OPEL INSIGNIA 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2016Pages: 371, PDF Size: 9.37 MB
Page 161 of 371

Светла159Осветлување при
излегување
Следниве светла се палат ако
клучот се извади од бравата за
палење:
● внатрешни светла● светло на таблата со инструменти
● светла на табличките
Ќе се исклучат автоматски по
пауза. Оваа функција функционира
само на темно. Театралното
осветлување се активира ако
возачката врата се отвори за тоа
време.
Осветлување на патека Фаровите, задните светла и
светлата за регистарските
таблички го осветлуваат околниот
предел по напуштањето на
возилото, за толку време како што
ќе го приспособите.Активирање
1. Исклучете го палењето.
2. Извадете го клучот за палење. 3. Отворете ја возачката врата.4. Повлечете ја рачката на трепкачите.
5. Затворете ја возачката врата.
Ако возачката врата не е
затворена, светлата се гаснат по две минути.
Осветлувањето за излегување
веднаш се исклучува ако рачката
за трепкачите се повлече додека е
отворена возачката врата.
Оваа функција може да се
активира и деактивира во
Приспособувањето на возилото
кон индивидуалните потреби.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 132.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 137.
Поставките може да се снимат за клучот кој се употребува 3 24.
Заштита од празнење на акумулаторот
Функција за состојбата на
наполнетост на акумулаторот
Функцијата гарантира најдолг
работен век на акумулаторот преку генератор што има контролирана
излезна сила и оптимизирана
распределба на струјата.
Page 162 of 371

160СветлаЗа да се спречи празнење на
акумулаторот при возење,
следниве системи се редуцираат
автоматски во две фази и конечно
се исклучуваат:
● дополнително греење
● греење на задните прозорци и ретровизорите
● греење на седиштата
● вентилатор
Во втората фаза ќе се прикаже
порака во Информативниот центар за возачот што го потврдува
активирањето на заштитата на
акумулаторот од празнење.
Исклучување на електричните
светла
За да се спречи празнење на
акумулаторот кога палењето е
исклучено, некои внатрешни
светла се исклучуваат автоматски
за некое време.
Page 163 of 371

Контрола на климатизацијата161Контрола на
климатизацијатаСистеми за контрола на
климатизацијата .......................161
Систем за климатизација ......161
Систем за автоматска контрола на климата ............164
Систем за двојна автоматска контрола на
климатизацијата ...................169
Дополнително греење ...........174
Отвори за проветрување .........174
Приспособливи отвори за проветрување .......................174
Фиксни отвори за проветрување .......................175
Одржување ............................... 176
Довод на воздухот .................176
Филтер за полен ....................176
Обично работење на климатизацијата ...................176
Сервис .................................... 176Системи за контрола
на климатизацијата
Систем за климатизација
Контролер и копчиња за следниве
функции:
● температура TEMP
● распределба на воздухот l M
K
● брзина на вентилаторот Z
● ладење A/C
● кружење на воздухот 4
● одмаглување и одмрзнување
V
Греење на задното стакло Ü 3 46.
Седишта со греење ß 3 59.
Проветрени седишта A 3 59.
Волан со греење * 3 96.
Температура TEMP
Вртете го контролерот:
црвено:топлосино:студено
Греењето нема да биде целосно ефективно додека не ја достигне
нормалната работна температура
моторот.
Page 164 of 371

162Контрола на климатизацијатаРаспределба на
воздухот l M K
Притиснете:
l:кон шофершајбната и
прозорците на предните вратиM:кон пределот на главата преку
подвижните отвори за
проветрувањеK:кон пределот на нозете
Комбинации се возможни.
Активирањето се означува со
сијаличка во копчето.
Брзина на вентилаторот Z
Прилагодувајте го протокот на
воздухот вртејќи го контролерот Z
до саканата брзина. J значи
исклучен вентилатор.
Ладење А/С
Притиснете A/C за да го вклучите
ладењето. Активирањето се
означува со сијаличката во
копчето. Ладењето функционира
само кога моторот работи и кога е
вклучен вентилаторот на
контролата на климатизацијата.
Притиснете A/C повторно за да го
исклучите ладењето.
Системот за климатизација го лади
и го одвлажнува (суши) воздухот во кабината по потреба. Затоа може
да се формира кондензација и се
одведува под возилото.
Page 165 of 371

Контрола на климатизацијата163Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за
ладење за да заштедите гориво.
Активирано ладење може да ги
спречи автоматските запирања.
Систем за сопирање-поаѓање
3 183.
Одмаглување и одмрзнување
на прозорците V
●
Притиснете V: вентилаторот
автоматски се префрлува на
поголема брзина,
распределбата на воздухот се
насочува кон шофершајбната.
● Наместете ја контролата на температурата TEMP на
најтопло.
● Вклучете го греењето на задното стакло Ü.
● Отворете ги страничните отвори за проветрување по
потреба и насочете ги кон
прозорците на вратите.
Забелешка
Ако V се притисне додека работи
моторот, Autostop ќе биде
попречен додека повторно не се
притисне V.
Ако копчето V се притисне
додека моторот е во Autostop,
моторот ќе се запали повторно
автоматски.
Систем за сопирање-поаѓање
3 183.
Максимално ладење Накратко отворете ги прозорците
за топлиот воздух да може да се
распрска брзо.● Вклучете го ладењет А/С.
● Притиснете M за распределба
на воздухот.
● Наместете ја контролата на температурата TEMP на
најладно.
● Наместете ја јачината на вентилаторот Z на највисоко
ниво.
● Отворете ги сите отвори.
Систем за кружење на
воздухот 4
Притиснете 4 за да го вклучите
кружењето на воздухот.
Активирањето се означува со
сијаличката во копчето.
Изберете кружење на воздухот да
помогне во ладењето на
внатрешноста или за блокирање на
надворешните мириси или издувни
гасови. Кога е избрано кружење на воздухот, делумно проветрување
за да се освежи воздухот во
внатрешноста се врши на
10 минути.
Повторно притиснете 4 за да го
исклучите кружењето на воздухот.
Page 166 of 371

164Контрола на климатизацијатаПри топло и влажно време,
шофершајбната може да се
замагли однадвор, доколку кон неа
се насочи ладен воздух. Ако
шофершајбната се замагли
однадвор, активирајте го бришачот
на шофершајбната и
деактивирајте го l.
Распределба на воздухот на l:
Распределбата на воздухот се
деактивира.
Систем за автоматска контрола на климата
Во автоматскиот режим,
температурата, брзината на
вентилаторот и распределбата на
воздухот се регулираат
автоматски.
Контролер и копчиња за следниве
функции:
● температура TEMP
● распределба на воздухот l M
K
● брзина на вентилаторот Z
● автоматски режим AUTO
● ладење A/C
● кружење на воздухот 4
● одмаглување и одмрзнување
V
● вклучување/исклучување на
системот X
Греење на задното стакло Ü 3 46.
Греење на предните седишта ß
3 59.
Проветрени предни седишта A
3 59.
Волан со греење * 3 96.
Укажување
Поставките за температурата и
брзината на вентилаторот се
прикажани на екранот на
климатизацијата.
Секоја промена на поставките се
покажува на Инфо-екранот неколку
секунди.
Page 167 of 371

Контрола на климатизацијата165Системот за електронска контрола
на климатизацијата е целосно
функционален само кога работи
моторот.
Поставките на системот за
контрола на климатизацијата се зачувуваат во клучот кој се користи
за заклучување на возилото.
Автоматски режим AUTO
Основна поставка за максимална
удобност:
● Притиснете го AUTO,
распределбата на воздухот и
брзината на вентилаторот се
регулираат автоматски.
Активирањето се означува со
сијаличката во копчето.
● Притиснете A/C за да го
вклучите оптималното ладење
и одмаглување. Активирањето
се означува со сијаличката во копчето.
● Поставете ја температурата со
вртење на контролерот TEMP.
Предложена удобна поставка е 22 °C.
● Отворете ги сите отвори за проветрување за да
овозможите оптимална
распределба на воздухот во автоматскиот режим.
Поставувањето на регулирањето
на брзината на вентилаторот во
автоматскиот режим може да се
смени во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на инфо-
екранот во боја.
Изберете ја соодветната поставка во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.Информативен екран во боја
3 132.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 137.
Претходно одбирање на
температурата TEMP
Поставете ја температурата со
вртење на контролерот TEMP на
саканата вредност.
Избраната температура е
прикажана на екранот на
климатизацијата.
Page 168 of 371

166Контрола на климатизацијатаАко е поставена минимална
температура Lo, системот за
контрола на климатизацијата
работи на максимално ладење, ако е вклучено ладењето A/C.
Ако е поставена максимална
температура Hi, системот за
контрола на климатизацијата
работи со максимално греење.
Забелешка
Доколку е вклучено AC,
намалувањето на поставената
температура во кабината може да
предизвика повторен старт на
моторот од Автостоп или да
спречи Автостоп.Одмаглување и одмрзнување
на прозорците V
●
Притиснете V. Активирањето
се означува со LED- светилката
во копчето.
● Температурата и распределбата на воздохут се
поставуваат автоматски и
вентилаторот работи на
голема брзина.
● Вклучете го греењето на задното стакло Ü.
● За враќање на претходниот режим: притиснете V; За
враќање на автоматскиот
режим: притиснете AUTO.
Поставката за автоматското
греење на задното стакло може да
се смени во изборникот за
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби на инфо-
екранот во боја.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја 3 132.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 137.
Забелешка
Ако V се притисне додека работи
моторот, Autostop ќе биде
попречен додека повторно не се
притисне V.
Ако копчето V се притисне
додека моторот е во Autostop,
моторот ќе се запали повторно
автоматски.
Систем за сопирање-поаѓање
3 183.
Page 169 of 371

Контрола на климатизацијата167Рачни поставкиПоставките на системот за
контрола на климатизацијата може
рачно да се присподобат со
користење на копчињата за
распределба на воздухот и
контролерот за брзина на
вентилаторот на следниов начин.
Рачното менување на поставките
ќе го деактивира автоматскиот
режим.
Брзина на вентилаторот Z
Вртете го контролерот Z.
Избраната брзина на вентилаторот се означува со бројот сегменти на
екранот на климатизацијата.
Ако вентилаторот е исклучен, се
исклучува и климатизацијата.
За да се вратите на автоматскиот
режим: Притиснете го AUTO.
Распределба на воздухот l, M , K
Притиснете го соодветното копче
за саканото прилагодување.
Активирањето се означува со
сијаличката во копчето.
l:кон шофершајбната и
прозорците на предните вратиM:кон пределот на главата преку
подвижните отвори за
проветрувањеK:кон пределот на нозетеКомбинации се возможни.
Враќање на автоматската
распределба на воздухот:
притиснете AUTO.
Ладење A/C
Притиснете го A/C за да го
вклучите ладењето. Активирањето
се означува со сијаличката во
копчето. Ладењето функционира
само кога моторот работи и кога е
вклучен вентилаторот на
контролата на климатизацијата.
Повторно притиснете A/C за да го
исклучите ладењето.
Page 170 of 371

168Контрола на климатизацијатаСистемот за климатизација го лади
и го одвлажнува (суши) воздухот во
кабината по потреба. Затоа може
да се формира кондензација и се
одведува под возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или сушење, исклучете го системот за
ладење за да заштедите гориво.
Вклучување/исклучување на
системот X
Ладењето, вентилаторот и
автоматскиот режим можат да се
исклучат со притискање на X. Кога
ќе се исклучи системот,
сијаличката во копчето X е
изгасната.
Активирање со притискање на X
или на копчето за ладење A/C или
копчето за автоматски режим
AUTO . Активирањето се означува
со сијаличката во копчето.Рачно кружење на воздухот 4
Притиснете 4
за да го вклучите
кружењето на воздухот.
Активирањето се означува со
сијаличката во копчето.
Изберете кружење на воздухот да
помогне во ладењето на
внатрешноста или за блокирање на
надворешните мириси или издувни гасови. Кога е избрано кружење на
воздухот, делумно проветрување
за да се освежи воздухот во
внатрешноста се врши на
10 минути.
Повторно притиснете 4 за да го
исклучите кружењето на воздухот.
При топло и влажно време,
шофершајбната може да се
замагли однадвор, доколку кон неа
се насочи ладен воздух. Ако
шофершајбната се замагли
однадвор, активирајте го бришачот
на шофершајбната и
деактивирајте го l.
Основни поставки
Некои основни поставки можат да
се сменат во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на инфо-
екранот во боја.
Изберете ги соодветните поставки
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 132.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.