OPEL VIVARO B 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2015.5Pages: 227, PDF Size: 4.46 MB
Page 161 of 227

Нега на возилото159
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.
Внимание
Не дозволувајте нивото на
масло во моторот да се спушти
под минималното ниво!
Препорачуваме употреба на
моторно масло од ист вид како она
што било употребено при
последното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката за максимум MAX на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
За да спречите истурање кога го
обновувате моторното масло,
препорачуваме користење инка.
Внимавајте инката да е добро
наместена на цевката за полнење.
Потрошувачката на моторното
масло нема да се стабилизира
додека возилото не поминало
повеќе илјади километри. Дури
тогаш може да се утврди
фактичката мера на
потрошувачката.
Ако потрошувачката надминува
повеќе од 0,5 литри на 1000 км по
периодов на разработувањето,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Зафатнини 3 214.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Page 162 of 227

160Нега на возилотоФилтер за воздух
Сијаличка за протокот на
воздух во моторот
Кај одредени модели сијаличката
се наоѓа во системот за индукција на моторот и покажува дали е
ограничен доводот на воздух во
моторот.
Слободен=Нема
ограничувањеЦрвен симбол=ОграниченАко е прикажан црвениот симбол
кога моторот работи,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Ладилник Течноста за ладење дава заштита
од замрзнување до околу -28 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
нивото на течноста за ладење
треба да биде токму над ознаката
MINI . Дотурете ако нивото е ниско.
9Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
Дотурете антифриз. Ако нема
антифриз на располагање,
користете чиста вода од чешма или дестилирана вода. Ставете го
Page 163 of 227

Нега на возилото161
капакот цврсто. Нека Ви ја провериконцентрацијата на антифризот и
нека Ви ја отстрани причината на
губење на течноста за ладење
автомеханичар.
Ако е потребно значтелно
количество на течност за ладење,
ќе треба да се исцеди заглавениот
воздух од системот за ладење.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Ако температурата на течноста за
ладење е превисока, контролната
сијаличка W 3 96 свети црвено во
групата инструменти, заедно со C
3 95. Посоветувајте се со
автомеханичар ако нивото на
течноста за ладење е доволно.
Течност за серво
управувањеВнимание
Многу мали загадувања може да предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на капачето на резервоаротили да
навлезат во резервоарот.
Резервоарот на течноста за серво
управување се наоѓа под сводот на предното тркало, под плочата на
облогата.
Нивото на течноста обично не
треба да се проверува. Во случај на
невообичаен звук при
управувањето или ако серво
управувањето реагира
невообичаено, побарајте помош во сервис.
Ако нивото на течноста во
резервоарот падне под ознаката
MIN , посоветувајте се со
автомеханичар.
Page 164 of 227

162Нега на возилотоТечност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење на шофершајбната која
содржи антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Сопирачки
Шкрипењето означува дека
поставите на пакните се изабени
до својата минимална дебелина.
Можно е да се продолжи
патувањето но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките што
побргу.
Штом се ставени нови пакните, не сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Течноста за сопирачките мора да
биде меѓу ознаките MINI и MAXI .
Кога дотурате, уверете се дека течноста е сосема чиста бидејќи
загадената течност за сопирачките
може да доведе до неисправности
во системот на сопирачки. Нека Ви ја отстрани причината на губењето
на течноста за сопирачките
автомеханичар.
Користете течност за сопирачките
само со високи перформанси
одобрена за Вашето возило.
Течност за сопирачките 3 199.
Page 165 of 227

Нега на возилото163Акумулатор
Возилото има оловно-киселински
акумулатор. Возилата со систем за сопирање-поаѓање се опремени со акумулатор AGM (Absorptive Glass
Mat), којшто не е оловно-
киселински.
Акумулаторот на возилото не се сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Кратки возења и
чести палења на моторот можат да
го испразнат акумулаторот.
Избегнувајте ја употребата на
непотребни електрични
потрошувачи.Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирањето на возилото за
подолго од 4 недели може да
доведе до празнење на
акумулаторот. Откачете го
негативниот пол од акумулаторот
на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или
откачите акумулаторот на
возилото.
Замена на акумулаторот Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте да
го замените акумулаторот AGM (Absorptive Glass Mat - Впивлива
стаклена подлошка) со друг таков
акумулатор.
Акумулатор AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор на Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси на системот за
сопирање-поаѓање.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Page 166 of 227

164Нега на возилото
Систем за сопирање-поаѓање
3 132.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
9 Опасност
Обезбедете соодветно
проветрување кога го полните акумулаторот. Постои ризик одексплозија ако гасовите што се
произведуваат за време на
полнењето се остават да се
насоберат!
Палење со кабли 3 189.
Предупредувачки натпис
Значење на симболите:
■ Без искри, отворени огнови или пушење.
■ Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
■ Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
■ Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може да
предизвика слепило или тешки
изгореници.
■ Видете го упатството за сопственикот за понатамошни
информации.
■ Можно е присуство на експлозивен гас во близина на
акумулаторот.
Филтер за дизел гориво
Исцедете ја наталожената вода од
филтерот за дизел гориво при
секое менување на моторното
масло.
Page 167 of 227

Нега на возилото165
Ставете сад под куќиштето на
филтерот. Олабавете ја
избраздената завртка од долниот дел од филтерот со приближно
еден круг за да ја исцедите водата.
Филтерот е исцеден штом ќе
излезе дизел гориво без вода.
Затегнете ја завртката.
Проверувајте го филтерот за дизел гориво почесто ако возилото е
изложено на екстремни работни
услови.
Цедење на системот со
дизел гориво Ако резервоарот за гориво се
испразнил докрај, ќе треба да се
проветри или исцеди системот за
дизел гориво.
Дополнете гориво, па постапете вака:Со клуч за палење
■ Вклучувајте го палењето (клучот во положба M) 5 секунди
одеднаш.
■ Исклучете го палењето (клучот во положба A) 3 секунди.
■ Повторете го тоа повеќепати.
■ Запалете го моторот (клучот во положба D), потоа исклучете го
(клучот во положба St).
Положби на прекинувачот за
палење 3 128.
Со копче за вклучување ■ Вметнете го електронскиот клуч во читачот на картички.
■ Притиснете го копчето Start/Stop
без притискање на педалите.
■ Почекајте неколку минути пред да го стартувате моторот.
Копче за вклучување 3 128.
Ако моторот не се пали, побарајте
помош од автомеханичар.
Палење на моторот 3 130.Замена на четкичките на
бришачите
Четкички на бришачите на
шофершајбната
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете го копчето за да се
откачи четкичката на бришачот и
извадете ја.
Прицврстете ја новата четкичка на бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Page 168 of 227

166Нега на возилото
Четкичка на бришачот на
задното стакло Подигнете ја рачката на бришачот,
завртете ја четкичката на
бришачот и откачете ја.Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на
сијаличка за замена.
Проверка на ламбите
По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете ги светлата.Предни фарови
Средно светло и долго светло
1. Извадете го заштитниот капак вртејќи го налево.
2. Извадете го кабел штекерот.
3. Ослободете ја спојката за држење и извадете ја
сијалицата.
Page 169 of 227

Нега на возилото167
4. Сменете ја сијалицата иинсталирајте ја спојката за
држење уверувајќи се дека
сијалицата е во правилната
насока.
5. Монтирајте ги кабел штекерот и
заштитниот капак.
Странични светла1. Извадете го држачот на ламбата од куќиштето на фаротсо завртување налево.
2. Сменете ја сијалицата.
3. Инсталирајте го држачот на сијалицата во куќиштето на
фарот.
Фарови за магла
Дојдете до ламбата на предното
светло за магла од под возилото.
1. Од левата страна на возилото, откачете ја спојката на држачот
и отворете го пристапниот
капак.
Од десната страна на возилото, извадете ги завртките и
спојките на држачот за да го
извадите пристапниот капак.
2. Извадете го кабел штекерот.
3. Завртете го држачот на ламбата налево и извадете ја
ламбата.
4. Заменете ја ламбата и монтирајте го држачот на
ламбата.
5. Монтирајте ги кабел штекерот и
пристапниот капак.
Page 170 of 227

168Нега на возилотоПредни трепкачи
1. Извадете го држачот наламбата од куќиштето на фаротвртејќи го налево.
2. Сменете ја сијалицата.
3. Инсталирајте го држачот на сијалицата во куќиштето на
фарот.
Задни светла
Задни стоп-светла, трепкачи и
задни светла
1. Извадете ги 3-те завртки (со приложениот алат).
2. Претпазливо извлечете го комплетот на светлото од
штипките за држење на
надворешната страна и
извадете го.
3. Свртете го држачот на ламбата
налево за да го одделите од
комплетот на светлото.
4. Сменете ја сијалицата.
5. Со притискање монтирајте го држачот на ламбата во
комплетот на светлото, потоа
свртете го надесно за да се
прицврсти.
6. Проверете дали жичната скоба е правилно наместена.