OPEL MOKKA 2014.5 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2014.5Pages: 157, PDF Size: 3.11 MB
Page 131 of 157

Аудио плеери131
■ Мемориски уреди USB може дасе поврзат со овој уред само за
репродуцирање музички
фајлови.
Приклучокот USB на овој уред не
треба да се користи за полнење
дополниелна опрема USB
бидејќи топлината што се
испушта при користење на
приклучокот USB може да
предизвика проблеми со
изведбата или оштетувања на
овој уред.
■ Кога меморискиот уред USB е поделен на повеќе логички
дискови, може да се
репродуцираат само музички
фајлови од највисоко
рангираниот логички диск. Затоа
музичките фајлови за
репродуцирање треба да се
снимени на највисоко
рангираниот диск на уредот.
Музичките фајлови од некој
мемориски уред USB може да не
се репродуцираат нормално и
ако е вчитана апликација со
партиционирање на посебен
диск во рамките на уредот USB.■ Не може да се репродуцираат музички фајлови со заштита
DRM (Управување со дигитални
права).
■ Производов поддржува мемориски уреди USB што имаат
капацитет до 16 гигабајти, со
ограничување од 999 фајлови,
512 папки и 10 степени на
структура на папките. Не може да се гарантира нормална употребаза мемориски уреди што го
надминуваат ова ограничување.
На што треба да внимавате со
музичките фајлови од USB
■ Оштетените музички фајлови може да се репродуцираат
испрекинато или воопшто да не
се репродуцираат.
■ Папките и музичките фајлови се прикажуваат по редослед
Симбол → Број → Јазик.
■ Може да се препознаат најмногу 64 знаци за имињата на папките
или фајловите напишани во
системот на фајлови Joliet.За музичките фајлови MP3 (WMA)
■ Може да се репродуцираат следниве фајлови MP3:
◆ Брзина на битови: 8kbps ~ 320kbps
◆ Фреквенција на семплирање: 48kHz, 44,1kHz, 32kHz (за
MPEG-1)
24kHz, 22,05kHz, 16kHz (за
MPEG-2)
■ Овој производ прикажува фајлови MP3 (WMA) со
наставки .mp3, .wma (мали букви)
или .MP3 и .WMA ( големи букви).
■ Овој производ може да прикаже информации од ознаките ID3
(верзија 1.0, 1.1, 2.2, 2.3, 2.4) за
албумот, изведувачот итн. од
фајловите MP3.
■ Имиња на фајловите и папките што може да се користат зависно
од типот меморија се следниве,
заедно со четирите знаци на
наставката на фајлот (.mp3):
Page 132 of 157

132Аудио плеери
◆ ISO 9660 Level 1: Најмногу12 знаци
◆ ISO 9660 Level 2: Најмногу 31 знак
◆ Joliet: Најмногу 64 знаци (1 бајт)
◆ Долги имиња на фајлови Windows: Најмногу 28 знаци
(1 бајт)
■ Овој производ може да репродуцира фајлови MP3 што
користат VBR. Кога се
репродуцира фајл MP3 со VBR,
преостанатото време што се
прикажува може да се разликува
од фактички преостанато време.
Главни копчиња и контроли
Следниве главни копчиња и
контроли се користат за
репродукција на музички фајлови
од USB.
(5) AUX копче
Притискајте го копчето повеќе пати кога е поврзан уред USB за да го
изберете режимот за репродукција
од USB.(10) Повеќефункциско копче
■ Вртете го контролното копче за да дојдете до листата песни,изборникот или информациите
за песните MP3 (WMA).
■ Притиснете го копчето за да се прикаже екранот на изборникот
што го дава моменталниот запис
или моменталниот режим.
(17) Копчиња 1 / 8
■ Притискајте ги копчињата за репродукција на претходната илиследната песна.
■ Држете ги копчињата притиснати
за брзо премотување назад или
напред, а потоа отпуштајте ги за
репродукција со нормална
брзина.
(12) INFO копче
Прикажување на информациите за
песната што се репродуцира.
(6) O копче
Држете го копчето за да паузирате
или отпаузирате.
(9) P BACK копчеОткажување на внесувањето или
враќање на претходниот изборник.
Поврзување на мемориски уред
USB
Приклучете го меморискиот уред
USB на кој се музичките фајлови во приклучокот USB.
Page 133 of 157

Аудио плеери133
■ Штом производот ќе заврши сочитање на информациите од
меморискиот уред USB,
автоматски ќе почне со
репродукција од 1 песна.
■ Ако се поврзе мемориски уред USB што не може да се прочита,
ќе се појави порака за грешка и
производот автоматски ќе се
префрли во претходно
користената функција или на
функцијата за FM радио.
Ако меморискиот уред USB од
којшто треба да се репродуцира е
веќе поврзан, притискајте го
копчето AUX повеќе пати за да го
изберете USB-плеерот.
Автоматски ќе се пушти од точката каде што сопрела репродукцијата.
Потоа, со функциите на USB-
плеерот се ракува слично како при
репродукција на CD/MP3.Завршување репродукција на
музички фајлови од USB
Притиснете го копчето
RADIO/BAND или CD за да
изберете друга функција.
За да завршите со репродукцијата
и да го откачите меморискиот
уред USB, користете го Menu USB
(Мени на УСБ) → Remove USB
(Отстрани УСБ) за безбедно
вадење на уредот USB.
Користење на изборникот за USB
Упатствата за Shuffle songs
( Мешање песни) /Repeat ( Повтори) /
Folders (Папки) /Search...
(Пребарување...) од Menu USB
( Мени на УСБ) се слични на оние за
CD menu (Мени на ЦД-то) на CD/
MP3-плеерот; само е додадена
ставката Remove USB (Отстрани
УСБ) . Видете во функциите за CD/
MP3- плеерот во CD menu (Мени на
ЦД-то) .Изборник USB → Отстрани USB
Притиснете го повеќефункциското
копче во режимот за репродукција
за да се прикаже Menu USB (Мени
на УСБ) . Свртете го
повеќефункциското копче за да
изберете Remove USB (Отстрани
УСБ) , а потоа притиснете го за да
Page 134 of 157

134Аудио плеери
се прикаже порака што известува
дека е безбедно да се извади
уредот USB.
Откачете го уредот USB од
приклучокот за USB.
Вратете се на претходно
користената функција.
iPod-плеер
Главни копчиња и контроли
Следниве главни копчиња и
контроли се користат за
репродукција на музички фајлови
од iPod.
(5) AUX копче
Притискајте го копчето повеќе пати кога е поврзан уред iPod за да го
изберете режимот за репродукција
од iPod.(10) Копче за повеќе функции
■ Вртете го контролното копче за движење и прикажување на
листата песни што се
репродуцира.
■ Притиснете го копчето за да се прикаже екранот на изборникот
што го дава моменталниот запис
или моменталниот режим.
(17) Копчиња 1 / 8
■ Притискајте ги копчињата за репродукција на претходната илиследната песна.
■ Држете ги копчињата притиснати
за брзо премотување назад илинапред, а потоа отпуштајте ги за
репродукција со нормална
брзина.
(12) INFO копче
Прикажување на информациите за
песната што се репродуцира.
(6) O копче
Држете го копчето за да паузирате
или отпаузирате.
(9) P BACK копчеОткажување на претходната
ставка или враќање на
претходниот изборник.
Поврзување на iPod-плеерот
Приклучете го уредот iPod на кој се
музичките фајлови во приклучокот
USB.
■ Производот го поддржува поврзувањето со следниве
модели iPod:
◆ iPod 2G Nano/iPod 3G Nano/ iPod 4G и 5G Nano
◆ iPod 120GB и 160GB Classic
◆ iPod 1G, 2G, и 3G Touch
Page 135 of 157

Аудио плеери135
◆ iPhone 3G и 3GS
■ Поврзувајте го iPod-от со овојпроизвод само со каблите за
поврзување што се
испорачуваат со производите
iPod. Не може да се користат
други кабли за поврзување.
■ Во некои случаи, уредот iPod може да биде оштетен ако
палењето се исклучи додека е
поврзан со овој производ.
Кога уредот iPod не се користи,
чувајте го посебно од овој
производ кога палењето на
автомобилот е исклучено.
■ Штом производот ќе заврши на информациите од уредот iPod,
автоматски ќе почне со
репродукција од 1 песна или од
претходно репродуцираната
песна.
■ Ако се поврзе iPod што не може да се прочита, ќе се појави
соодветна порака за грешка и
производот автоматски ќе се
префрли во претходно
користената функција или на
функцијата за FM радио.Ако уредот iPod од којшто треба да
се репродуцира е веќе поврзан,
притискајте го копчето AUX повеќе
пати за да го изберете плеерот
iPod.
■ Автоматски ќе репродуцира од последното репродуцирано
место.
■ Функциите за репродукција и ставките на информативниот
екран на iPod-плеерот што се
користи со овој производ може да се разликуваат од iPod-от во
смисла на редоследот и начинот
на репродуцирање, како и на
прикажаните информации.
Потоа, со функциите за
репродукција од iPod-от се ракува
слично како со CD/MP3.
Завршување на репродукцијата од
iPod
За да ја завршите репродукцијата,
притиснете го копчето
RADIO/BAND или CD за да
изберете други функции.
Page 136 of 157

136Аудио плеери
Користење на изборникот за iPod
Од iPod Menu (Мени на iPod) ,
упатствата за Shuffle songs
( Мешање песни) /Repeat ( Повтори) /
Search... (Пребарување...)
(вклучувајќи ги и Audiobooks
(Аудиокниги) и Composers
(Композитори) ) се слични на оние
за CD menu (Мени на ЦД-то) на CD/
MP3-плеерот; само е додадена ставката Eject iPod (Исфрли го
iPod) . Видете за секоја ставка во
CD/MP3 за употребата.Изборник за iPod → Исфрли iPodОд режимот iPod, притиснете го
повеќефункциското копче за да се
прикаже iPod Menu (Мени на iPod) .
Свртете го повеќефункциското копче за да дојдете до Eject iPod
(Исфрли го iPod) , а потоа
притиснете го за да се прикаже
порака што ве известува дека е
безбедно да се извади уредот.
Одвојте го уредот iPod од
приклучокот за USB.
Вратете се на претходно
користената функција.
Приклучок за надворешен
извор на звук (AUX)
Главни копчиња и контроли
Следниве главни копчиња и
контроли се користат за уживање во богатиот звук на
Инфозабавниот систем од
звучниот излез на поврзан
надворешен извор на звук.
(5) AUX копчеКога е поврзан надворешен извор
на звук, притискајте го копчето
повеќе пати за да го изберете
режимот за надворешен извор на
звук.
(2) Копче m со контролно копче
VOL
Вртете го контролното копче за да
ја прилагодите гласноста.
(6) O копче
Држете го копчето за да ја вклучите ( On ) или исклучите ( Off) функцијата
за стишување.
Поврзување на надворешен извор
на звук
Page 137 of 157

Аудио плеери137
Поврзете го излезот за звук на
надворешната аудио опрема со
влезниот приклучок AUX.
Инфозабавниот систем
автоматски ќе се префрли во
режимот за надворешен извор на
звук (AUX) кога ќе се поврзе таков
уред.
Притиснете го копчето AUX за да
префрлите во режимот за надворешен извор на звук ако
таков уред е веќе поврзан.
Вртете го контролното копче VOL
за да ја прилагодите гласноста.
Page 138 of 157

138ТелефонТелефонBluetooth®................................. 138
Телефон без раце ....................143Bluetooth®
Главни копчиња и контроли
Следниве главни копчиња и
контроли се користат за
репродукција на музички фајлови
или користење на функциите за
повикување преку уред со
Bluetooth.
(6) O копче
Притиснете го копчето за да се
активира режимот Bluetooth.
(5) AUX копче
Кога е поврзан уред Bluetooth со
функција на музички плеер,
притискајте го копчето повеќе пати за да го изберете режимот за
репродукција на звук Bluetooth.
(10) Копче за повеќе функции ■ Притиснете го копчето во режимот за телефон Bluetooth за
да се прикаже екранот на
изборникот.
■ Вртете го контролното копче за движење до вредност на
изборникот или за поставување.(17) Копчиња 1 / 8
■ Притискајте ги копчињата во режимот за репродукција на звук
Bluetooth за пуштање на
претходната или следната
песна.
■ Држете ги копчињата притиснати
за премотување назад или брзо
напред и отпуштајте ги за
репродукција со нормална
брзина.
Поврзување Bluetooth
Регистрирање уред со Bluetooth
Регистрирајте го уредот со
Bluetooth што треба да се поврзе со инфозабавниот систем кога
палењето на возилото е исклучено.
Прво, поставете го уредот со
Bluetooth што треба да се поврзе
од Bluetooth settings (Поставки за
Блутут) за да се овозможи другите
уреди да го бараат уредот
Bluetooth.
Page 139 of 157

Телефон139
Притиснете го копчето CONFIG и
со повеќефункциското копче
дојдете до Settings (Поставки) →
Bluetooth settings (Поставки за
Блутут) → Bluetooth (Блутут) → Add
device (Handsfree) (Додај уред (хендсфри)) , па притиснете го.
■ Уредите со Bluetooth може да се регистрираат не само со копчето
CONFIG , туку и со Phone Menu
(Мени на телефонот) → Bluetooth
settings (Поставки за Блутут) →
Bluetooth (Блутут) → Add device
(Handsfree) (Додај уред
(хендсфри)) .
■ Ако веќе има уред со Bluetooth
поврзан со Инфозабавниот
систем, ќе се појави пораката Bluetooth is busy (Блутут е
зафатен) .
■ Готовноста за поврзување ќе се прикаже со порака и
безбедносна шифра. (Почетната
вредност е 0000 и може да се
смени од Settings (Поставки) →
Bluetooth settings (Поставки за
Блутут) → Bluetooth (Блутут) →
Change Bluetooth code (Промена на шифрата на Блутут) .)
Инфозабавниот систем може да се
најде со пребарување од уредот
со Bluetooth што треба да се
поврзе.
Внесете ја безбедносната шифра
за Инфозабавниот систем на
уредот со Bluetooth.
Ако е успешно регистрирањето на
уредот што треба да се поврзе со
Инфозабавниот систем, на екранот ќе се прикажат информации за
уредот со Bluetooth.
Инфозабавниот систем може да
регистрира до пет уреди со
Bluetooth.
Поврзување/бришење/
одделување на уредите со
Bluetooth
Прво, поставете го уредот со
Bluetooth што треба да се поврзе
од Bluetooth settings (Поставки за
Блутут) за да се овозможи другите
уреди да го бараат уредот
Bluetooth.
Page 140 of 157

140Телефон
Притиснете го копчето CONFIG и
со повеќефункциското копче
дојдете до Settings (Поставки) →
Bluetooth settings (Поставки за
Блутут) → Bluetooth (Блутут) →
Device list (Список на уреди) , па
притиснете го.Со повеќефункциското копче
дојдете од регистрираниот уред
со Bluetooth до уредот што треба
да се поврзе, па притиснете го.
Со повеќефункциското копче
дојдете од регистрираниот уред
со Bluetooth до уредот што треба
да се избрише, па притиснете го.
За прекинување врска со
моментално поврзан уред со
Bluetooth, од екранот со листа
уреди, изберете го поврзаниот
уред, за кој ќе се прикаже ставка
Disconnect (Прекини врска) , па
притиснете го повеќефункциското
копче.