OPEL MOKKA 2014.5 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2014.5Pages: 157, PDF Size: 3.11 MB
Page 121 of 157

Аудио плеери121Аудио плеериЦД плеер ................................... 121
Дополнителни уред ..................130ЦД плеер
CD/MP3-плеерот на овој систем
може да репродуцира аудио и
дискови со MP3 (WMA).
Пред да го користите
ЦД-плеерот
Важни информации за аудио и
дисковите со MP3 (WMA)Внимание
Како и да е, не ставајте ДВД-а,
минидискови со пречник од 8 см
или дискови со ненормални
површини во овој плеер за CD/
MP3 (WMA).
Не ставајте налепници на
површините на дисковите.
Таквите дискови може да се
заглават во ЦД-плеерот и да го
оштетат погонот. Ако дојде до
тоа, уредот ќе мора да се
замени со високи трошоци.
■ Аудио дискови со заштита од
пиратирање и без
компатибилност со стандардот
за аудио CD-а може да не се репродуцира правилно или
воопшто.
■ Со дисковите CD-R и CD-RW што
се снимени во домашни услови
почесто се ракува безгрижно
отколку со оригиналните CD-а.
Со дисковите CD-R и CD-RW
снимени во домашни услови треба да се ракува многу
внимателно. Прочитајте го
следново.
■ Дисковите CD-R и CD-RW снимени во домашни условиможе да не се репродуцираат
правилно или воопшто. Во такви
случаи, проблемот не е до
уредот.
■ Кога менувате дискови, внимавајте да не оставате
отпечатоци од прстите на
страната за репродукција.
Page 122 of 157

122Аудио плеери
■ Откако ќе го извадите дискот одCD/MP3-плеерот, погрижете се
веднаш да го ставите во
обвивката за да не се оштети или замачка со прашина.
■ Ако дискот е замачкан со прашина или течност, тоа можеда предизвика проблеми со
загадување на ласерската леќа или на CD/MP3-плеерот во
уредот.
■ Заштитете ги дисковите од топлина и изложеност на
директна светлина.
Видови дискови што може да се
користат
■ Овој уред може да репродуцира аудио дискови CD/MP3 (WMA).
◆ CD-DA: CD-R/CD-RW
◆ MP3 (WMA): CD-R/ CD-RW/ CD-
ROM
■ Подолу наведените фајлови MP3
(WMA) не може да се
репродуцираат.◆ Фајлови кодирани според стандардите MP3i
(интерактивно MP3) или MP3
PRO
◆ Нестандардно кодирани фајлови MP3 (WMA)
◆ Фајлови MP3 што не се во форматот MPEG1 Layer3
На што да внимавате со дисковите ■ Не користете дискови како што се
наведени подолу. Прекумерна
употреба на ваквите дискови во плеерот може да предизвика
проблеми.
◆ Дискови со налепници, етикети
или заштитна ќелија
◆ Дискови со налепница испечатена со домашен
печатач
◆ Дискови што се направени со прегорување, односно што
содржат податоци повеќе од
стандардниот капацитет◆ Дискови со пукнатини или гребнатини или што се
искривени
◆ Дискови од 8 см или некружни дискови (квадратни,
петоаголни, елипсовидни)
■ Во отворот за дискови ставајте само дискови, инаку може дапредизвикате проблеми или
оштетувања.
■ Плеерот на дискови може да не работи правилно ако се вклучи
греењето при студено време
поради влагата што се создава
во уредот. Во таков случај,
оставете го уредот исклучен
околу еден час пред да се
користи.
■ Репродукцијата може да сопре поради тресење на возилото на
нерамни патишта.
■ Не вадете ги и не ставајте ги дисковите на сила, и не
блокирајте ги додека се
исфрлаат.
Page 123 of 157

Аудио плеери123
■ Вметнувајте ги дисковите соиспечатената страна нагоре.
Нема да може да се
репродуцираат ако се вметнат
наопаку.
■ Не допирајте ја снимената страна со рака додека ракувате
со дисковите (страната без
шари).
■ Ставајте ги дисковите што не се користат во обвивките и чувајте
ги на место што не е изложено на директна светлина или висока
температура.
■ Не размачкувајте хемиски материи на дисковите. Чистете
ги дисковите со мокра мека крпа,
бришејќи од центарот кон
рабовите.На што треба да се внимава со
дисковите CD-R/RW
■ Кога користите дискови CD-R/ CD-RW, може да се користат
само дискови што се
финализирани.
■ Дисковите направени на домашен компјутер може да не
се репродуцираат, зависно од
поставките на апликацијата и
системот.
■ Дисковите CD-R/CD-RW, особено оние што се продаваатна големо, може да не работат
ако се изложени на директна
светлина или високи
температури, или ако се чуваат
во возило подолго време.
■ Насловот и другите текстуални информации снимени на
дисковите CD-R/CD-RW може да
не се прикажат на овој уред.
■ Дисковите CD-RW може да се вчитуваат подолго од обичните
дискови CD или CD-R.■ Оштетените музички фајлови
може да не се репродуцираат
или да им се прекине
репродукцијата.
■ Папките и музичките фајлови се прикажуваат по редослед
симбол → број → азбука.
■ Некои дискови со заштита од пиратирање може да не се
репродуцираат.
■ Дисковите со MP3 (WMA) може да имаат најмногу 512 фајлови засекое од 10-те нивоа папки, а
може да се репродуцираат
најмногу 999 фајлови.
■ Папката и имињата на фајловите
не се уредени и се покажани по
редоследот по кои биле снимени на дискот.
■ Овој систем препознава само дискови MP3 (WMA) што се
снимени со ISO-9660 ниво 1/2
или систем на фајлови Joliet. ( Не
го поддржува системот на
фајлови UDF.)
Page 124 of 157

124Аудио плеери
■ Фајловите MP3 (WMA) не сесоодветни со пакетното
пренесување податоци за
пишување.
■ Дисковите со фајлови MP3 (WMA) или аудио податоци
(CDDA) може да не се
репродуцираат ако се дискови
CD-Extra или Mixed-Mode.
■ Имиња на фајловите и папките што може да се користат по дискзависно од типот меморија се
следниве, заедно со четирите знаци на наставката на фајлот
(.mp3):
◆ ISO 9660 Level 1: Најмногу 12 знаци
◆ ISO 9660 Level 2: Најмногу 31 знак
◆ Joliet: Најмногу 64 знаци (1 бајт)
◆ Долги имиња на фајлови Windows: Најмногу 28 знаци(1 бајт)На што да внимавате со музичките фајлови MP3 (WMA)
■ Овој производ може да репродуцира фајлови MP3
(WMA) со наставки .mp3, .wma
(мали букви) или .MP3 и .WMA
(големи букви).
■ Фајлови MP3 што може да се репродуцираат со овој производ
се следниве:
◆ Брзина на битови: 8kbps ~ 320kbps
◆ Фреквенција на семплирање: 48kHz, 44,1kHz, 32kHz (за
MPEG-1), 24kHz, 22,05kHz,
16kHz (за MPEG-2)
■ Производот може да репродуцира фајлови со брзина
на битови 8kbps ~ 320kbps, но
фајловите со брзина на битови
над 128kbps ќе имаат
висококвалитетен звук.
■ Уредот може да прикажува информации од ознаки ID3
(верзија 1.0, 1.1, 2.2, 2.3 или 2.4)
за фајловите MP3, како што се
името на албумот и изведувачот.■ За да се прикажат информациите
за албумот (наслов на дискот),
песната (наслов на песната) и
изведувачот (изведувач на
песната), фајлот треба да биде
соодветен со ознаките ID3 со
формат V1 и V2.
■ Уредот може да репродуцира фајлови MP3 со VBR. Кога се
репродуцира фајл MP3 од овој
тип VBR, преостанатото време
што се прикажува може да се
разликува од фактичкото време.
Репродукција на CD/MP3
Главни копчиња и контроли
(4) CD копче
Изберете го CD/MP3-плеерот.
(10) Копче за повеќе функции ■ Вртете го контролното копче за да дојдете до листата песни,изборникот или информациите
за песните MP3 (WMA).
■ Притиснете го копчето за да се прикаже екранот на изборникот
за моменталниот запис или
моменталниот режим.
Page 125 of 157

Аудио плеери125
(17) Копчиња 1 / 8
■ Притискајте ги копчињата за репродукција на претходната илиследната песна.
■ Држете ги копчињата притиснати
за брзо премотување назад или
напред на песната, и отпуштете го копчето за да продолжи
репродукцијата со нормална
брзина.
(13) R копче
Исфрлување на дискот.
(12) INFO копче
Прикажување на информациите за
песната што се репродуцира.
(6) O копче
Држете го копчето за да ја вклучите
или исклучите функцијата за
стишување.Вметнување и репродуцирање
диск
Вметнете го дискот за
репродуцирање со испечатената
страна нагоре во отворот за
дискови.
■ Штом ќе заврши читањето на информациите од дискот,
Инфозабавниот систем
автоматски ќе почне да
репродуцира од 1 песна.
■ Кога ќе се вметне диск што не може да се прочита, автоматски
ќе се исфрли и ќе се прикаже
порака за грешка на дискот, а
потоа системот ќе се префрли на претходно користената функција
или на радио FM.
(1) Аудио CD
(2) Аудио CD со текст
(3) ЦД со MP3/WMA
Кога е веќе вметнат диск што треба
да се репродуцира, притискајте го
копчето CD повеќепати за да
изберете репродукција CD/MP3.
Page 126 of 157

126Аудио плеери
■ Ако нема диск што треба да серепродуцира, No CD inserted
(Нема вметнато ЦД) ќе се
прикаже на екранот и функцијата нема да може да се избере.
■ Претходно репродуцираната песна автоматски ќе почне да се
репродуцира.
Исфрлување на дискот
За да исфрлите диск, притиснете
го копчето R и извадете го дискот.
■ Кога ќе излезе дискот,
автоматски се префрлува на
претходно користената функција
или на радио FM.
■ Дискот автоматски ќе се вметне назад ако не се извади одредено
време.
Менување песна што се
репродуцира
Притискајте ги копчињата 1
8 во режимот за репродукција за
пуштање на претходната или
следната песна.
Со далечинскиот управувач на воланот, песните се менуваат
лесно со вртење на контролното
копче d SRC c .
За песни MP3 (WMA) вртете го
повеќефункциското копче за да дојдете до листата песни, па
притиснете го за моментално
менување.
Page 127 of 157

Аудио плеери127
Менување на местото за
репродукција
Држете ги копчињата 1 / 8 за
време на репродукцијата за брзо
одење назад или напред низ
песната. Отпуштете го копчето за
да продолжи репродукцијата на песната со нормална брзина.
Гласноста се намалува малку за
време на брзото премотување
назад или напред и се прикажува
времето на репродукција.
Гледање информации за песната
што се репродуцира
Притиснете го копчето INFO за
време на репродукција за да се прикажат информации за песнаташто се репродуцира.
Ако нема информации за песната
што се репродуцира од аудио ЦД,
системот ќе прикаже No information
(Нема информации) .
За песните MP3 (WMA), може да се видат повеќе информации со
вртење на повеќефункциското
копче од приказот на
информациите за песната.
■ Се прикажуваат информации за името на фајлот, името на
папката и ознаките ID3 сочувани
со песната.
Ако на фајловите MP3 (WMA) им
биле доделени погрешни
информации во ознаките ID3 (на
пр., за изведувачот, насловот на
песната) пред да бидат изрежани на дискот, Инфозабавниот
систем ќе ги прикаже
информациите како што се.
Со Инфозабавниот систем не
може да се менуваат или
поправаат неточни информации
од ознаките ID3 (Ознаките ID3
може да се поправат само на
компјутер).
■ Информациите за песните што се запишани со специјални
симболи или на недостапни
јазици може да се прикажат како
---- или воопшто не се
прикажуваат.
Page 128 of 157

128Аудио плеери
Користење на изборникот задискови
Менување на режимот за
репродукција
Од режимот за репродукција,
притиснете го повеќефункциското
копче за да се прикаже CD menu
(Мени на ЦД-то) .
Вртете го повеќефункциското
копче за да изберете мешана
репродукција или повторување, а
потоа притиснете го за да се
вклучат On (Вклучен) или исклучат
Off (Исклучен) односните функции.
Изборник за дискови → Листа песни
За аудио дискови, вртете го
повеќефункциското копче од CD
menu (Мени на ЦД-то) за да
изберете Track list (Список на
нумери) , па притиснете го.
Вртете го повеќефункциското
копче за да ја најдете саканата
песна, па притиснете го за да ја
пуштите.
Изборник за дискови → Папки
За дискови со MP3 (WMA), вртете
го повеќефункциското копче од CD
menu (Мени на ЦД-то) за да
изберете Folders (Папки) , па
притиснете го.
Вртете го повеќефункциското
копче за да ја изберете саканата папка, па притиснете го.
Вртете го повеќефункциското
копче за да ја најдете саканата песна, па притиснете го за да ја
пуштите избраната песна од
избраната папка.
Page 129 of 157

Аудио плеери129
Изборник за дискови → Барање...
За дискови со MP3 (WMA), вртете
го повеќефункциското копче од CD
menu (Мени на ЦД-то) , дојдете до
Search... (Пребарување...) , па
притиснете го.
■ Откако системот ќе ги прочита информациите од дискот, ќе се
прикаже првата песна од Playlist
(Плејлиста) .
■ Ако нема музички фајлови во Playlist (Плејлиста) , ќе се
прикаже првата песна од Artists
(Изведувачи) .
Притиснете го повеќефункциското
копче повторно и, од прикажаната
ставка за барање, вртете го за да
го изберете саканиот режим за
репродукција.
Бројот на односни песни ќе се
прикажува по Playlist (Плејлиста) ,
Artists (Изведувачи) , Albums
(Албуми) , Songs (Песни) и Genres
(Жанрови) .Вртете го повеќефункциското
копче за да ја изберете саканата
класификација, па притиснете го.
Вртете го повеќефункциското
копче за да ја најдете саканата
песна/наслов, па притиснете го за
да ја пуштите.
Page 130 of 157

130Аудио плеериДополнителни уред
USB-плеер
На што треба да се внимава при
користењето уреди USB
■ Не може да се гарантира работењето ако се поврзе
мемориски уред USB со вграден
хард диск или CF- или SD- мемориска картичка преку
адаптер за USB. Користете
мемориски уред USB или флеш-
меморија.
■ Внимавајте да избегнувате празнења на статички
електрицитет кога поврзувате
или откачување уред USB. Ако поврзувањето или откачувањето
се повторат многупати за кусо
време, тоа може да предизвика
проблеми при користењето на
уредот.
■ Не може да се гарантира функционирањето ако
приклучокот на уредот USB не е
метален.■ Поврзувањето со мемориски уреди i-Stick Type USB може да
биде фалично поради
вибрациите на возилото, па не
може да се гарантира дека ќе
функционираат.
■ Внимавајте да не го допирате приклучокот за поврзување на
USB-то со предмети или со некој
дел од телото.
■ Меморискиот уред USB може да се препознае само кога е
форматиран во формат
FAT16/32. Може да се користат
само уреди со алоцирана
големина на единица од 512
бајти/сектор или 2048 бајти/
сектор. NTFS и други системи на
фајлови не се препознаваат.
■ Зависно од типот и капацитетот на меморискиот уред USB и
типот на зачуваните фајлови,
времето за препознавање на
фајловите може да се разликува. Во тој случај, нема проблем со
производот, само почекајте да се
обработат фајловите.■ Фајловите на некои мемориски уреди USB може да не се
препознаат поради проблеми со
компатибилноста, и не се
поддржани поврзувања со
мемориски читач или хаб за USB.
Проверете дали уредот
функционира во возилото пред
да го употребувате.
■ Кога се поврзани уреди како MP3-плеер, мобилен телефонили дигитален фотоапарат преку мобилен диск, може да не
функционираат нормално.
■ Не откачувајте го меморискиот уред USB додека се репродуцира
од него. Тоа може да предизвика
оштетувања на производот или
на изведбата на уредот USB.
■ Откачувајте ги поврзаните мемориски уреди USB кога
палењето на возилото е
исклучено. Ако палењето е
вклучено кога се поврзува
мемориски уред USB, тој може да
биде оштетен или да не
функционира нормално, во некои случаи.