OPEL ZAFIRA C 2017.25 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.25, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2017.25Pages: 333, PDF Size: 9.02 MB
Page 251 of 333

Нега на возилото249Течност за серво
управувањеВнимание
Многу мали загадувања може да предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на капачето на резервоарот/
прачката за мерење или да
навлезат во резервоарот.
Вообичаено, течноста за серво
управување не треба да се
проверува. Ако се јави необичен
звук при управувањето или серво
управувањето реагира необично,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена
течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Сопирачки
Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време
на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Page 252 of 333

250Нега на возилотоТечност за сопирачките9Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 295.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможуваат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 159.
Откачување на акумулаторот
Ако акумулаторот на возилото
треба да се откачи (на пр. за
одржување), сирената на алармот
треба да се деактивира на
следниот начин: вклучете го, па
исклучете го палењето, потоа
откачете го акумулаторот на
возилото во рок од 15 секунди.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во ова поглавје може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Page 253 of 333

Нега на возилото251Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки
за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Користете само акумулатори над
коишто може да се монтира кутија
со осигурувачи.
Во возилата со акумулатор AGM
(Впивачка стаклена подлога),
проверете дали го заменувате
акумулаторот со друг акумулатор AGM.
Акумулатор AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор од Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 174.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 286.
Етикета за предупредување
Page 254 of 333

252Нега на возилотоЗначење на симболите:● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил
докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучете го
палењето трипати по 15 секунди.
Потоа верглајте го моторот
најмногу 40 секунди. Повторете го
овој процес по не помалку од пет
секунди. Ако моторот не се пали,
побарајте помош од
автомеханичар.
Замена на четкичките на бришачитеКренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло
Page 255 of 333

Нега на возилото253Подигнете ја рачката на бришачот.
Откачете ја четкичката на
бришачот како што е покажано на
илустрацијата и извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучете го соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користете само ист вид сијаличка
за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на моторниот простор.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.
Халогенски предни
фарови
Халогенски предни фарови со
посебни ламби за средно и долго
светло. Страничните светла и
светлата за дневно возење се
направени како LED и не можат да
се заменат.
Надворешна сијалица за ( 1) средно
светло.
Внатрешна сијалица за ( 2) долго
светло.
Преден трепкач ( 3).
Page 256 of 333

254Нега на возилотоСредно светло (1)
1. Завртете го капачето налево иизвадете го.
2. Завртете го држачот насијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете ја
фасонката од куќиштето на
фарот.
3. Извадете ја ламбата од фасонката така што ќе ја
повлечете.
4. Заменете ја ламбата и приклучете ја на кабел
штекерот.
5. Ставете ја фасонката, заглавете ги двата држачи во
куќиштето на фарот и свртете
ги надесно за да се затегне.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Долго светло (2)
1. Завртете го капачето налево и извадете го.
Page 257 of 333

Нега на возилото255
2. Повлечете ја фасонката одкуќиштето на фарот.
3. Извадете ја ламбата одфасонката така што ќе ја
повлечете.
4. Заменете ја ламбата и приклучете ја на кабел
штекерот.
5. Ставете ја и турнете ја фасонката во куќиштето на
фарот така што ќе го поставите
држачот на местото.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Предни трепкачи (3)
1. Завртете ја фасонката на ламбата налево за да се
ослободи. Повлечете ја
фасонката од куќиштето на
фарот.
2. Извадете ја ламбата од фасонката така што ќе ја
свртите налево и ќе ја повлечете.
3. Заменете ја и ставете нова ламбата во фасонката и
свртете ја надесно.
4. Ставете ја фасонката во куќиштето на фарот и завртете
ја надесно.
Page 258 of 333

256Нега на возилотоLED предни фаровиПредните фарови за средно и
долго светло, страничните светла,
светлата за дневно возење и
трепкачите се направени како LED
и не можат да се заменат.
Во случај на дефект, светлата
треба да ги поправи
автомеханичар.
Фарови за магла Сијалиците се достапни од под
возилото.
1. Отстранете ги надворешните завртки од капакот како што е
покажано на илустрацијата.
2. Отворете го капакот со шарките.
Свртете ја фасонката налево и
извадете ја од куќиштето на
фарот.
3. Откачете ја фасонката на ламбата од кабел штекерот со
притискање на држачот.
4. Извадете ја и вратете ја фасонката со ламбата и
приклучете ја во кабел
штекерот.
5. Ставете ја фасонката во куќиштето на фарот, свртете јанадесно и заглавете ја.
6. Монтирајте го капакот со завртките.
Задни светла
1. Отворете го капакот на завртките со шарките.
Page 259 of 333

Нега на возилото257
2. Извадете ги заврткитеозначени со стрелките.
3. Внимателно извлечете го комплетот на светлото од
игличките за држење и
извадете го.
4. Откачете го кабел штекерот од комплетот на фарот.
5. Извадете ја и заменете ја ламбата вртејќи ја фасонката.
Трепкачи ( 1)
Задни светла ( 2)
Стоп-светло ( 3)
Задни светла со светлечки
диоди (LED) за задното и
светлото на сопирачките
Може да се замени само
ламбата на трепкачот ( 1).
Извадете ја и заменете ја
ламбата вртејќи ја фасонката.
6. Поврзете го кабел штекерот со комплетот на фарот.
7. Наместете го комплетот на фарот во држачите и
монтирајте го комплетот со
помош на завртките.
8. Закачете го капакот на завртките.
Page 260 of 333

258Нега на возилотоСветла за рикверц (4) на
задната врата
1. Отворете ја задната врата и извадете го капакот.
2. Свртете го држачот насијалицата обратно од насоката
на стрелките на часовникот и
извадете го од фарот.
3. Извадете ја ламбата од фасонката влечејќи ја.
4. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката.
5. Вметнете ја фасонката во фарот и завртете ја надесно.
6. Монтирајте го капакот.
Заден фар за магла
Сијалиците се достапни од под
возилото.
1. Свртете ја фасонката на сијалицата налево и извадете ја
од фарот.
2. Извадете ја ламбата од фасонката вртејќи ја налево.