OPEL INSIGNIA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2015.5Pages: 371, PDF Size: 9.21 MB
Page 41 of 371

Клучеви, врати и прозорци39
што го активираат алармот. Исто
така исклучете го кога возилото е
на траект или воз.
1. Затворете ги задната врата, хаубата, прозорците и
подвижниот покрив.
2. Притиснете o. Сијаличката во
копчето o свети најмногу
10 минути.
3. Затворете ги вратите.
4. Активирајте го системот за тревожење при кражба.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува порака за
состојбата.Сијаличка за состојба
Сијаличката за состојба е вградена во сензорот на врвот од таблата со
инструменти.
Состојбата за време на првите
30 секунди по активирањето на
системот за тревожење при
кражба:Сијаличката
светнува=проверка,
задоцнување на
вклучувањетоСијаличката
трепка брзо=вратите, задната
врата или
хаубата не се
целосно
затворени, или
има системска
грешка
Состојба по вклучувањето на
системот:
Сијаличката
трепка бавно=системот е
вклучен
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на
дефекти.
Page 42 of 371

40Клучеви, врати и прозорци
ДеактивирањеДалечински управувач:
Отклучување на возилото со
притискање на c го исклучува
системот за тревожење при кражба.
Систем на електронскиот клуч:
Отклучувањето на возилото со
притискање на копчето на која било
рачка на вратите однадвор го
деактивира системот за
тревожење при кражба.
Системот не се деактивира кога се отклучува возачката врата со
клучот или со копчето за
централната брава во патничкиот
простор.
Аларм
Кога е активиран, се огласува
сирената за аларм и
предупредувачките трепкачи
трепкаат истовремено. Бројот и
времетраењето на аларамните
сигнали се утврдени со закон.
Системот за тревожење при
кражба може да се деактивира
само со притискање на c или со
притискање на прекинувачот на
рачката на вратата (систем на
електронскиот клуч) или со
вклучување на палењето.
На вклучен аларм што не го
прекинал возачот укажуваат
предупредувачките светла. Тие ќе
трепнат брзо трипати кога
возилото ќе се отклучи следниот
пат со далечинскиот управувач.
Дополнително, во
Информативниот центар завозачот се прикажува
предупредувачка порака откако ќе
се вклучи палењето.
Пораки за возилото 3 132.
Имобилизатор Системот е дел од бравата за
палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото
со клучот што се употребува.
Имобилизаторот се активира
автоматски откако клучот ќе се
извади од прекинувачот за палење.
Ако контролната сијаличка d
трепка кога палењето е вклучено,
има дефект во системот; моторот
не може да се запали. Исклучете го
палењето и повторете го обидот за
палење.
Ако контролната сијаличка d
продолжи да трепка, обидете се да
го запалите моторот користејќи го
резервниот клуч и побарајте
помош од автомеханичар.
Page 43 of 371

Клучеви, врати и прозорци41
Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш морате да го заклучувате возилото откако ќе го
напуштите и да го вклучувате
системот за тревожење при
кражба 3 26, 3 37.
Контролна сијаличка d 3 119.Странични
ретровизори
Конвексен облик Конвексниот страничен
ретровизор содржи асферичен дел
и ги намалува црните точки.
Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Електрично местењеИзберете го соодветниот
страничен ретровизор
префрлувајќи ја контролата на
левиот (L) или десниот ретровизор
(R) . Потоа завртете ја контролата
за да се намести ретровизорот.
Во положбата o не е избран ниеден
ретровизор.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако се удрат со доволна сила. Вратете
Page 44 of 371

42Клучеви, врати и прозорци
го ретровизорот на место со
применување благ притисок врз неговото куќиште.
Електрично свиткување
Ставете ја контролата на o, па
притиснете го контролното копче c надолу. Двата странични
ретровизора ќе се свиткаат.
Притиснете ја контролата
повторно надолу - двата странични ретровизора се враќаат во својата
првобитна положба.
Ако рачно се извлече некој
електрично свиткан ретровизор,
притиснувањето на контролата
електрично ќе го извлече само
другиот ретровизор.
Преклопување на
ретровизорите со
далечинскиот управувач Оваа функција е достапна само ако
возилото е опремено со меморија
на електричните седишта.
Притиснете го e повторно по
заклучувањето и држете го
една секунда за да се склопат
ретровизорите.
Притиснете го c повторно по
отклучувањето и држете го
една секунда за да се отворат
ретровизорите.
Притискањето три секунди го
активира ракувањето со
прозорците. Електрични прозорци
3 45. Подвижен покрив 3 47.
Ако ретровизорите биле склопени
со контролата на возачката врата,
не се отклопуваат со притискање
на c.
Оваа функција може да се
активира и деактивира во
Приспособувањето на возилото
кон индивидуалните потреби.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 129.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 134.
Поставките се зачувуваат
автоматски за клучот што се
користи 3 25.
Page 45 of 371

Клучеви, врати и прозорци43Ретровизори со греење
Се ракува со притискање на Ü.
Сијаличката во копчето покажува
дека е вклучено.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Автоматско
затемнување
Заслепувањето од возилата
одзади ноќе автоматски се
намалува со затемнување на двата странични ретровизори.
Помош за паркирање
Кај ретровизорите со меморирање
на позицијата, страничниот
ретровизор од совозачката страна
автоматски се насочува кон
задните гуми како помош при
паркирањето кога е ставено во
рикверц, освен за време на
работењето со приколка.
Меморија на положбата 3 56.
Активирањето или
деактивирањето на оваа функција
може да се смени во изборникот
Settings (Поставки) на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 134.Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Page 46 of 371

44Клучеви, врати и прозорциАвтоматско намалување
на отсјај
Заслепувањето од возилата
одзади ноќе автоматски се
намалува со затемнување на
ретровизорот.
Прозорци
Шофершајбна
Шофершајбна што ја одбива топлината Шофершајбната што ја одбива
топлината има облога што го
одбива сончевото зрачење. Може
да се одбиваат и податочни
сигнали, на пр. од станици за
патарина.
Означните подрачја на
шофершајбната не се премачкани
со облогата. Уредите за снимање
електронски податоци и плаќање
мора да се стават во овие
подрачја. Инаку, може да се
појават дефекти во снимањето
податоци.
Налепници на
шофершајбната Не ставајте налепници, на пр.
вињети за патарина или слично, на шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот и погледот на камерата во куќиштето на
ретровизорот може да бидат
ограничени.
Механички прозорци Прозорците на задните врати
можат да се отвораат или
затвораат рачно со рачките на
прозорците.
Page 47 of 371

Клучеви, врати и прозорци45Електрични прозорци9Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Ако има деца на задните
седишта, вклучете го системот
за безбедност на децата за
електричните прозорци.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Работи кога палењето е во
положба Режим за напојување
додатоци или Режим на вклучено
палење 3 172, 3 173.
Задржано исклучување 3 174.
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
Нежно притискање или
повлекување до првиот степен:
прозорецот се движи нагоре или
надолу се додека се управува со
прекинувачот.
Цврсто притискање или
повлекување до вториот степен и
потоа отпуштање: прозорецот се
движи автоматски нагоре или
надолу при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
движењето, ракувајте со
прекинувачот уште еднаш во иста
насока.
Со електричните прозорци може да се ракува околу 10 минути откако ќе
се исклучи палењето или додека е
отворена возачката врата.
Безбедносна функција Ако стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш
застанува и повторно се отвора.
Безбедносна функција за потиснување Во случај на тешкотии во
затворањето поради мраз или
слично, вклучете го палењето,
потоа повлечете го прекинувачот
до првото попуштање и задржете
го. Прозорецот се движи нагоре
без да биде вклучена
безбедносната функција. За да се
запре движењето, отпуштете го
прекинувачот.
Page 48 of 371

46Клучеви, врати и прозорци
Систем за безбедноста на
деца за задните прозорци
Притиснете z за деактивирање на
задните електрични прозорци,
сијаличката свети. За активирање
притиснете го z повторно.
Удобно ракување со
далечински управувач Со предните прозорци или со сите
прозорци може да се ракува
далечински однадвор од возилото.
Притиснете го c повторно во рок од
три секунди по отклучувањето: прозорците ќе се отворат.
Притиснете го e повторно во рок од
три секунди по заклучувањето:
прозорците ќе се затворат.
Притиснете некое копче за да
престане движењето на
прозорците.
Преклопување на ретровизорите 3 41.
Затворање на подвижниот покрив 3 47.
Потврдување
Целосното отворање или
затворање на прозорците се
потврдува со предупредувачките
трепкачи.
Преоптоварување
Ако со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците ќе се блокира за неколку време.
Иницијализирање на
електричните прозорци
Ако прозорците не може да се
затворат автоматски (на пр. по
откачување на акумулаторот на
возилото), во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Пораки за возилото 3 132.
Активирајте ја електрониката на прозорците за секој прозорец на
следниов начин:
1. Затворете ги вратите.
2. Вклучете го палењето.
Page 49 of 371

Клучеви, врати и прозорци47
3. Повлечете го прекинувачот довториот степен додека
прозорецот не почне да се
затвора, па држете го повлечен уште 4 секунди.
4. Притиснете го прекинувачот до вториот степен додека
прозорецот не почне да се
спушта автоматски.
5. Повторете го истото за секој прозорец.
Греење на задното
стакло
Се ракува со притискање на Ü.
Сијаличката во копчето покажува
дека е вклучено.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Штитници за сонцеШтитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Ако штитниците за сонце имаат
вградени огледала, капаците на
огледалата треба да бидат
затворени за време на возењето.
Ролетни со валци
За да се намали сончевата
светлина кај задните седишта,
повлечете ја ролетната угоре
користејќи ја дршката и заглавете
ја на врвот од рамката на вратата.Покрив
Подвижен покрив9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
подвижниот покрив. Ризик од
повреда, особено за децата.
Внимавајте многу на
подвижните делови кога
работите со нив. Уверете се
дека ништо не приклештат
додека се движат.
Работи кога палењето е во
положба Режим за напојување
додатоци или Режим на вклучено
палење 3 172, 3 173.
Задржано исклучување 3 174.
Page 50 of 371

48Клучеви, врати и прозорци
Подвижен покрив, возило со5 врати/лимузина со 4 врати
Отворање или затворање
Притиснете го p или r нежно
до првиот степен: подвижниот
покрив се отвора или затвора при
вклучена безбедносна функција се
додека се ракува со прекинувачот.
Притиснете го p или r цврсто
до вториот степен и потоа
отпуштете го: подвижниот покрив се отвора или затвора автоматски
при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
движењето, уште еднаш ракувајте
со прекинувачот.
Кревање или затворање
Притиснете го q или r:
подвижниот покрив се крева или
затвора автоматски при вклучена
безбедносна функција.
Ако подвижниот покрив е кренат,
истиот може да се отвори во еден
чекор со притискање на p.
Ролетна
Со ролетната се работи рачно.
Затворете или отворете ја
ролетната со лизгање. Кога
подвижниот покрив е отворен,
ролетната е секогаш отворена.Панорамски покрив, Sports
Tourer/Country Tourer
Отворање
Притиснете го p нежно до првиот
степен: подвижниот покрив се
отвора во положба спојлер.
Притиснете го p цврсто до
вториот степен и потоа отпуштете го: подвижниот покрив се отвора
автоматски при вклучена
безбедносна функција. За да се
запре движењето, уште еднаш
ракувајте со прекинувачот.