OPEL MOVANO_B 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: MOVANO_B, Model: OPEL MOVANO_B 2014Pages: 225, PDF Size: 4.84 MB
Page 151 of 225

Нега на возилото149
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.Внимание
Одговорност на сопственикот е
да го одржува соодветното ниво
на квалитет на соодветното
масло во моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Внимание
Не дозволувајте нивото на
масло во моторот да се спушти
под минималното ниво!
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од ист вид коешто
беше употребено при последното
менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката за максимум MAX на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Потрошувачката на моторното
масло нема да се стабилизира
додека возилото не поминало
повеќе илјади километри. Дури
тогаш може да се утврди
фактичката мера на
потрошувачката.
Ако потрошувачката надминува
повеќе од 0,5 литри на 1000 км по
периодов на разработувањето,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Зафатнини 3 210, Контрола на
нивото на моторното масло 3 82.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник
Течноста за ладење дава заштита
од замрзнување се до околу
-28 °C.
Page 152 of 225

150Нега на возилотоВнимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
нивото на течноста за ладење
треба да биде токму над ознаката
MINI . Дотурете ако нивото е ниско.9Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
Дотурете антифриз. Ако нема
антифриз на располагање,
користете чиста вода од чешма или дестилирана вода. Ставете го
капакот цврсто. Нека Ви ја провери концентрацијата на антифризот и
нека Ви ја отстрани причината на
губење на течноста за ладење
автомеханичар.
Ако е потребно значително
количество на течност за ладење,
ќе треба да се исцеди заглавениот
воздух од системот за ладење.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за серво
управување
Ако нивото на течноста во
резервоарот падне под ознаката
MINI , посоветувајте се со
автомеханичар.
Page 153 of 225

Нега на возилото151Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење на шофершајбната која
содржи антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Сопирачки
Шкрипењето или светнувањето на
контролниот индикатор за
изабеноста на пакните на
сопирачките F означува дека
дебелината на пакните е на
минимум.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакните, не
сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Индикатор за изабеноста на
пакните на сопирачките F 3 88.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Кога дотурате, уверете се дека течноста е сосема чиста бидејќи
загадената течност за сопирачките може да доведе до неисправности
во системот на сопирачки. Нека Ви
ја отстрани причината на губењето
на течноста а сопирачките
автомеханичар.
Користете само такви течности за
сопирачките кои се одобрени за
Вашето возило.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 187.
Page 154 of 225

152Нега на возилотоАкумулатор
Акумулаторот на возилото не се
сервисира.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирањето на возилото за
подолго од 4 недели може да
доведе до празнење на
акумулаторот. Откачете го
негативниот пол од акумулаторот
на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или
откачите акумулаторот на
возилото.
Пристап до акумулаторот
Акумулаторот се наоѓа, зад плоча
во прагот на предната лева врата.
Извадете ја плочата за пристап кон акумулаторот.
Предупредувачки натпис
Значење на симболите:
■ Без искри, отворени огнови или пушење.
■ Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
■ Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
■ Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може да
предизвика слепило или тешки
изгореници.
Page 155 of 225

Нега на возилото153
■ Видете го упатството засопственикот за понатамошни
информации.
■ Можно е присуство на експлозивен гас во близина на
акумулаторот.
Одржување на акумулаторот9 Опасност
Обезбедете соодветно
проветрување кога го полните
акумулаторот. Постои ризик одексплозија ако гасовите што се
произведуваат за време на
полнењето се остават да се
насоберат!
Дополнителен акумулатор
Зависно од помошната опрема на
возилото, извесни модели може да
имаат дополнителен акумулатор
монтиран под предното седиште.
Филтер за дизел гориво
Исцедете ја наталожената вода од
филтерот за дизел гориво при
секое менување на моторното масло.
Ставете сад под куќиштето на
филтерот. Олабавете ги
избраздените шрафови на капакот
на филтерот и на долниот дел од
филтерот со приближно едно
вртење за да ја исцедите водата.
Филтерот е исцеден штом дизел
горивото ќе се појави од
избраздениот шраф одоздола.
Стегнете ги двата шрафа
повторно.
Проверувајте го филтерот за дизел гориво почесто ако возилото е
изложено на екстремни работни
услови.
Цедење на системот за
дизел гориво
Page 156 of 225

154Нега на возилото
Ако резервоарот за гориво се
испразнил докрај, ќе треба да се
проветри или исцеди системот за
дизел гориво.
Наполнете го резервоарот со
гориво и постапете на следниот
начин:
1. Ставете соодветен сад под шрафот за испуштање на
филтерот за гориво за да се
собере горивото.
2. Разлабавете го шрафот за испуштање (означен со
стрелка) со едно вртење.
3. Рачно ракувајте со вградената пумпа за снабдување полека и
рамномерно додека во
горивото коешто излегува преку разлабавениот шраф за
испуштање нема воздушни
меури.
4. Затегнете го шрафот за испуштање повторно.Ако моторот не може да се запали
по повеќе обиди за цедење на
системот за дизел гориво,
побарајте помош од
автомеханичар.
Замена на четкичките на
бришачите
Четкички на бришачите на
шофершајбнатаПодигнете ја рачката на бришачот,
притиснете ја спојката за држење
кон рачката на бришачот и
откачете ја четкичката на
бришачот.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Page 157 of 225

Нега на возилото155Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучете го соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на
сијаличка за замена.
Проверка на ламбите
По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.Предни фарови
Предните фарови имаат посебни
системи за долго светло 1 и средно
светло 2.
Долго светло
1. Извадете го заштитниот капак
на предните фарови.
2. Одвојте го кабел штекерот од сијалицата.
Page 158 of 225

156Нега на возилото
3. Ослободете ја спојката сопружина.
4. Извлечете ја сијалицата од куќиштето на рефлекторот.
5. Сменете ја сијалицата и прицврстете ја со спојка со
пружина.
6. Повторно закачете го кабел штекерот за сијалицата.
7. Вратете го заштитниот капак на
предниот фар.
Средно светло
1. Извадете го заштитниот капак на предните фарови.
2. Одвојте го кабел штекерот од сијалицата.
3. Завртете го држачот на сијалицата обратно од насоката
на стрелките на часовникот за
да се откачи.
4. Извлечете го држачот на сијалицата од куќиштето на
рефлекторот.
5. Извадете ја сијаличката од
фасонката и сменете ја за нова.
6. Вметнете го држачот на сијалицата, заглавувајќи ги
двете држалки во куќиштето на
рефлекторот и завртете го во
насоката на стрелките на
часовникот за да се прицврсти.
7. Повторно закачете го кабел штекерот за сијалицата.
8. Вратете го заштитниот капак на
предниот фар.
Page 159 of 225

Нега на возилото157
Странични светла
1. Извадете го заштитниот капак.
2. Одвојте го кабел штекерот од сијалицата.
3. Завртете го држачот на сијалицата обратно од насоката
на стрелките на часовникот за
да се откачи.
4. Извлечете го држачот на сијалицата од куќиштето на
рефлекторот.
5. Извадете ја сијаличката од фасонката и сменете ја за нова.
6. Вметнете го држачот на сијалицата, заглавувајќи ги
двете држалки во куќиштето на
рефлекторот и завртете го во
насоката на стрелките на
часовникот за да се прицврсти.
7. Повторно закачете го кабел штекерот за сијалицата.
8. Вратете го заштитниот капак.
Приспособливо предно
светло
Светло за вртење под
кривини
Предните фарови имаат посебни
системи за долго светло 1 и средно
светло 2. Светлото за вртење под
кривини 3 се наоѓа помеѓу
предните фарови.
1. Извадете го заштитниот капак.
2. Одвојте го кабел штекерот од сијалицата.
Page 160 of 225

158Нега на возилото
3. Завртете го држачот насијалицата обратно од
правецот на стрелките на
часовникот.
4. Извлечете го држачот на сијалицата од куќиштето на
рефлекторот.
5. Извадете ја сијаличката од фасонката и сменете ја за нова.
6. Вметнете го држачот на сијалицата, заглавувајќи ги
двете држалки во куќиштето на
рефлекторот и завртете го во
насоката на стрелките на
часовникот за да се прицврсти.
7. Повторно закачете го кабел штекерот за сијалицата.
8. Вратете го заштитниот капак.
Фарови за магла
Сијалиците нека Ви ги заменува
автомеханичар.
Предни трепкачи
1. Извадете го заштитниот капак.
2. Одвојте го кабел штекерот од сијалицата.
3. Завртете го држачот на сијалицата обратно од насоката
на стрелките на часовникот за
да се откачи.
4. Извлечете го држачот на сијалицата од куќиштето на
рефлекторот.
5. Извадете ја сијаличката од фасонката и сменете ја за нова.
6. Вметнете го држачот на сијалицата, заглавувајќи ги
двете држалки во куќиштето на
рефлекторот и завртете го во
насоката на стрелките на
часовникот за да се прицврсти.