OPEL MOVANO_B 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: MOVANO_B, Model: OPEL MOVANO_B 2015Pages: 235, PDF Size: 5.01 MB
Page 121 of 235

Возење и ракување119Возење и ракувањеПрактични совети за возење..119
Поаѓање и ракување ................ 120
Издувни гасови од моторот .....127
Рачен менувач ......................... 129
Автоматизиран рачен менувач ..................................... 129
Сопирачки ................................. 134
Системи за контрола на
возењето ................................... 136
Системи за помош на возачот 138
Гориво ....................................... 145
Кука за приколки ......................147
Дополнителни функции ...........149Практични совети за
возење
Економично возење
ЕКО-режим
ЕКО-режимот е функција што ја оптимизира потрошувачката на
гориво. Влијае врз силата на
моторот и вртежниот момент,
забрзувањето, индикаторот за
менувањето брзини, греењето,
климатизацијата и потрошувачите
на електрична енергија.
АктивирањеПритиснете го копчето ECO.
Контролната сијаличка постојано
свети кога е пуштен, а во
Информативниот центар на
возачот 3 93 се појавува соодветна
порака.
При возење може привремено да
се исклучи режимот ECO, на пр. за да се зголемат перформансите на
моторот, со цврсто притискање на
педалата за гас.
ЕКО-режимот се реактивира кога
притисокот на педалата за гас се
намалува.
Деактивирање
Повторно притиснете го копчето
ECO . Контролната сијаличка се
гаси.
Контрола над возилото
Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop) Нема да функционираат многу
системи во таква ситуација (на пр.
серво уредот на сопирачките,
серво управувањето). Таквото
Page 122 of 235

120Возење и ракување
возење е опасно за Вас и за други.Сите системи функционираат за
време на Autostop, но силата на
серво управувањето ќе биде
контролирано намалена, како и
брзината на возилото.
Систем за сопирање-поаѓање
3 122.
Педали За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Управување Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект
на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба
поголем напор.Внимание
За возилата опремени со
хидраулично управување:
Ако се сврти воланот додека
дојде до крајот на кругот и се
држи во таа положба подолго од 15 секнди може да дојде до
оштетување на системот за
хидраулично управување и
може да нема помош за
хидраулично управување.
Поаѓање и ракување
Разработување на
новото возило
Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања и по
монтирањето на нови пакни од
дискот на сопирачката.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото од системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на отворено место за некое време по
првото возење и не ги вдишувајте
пареите.
За време на периодот на
разработувањето потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за
дизелски честички може да се
одвива почесто. Autostop може да
се попречи за да се овозможи
полнење на акумулаторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 122.
Page 123 of 235

Возење и ракување121
Филтер за дизелски честички
3 127.
Положби на
прекинувачот за палењеSt=Исклучено палењеA=Бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палењеM=Вклучено палење, за мотор на дизел: предзагревањеD=ПалењеПалење на моторот
Рачен менувач:ракувајте со
куплунгот.
Автоматизиран рачен менувач:
нагазнете ја сопирачката;
менувачот автоматски се
префрлува во N.
Не давајте гас.
Свртете го клучот во положбата M
за предзагревање и почекајте
додека контролната сијаличка N
не се изгасне на Информативниот
центар за возачот.
Свртете го клучот во положбата D
и отпуштете го.
Зголемената брзина на моторот
автоматкси се враќа на
нормалната брзина во лер додека
зголемува температурата на
моторот.
Обидите за палење не смеат да
траат подолго од 15 секунди. Ако
моторот не се пали, почекајте
15 секунди пред да ја повторите
постапката за палење. Ако е
потребно, притиснете го педалот
за гас пред да ја повторите
постапката за палење.
Пред да палите повторно или да го
изгасите моторот, вратете го
клучот во положбата St.
За време на Autostop, моторот
може да се запали со притискање
на педалата на куплунгот. Систем
за сопирање-поаѓање 3 122.
Page 124 of 235

122Возење и ракување
Загревање на турбо мотор
По стартувањето, достапниот
вртежен момент на моторот може
да биде накратко ограничен,
особено кога моторот е ладен.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосна заштита на моторот.
Контрола на брзината во
лер
За зголемување на брзината во
лер притиснете го прекинувачот.
За неколку секунди функцијата ќе се активира.
Функцијата ќе се деактивира кога:
■ Куплунгот е притиснат
■ Педалот за гас е притиснат
■ MTA (автоматизиран рачен менувач) не е во лер N
■ Брзината на возилото е над 0 км/ч
■ Контролната сијаличка A, W
или C свети во групата
инструменти
За да се зголеми или намали
степенот на брзото возење во лер,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Исклучување на
пребрзувањето Доводот на гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина но
педалот за гас е отпуштен.Систем за сопирање-
поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите, го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
отпушти куплунгот. Сензорот за
акумулаторот обезбедува Autostop
да се врши само ако акумулаторот е доволно полн за повторно
палење.
Активирање
Системот за сопирање-поаѓање е достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.
Page 125 of 235

Возење и ракување123
Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на копчето за сопирање-поаѓање
Î . На исклучувањето укажува
постојаното светење на ЛЕД
сијаличката во копчето.
Autostop
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, активирајте го
Autostop на следниов начин:
■ притиснете ја педалата за куплунг
■ ставете ја рачката на менувачот во лер (рачен менувач) или N
(автоматизиран рачен менувач)
■ отпуштете ја педалата за куплунг
Моторот ќе се изгасне, а палењето
ќе остане вклучено ако се
исполнети бараните услови.
Autostop е означен кога Ï свети
зелено во групата инструменти.
За време на Autostop, греењето,
серво управувањето и сопирачките
функционираат.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање
проверува дали е исполнет секој од
следните услови, инаку Autostop
нема да се вклучи.
■ системот за сопирање-поаѓање не е исклучен рачно
■ багажникот е целосно затворен
■ возачката врата е затворена или
безбедносниот ремен на возачоте прицврстен
■ акумулаторот е доволно наполнет и е во добра состојба
■ моторот е загреан
■ температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока
■ околната температура не е прениска
■ функцијата за одмрзнување не е вклучена
Page 126 of 235

124Возење и ракување
■ системот за контрола наклиматизацијата не го попречува
Autostop
■ вакуумот на сопирачката е доволен
■ функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честички
не е вклучен
■ возилото е поместено од последното Autostop
Инаку, Autostop е попречено.
Autostop може да стане недостапно
ако околната температура е околу
точката на мрзнење.
Одредени поставки на системот за
контрола на климатизацијата може
исто така да го попречат Autostop.
Видете во поглавјето за контрола
на климатизацијата за повеќе
информации 3 105.
Веднаш по возење по автопат,
Autostop може да биде попречено.
Autostop може да се попречи
привремено ако акумулаторот бил
повторно наполнет од надворешен
извор.Разработување на новото возило
3 120.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Повторно палење на моторотод страна на возачот Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Ако рачката на менувачот е
поместена од лер (рачен менувач)
или од N (автоматизиран рачен
менувач) или другите услови не се
исполнети, почнете да го користите
клучот за палење.
Зелената контролна сијаличка Ï
ќе се изгасне во групата
инструменти кога моторот ќе се запали повторно.Ако рачката на менувачот е
поместена од лер (рачен менувач)
или од N (автоматизиран рачен
менувач) пред претходно да се
притисне кумплунгот, нема да
дојде до рестартирање.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање Рачката на менувачот мора да
биде во лер (рачен менувач) или во
N (автоматизиран рачен менувач)
за да се овозможи автоматско
рестартирање.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот ќе се запали повторно
автоматски од страна на системот
за сопирање-поаѓање.
Контролната сијаличка Ï ќе свети
зелено во групата инструменти при автоматско повторно палење на
моторот.
■ системот за сопирање-поаѓање е
исклучен рачно
■ багажникот е отворен
Page 127 of 235

Возење и ракување125
■безбедносниот ремен на возачот
е одврзан и е отворена возачката
врата
■ температурата на моторот е прениска
■ акумулаторот е испразнет
■ вакуумот на сопирачката не е доволен
■ возилото почнува да се движи
■ функцијата за одмрзнување е вклучена
■ системот за контрола на климатизацијата бара палење на
моторот
■ претходно определеното време е надминато
Ако некој електричен уред, на пр.
пренослив ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кусо
опаѓање на напонот за време на
повторното палење.
Ако е активен инфозабавниот
систем, звукот на аудиото може
накусо да се намали или прекине
при повторното палење.
Предупредувачки мелодии 3 95.Дефект
Ако контролната сијаличка Ï свети
жолто, има дефект во системот за
сопирање-поаѓање 3 92 . Побарајте
помош од автомеханичар.
Паркирање9 Предупредување
■Не го паркирајте возилото врз
лесно запалива површина.
Високата температура на
издувниот систем може да ја
запали површината.
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја ножната
сопирачка истовремено за да се намалат работните сили.
■ Изгаснете го моторот.
■ Ако возилото е на рамнина или нагорнина, ставете во
прва брзина. Ако возилото е
на угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц. Свртете
ги предните тркала кон работ
на тротоарот.
Заклучете го возилото 3 21 и
активирајте ги системот за заштита
од кражба 3 31 и системот за
тревожење при кражба 3 31.
Воздушна амортизација Работи автоматски кога се вози
возилото. Системот за воздушна
амортизација постојано ја
прилагодува висината на
движењето според оптовареноста
на возилото.
Page 128 of 235

126Возење и ракување
За повеќе информации за системот
за воздушна амортизација, видете
во приложеното упатство за
ракување.
Главен прекинувачВнимание
Системот за воздушна
амортизација мора да се
исклучи кога возилото се влече, се пали со кабли, се крева од
тлото или се превезува.
Не исклучувајте го системот за
воздушна амортизација додека
возите.
Главниот прекинувач се наоѓа на столбот на вратата.
Далечински управувач
Кога е потребно поголемо
растојание од тлото или подобрен
пристап на возилото,
амортизацијата може да се крене
или спушти со далечинскиот
управувач.
Уредот на далечинскиот управувач
е магнетен и може да се фискира
за кој било метален дел на
возилото.
Кога палењето е вклучено,
притиснете го соодветното копче
2 секунди за да ја дотерате
висината на амортизацијата.
Контролната сијаличка ќе трепка
повремено додека трае
дотерувањето на висината и свети
постојано кога е завршено.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Page 129 of 235

Возење и ракување127
Претходно програмиранипоставки Висината на амортизацијата се
дотерува на една од трите
претходно програмирани положби.
Копчињата функционираат само
кога работи моторот.l=спуштена положбаk=нормална положбаj=крената положба
Рачни поставки
Рачното дотерување може да се
врши само кога возилото не се
движи.
Изберете со притискање на
копчето h 2 секунди, а потоа
притиснете го копчето R за
кревање или копчето S за
спуштање.
За да излезете, притиснете некое од копчињата за претходни
програми.
Кога возилото се движи,
автоматски се излегува од рачното дотерување. Ако палењето се
исклучи, возилото ќе се врати на
нормална висина на возењето кога пак ќе се вклучи.
Сервисен режим
Држете го копчето i околу
5 секунди за да го ставите возилото во сервисен режим. Контролната
сијаличка ќе светне. Кога е
активиран сервисниот режим,
главниот прекинувач на
воздушната амортизација мора да
е исклучен.
За да излезете од сервисниот
режим, повторно држете го копчето i околу 5 секунди.
Дефект
Ако се открие дефект, копчето i ќе
трепка повремено. Ако е активиран сервисниот режим и има дефект,
копчињата h, S и R ќе трепкаат
истовремено.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички Системот на филтерот за дизлски
честички ги филтрира штетните
честички од саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
Page 130 of 235

128Возење и ракување
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски и нормално е да
се испуштат мириси и чад притоа.
Во извесни услови за возење,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле автоматско чистење, на тоа ќе
укаже светење на контролната
сијаличка A 3 88. Побарајте
помош од автомеханичар веднаш.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класите на масла поинакви од
оние наброени на страница
3 145, 3 204 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се изгорил ќе се прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерната
употреба на стартерот,
празнењето на резервоарот за
гориво докрај и палењето на
моторот со туркање или
влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, држејќи ја брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
Ако контролната сијаличка Z
трепка, дозволените гранични
вредности за испуштање може да
бидат пречекорени. Подигнете ја
ногата од педалот за гас
додека Z не престане да трепка и
не свети постојано. Контактирајте
со автомеханичар веднаш.
Контролно светло за
неисправности 3 88.