OPEL MERIVA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: MERIVA, Model: OPEL MERIVA 2015.5Pages: 281, PDF Size: 7.92 MB
Page 101 of 281

Инструменти и контроли99
Притиснете ја запалката. Таа се
исклучува автоматски кога
спиралата ќе се зажари. Извлечете ја запалката.
ПепелнициВнимание
Се користат само за пепел, а не за запално ѓубре.
Преносливиот пепелник може да
се стави во држачите за чаши.
Предупредувачки
светла, мерачи и
индикатори
Група инструменти
Во некои модели стрелките на
инструментите накратко се вртат
до крајната положба кога палењето
ќе се вклучи.
Брзиномер
Ја означува брзината на возилото.
Километража
Долната линија го прикажува
забележаното растојание во km.
Дневна километражаГорната линија го прикажува
запишаното растојание од
последното препоставување.
За да препоставите, притиснете го
копчето SET/CLR на рачката за
трепкачите неколку секунди 3 112.
Page 102 of 281

100Инструменти и контроли
Кај возилата со копче за
препоставување, држете го
копчето притиснато неколку
секунди кога палењето е вклучено.
Вртежомер
Ја прикажува брзината на моторот.Возете со мал број вртежи на
моторот за секоја брзина колку е
можно подолго.
Внимание
Ако стрелката е во црвената предупредувачка зона,
надмината е максимално
дозволената брзина на моторот. Моторот е во опасност.
Мерач за гориво
Го прикажува нивото на горивото
или притисокот на гасот во
резервоарот, зависно од режимот
на работа.
Контролната сијаличка i се пали
ако нивото во резервоарот е ниско.
Наполнете гориво веднаш ако
трепка.
За време на работата на течен гас, системот автоматски се
префрлува на работа на бензин
кога резервоарите за гас се празни 3 101.
Никогаш не дозволувајте
резервоарот да се испразни докрај.
Поради останатото гориво во
резервоарот, количината н
аполнењето може да биде помалку од назначената зафатнина.
Page 103 of 281

Инструменти и контроли101Селектор на гориво
Со притискање на LPG се
префрлува меѓу работа на бензин
и на течен гас. Состојбата на
сијаличката 1 го покажува
тековниот режим на работа.
1 исклучување=работа на
бензин1 свети=работа на течен
гас1 трепка=не е можно
префрлување,
еден резервоар
со гориво е
празенОткако резервоарите за течен гас
ќе се испразнат, автоматски се
активира работата на бензин
додека не се исклучи палењето.
Гориво за работа на течен гас
3 177.
Мерач за температурата
на течноста за ладење на моторот
Ја прикажува температурата на
течноста за ладење.
лева зона=уште не е
достигната
работната
температура на
моторотсредишна
зона=нормална
работна
температурадесна зона=температурата е
превисокаВнимание
Ако температурата на течноста
за ладење на моторот е
превисока, запрете го возилото, изгаснете го моторот. Опасност
за моторот. Проверете го
новито на течноста за ладење.
Екран за сервисирање
Системот за контрола на
работниот век на моторното масло
Ве известува кога да се сменат
моторното масло и филтерот. Врз
основа на условите за возење,
периодот при којшто ќе се укаже на
Page 104 of 281

102Инструменти и контроли
менување на моторното масло и
филтерот може да варира во
голема мера.
На горниот екран и на горниот
комбиниран екран, преостанатиот
работен век на маслото се
прикажува во Vehicle Information
Menu (Изборник за информации за
возилото) .
На Екранот со средно ниво
преостанаиот работен век на
моторното масло се прикажува со
контролниот индикатор I.
Палењето треба да биде вклучено,
без да работи моторот.
Изборникот и функцијата може да
се изберат преку копчињата на
рачката за трепкачите.
За прикажување на преостанатиот
работен век на моторното масло:
Притиснете MENU за да изберете
Vehicle Information Menu (Изборник
за информации за возилото) .
Свртете го тркалцето за местење
за да изберете Remaining Oil Life
(Век на останатото масло) .
Системот треба да се препостави секој пат кога се менува моторното масло за да се овозможи
правилното функционирање.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Притиснете го копчето SET/CLR за
препоставување. Палењето треба да биде вклучено, без да работи
моторот.
Кога системот пресметал дека
работниот век на моторното масло
се намалил, Change Engine Oil
Soon (Наскоро сменете го
моторното масло) или
предупредувачка порака се
појавува во Информативниот
центар за возачот. Нека Ви ги
смени моторното масло и
филтерот автомеханичар во рок од
една недела или 500 км (кое и да
настапи прво).
Информативен центар за возачот
3 112.
Информации за сервисирањето
3 247.
Page 105 of 281

Инструменти и контроли103Контролни сијаличкиКонтролните сијалички што се
опишани ги нема во сите возила.
Описите важат за сите верзии на
инструментите.
Зависно од опременоста
положбата на контролните
сијалички може да варира.
Кога палењето се вклучува
повеќето контролни индикатори ќе
се запалат за кратко време како
тест за функционирањето.
Боите на контролната сијаличка
значат:црвена=опасност, важен
потсетникжолта=предупредување,
информација, дефектзелена=потврдување на
активирањетосина=потврдување на
активирањетобело=потврдување на
активирањето
Page 106 of 281

104Инструменти и контроли
Контролни сијалички во групата инструменти
Page 107 of 281

Инструменти и контроли105
Контролни сијалички во
средишната конзола
Трепкач
O се пали или трепка зелено.
Свети накратко
Паркирните светла се вклучени.
Трепка
Активиран е некој трепкач за
вртење или предупредувачките
трепкачи.
Брзо трепкање: дефект на некој
трепкач или поврзаниот
осигурувач, дефект на трепкачите
на приколката.
Замена на сијалиците 3 199,
осигурувачи 3 210.
Трепкачи 3 135.
Потсетник за
безбедносниот ремен
Потсетник за безбедносните
ремени на предните седишта
X се пали или трепка црвено.
Свети
Откако ќе се вклучи палењето
додека не се врзе безбедносниот
ремен.
Трепка
По палењето на моторот за
најмногу 100 секунди додека не се врзе безбедносниот ремен.
Врзување на безбедносниот ремен 3 50.Состојба на безбедносните
ремени на задните седишта
> или X во Информативниот
центар за возачот трепка или
свети.
Свети
Откако ќе се запали моторот,
најмалку 35 секунди додека не се
врзе безбедносниот ремен.
Ако незаврзаниот безбедносен
ремен се врзува во текот на
возењето.
Трепка
По поаѓањето кога ќе се одврзе
безбедносниот ремен.
Врзување на безбедносниот ремен 3 50.
Воздушно перниче и
затегнувачи на ремените
v свети црвено.
Кога ќе се вклучи палењето,
контролната сијаличка свети околу
4 секунди. Ако не светне, не се
изгасне по 4 секунди или свети
Page 108 of 281

106Инструменти и контроли
додека се вози, има дефект во
системот на воздушните
перничиња. Побарајте помош од
автомеханичар. Воздушните
перничиња и затегнувачите на
ремените може да не се
активираат во случај на
сообраќајка.
Активирањето на затегнувачите на
ремените или на воздушните
перничиња се означува со
непрекинато светење на v.9 Предупредување
Нека Ви ја отстрани причината
на дефектот автомеханичар
веднаш.
Затегнувачи на ремените, систем на воздушни перничиња 3 49,
3 53.
Деактивирање на
воздушното перниче
V свети жолто.
Свети околу 60 секунди откако ќе
се вклучи палењето. Воздушното
перниче за совозачот е
активирано.
* свети жолто.
Воздушното перниче за совозачот
е деактивирано 3 58.9 Опасност
Ризик од смртоносна повреда за
дете кое користи систем за
врзување на деца заедно со
активирано воздушно перниче
за совозачот.
Ризик од смртоносна повреда за
возрасно лице со деактивирано
воздушно перниче за совозачот.
Систем за полнење
p свети црвено.
Се пали кога ќе се вклучи палењето
и се гасне кратко по палењето на
моторот.
Свети додека работи моторот
Застанете, изгаснете го моторот.
Акумулаторот не се полни. Може да биде прекинато ладењето на
моторот. Серво уредот на
сопирачките може да престане да
биде ефективен. Побарајте помош
од автомеханичар.
Индикаторско свтело за дефект Z Симболот свети или трепка
жолто.
Се пали кога ќе се вклучи палењето
и се гасне кратко по палењето на
моторот.
Свети додека работи моторот
Дефект на системот за контрола на издувните гасови. Дозволените
ограничувања за издувните гасови
може да бидат пречекорени.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Page 109 of 281

Инструменти и контроли107
Ако трепка додека работи
моторот Грешка која може да доведе до
оштетување на катализаторот.
Смалувајте го давањето на гас
додека не престане трепкањето.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Наскоро сервисирајте го
возилото
g свети жолто.
Дополнително се прикажува
предупредувачка порака или
предупредувачка шифра.
На возилото потребно му е
сервисирање.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Пораки за возилото 3 118.Течност за системите на
сопирачките и куплунгот
Ниво на течноста за
сопирачките и за куплунгот R свети црвено.
Нивото на течноста за сопирачките
и за куплунгот е прениско 3 195.9 Предупредување
Застанете. Не го продолжете
патувањето. Посоветувајте се со автомеханичар.
Ракување со педалата
- Симболот свети или трепка
жолто.
Свети
Педалата на сопирачките треба да се притисне за да се отпушти
електричната сопирачка за
паркирање 3 166.
Педалата на квачилото треба да се
притисне за моторот да почне да
работи во режим Autostop
[Автостоп]. Систем за сопирање-
поаѓање 3 155.
Трепка
Педалата на квачилото треба да биде притисната за стартување на
моторот 3 17, 3 154.
Електрична сопирачка за
паркирање m се пали или трепка црвено.
Свети
Електричната сопирачка за
паркирање се применува 3 166.
Page 110 of 281

108Инструменти и контроли
ТрепкаЕлектричната сопирачка за
паркирање не е целосно
применета или ослободена.
Вклучете го палењето, притиснете
го педалот за сопирачката и
обидете се да го препоставите
системот прво со ослободување, и потоа со применување на
електричната сопирачка за
паркирање. Ако m продолжува да
трепка, не возете понатаму, и
побарајте помош од
автомеханичар.
Дефект во електричната
сопирачка за паркирање
j Симболот свети или трепка
жолто.
Свети
Електричната сопирачка за
паркирање работи со смалени
перформанси 3 166.Трепка
Електричната сопирачка за
паркирање е во сервисен режим.
Запрете го возилото, применете ја
и ослободете ја електричната
сопирачка за паркирање за да се
ресетира.9 Предупредување
Нека Ви ја отстрани причината
на дефектот автомеханичар
веднаш.
Систем за деблокирање
на сопирачките (ABS) u свети жолто.
Свети неколку секунди откако ќе се
вклучи палењето. Системот е
подготвен за работа кога ќе се
изгасне контролната сијаличка.
Ако сијаличката не се изгасне за
неколку секунди, или ако се запали
за време на возењето, има дефект
во ABS. Системот на сопирачките
останува функционален без
регулирање од ABS.
Систем за деблокирање на
сопирачките 3 166.
Менување во поголема
брзина [ свети зелено кога се
препорачува ставање во поголема
брзина за да се заштеди гориво.
Кај возила со горен екран или горен комбиниран екран, [ со бројот на
препорачаната брзина се
прикажува на долната линија на
Информативниот центар за
возачот.
Управување со воланот
со променлив напор
c свети жолто.
Дефект во системот за управување
со воланот со променлив напор
Тоа можед да доведе до поголем
или помал напор при управување
со воланот. Посоветувајте се со
автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 155.