OPEL VIVARO B 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2015.5Pages: 227, PDF Size: 4.46 MB
Page 141 of 227

Возење и ракување139За да се намалат работните
сили на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка R 3 95.
Паркирање 3 134.
Серво кочење Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето
автоматски се применува (целосно сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Серво кочењето не е достапно за
време на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 132.
Помош при поаѓање на
угорници
Системот помага во спречување на ненадејните движења при возење
на закосени површини.
При ослободување на сопирачката
при запирање на закосени
површини (со менувачот во брзина или рикверц), сопирачките
остануваат активни за
дополнителни 2 секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.Внимание
Помошта при поаѓање на угорници не може целосно да го спречи движењето на возилото
во сите ситуации (екстремно
стрмни делови од патот, итн.).
Ако е потребно, притиснете ја
сопирачката за да спречите
вртење на возилото нанапред
или наназад.
Помошта при поаѓање на
нагорнини не е активна за време на
Autostop. Систем за сопирање-
поаѓање 3 132.
Page 142 of 227

140Возење и ракувањеСистеми за контрола
на возењето
Систем за контрола на
пролизгувањето
Системот за контрола на
превртувањето (TC) е составен
дел од Електронската програма за
стабилност (ESP® Plus
) која ја
подобрува стабилноста на
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на патот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
TC функционира штом палењето е вклучено и контролната сијаличка
b се гасне во групата инструменти.Се појавува и соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот 3 99.
Кога TC е активно, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 96.
Помош за стабилноста на
приколката (TSA) 3 154.
Подобрена функција на
пролизгување
Ако е потребно, ако има меко тло,
кал или патот е покриен со снег,
може да се исклучи системот за
контрола на пролизгувањето (TC)
за да се зајакне тракцијата:
Притиснете го копчето Ø на
таблата со инструменти.
Page 143 of 227

Возење и ракување141
Контролната сијаличка Ø свети на
групата инструменти и соодветна
порака се појавува на
Информативниот центар за
возачот 3 99.
Кога брзината на возилото ќе
достигне 50 км/ч, системот
автоматски преминува од
подобрена функција на
пролизгување на работа на
контрола на пролизгување.
Контролната сијаличка Ø во
групата инструменти се гаси.
TC одново се активира со
притиснување на копчето Ø
повторно. Контролната сијаличка
Ø се гаси.
TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Дефект
Ако системот забележи дефект,
контролната сијаличка b 3 96
постојано свети заедно со F 3 95
во групата инструменти и соодветна порака се појавува во
Информативниот центар за
возачот 3 99.
Контролата на пролизгување не е
во функција. Нека Ви ја отстрани
причината на дефектот
автомеханичар.
Пораки за возилото 3 100.
Електронска програма за
стабилност Електронска програма за
стабилност ( ESP®Plus
) ја подобрува
стабилноста на возењето кога епотребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите. Го
спречува и шлајфувањето на
погонските тркала.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се закочуваат посебно. Тоа
значително ја подобрува
стабилноста при возење на
возилото на лизгави површини на
коловозот.
ESP® Plus
функционира штом
палењето е вклучено и
контролната сијаличка b се гасне
во групата инструменти. Се
појавува и соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот 3 99.
Кога се активира ESP® Plus
, b
трепка.
Page 144 of 227

142Возење и ракување9Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 96.
Помош за стабилноста на
приколката (TSA) 3 154.
Подобрена функција на
пролизгување
Ако е потребно, ако има меко тло,
кал или патот е покриен со снег,
ESP® Plus
може да се деактивира за
да се подобри тракцијата:
Притиснете го копчето Ø на
таблата со инструменти.
Контролната сијаличка Ø
свети на
групата инструменти и соодветна
порака се појавува на
Информативниот центар за
возачот 3 99.
Кога брзината на возилото ќе
достигне 50 км/ч, системот
автоматски преминува од
подобрена функција на
пролизгување на ESP® Plus
работа.
Контролната сијаличка Ø во
групата инструменти се гаси.
ESP® Plus
се активира одново со
повторно притиснување на
копчето Ø. Контролната сијаличка
Ø се гаси.
ESP® Plus
исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Дефект
Ако системот забележи дефект,
контролната сијаличка b 3 96
постојано свети заедно со F 3 95
во групата инструменти и соодветна порака се појавува во
Информативниот центар за
возачот 3 99.
Електронската програма за
стабилност (ESP® Plus
) не е во
функција Нека Ви ја отстрани
причината на дефектот
автомеханичар.
Пораки за возилото 3 100.
Page 145 of 227

Возење и ракување143Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и задржи брзини од
30 км/ч и нагоре. Може да дојде до
отстапувања од снимените брзини
кога се вози по угорници или
удолнини.
Од безбедносни причини,
контролата на возењето не може
да се активира додека не се
користи ножната сопирачка еднаш.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Контролните сијалички U и m
3 98.
Активирање
Притиснете го прекинувачот m,
контролната сијаличка U се пали
зелена во групата инструменти.
Контролата на патувањето сега е
во режимот за готовност и на
Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Забрзувајте се до саканата брзина
и притиснете го прекинувачот <
или ]. Актуелната брзина сега се
зачувува и се задржува и педалот
за гас може да се отпушти.
Page 146 of 227

144Возење и ракување
Контролната сијаличка m се пали
зелена во групата инструменти
заедно со U и на Информативниот
центар за возачот се појавува
соодветна порака.
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Зачуваната
брзина трепка во групата
инструменти. Кога ќе се отпушти
педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Брзината се снима кога ќе се
исклучи палењето.
Зголемување на брзината При активна контрола на
патувањето, брзината на возилото може да се зголемува непрекинато
или во мали чекори со држење притиснато или потчукнување на
прекинувачот < повеќе пати.
Кога ќе се отпушти прекинувачот,
моменталната брзина се снима и
се задржува.
Како алтернатива, забрзете се до
саканата брзина и снимете ја со
притиснување на прекинувачот <.
Намалување на брзината При активна контрола на
патувањето, брзината на возилото може да се намалува непрекинатоили во мали чекори со држење
притиснато или потчукнување на
прекинувачот ] повеќе пати.
Кога ќе се отпушти прекинувачот,
моменталната брзина се снима и
се задржува.Деактивирање
Притиснете го прекинувачот §:
контролата на патувањето се
деактивира и зелената контролна
сијаличка U се гасне во групата
инструменти.
Автоматско деактивирање: ■ Брзината на возилото паѓа под 30 км/ч,
■ Педалот за сопирачките е нагазнат,
■ Куплунгот е притиснат,
■ Лостот на менувачот во N.
Page 147 of 227

Возење и ракување145
Брзината се зачувува и на
Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Одново активирање Притиснете го прекинувачот R при
брзини над 30 км/ч.
Ако зачуваната брзина е многу
поголема од актуелната брзина,
возилото силно ќе се забрзува
додека не се постигне зачуваната
брзина.
Притискањето на прекинувачот <
повторно ќе ја активира функцијата за контрола на патувањето, но
само со моменталната брзина на
возилото, а не зачуваната брзина.
Бришење на снимената брзина
Притиснете го прекинувачот m:
Зелените контролни сијалички U и
m се гаснат во групата
инструменти.Ограничувач на брзината од
контролата на патувањето
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да ја надмине
претходно поставената
максимална брзина над 30 км/ч.
Активирање
Притиснете го прекинувачот U,
контролната сијаличка U светнува
жолто во групата инструменти.
Функцијата за ограничување на
брзината од контролата на
патувањето сега е во режимот за
готовност и на Информативниот центар за возачот се појавува
соодветна порака.
Забрзувајте се до саканата брзина
и притиснете го прекинувачот <
или ]. Актуелната брзина се
регистрира.
Возилото може да се вози
нормално но не ќе може да се
надмине програмираното
ограничување на брзината освен
при итна потреба.
Каде што не може да се задржи ограничената брзина, на пр. кога се
вози по стрмна удолнина,
ограничената брзина ќе трепка на
Информативниот центар за
возачот 3 99, придружено со
предупредувачки мелодии.
Зголемување на ограничената
брзина
Ограничената брзина може да се
зголемува непрекинато или во
мали чекори со држење
притиснато или потчукнување на
прекинувачот < повеќе пати.
Page 148 of 227

146Возење и ракување
Намалување на ограничената
брзина
Ограничената брзина може да се
намалува непрекинато или во мали
чекори со држење притиснато или
потчукнување на прекинувачот ]
повеќе пати.
Пречекорување на ограничената
брзина
Во случај на итна потреба, може да се пречекори ограничената брзина
со цврсто притиснување на
педалата за гас преку отпорната
точка. Ограничената брзина ќе
трепка во Информативниот центар за возачот 3 99 во текот на тој
период, придружена со
предупредувачки мелодии.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом
се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Забелешка
Кај возилата со монтиран
Ограничувач на брзината,
целосното притискање на
педалот за гас нема да Видозволи да ја надминете
поставената максимална брзина
на возилото. Ограничувач на
брзината. 3 146.
Деактивирање
Притиснете го прекинувачот §:
Ограничувачот на брзината се
деактивира и возилото може да се
вози нормално.
Ограничената брзина се зачувува и
на Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Одново активирање
Притиснете го прекинувачот R:
Функцијата за ограничување на
брзината е одново активирана.
Притискањето на прекинувачот <
повторно ќе ја активира функцијата
за ограничувач на брзината, но
само со моменталната брзина на
возилото, а не зачуваната брзина.
Бришење на ограничената брзина Притиснете го прекинувачот U:
Жолтата контролна сијаличка U се
гасне во групата инструменти.Ограничувач на
брзината
Ограничувач на
максималната брзина
Во согласност со локалните или
националните прописи, возилото
може да е опремено со фиксен
ограничувач на максималната
брзина што не може да се исклучи.
Ако го има во опремата,
предупредувачка етикета што
укажува на фиксната максимална
брзина (90 до 130 км/ч) се наоѓа на
таблата со инструменти.
Page 149 of 227

Возење и ракување147
До отклони од ограничувањето за
максимална брзина може да дојде
кога се вози прудолу или поради
физички причини.
Ќе се огласува предупредувачки
звук од 10 секунди секои
40 секунди ако возилото накратко
го надмине поставеното
ограничување.
Возила опремени и со ограничувач на брзината на контролата на
патувањето: максималната брзина
не може да се надмине со цврсто
притискање на педалата за гас над
точката на отпор.
Ограничувач на брзината од
контролата на патувањето 3 143.Помош за паркирање
Помошта за паркирање го
олеснува паркирањето во рикверц
со мерење на растојанието помеѓу
задниниот дел на возилото и
пречките. Меѓутоа, возачот носи
целосна одговорност за
паркирањето.
Системот се состои од четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Забелешка
Додадените предмети во опсегот
на забележувањето
предизвикуваат неиспавности во системот.
Активирање Кога се става во рикверц, системот
автоматски сам се вклучува. На
подготвеноста за работа укажува
краток звучен сигнал.
На пречките укажуваат сигнали и,
зависно од возилото, се
покажуваат на инфо-екранот.
Интервалот меѓу сигналите
станува пократок како што
возилото се доближува до
пречката. Кога е растојанието
помало од 30 см, звучниот сигнал е непрекинат.
Забелешка
Кај верзиите со укажување на
инфо-екранот, гласноста на
сигналот може да се прилагодува
преку Инфозабавниот систем.
Видете во прирачникот на
Инфозабавниот систем за повеќе
информации.
Page 150 of 227

148Возење и ракување9Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Деактивирање
Исклучете го системот притискајќи
го копчето r на таблата со
инструменти кога е вклучено
палењето . LED-от во копчето свети
кога е деактивирано. Кога ќе се
стави во рикверц, нема да се
огласи звучен сигнал.
Забелешка
Кај верзиите со укажување на
инфо-екранот, функциите може
да се деактивираат преку
Инфозабавниот систем. Видете
во прирачникот на
Инфозабавниот систем за повеќе
информации.
Функцијата одново се активира со
притиснување на копчето r
повторно или следниот пат кога
палењето ќе се вклучи.
Дефект
Ако системот открие дефект во
работата, при ставање во рикверц
ќе се огласи постојан звучен аларм
околу 5 секунди, соодветна порака
се појавува на Информативниот
центар за возачот 3 99 и F свети во
групата инструменти 3 95.
Посоветувајте се со
автомеханичар за да Ви ја
отстранат причината на дефектот.Внимание
Кога се вози во рикверц, во
околината не смее да има
пречки кои може да го удрат
долниот дел на возилото.
Ударот на задната оска, кој
можеби не е видлив, може да
доведе до некарактеристични
измени во управувањето со
возилото. Во случај на таков
удар, посоветувајте се со
автомеханичар.
Пораки за возилото 3 100.
Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага на возачот кога оди наназад
прикажувајќи поглед на подрачјето
зад возилото во ретровизорот или
на инфо-екранот.