OPEL MERIVA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: MERIVA, Model: OPEL MERIVA 2015.5Pages: 281, PDF Size: 7.92 MB
Page 81 of 281

Складирање79
Вовлекување на задниот
систем за превозување
Притиснете ги точките за
монтирање на педалата во
отворите за педалата како што е
прикажано на илустрацијата.
Вметнете го каишот за држење и
повлечете го цврсто удолу колку
што може.
Притиснете го лостот за
ослободување и лизнете ги
навнатре процепите за тркалата се докрај колку што е можно.
Ослободете го лостот за
закочување на дијагоналниот
потпирач и преклопете ги двата
процепа за рачките на педалите
надолу.
9 Предупредување
Ризик од приклештување.
Page 82 of 281

80Складирање
Извадете ја регистарската
табличка и преклопете го држачот
на регистарската табличка надолу.
Завртете го прво левиот лост за
прицврстување ( 1), а потоа
десниот лост за прицврстување ( 2)
се додека тие не може повеќе да се движат.
Притиснете го лостот за
прицврстување надолу и
извлечете ги двата потпирача на
ламбите од процепите.
Склопете ги држачите на ламбите
навнатре на задните страни од
задните ламби.
Првин ставете ја предната ( 1), па
задната задна ламба ( 2) во
процепите и притиснете ја колку
што може докрај. Притиснете ги
каблите се докрај во сите шини за
да се спречи оштетувањето.
Отворете ја задната врата.
Турнете ја рачката за
ослободување угоре и држете ја.
Кренете го системот малку и
притиснете го во браникот додека
не се закочи.
Page 83 of 281

Складирање81
Лостот за ослободување треба да
се врати во првобитната положба.9 Предупредување
Ако системот не може да се
заглави правилно, Ве молиме да побарате помош од
автомеханичар.
Товарен простор
Преклопување на
потпирачите за грб на задните
седишта надолу Потпирачот за грб на задното
седиште е поделен на три дела.
Сите делови можат да се
преклопат надолу и да се спуштат
посебно за да се зголеми
големината на товарниот простор.9 Предупредување
Не чувајте предмети под
седиштата или зад нив.
Предметите може да се оштетат и да ги спречат шините да
закочат правилно.
Се создава целосно рамна товарна шуплина ако потпирачите за грб на
задните седишта се преклопени
надолу.
Внимание
Не преклопувајте ги наслоните
на надворешните седишта
додека седиштата се во
внатрешната положба.
Седиштата може да се оштетат.
Извадете го капакот на товарниот
простор ако е потребно 3 83.
Турнете ги потпирачите за глава
надолу со притиснување на двете
патент-брави.
Page 84 of 281

82Складирање
Земете го безбедносниот ремен од
спојката за држење на потпирачот
за грб.
Повлечете ја рачката на предната
страна од потпирачот за грбот и
преклопете го потпирачот надолу
врз седалото. Седиштето се
спушта автоматски.
Потпирачите за грб можат да се
преклопат и од товарниот простор.
Повлечете ја рачката на задната
страна од потпирачот за грбот и
преклопете го потпирачот надолу.
За да се преклопат нагоре,
повлечете ја рачката и кревајте ги
потпирачите за грб во исправена
положба додека не се заглават
чујно.
9 Предупредување
Кога ги преклопувате,
проверете дали потпирачите за грб се добро заглавени во
положбата пред да возите.
Инаку може да дојде до лични повреди или оштетувања на
товарот или возилото во случај
на нагло сопирање или судир.
Задна преграда за
складирање
Од левата страна на товарниот простор има преграда за
складирање.
Свртете го затворачот обратно од
насоката на стрелките на
часовникот и преклопете го капакот надолу.
Page 85 of 281

Складирање83Капак на товарниот
простор Не ставајте предмети врз капакот.
Вадење на капакот
Откачете ги каишевите за држење
од задната врата.
Подигнете го капакот на задниот
дел и притиснете го нагоре на
предниот дел.
Извадете го капакот.
Складирање на капакот
Откачете ги каишевите за држење
од задната врата.
Подигнете го капакот на задниот дел и притиснете го нагоре се
додеека не излезе од страничните
шини на предниот дел.Ставете го капакот зад задните
седишта.
Местење на капакот
Заглавете го капакот во
страничните шини и преклопете го
удолу. Закачете ги каишевите за
држење за задната врата.
Page 86 of 281

84СкладирањеКапак на задната
преграда за складирање
под подот
Задниот капак на подот може да се
крене.
Склопете ја нагоре и малку
поткренете го капакот на товарниот простор.
Извлечете ја куката кај левиот
страничен ѕид на товарниот
простор за да се задржи задниот
поден капак исправен.
Под со двојна товарна
шуплина Подот со двојна товарна шуплина
може да се вметне во товарниот
простор во две положби:
■ непосредно над капакот за отворот за резервното тркало
или задниот капак на подот,
■ во горните отвори во товарниот простор.
За вадење, подигнете го подот со
товарната шуплина користејќи го прицепот и повлечете го наназад.
За вметнување, турнете го подот
со товарната шуплина нанапред во соодветната шина, па спуштете го.
Ако е монтиран во горната
положба, просторот помеѓу подот
со товарната шуплина и капакот на процепот за резервното тркало
може да се користат како
складишна преграда.
Во таа положба, ако потпирачите
за грб на задните седишта се
преклопени нанапред, се креира
една речиси сосема рамна товарна
шуплина.
Во горната положба, подот со
двојна товарна шуплина може да
издржи максимално оптоварување
од 100 кг. Во долната положба,
Page 87 of 281

Складирање85
подот со двојна товарна шуплина
може да го издржи максималното
дозволено оптоварување.
Во моделите со комплет за
поправање гуми, вдлабнатината за
резервното тркало може да се
користи како дополнителна
складишна преграда. Комплет за поправање гуми 3 226.
Алки за врзувањеАлките за врзување се предвидени за обезбедување на предметите
против лизгање, на пр. користење
на каишеви за врзување или мрежа за багаж.
Безбедносна мрежа
Безбедносната мрежа може да се
монтира зад предните седишта.
Не смее да се превозуваат патници зад безбедносната мрежа.
МонтирањеИма два отвора за монтирање во
рамката на покривот: закачете ја шипката на мрежата од едната
страна, турнете ја напред и
заглавете ја. Извлечете ја шипката,
закачете ја од другата страна,
турнете ја напред и заглавете ја.
Закачете ги куките на ремените за
затегнување на мрежата во алките
за врзување во подот зад предните
седишта. Затегнете ја мрежата со
повлекување на слободниот крај од
ременот.
Закачете ја и затегнете ја од двете
страни.
Page 88 of 281

86Складирање
Вадење
Навалете го регулаторот на
должината од ремените за
затегнување на мрежата угоре и откачете ги ремените од дветестрани. Откачете ја горната шипка
на едната страна, откачете ја од
другата страна и извадете ја од
отворите.
Складирање
Ставете ги ремените за
затегнување како што е покажано
на сликата и порамнете ги со
безбедносната мрежа.
Намотајте ја горната шипка за
мрежата надолу приближно до
средината.
Ставете ја горната шипка за
мрежата преку каишевите за
затегнување до долната шипка за
мрежа. Куките на горната шипка за
мрежа треба да покажуваат
обратно од долната шипка за
мрежа.Прицврстете ја „Velcro“ лентата
цврсто околу мрежата до
регулаторите по должина.
Регулаторот по должина и шипките
на мрежата треба да лежат рамно
еден до друг.
Складирајте ја безбедносната
мрежа во просторот помеѓу
двојната шуплина за товарење на
подот во товарниот простор. Капак
на задната преграда за
складирање под подот 3 84.
Page 89 of 281

Складирање87Масичка на склопување
Се наоѓа во потпирачите за грб на
предните седишта.
Отворете ги со повлекување
нагоре додека не се заглават.
Преклопете ги со притискање
преку отпорната точка.
Не ставајте какви било тешки
предмети на масичката на
склопување.
Предупредувачки
триаголникСкладирајте го предупредувачкиот триаголник во просторот кај
задната страна на товарниот
простор.
Прибор за прва помош Складирајте ги приборот за прва
помош и флуоресцентното елече
под возачкото седиште.
Користете ги ремените.
Зависно од возилото, под
возачкото седиште се наоѓа кутија. Повлечете ја рачката и преклопете
го капакот надолу. Максимална
оптовареност: 1,5 кг.
Page 90 of 281

88СкладирањеСистем на багажници
за на покрив
Багажник за на покрив
Поради безбедносни причини и да
се избегне оштетувањето на
пчокривот се препорачуваат
системи на багажници одобрени за возилото. За повеќе информации,
контактирајте со автомеханичар.
Следете ги упатствата за
монтирање и кога не е во употреба
извадете го багажникот за на
покрив.Одвојте го капакот од секоја
монтажна точка.Информации за
товарење
■ Тешките предмети во товарниот простор треба да се местат до
потпирачите за грб. Уверете се
дека потпирачите за грб се
безбедно заглавени. Ако
предметите можат да се стават
еден врз друг, потешките
предмети треба да се стават
долу.
■ Прицврстувајте предмети со еластичните каишеви закачени
за алките за врзување 3 85.