OPEL COMBO E 2019 Сопственички прирачник
Page 211 of 313
Возење и ракување209предупредува возачот давајќи
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Системот работи со
ултрасоничните сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник и од страните на возилото.
Активирање Покрај задната помош за
паркирање и предно-задната
помош за паркирање, предно-
задната-странична помош за
паркирање се активира кога
системот ќе открие неподвижни
пречки што се наоѓаат од една или
од двете страни на возилото.
Сликовен инфо-екран: Системот е
подготвен за работа кога LED-
сијаличката во копчето за помошта за паркирање ¼ не свети.
Информативен екран во боја:
Активирајте ја помошта за
паркирање во 3 129.Показател
Системот го предупредува возачот
со звучни сигнали за потенцијално
опасни пречки пред возилото, зад
возилото и од страните на
возилото.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.Освен тоа, оддалеченоста до
пречките назад, напред и
странично се прикажува со
променливи линии за
оддалеченост на Информативниот
екран во боја. 3 125.
Деактивирање
Системот се деактивира
автоматски кога брзината на
возилото надмине 10 км/ч, со
активирање на електричната
сопирачка за паркирање или со
притискање на копчето за помош за паркирање ¼.
Сликовен инфо-екран: Системот е
исклучен кога LED-сијаличката во
копчето за помошта за паркирање
¼ свети.
Информативен екран во боја:
Деактивирајте ја помошта за
паркирање во 3 129.
Ограничувања на системот
Во случај на дефект или ако
системот привремено не работи,
на пример, поради голема бучава надвор или други фактори што
Page 212 of 313
210Возење и ракувањепречат, во групата инструменти
светнува H. Во
Информативниот центар за
возачот се прикажува порака.9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат
системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.Напредна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Напредната помош за паркирање
мери соодветно место за
паркирање при поминување, ја
пресметува патеката и автоматски
го наведува возилото при
паркирање.
Page 213 of 313
Возење и ракување211Напредната помош за паркирање
помага за следниве маневри:
● влегување во паралелно место
за паркирање
● влегување во напречно место за паркирање
● излегување од паралелно место за паркирање
Возачот треба да ги контролира
забрзувањето, сопирањето и
менувањето брзини, додека
управувањето се врши автоматски.
Возачот може да ја преземе
контролата во секое време така
што ќе го фати воланот.
Можеби ќе биде потребно да се
движи напред и назад повеќе од
еднаш.
Упатствата се дадени на Инфо-
екранот 3 125.
Напредната помош за паркирање
може да се активира само при
возење напред.Влегување во паралелно место
за паркирање
Активирање
Намалете ја брзината на возилото
под 30 км/ч.
Информативен екран во боја: за да се пребарува за место за
паркирање, активирајте го
системот со притискање на Í. На
Инфо-екранот, изберете Функции
за возење , па Помош за
паркирање . Изберете Влези во
паралелно место за паркирање .
Изберете ја страната за паркирање
со вклучување на трепкачот на
соодветната страна.
Дозволеното паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е помеѓу
0,5 м и 1,5 м.
За да влезете во паралелно место
за паркирање, минималната
должина на местото мора да биде
еднаква на должината на вашето
возило плус 0,6 м. Системот нема
да идентификува места кои се
јасно помали или поголеми од
возилото.
Кога ќе се открие слободно место,
се даваат визуелни информации
на Инфо-екранот и се дава прв
звучен сигнал. Возете бавно
напред. Кога ќе се даде вториот
звучен сигнал, запрете го
возилото, ставете во рикверц,
пуштете го воланот и почнете да се движите бавно. На Инфо-екранот
се дава визуелен приказ.
Page 214 of 313
212Возење и ракување
Движете се напред и назад и
почитувајте ги предупредувањата на Помошта за паркирање додекане се означи крајот на
маневрирањето.
Влегување во напречно место
за паркирање
Активирање
Информативен екран во боја: кога
пребарувате за место за
паркирање, активирајте го
системот со притискање на Í. На
Инфо-екранот, изберете Функции за возење, па Помош за
паркирање . Изберете Влези во
напречно место за паркирање .
Намалете ја брзината на возилото
под 30 км/ч.
Изберете ја страната за паркирање
со вклучување на трепкачот на
соодветната страна.
Дозволеното паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е помеѓу
0,5 м и 1,5 м.
За да влезете во напречно место за
паркирање, минималната ширина
на местото мора да биде еднаква
на должината на вашето возило
плус 0,7 м. Кога се достапни
неколку последователни места,
возилото ќе се насочи кон
последното.Кога ќе се открие слободно место,
се даваат визуелни информации
на Инфо-екранот и се дава звучен сигнал. Запрете го возилото,
ставете во рикверц, пуштете го
воланот и почнете да се движите
без да надминете 7 км/ч.
Движете се напред и назад според
упатствата, почитувајте ги
предупредувањата на помошта за
паркирање и внимавајте на
звучните сигнали додека не се
означи крајот на маневрирањето.
Кога ќе завршите, во групата
инструменти се исклучува $.
Page 215 of 313
Возење и ракување213При маневрирањето за паркирање,
системот се деактивира
автоматски штом задниот дел од
возилото се приближи на 50 см од
некоја пречка.
Излегување од паралелно
место за паркирање
Активирање
Информативен екран во боја: кога
излегувате од паралелно
паркирање, активирајте го
системот со притискање на Í. На
Инфо-екранот, изберете Функции
за возење , па Помош за
паркирање . Изберете Излези од
паралелно место за паркирање .
Изберете ја страната за излегување со вклучување на
соодветниот трепкач.
Ставете во рикверц, пуштете го
воланот и почнете да се движите без да надминете 5 км/ч.
Движете се напред и назад и
почитувајте ги предупредувањата
на Помошта за паркирање додека
не се означи крајот на
маневрирањето. Маневарот е
завршен кога предните тркала на
возилото ќе излезат од местото за
паркирање.
По деактивирањето, проверете
дали ја имате контролата над
возилото.
Индикации на екранот
Упатствата на екранот покажуваат: ● општи практични совети и пораки за предупредување
● барањето за запирање на возилото кога се приметува
паркирно место
● насоката на возењето за време
на маневрите за паркирање
● барање да се стави во рикверц
или во прва брзина
● барање да се застане или да се
вози побавно
● успешно завршување на маневарот паркирање на
коешто укажува појавен
симбол и тон
● откажување на маневар за паркирање
Деактивирање
Тековниот маневар од помошта за
паркирање се откажува преку
копчето за враќање на почетниот
екран на Инфо-екранот. За да го
Page 216 of 313
214Возење и ракувањедеактивирате системот целосно,
притиснете ¼ во средишната
конзола.
Системот се деактивира
автоматски:
● ако се исклучи палењето
● ако моторот работи во место
● ако не се започне со маневрирање во рок од 5
минути откако ќе се изберете
типот на маневрирањето
● по подолго стоење во место на
возилото за време на
маневрирање
● ако се вклучи Електронската контрола на стабилноста
● ако брзината на возилото го надмине наведеното
ограничување
● кога возачот ќе го прекине движењето на воланот
● по неколку маневрирања за влез во напречно место за
паркирање (еден маневар се
состои од едно движење
наназад или едно движење
нанапред)● по десет маневрирања за влегување или излегување од
паралелно место за паркирање
● ако се отвори некоја врата или товарниот простор
● ако некое од предните тркала наиде на пречка
● ако маневрирањето за паркирање заврши успешно
Деактивирањето од возачот или од
системот за време на
маневрирањето ќе се прикаже на
екранот. Освен тоа, се огласува
звучен сигнал.
Системот се исклучува автоматски
кога се влече електрично поврзана приколка, носач за велосипеди и
др.
Контактирајте со продавачот за да
го исклучите системот на подолго
време.
Дефект
Во случај на дефект, во
Информативниот екран во боја се
прикажува порака и се слуша
звучен сигнал.Во случај на дефект на серво
управувањето, светнува H и се
прикажува порака во
Информативниот центар за
возачот.9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.
Page 217 of 313
Возење и ракување215Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за
помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување, на пр.
тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Можно е сензорот да открие
предмет што не постои поради
ехо-пречките од надворешна
бучава или механичко
непорамнување (повремено може да се појават лажни
предупредувања).
Внимавајте предната регистерска
табличка да е правилно
монтирана (да не е свиткана и да
нема процеп до браникот од
левата или десната страна) и
сензорите да се цврсто вглавени
на своите места.
Системот на напредна помош за
паркирање може да не реагира на
промени на достапното паркирно
место откако ќе почне маневар за паркирање. Системот може да
препознае влез, порта, двор, па
дури и крстосница како место за
паркирање. Откако ќе ставите во
рикверц, системот ќе почне
маневар за паркирање.
Внимавајте на достапноста на
предложеното место за
паркирање.Системот не открива
неправилности на тлото, на пр. во
градежни зони. Возачот е одговорен за тоа.
Известување за странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
мртва зона. Системот прикажува
визуелно предупредување во секој
страничен ретровизор кога открива
објекти што може да не се видливи во внатрешниот и страничните
ретровизори.
Известувањето за странична слепа точка користи дел од сензорите за
напредна помош за паркирање што се наоѓаат на предниот и задниот
браник од двете страни на
возилото.
Page 218 of 313
216Возење и ракување9Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
● возила вон страничните слепи зони што може да сеприближуваат брзо
● пешаци, велосипедисти или животни
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Активирање
Информативен екран во боја:
притиснете Í. Изберете Функции
за возење на Инфо-екранот, па
Сензори за слепи точки .
Активирајте ја функцијата.
Во групата инструменти, B
постојано свети зелено за да ја потврди функцијата.
Функционалност
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека
возите напред, ќе светне LED-
сијаличка во соодветниот
страничен ретровизор.
LED-сијаличката се исклучува
веднаш по претекнувањето.
LED-сијаличката се вклучува по
кратко време кога бавно
претекнувате друго возило.
Услови за работа
Следниве услови мора да бидат
исполнети за правилна работа:
● сите возила се движат во ист правец и во соседни ленти
● брзината на вашето возило е помеѓу 12 и 140 км/ч
● претекнување возило со разлика во брзината помала од10 км/ч
● друго возило претекнува со разлика во брзината помала од
25 км/ч
● сообраќајот е нормален ● возење на прав пат или пат со мали кривини
● возилото не влече приколка ● сензорите не се покриени со кал, мраз или снег
● зоните за предупредување во ретровизорите или зоните за
откривање на предниот и
задниот браник не се покриени со налепници или други
предмети
Page 219 of 313
Возење и ракување217Нема да се даде предупредување
во следниве ситуации:
● во присуство на објекти што не
се движат, на пример,
паркирани возила, пречки,
улични сијалици, сообраќајни
знаци
● со возила што се движат во спротивен правец
● при возење на пат со многу кривини или со остар агол
● кога претекнувате или ве претекнува многу долго
возило, на пример, камион,
шлепер, коешто во исто време
е откриено назад во аголот од
слепата точка и е присутно во
предното видно поле на
возачот
● во многу густ сообраќај, возилата откриени напред и
назад се мешаат со камион или објект што не се движи
● кога претекнувате многу брзоДеактивирање
Системот се деактивира во
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 129. B
се гаси во групата инструменти.
Освен тоа, се огласува звучен
сигнал.
Состојбата на системот се
зачувува кога ќе го исклучите
палењето.
Системот се деактивира
автоматски кога се влече
електрично поврзана приколка.
Поради лоши временски услови,
како што е пороен дожд, може да се случај погрешни откривања.
Дефект
Во случај на дефект, на таблата со инструменти трепка B неколку
секунди, заедно со R и со порака
на екранот. Нека Ви ја отстрани причината на дефектот
автомеханичар.Систем за панорамски
поглед
Овој систем овозможува приказите
на околината на возилото да се
прикажуваат речиси како слика од
180° на Инфо-екранот, како поглед од птичја перспектива.
Системот користи: ● задна камера, што се наоѓа во задната врата
● ултрасонични сензори за паркирање во задниот браник
Екранот на Инфо-екранот е
поделен на два дела. На десната
страна има приказ од горе, а на
Page 220 of 313
218Возење и ракувањелевата има приказ од назад.
Сензорите за паркирање ги
комплетираат информациите за
приказот од горе на возилото.
Активирање Системот за панорамски поглед се
активира кога:
● ќе се избере рикверц
● се вози до 10 км/ч
Функционалност Во левиот дел од екранот може да
се изберат различни прикази.
Променете го типот на приказот во секое време при маневрирање со
притискање на полето за допир во
левата долна зона од екранот:
● Заден приказ
● Автоматски режим
● Зумиран приказ
● Приказ од 180°
Екранот се ажурира веднаш со
типот на избраниот приказ.
Автоматскиот режим е активиран
стандардно. Во овој режим,
системот го избира најдобриотприказ за прикажување,
стандарден или зумиран, според
информациите од сензорите за
паркирање.
Состојбата на системот не
останува во меморијата кога ќе се
исклучи палењето.
Заден приказ
На екранот се прикажува областа
зад возилото. Вертикалните линии
ја претставуваат ширината на
возилото со отворени ретровизори.
Насоката на линиите се променува со положбата на воланот.
Првата хоризонтална линија
претставува растојание од околу
30 см од работ на задниот браник
на возилото. Горните
хоризонтални линии ги
претставуваат растојанијата од
околу 1 до 2 м од работ на задниот
браник на возилото.
Овој приказ е достапен во
автоматскиот режим или во
изборникот за избор на приказ.Автоматски режим
Овој режим е активиран
стандардно. Со користење на
сензорите во задниот браник,
автоматскиот приказ се променува
од заден приказ на приказ од горе,
како што некоја пречка се
приближува во текот на
маневрирањето.
Зумиран приказ
Камерата ја снима околината на
возилото во текот на
маневрирањето за да го
реконструира погледот од горе од
задната страна на возилото на
блиската околина и на тој начин
овозможува маневрирање на
возилото околу пречките во
близина. Овој приказ е достапен со
автоматскиот режим или во
изборникот за избор на приказ.