OPEL INSIGNIA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2015.5Pages: 371, PDF Size: 9.21 MB
Page 251 of 371

Возење и ракување249
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 312.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (85 кг) е наведенана идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.Натоварување на задната
оска
Кога приколката е приклучена и
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете на идентификациската
табличка или во документите на
возилото) може да се надмине за
90 кг за Хечбек со 5 врати/
лимузината со 4 врати, а 85 кг за
Sports Tourer/Country Tourer,
вредноста за бруто тежината на
возилото може да се надмине за
65 кг за Хечбек со 5 врати/
лимузината со 4 врати, а 60 кг за
Sports Tourer/Country Tourer. Ако се надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Page 252 of 371

250Возење и ракувањеОпрема за влечењеВнимание
Влечната кука што се склопува
не може да се извади од
возилото. При возење без
приколка склопете ја влечната
кука со топка.
9 Предупредување
Уверете се дека нема никого во
зоната на вртењето на влечната кука. Ризик од телесна повреда.
Кога ја ослободувате
складираната влечна кука,
внимавајте да стоите на левата
страна од дршката.
Ослободете ја складираната
влечна кука
Повлечете ја рачката што се наоѓа
лево од регистарската табличка
под задниот браник под агол од
околу 45° во однос на тлото.
Се огласува звучен тон како
предупредување кога рачката за ослободување ќе се извлече и
топчестиот врв ќе се откачи.
Фатете ја ослободената влечна
кука и кренете ја нагоре додека не се заглави.
Внимавајте куката за влечење да е правилно заглавена и
ослободената рачка да се повлече
назад во својата скриена првична
положба, инаку звучниот тон нема
да престане.
Page 253 of 371

Возење и ракување251
Складирајте/скриете ја
влечната кука
Повлечете ја рачката што се наоѓа
лево од регистарската табличка
под задниот браник под агол од
околу 45° во однос на почвата.
Се огласува звучен тон како
предупредување кога рачката за
ослободување ќе се извлече и
топчестиот врв ќе се откачи.
Со дланката вртете ја
ослободената топчеста влечна кука надесно додека не се заглавипод подот. Уверете се дека рачката за ослободување е вратена во
својата скриена почетна положба,
инаку тонот со вибрација нема да
престане.9 Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволено само кога влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не се заглави
правилно или ако невозможно е да се врати рачката за
ослободување во нејзината
скриена првична положба во
куќиштето или ако звучниот тон се огласи по заглавувањето на
влечната кука, побарајте помош
од автомеханичар.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот за
приврзување за алката.
Page 254 of 371

252Возење и ракувањеПомош за стабилноста
на приколката
Ако системот открие занесувања,
моќноста на моторот се намалува и комбинацијата возила/приколка се
кочи селективно додека не
престане занесувањето. Додека
системот работи, држете го
воланот колку што може помирно.
Помош за стабилноста на
приколката (TSA) е функција на
Електронската контрола на
стабилноста 3 196.
Page 255 of 371

Нега на возилото253Нега на возилотоОпшти информации.................253
Прверки на возилото ...............254
Замена на сијалиците ..............263
Електричен систем ..................275
Прирачен алат ......................... 282
Тркала и гуми ........................... 283
Палење со кабли ......................298
Влечење ................................... 300
Нега за изгледот ......................304Општи информации
Опреми и преиначувања
на возилото
Препорачуваме да се користат
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на
возило. Не можеме да оцениме или гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
■ Измијте го и полирајте го возилото.
■ Нека Ви ја проверат заштитата со
восок во моторниот простор и
подвозје.
■ Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
■ Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
■ Сменете го моторното масло.
■ Сад за течноста за миење на шофершајбната.
■ Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
■ Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена
за полна натовареност.
Page 256 of 371

254Нега на возилото
■Паркирајте го возилото на суво и
добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или лостот на менувачот во P. Спречете го возилото од
тркалење.
■ Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
■ Отворете ја хаубата, затворете ги сите врати и заклучете го
возилото.
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр. системот
за тревожење при кражба.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката на
електричните прозорци.
■ Проверете го притисокот во гумите.
■ Наполнете го садот за течноста за миење.■ Проверете го нивото намоторното масло.
■ Проверете го новито на течноста
за ладење.
■ Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на
возилото на крајот на
работниот век Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде
што се бара со закон. Доверете му
ја оваа работа само на овластен
центар за рециклирање.
Возилата на гас мора да ги
рециклира сервисен центар
овластен за возила на гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 257 of 371

Нега на возилото2559Опасност
Системот за палење и
ксенонските фарови користат
крајно висок напон. Не
допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Хаубата автоматтски се држи
отворена.
Довод на воздухот 3 170.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 177.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Проверувајте го моторното масло
рачно за да се нема оштетувања на моторот. Уверувајте се дека се
користи масло со правилната
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 309.
Проверувајте го со возилото на рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен најмалку 5 минути.
Page 258 of 371

256Нега на возилото
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од иста класа со тоа коешто беше употребено при
поселдното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Page 259 of 371

Нега на возилото257
Зафатнини 3 330, Квалитет/
вискозитет на моторното масло
3 309.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Течност за автоматскиот
менувачВнимание
Многу мали загадувања може да предизвикаат оштетување на автоматскиот менувач и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на
капачето на резервоаротили да
навлезат во резервоарот.Вообичаено, течноста за
автоматскиот менувач не треба да
се проверува. За да го проверите
нивото на течноста, побарајте
помош во сервис.
Ладилник
Средството за ладење овозможува заштита од замрзнување до околу
-28 °C. Во северните земји со многу
ниски температури фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
замрзнување до околу -37 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Page 260 of 371

258Нега на возилото
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
Кај друг модел, ознаката за
полнењето е внатре во отворот за
полнење. За да проверите,
отворете го капачето.
Дополнително коло за ладење за турбо мотор
Садот за средството за ладење е
фиксиран кај куќиштето на
прочистувачот за воздух.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
Општо
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете мешавина
1:1 од концентрат од течност за
ладење со чиста вода од чешма.
Ако не е достапен концентрат од
течност за ладење, користете
чиста вода од чешмата. Ставете го капакот цврсто. Нека Ви ја провериконцентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста за ладење автомеханичар.
Течност за серво
управувањеВнимание
Многу мали загадувања може да предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на
капачето на резервоарот/
прачката за мерење или да
навлезат во резервоарот.