирикверц или лостот на
менувачот во P. Спречете го
возилото од тркалење.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пример,
системот за тревожење при
кражба.
Враќање во работна состојба Кога возилото има да се врати в
работа:
● Поврзете ја клемата со негативниот пол на
акумулаторот од возилото.
Активирајте ги електричните
прозорци 3 43.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
Page 247 of 323

Нега на возилото245● Проверете го нивото намоторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете муја работава само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање Отворете ја возачката врата.
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.
Page 248 of 323

246Нега на возилото
Притиснете ја безбедносната
спојка нагоре и отворете ја
хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на резето од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се спречи оштетување на моторот.
Проверете дали се користи
моторно масло со правилната
спецификација.
Препорачани течности и средства
за подмачкување 3 291.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен најмалку 5 мин.
Извлечете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитате го нивото на моторното масло.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Page 249 of 323

Нега на возилото247Препорачуваме употреба на
моторно масло од иста класа со
употребеното при последното
менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани. Ако моторното масло е над максималното ниво, не
стартувајте го возилото и
контактирајте со
автомеханичар.
Зафатнини 3 302.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник Фабрички наполнетата течност за
ладење обезбедува заштита од
замрзнување до околу -37 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 291.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над ознаката MIN. Дотурете ако
нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
Page 250 of 323

248Нега на возилотодостапен концентрат од течност заладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста
за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена
течност за миење на
шофершајбната што содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Течност за миење 3 291.
Сопирачки Во случај на минимална дебелина
на облогата на сопирачката, се
слуша чкрипење при сопирањето.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени новите пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Течноста за сопирачките мора да
биде меѓу ознаките DANGER и
MAX .
Ако нивото на течноста е под
DANGER , побарајте помош од
автомеханичар.