OPEL VIVARO B 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2016Pages: 237, PDF Size: 4.78 MB
Page 161 of 237

Возење и ракување159
За да го отворите капачето на
резервоарот за гориво (1), свртете
го налево.
Капачето за полнење гориво може
да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
За полнење гориво, целосно
вметнете ја цевката на пумпата и
вклучете ја.
По автоматското исклучување,
може да се дополни со најмногу
две дози гориво.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
Кога полнењето гориво е
завршено, вратете го капачето на
резервоарот и свртете го надесно
колку што може.
Затворете ја вратичката на
резервоарот.
Капаче за полнење гориво Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за полнење гориво.
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
Вредностите за потрошувачката на
гориво (комбинирана) на моделот
Opel Vivaro е во опсегот од 7,4 до 5,7 л/100 км.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
во опсег од 195 до 149 г/км.
За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Општи информации Наведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2 се
однесуваат на основниот модел за
ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачката на
гориво и испуштањето CO 2 се
одредуваат според прописот
R (EC) бр. 715/2007 (во најновата
важечка верзија), со земање
предвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Page 162 of 237

160Возење и ракувањеДополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведената
потрошувачка на гориво и
испуштање CO 2. Понатаму
потрошувачката на гориво зависи од личниот стил на возењето, како
и од условите на коловозот и
сообраќајот.Кука за приколки
Општи информации Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат
измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило.
Возни карактеристики, совети за влечење
Во случај на приколки со
сопирачки, закачете го кабелот за
приврзување.
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со мазиво. Меѓутоа, не подмачкајте ја ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто дејствува врз влечната топка. Кај приколки сослаба стабилност при возење
употребата на стабилизатор се
препорачува.
Максималната брзина од 80 км/ч не
смее да се надмине, дури и во
држави каде што се дозволени
поголеми брзини.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло, ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена за полна
натовареност 3 222.
Влечење на приколка Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
Page 163 of 237

Возење и ракување161разликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12 %.
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 210.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка е забележана на
идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.Во случај на оптовареност на
приколката од 1200 кг или повеќе,
вертикалната оптовареност на
влечната спојка не смее да биде
помала од 50 кг.
Натоварување на задната оскаКога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено (вклучувајќи ги и сите
патници), дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) не смее да се надмине.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи, држете го воланот колку што може
постабилно.
Page 164 of 237

162Возење и ракувањеПомош за стабилност на
приколката (TSA) е функција на
Електронската програма за
стабилност (ESP® Plus
) 3 148.
Page 165 of 237

Нега на возилото163Нега на возилотоОпшти информации.................164
Додатоци и модификации на возилото ................................ 164
Чување на возилото ..............164
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......165
Прверки на возилото ...............165
Вршење работа ...................... 165
Хауба ...................................... 165
Моторно масло ......................166
Филтер за воздух ...................167
Ладилник ................................ 168
Течност за серво управување ........................... 168
Течност за миење ..................169
Сопирачки .............................. 169
Течност за сопирачките ........170
Акумулатор ............................. 170
Филтер за дизел гориво ........172
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 172
Замена на четкичките на бришачите ............................. 173
Замена на сијалиците ..............174
Предни фарови ......................174Фарови за магла ....................174
Предни трепкачи ....................175
Задни светла .......................... 175
Странични трепкачи ..............176
Средишно високо монтирано стоп-светло ........................... 176
Светло за рикверц .................177
Светло за регистарската табличка ................................ 177
Заден фар за магла ...............178
Внатрешни светла .................178
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 179
Електричен систем ..................179
Осигурувачи ........................... 179
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......180
Прирачен алат ......................... 184
Алати ...................................... 184
Тркала и гуми ........................... 185
Гуми ........................................ 185
Зимски гуми ............................ 185
Ознаки на гумите ...................185
Притисок на гумите ................ 186
Систем за следење на
притисокот на гумите ...........187
Длабочина на шарата ...........189
Менување на големината на гумите и тркалата .................190Раткапни................................. 190
Синџири за гуми ..................... 190
Комплет за поправање гуми . 191
Менување тркала ................... 194
Резервно тркало ....................196
Палење со кабли ......................197
Влечење ................................... 199
Влечење на возилото ............199
Влечење друго возило ..........200
Нега за изгледот ......................201
Нега на надворешноста ........201
Нега на внатрешноста ........... 203
Page 166 of 237

164Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или во рикверц. Спречете го возилото од тркалење.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
Page 167 of 237

Нега на возилото165● Проверете го нивото намоторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашата
веб страна. Доверете му ја
работава само на овластен центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење генерира
крајно високи волтажи. Не
допирајте ги.
За полесно препознавање,
капачињата за дотурање на
моторното масло, течноста за
ладење, течноста за миење и
рачката од прачката за мерење на
нивото на маслото се жолти.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.
Page 168 of 237

166Нега на возилото
Поместете го безбедносното резе
(што се наоѓа малку десно)
настрана на левата страна од
возилото и отворете ја хаубата.
Багажникот се држи отворен
автоматски со подигач.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 134.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(приближно 30 см). Проверете
дали хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да нема
оштетувања на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните течности и средства за
подмачкување 3 207.
Проверувајте го со возилото на рамна површина. Моторот треба
да биде со работна температура и
изгаснат за најмалку 10 минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.
Внимание
Не дозволувајте нивото на
масло во моторот да се спушти
под минималното ниво!
Page 169 of 237

Нега на возилото167
Препорачуваме употреба на
моторно масло од ист вид како она
што било употребено при
последното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката за максимум MAX на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
За спречување на истурање на
моторно масло при дотурање,
препорачуваме да се користи инка
за надополнување на моторно
масло. Внимавајте инката да е
добро наместена на цевката за
полнење.
По надополнувањето, ставете ја
инката во пластична кеса и чувајте
ја на сигурно.
Потрошувачката на моторното
масло нема да се стабилизира
додека возилото не поминало
повеќе илјади километри. Дури
тогаш може да се утврди
фактичката мера на
потрошувачката.
Ако потрошувачката надминува
повеќе од 0,5 литри на 1000 км по
периодов на разработувањето,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Зафатнини 3 221.
Наместете го капачето право и
затегнете го.Филтер за воздух
Сијаличка за протокот на
воздух во моторот
Кај одредени модели сијаличката
се наоѓа во системот за индукција на моторот и покажува дали е
ограничен доводот на воздух во
моторот.
Слободен:Нема
ограничувањеЦрвен
симбол:Ограничен
Page 170 of 237

168Нега на возилотоАко е прикажан црвениот симбол
кога моторот работи,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Ладилник
Течноста за ладење дава заштита
од замрзнување до околу -28 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за
ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
нивото на течноста за ладење
треба да биде токму над ознаката
MINI . Дотурете ако нивото е ниско.
9Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
Дотурете антифриз. Ако нема
антифриз на располагање,
користете чиста вода од чешма или дестилирана вода. Ставете го
капакот цврсто. Нека Ви ја провери концентрацијата на антифризот и
нека Ви ја отстрани причината на
губење на течноста за ладење
автомеханичар.
Ако е потребно значтелно
количество на течност за ладење,
ќе треба да се исцеди заглавениот
воздух од системот за ладење.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Ако температурата на течноста за
ладење е превисока, контролната
сијаличка W 3 97 свети црвено во
групата инструменти, заедно со C
3 96. Посоветувајте се со
автомеханичар ако нивото на
течноста за ладење е доволно.
Течност за серво
управувањеВнимание
Многу мали загадувања може да предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не