OPEL INSIGNIA 2015.5 Сопственички прирачник
Page 231 of 371
Возење и ракување229
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.
Зони на откривање
Сензорите на системот покриваат
зона од околу 3,5 метри паралелно
од двете страни на возилото и
околу 3 метри наназад за
известувањето за странична слепа
точка (А) и околу 70 метри наназад
за известувањето за менување лента (В) на паралелни ленти.
Зоните почнуваат од страничните
ретровизори. Висината на зоната е
приближно околу 0,5 метри и
2 метри од тлото.
Деактивирање
Активирањето или
деактивирањето на известувањето за менување лента може да се
постави во изборникот за
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби на инфо-
екранот во боја.
Изберете ја соодветната поставка во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 129.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 134.
Системот се исклучува ако
возилото влече приколка.
На исклучувањето укажува порака во Информативниот центар за
возачот (DIC).
Забелешка
По производството, на системот
му треба калибрација. За
оптимални перформанси, возете
што е можно поскоро по прав
Page 232 of 371
230Возење и ракување
автопат со објекти покрај патот,
на пр. банкини и пречки, одредено
растојание.
Дефект
Повремено, во нормални услови
или при остри кривини, може да се
појават испуштени
предупредувања. Инаку, системот
може да се засвети поради
банкини, знаци, дрвја, грмушки или
други неподвижни објекти. Тоа е
нормална работа и системот не
мора да се сервисира.
Известувањето за менување лента
не работи кога левиот или десниот
агол на задниот браник е прекриен
со кал, нечистотија, снег, мраз или
влажен снег. Упатства за чистење
3 304.
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради привремени услови, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот. Побарајте помош на
сервис.Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува
на информативниот екран во боја.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите за напредна помош
за паркирање, на пр. под
браникот или под возилото, не
се прикажуваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ги подрачјето
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Активирање
Ретровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се
стави во рикверц.
Функционалност
Камерата е монтирана меѓу
светлата за регистерската
табличка и има агол на гледање од
130°.
Page 233 of 371
Возење и ракување231
Поради високата положба на
камерата, задниот браник може да
се види на екранот како ориентир
за положбата.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Динамичките наведувачки линии
се хоризонтални линии на
растојание од 1 метар проектирани
на сликата за да ја определат
оддалеченоста од прикажаните
објекти.
Траекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност
на воланот.
Функцијата може да се исклучи во изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби на инфо-екранот во боја.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 129.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 134.
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.
Дополнително, 9 се појавува на
горната лента на инфо-екранот со предупердување да се провери
опкружувањето околу возилото.
Деактивирање Камерата се деактивира кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Активирањето или
деактивирањето на
ретровизорската камера може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на инфо-
екранот во боја.
Page 234 of 371
232Возење и ракување
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 129.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 134.
Дефект Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на
информативниот екран.
Ретровизорската камера може да не работи правилно кога:
■ Наоколу е темно.
■ Сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата.
■ Мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот на
камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа.
■ Задната врата не е затворена правилно.
■ Возилото влече приколка.■ Возилото се судрило од задната страна.
■ Има екстремни промени на температурата.
Известување за заден
вкрстен сообраќај
Дополнително на ретровизорската
камера 3 230, известувањето за
заден вкрстен сообраќај
предупредува за сообраќај од
левата или десната страна кога се
вози наназад. Кога ќе се препознае вкрстен сообраќај и
ретровизорската камера е активна,
предупредувачки триаголник со
стрелка за насоката K се појавува
на инфо-екранот во боја и ја
покажува насоката на сообраќајот.
Освен тоа, три писоци ќе се огласат од звучникот на односната страна.
Радарските сензори за
оддалеченост се наоѓаат
странично во задниот браник.
9 Предупредување
Известувањето за заден
вкрстен сообраќај не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека објектите
што се надвор од сензорите,
на пр. под браникот или под
возилото, не се прикажуваат.
Пешаци, деца или животни не се откриваат.
Page 235 of 371
Возење и ракување233Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ја околината
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Активирање
Известувањето за заден вкрстен
сообраќај се активира автоматски
заедно со ретровизорската камера
кога ќе се стави во рикверц.
Зони на откривање
Сензорите на системот покриваат
зона од околу 20 метри одлево и оддесно зад возилото.
Деактивирање
Известувањето за заден вкрстен сообраќај се деактивира заедно со
ретровизорската камера кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Активирањето или
деактивирањето на известувањето за заден вкрстен сообраќај може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на инфо-
екранот во боја.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 129.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 134.Дефект
Системот може да не работи
правилно кога:
■ Мраз, снег, кал или нешто друго ги прекрива сензорите.
■ Возилото влече приколка.
■ Возилото се судрило од задната страна.
■ Има екстремни промени на температурата.
Помошник за
сообраќајни знаци
Функционалност Системот за помош со сообраќајнизнаци ги забележува назначените
сообраќајни знаци преку една
предна камера и ги прикажува во
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Page 236 of 371
234Возење и ракување
Сообраќајните знаци коишто ќе се
приметат се:
Знаци за ограничување и за
забрането поминување ■ ограничување на брзина
■ поминувањето е забрането
■ крај на ограничувањето на брзината
■ крај на забраната на поминувањетоЗнаци на пат
Почеток и крај на:
■ автопати
■ главни патишта
■ улици за играњеДополнителни знаци ■ дополнителни сообраќајни знаци
■ ограничувања за влечење приколки■ ограничувања за влечење
■ предупредување за влажен пат
■ предупредување за мраз
■ стрелки за насока
Знаците за ограничување на
брзината и за непретекнување се
прикажуваат на Информативниот
центар за возачот (DIC) додека не
се регистрира следен знак за
ограничување или престанок на
ограничувањето на брзината или
измине времето на знакот по
определено време.
Можно е укажување на повеќе
знаци на екранот.
Извичник во рамка укажува дека е
откриен дополнителен знак што системот не го препознава.
Системот е активен до брзина од
200 км/ч во зависност од
осветленоста. Ноќе системот е
активен до брзина од 160 км/ч.
Штом брзината ќе се намали под
55 км/ч, екранот се ресетира и
содржината на страницата со
сообраќајни знаци се брише,
на пр. кога се влегува во градска
зона. Означувањето на следната
препозната брзина ќе се прикаже.
Индикации на екранот Сообраќајните знаци се
прикажуваат на страницата
Откривање сообраќајни знаци на
Информативниот центар за
возачот.
Page 237 of 371
Возење и ракување235
На екранот од основно ниво,
изберете Settings (Поставки) X
со притискање на MENU и
изберете ја ставката Откривање
сообраќајни знаци со тркалцето за
местење на рачката за трепкачите 3 121.На екранот од средно и од горно
ниво изберете го изборникот Info со
десните копчиња на воланот и
притиснете P за да изберете
Traffic sign detection (Приметување
на сообраќајни знаци) 3 121.
Кога е избрана друга страница на
изборникот на Информативниот
центар за возачот и потоа повторно
ќе се одбере страницата Traffic sign
detection (Откривање сообраќајни
знаци), ќе се прикаже последниот
препознаен сообраќаен знак.
Функција за тревожење
Штом ќе се активира, знаците за
ограничување на брзината и за
непретекнување се прикажуваат
како појавни тревожења на
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Page 238 of 371
236Возење и ракување
Функцијата за тревожење може да
се активира или деактивира во
изборникот за поставување на
страницата на помошникот за
сообраќајни знаци со притискање
на копчето SET/CLR на рачката за
трепкачите или 9 на воланот.На илустрацијата е прикажан DIC
од основно ниво.
На илустрацијата е прикажан DIC
од средно или горно ниво.
Кога е прикажана страницата за
поставување, изберете
Исклучување или одредете
тревожења I за да се исклучи
функцијата за тревожење.
Активирајте повторно избирајќи
On (Вклучено) или известувањата
J .
Кога ќе се вклучи палењето,
функцијата за тревожење е
деактивирана.
Појавниот показател се прикажува
околу 8 секунди во
Информативниот центар за
возачот.
Препоставување на системот
Содржината на меморијата на
сообраќајните знаци може да се
избрише во изборникот за
поставување на страницата на
помошникот за сообраќајни знаци
со притискање на копчето
SET/CLR на рачката за трепкачите
или на 9 на десната контрола на
воланот подолго време. Изберете
Page 239 of 371
Возење и ракување237
и потврдете Reset за да го
избришете системот на
помошникот за сообраќајни знаци.
По успешно препоставување, ќе се
огласи мелодија и се покажува
следниот симбол додека не се
открие следен сообраќаен знак.
Во некои случаи, системот го
брише помошникот за сообраќајни
знаци автоматски.
Препознавање сообраќајни
знаци во спој со систем за навигација
Ако возилото е опремено со систем за навигација, следниве функции
може да се достапни:
■ постојано укажување на ограничувањата на брзината
■ при тешки временски услови, се прикажуваат податоците за
навигација за ограничувањата на
брзината
Дефект
Системот за помош со сообраќајни знаци може да не работи правилно
кога:
■ Пределот на шофершајбната каде што се наоѓа предната
камера не е чист.
■ Сообраќајните знаци се целосно или делумно прекриени или
тешко се распознаваат.
■ Има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,снег, директна сончева светлина
или сенки. Во тој случај, наекранот е прикажано No Traffic
Sign Detection due to Weather
(Нема приметување на
сообраќајните знаци поради
времето) .
■ Сообраќајните знаци се неправилно монтирани или се
оштетени.
■ Сообраќајните знаци не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци.Внимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на
одреден обем на брзини за дапрепознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
игнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не препознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или ослободат од
ограничување на брзината.
Page 240 of 371
238Возење и ракувањеНе дозволувајте оваа посебна
функција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.
Предупредување за
напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање лента ги набљудува
ознаките на лентите меѓу кои се
вози возилото преку предна
камера. Системот ги открива
менувањата лента и го
предупредува возачот во случај на ненамерно менување лента со
визуелни и звучни сигнали.
Критериуми за откривање
ненамерно менување лента се:
■ Неупотреба на трепкачите.
■ Неупотреба на педалата за сопирачките.
■ Неупотреба на педалата за гас или незабрзување.
■ Неактивно управување со воланот.
Ако возачот е активен, нема да се издаде никакво предупредување.
Активирање
Системот за предупредување за
напуштање на лента се активира
со притиснување на ). Запалената
сијаличка во копчето означува дека системот е вклучен. Кога
контролната сијаличка ) во
групата инструменти ќе се запали
зелена, системот е готов да
работи.
Со системот може да се работи само при брзини на возилото над
56 км/ч и ако има хоризонтална
сигнализација на коловозот.
Кога системот ќе препознае
ненамерно менување на лентата,
контролната сијаличка ) се
сменува во жолта и трепка.
Истовремено се активира
мелодичен звук.
Деактивирање
Системот се деактивира со
притискање ), сијаличката во
копчето се гаси.
При брзини под 56 км/ч не може да
се работи со системот.