OPEL MOKKA 2014 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2014Pages: 263, PDF Size: 4.8 MB
Page 121 of 263

USB приклучок121
Притиснете го копчето за повеќе
функции и потоа одберете го
Search (Барај) за да се прикажат
достапните опции.
Процесот на пребарувањето на
уредот може да потрае повеќе секунди.
Page 122 of 263

122Дигитална рамка за сликиДигитална рамка за
сликиОпшти информации .................122
Употреба ................................... 123Општи информации
Со функцијата за дигитална рамка
можете да ги гледате своите
омилени слики (или фотографии)
една по една на екранот на
Инфозабавниот систем.
Може да ти преземете своите
омилени слики од USB-меморија
приклучена на портата за USB
3 119 на Инфозабавниот систем.
Во меморијата на Инфозабавниот
систем може да се сочуваат до 10 слики.
Сликите се прикажуваат на екранот со своите оригинални сооднос
(рабовите, ако е потребно, се црни) и ориентација.
Важни информации ■ Сликите што сакате да ги преземете треба да се зачувани
во почетниот директориум (на пр. F:\) на USB-меморијата.■ Само првите 100 слики (подредени како што се зачувани
во почетниот директориум на
USB-меморијата) се нудат за
преземање.
■ Поддржани се само слики со формат JPEG (на пр. со наставки
на фајл .jpg или .jpeg).
Пример: F:\myPicture.jpg каде F:\ е почетниот директориум на
USB-меморијата.
■ Максималната поддржана резолуција на сликите е 12
мегапиксели.
Сликите со поголема резолуција
се намалуваат (им се менува големината) за време на
преземањето.
Сликите со помала резолуција не
се зголемуваат (не им се менува
големината) за време на
преземањето и се центрирани на средината на екранот.
Page 123 of 263

Дигитална рамка за слики123УпотребаПреземање и/или
отстранување слики Приклучете USB-меморија на која
сте ги снимиле своите омилени
слики (или фотографии) во портата
за USB 3 119 на Инфозабавниот
систем.
Притиснете го копчето CONFIG,
изберете Display settings ( Поставки
за приказ) , а потоа изберете Picture
frame (Рамка на слика) . Се
прикажува изборникот прикажан
подолу.Изберете Add / Remove pictures
(Додај / Отстрани слики) за да го
отворите изборникот прикажан
подолу.
Изборникот прикажува список со
имињата на фајловите на сите
слики (забележете ги
ограничувањата опишани во
"Важни информации" погоре)
зачувани во почетниот
директориум на приклучената
USB-меморија.
Ако се сликите веќе зачувани во
меморијата на Инфозабавниот
систем, тие "стари" слики се
наведени први на изборникот и на
нив укажува MEM, видете ја
сликата подолу.
Ако сакате да ги отстраните
"старите" слики, треба да ги
одозначите пред да преземете
нови слики.
Изберете најмногу 10 слики што
сакате да се преземат (додадат) во
меморијата на Инфозабавниот
систем или да останат зачувани во неа.
Изберете Confirm (потврдување) за
да го почнете преземањето и/или
отстранувањето на сликите.
Page 124 of 263

124Дигитална рамка за слики
Се прикажува порака што покажува
колку слики ќе се преземат и/или
отстранат.
Изберете Continue (Продолжи) ако
сакате да го почнете преземањето
и/или отстранувањето.
Прикажување на сликите
Сликите зачувани во меморијата
на Инфозабавниот систем може да се прикажуваат на екранот една по
една.
Притиснете го копчето CONFIG,
изберете Display settings ( Поставки
за приказ) , изберете Picture frame
( Рамка на слика) , а потоа изберете
Picture selection (Избор на слики) .
Се прикажува изборникот
прикажан подолу.
Одберете ја сликата што сакате да
се прикаже на екранот.
Притиснете го копчето INFO
неколкупати додека не се прикаже
моментално избраната слика на
екранот.
За повторно прикажување на
основниот изборник на
Инфозабавниот систем,
притиснете кое било копче на него.
Додека сликата е одбрана во
изборникот Picture selection (Избор
на слики) , може да се прикаже кога
било со копчето INFO.
Page 125 of 263

Навигација125НавигацијаОпшти информации.................125
Употреба ................................... 126
Внесување дестинација ........... 138
Guidance (водење) ...................155
Динамично водење ..................164
Карти ......................................... 165
Преглед на симболите ............. 167Општи информации
Системот за навигација сигурно ќе
ве води до вашата дестинација без потреба од читање карти, дури и
ако немате никакво познавање за
околината.
Моменталната состојба на
сообраќајот се зема предвид при
пресметувањето маршрута ако се
користи динамичното водење по
маршрута. За таа цел
Инфозабавниот систем прима
сообраќајни соопштенија во
актуелната област на приемот
преку RDS-TMC.
Меѓутоа, системот за навигација не
може да ги земе во обѕир
сообраќајните настани,
сообраќајните прописи изменети
без претходна најава и
опасностите или проблемите кои
се појавуваат ненадејно (на.пр.
работи на коловозот).Внимание
Употребата на системот за
навигација не го ослободува
возачот од одговорноста за
правилно, будно однесување во патниот сообраќај. Соодветните
сообраќајни прописи секогаш
треба да се следат. Ако некое
навигациско напатствие
противречи на сообраќајните
прописи, секогаш важат
сообраќајните прописи.
Функционирање на системот
за навигација Положбата и движењето на
возилото се откриваат со
сензорите на системот за
навигација. Поминатото
растојание се одредува според
сигналот на брзиномерот на
возилото, а вртењето на свиоците
со жироскопски сензор. Положбата
се одредува со сателити GPS
(Глобален систем за
позиционирање).
Page 126 of 263

126Навигација
Со споредба на сигналите на
сензорите со дигиталните карти
на SD-картичката, можно е да се
одреди положбата со прецизност
од околу 10 метри.
Системот функционира и без
прием GPS, но прецизноста на
одредувањето на положбата ќе се
намали.
По внесувањето на адресата на одредиштето или на точката од
интерес (најблиската бензинска
пумпа, хотел и сл.), маршрутата се пресметува од моменталната
локација до избраната
дестинација.
Водењето низ маршрутата се
остварува со звучен аутпут и
стрелка, како и со помош на
екранот со мапа во повеќе бои.
TMC систем за сообраќајни
информации и динамично
водење низ маршрутата
TMC системот за сообраќајни
информации ги прима сите
актуелни сообраќајни информации
од TMC радио станици. Акодинамичното водење низ
маршрутата е активно, тие
информации се вклучуваат во
пресметувањето на целата
маршрута. За време на овој
процес, се планира таква
маршрута која ги избегнува
сообраќајните проблеми поврзани со претходно избраните
критериуми.
Ако има некој сообраќаен проблем
за време на активното водење низ
маршрутата, зависно од
претходната поставка се појавува
порака што се однесува до тоа
дали треба да се измени
маршрутата.
TMC сообраќајните информации
се прикажуваат на екранот за
водење низ маршрутата како
симболи или како детален текст на
изборникот TMC messages
(Пораки TMC) .
За да може да се користат TMC
сообраќајните информации,
системот треба да прима TMC
станици во соодветниот регион.Динамичното водење низ
маршрутата работи само ако
сообраќајните информации се
примаат преку TMC системот за сообраќајни информации.
Функцијата за динамичко водење низ маршрутата може да се
деактивира во изборникот
Navigation options (опции на
навигацијата) , видете во
поглавјето "Водење" 3 155.
Податоци за картата Сите потребни податоци за картатасе зачувани на SD-картичката
доставена со Инфозабавниот
систем.
За детален опис за ракување и замена на SD-картичката со карта
видете во поглавјето "Карти"
3 165
Употреба
Контролни елементи Најважните контролни елементи
специфични за навигацијата се
следниве:
Page 127 of 263

Навигација127
Копче NAV: активирање на
навигацијата; покажување на
моменталната положба (ако нее
активно водењето по маршрута);
покажување на пресметаната
маршрута (ако е активно водењето по маршрутата); префрлување
меѓу прикажување на цела карта, прикажување на стрелка (ако е
активно водењето по маршрута) и
прикажување со поделен екран,
видете „Информации на
екранот“ подолу.
DEST / NAV копче: отворање на
мени со опции за внесување
дестинација.
Осмонасочен прекинувач:
поместете го прозорчето на
екранот во погледот за картата во
навигацијата; за да се избере
дестинација притиснете ја
саканата насока за да се
поцзионира крстот врз
дестинацијата на мапата.
RPT / NAV копче: повторување на
пораката од водењето низ
маршрутата.Активирање на системот за
навигација Притиснете го копчето NAV.
Картата на моменталната положба се прикажува на екранот, видете
„Информации на екранот“ подолу.
Пораки за водење низ маршрутата Освен визуелните инструкции на
екранот (видете во "Информации
за екранот" подолу), пораките за
водење низ маршрутата ќе се
објават кога е активно водењето низ маршрутата.
Поставување однапред на
гласноста на пораките за водење
низ маршрутата: видете во
"Поставување на системот за
навигација" подолу.
Прилагодување на гласноста на
пораките за водење низ
маршрутата при нивното
објавување: свртете го копчето X
VOL .Повторување на последната
објавена порака за водење низ
маршрутата: притиснете го
копчето RPT / NAV .
Информации на екранот Водењето по маршрута не е
активно
Page 128 of 263

128Навигација
Ако водењето по маршрута не еактивно, се прикажуваат следниве
информации:
■ Во горниот ред: времето, името на улицата за моменталната
положба, надворешната
температура.
■ Адресата и географските координати на моменталната
положба.
■ Приказ на картата на областа околу моменталната положба.
■ На картата: тековната позиција обележана со црвен триаголник.
Симбол на компас што покажува на север.
Ако нема сигнал од GPS на
моменталната положба, под
симболот за компас се
прикажува прецртан симбол
"GPS".
Актуелно избраниот размер на
картата (менување на размерот:
завртете го копчето за повеќе
функции).Забелешка
За да го смените целосниот
приказ на картата: притиснете го
копчето NAV.
Водењето по маршрута е активно Ако е активно водењето низ
маршрутата, се прикажуваат
следните информации (во
зависност од тековните поставки на Navigation options (опции на
навигацијата) , видете во
поглавјето "Водење" 3 155):Информации во горниот ред■ Време
■ Растојание до крајната дестинација
■ Време на пристигнувањето или патувањето
■ Надворешната температураИнформации на екранот со стрелки ■ Голема стрелка што ја претставува насоката што треба
да се следи.
■ Мала стрелка што ја претставува
претпоследната препорачана
насока.
■ Растојанието до следната раскрстница.
■ Следува името на актуелната улица.
■ Под симболот на стрелка: следува името на актуелната
улица.
■ Над симболот на стрелка: следува името на улицата после
следната раскртница.
Page 129 of 263

Навигација129
■ При возење на автопати:
Насоката на возење и
растојанието до следниот излез
на автопатот што треба да ги
следите.
Растојанијата до следните места за сервис, места за паркинг,
крстосници и/или излези на
автопатот.
■ Кога се стигнува на раскрсница од автопатот, се прикажуваат
информации во поглед на
водењето за ленти:
Ако е активирана опцијата
Highway lane guidance (водење по лента на автопат) во
изборникот Display route
guidance (прикажување на
водењето низ маршрутата)
(видете во поглавјето "Водење"
3 155), се прикажуваат
илустрации од следните видови:
Информации на екранот
Page 130 of 263

130Навигација
На десната страна од екранот сепокажува следната информација:
■ Симбол на компас што покажува на север.
■ Ако нема сигнал од GPS на моменталната положба (видете
во поглавјето "Општи
информации 3 125): под
симболот за компас се
прикажува прецртан симбол
"GPS".
■ Актуелно избраниот размер на картата (менување на размерот:
завртете го копчето за повеќе
функции).
На картата се покажува следната
информација:
■ Маршрутата како сина линија.■ Актуелната положба како црвен триаголник.
■ Крајната дестинација како црно- бело знаме.
■ Разни симболи (видете во поглавјето "Преглед на
симболите 3 167) кои укажуваатна сообраќајни информации и
општи информации или на точки
од интерес.
Поставување на системот за навигација Притиснете го копчето CONFIG и
потоа изберете го Navigation
settings (поставки на навигацијата)
за да го отворите изборникот со
поставки специфични за
навигацијата.Navigation volume (гласност на навигацијата)
Местење на релативните
гласности на пораката за
навигација ( Announcement
(соопштение) ) и изворот на звук
( Background ( заднина)) за време на
порака за навигација.
Наместете ги саканите вредности
за Announcement (соопштение) и
Background (заднина) .
За проверка на актуелните
поставки: одберете го Volume test
(Проба на гласноста) .