OPEL INSIGNIA BREAK 2019.5 Сопственички прирачник
Page 191 of 369
Возење и ракување189Процесот на чистење не е
можен
Ако чистењето не е можно од која
било причина, светнува
контролната сијаличка Z, а во
Информативниот центар на
возачот се појавува порака за
предупредување. Моќноста на
моторот може да се намали.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 260, 3 332 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, одржувајќи се брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
AdBlue
Општи информации Селективното каталитичко
намалување ( BlueInjection) е метод
на значително намалување на
азотните оксиди во издувните
емисии. Тоа се постигнува со
вбризгување издувна течност од
дизел (DEF) во издувниот систем.
Амонијакот што се ослободува од
течноста реагира со азотните
гасови (NO x) од системот за
издувни гасови и се претвора во
азот и вода.
Ознаката на оваа течност е
AdBlue ®
. Тоа е нетоксична,
незапалива, безбојна течност без
мирис што се состои од 32% уреа и
68% вода.9 Предупредување
Избегнувајте контакт на очите и
кожата со AdBlue.
Во случај на контакт со очите
или кожата, исплакнете со вода.
Внимание
Избегнувајте контакт на бојата
со AdBlue.
Во случај на контакт, исплакнете со вода.
Page 192 of 369
190Возење и ракувањеAdBlue замрзнува на температура
од приближно 11 °C. Со оглед на
тоа што возилото е опремено со предгреач за AdBlue, обезбедено е намалување на емисиите при
ниски температури. Предгреачот
за AdBlue работи автоматски.
Вообичаената потрошувачка на
AdBlue е околу 2 л на 1000 км, но
може да биде и поголема во
зависност од начинот на возење
(на пример, натовареност или
влечење приколка).
Резервоар за AdBlue Нивото на резервоарот за AdBlue
може да се најде во изборникот за
приказ.
Предупредувања за нивото
Во зависност од пресметаното
растојание за AdBlue, во
Информативниот центар за
возачот се прикажуваат различни
пораки. Пораките и
ограничувањата се законска
обврска.Првото можно предупредување е
на AdBlue Range: (Опсег AdBlue:)
2400 км .
Ова предупредување ќе се
прикаже еднаш кратко со
пресметаното растојание.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Во следново ниво се влегува кога
растојанието е помало од 1750 км.
Пораката со тековното растојание ќе се прикажува секогаш кога ќе се
вклучи палењето и треба да се
потврди 3 123. Дополнете AdBlue
пред да влезете во следното ниво
за предупредување.
Кога растојанието со AdBlue е под
900 км, наизменично се
прикажуваат следниве пораки за
предупредување и не можат да се
отфрлат:
● AdBlue Low Refill Now (AdBlue
е при крај, дополнете веднаш)
● Engine Restart Prevented in
(Рестартирање на моторот е
спречено во) 900 км .
Дополнително, контролната
сијаличка Y трепка постојано.Забелешка
Во случај на голема потрошувачка на AdBlue, Информативниот
центар за возачот може да го
прикаже ова предупредување без
претходните фази на
предупредување.
Во последното ниво на
предупредување се влегува кога
резервоарот за AdBlue е празен.
Моторот не може повторно да се
стартува. Наизменично се
прикажуваат следниве пораки за
предупредување и не можат да се
отфрлат:
● AdBlue Empty Refill Now (Нема
AdBlue, дополнете веднаш)
● Engine Will Not Restart
(Моторот нема да стартува) .
Дополнително, контролната
сијаличка Y трепка постојано.
Кога е активно спречувањето на
стартувањето на моторот, ќе се
прикаже следнава порака:
Refill AdBlue To Start Vehicle
(Дополнете AdBlue за да го
стартувате возилото) .
Page 193 of 369
Возење и ракување191Резервоарот мора целосно да се
наполни со AdBlue, затоа што во
спротивно моторот нема да може
да стартува 3 337.
Предупредувања за многу
издувни гасови
Ако издувните гасови се зголемат
над одредена вредност,
предупредувања слични на
предупредувањата за опсегот ќе се
прикажат во Информативниот
центар за возачот.
Се прикажуваат барања да се
провери издувниот систем и
конечно соопштение за
спречување на повторно
стартување на моторот. Овие
ограничувања се законски барања.
Консултирајте се со
автомеханичар.Дополнување AdBlueВнимание
Користете само AdBlue што е во согласност со европските
стандарди DIN 70 070 и
ISO 22241-1.
Не користете адитиви.
Не разредувајте го AdBlue.
Инаку, системот за селективно
каталитичко намалување може
да се оштети.
Забелешка
Кога нема пумпа за патнички
автомобили на бензинската
станица, користете само шишиња
или канти за AdBlue со запечатен
адаптер за дополнување за да
спречите прскање или истурање и за да бидете сигурни дека
гасовите од резервоарот се
собираат и не излегуваат. AdBlue
во шишиња или канти е достапна
на многу бензински станици и
може да се купи, на пример, кај застапниците на Opel и во други
продавници.
Со оглед на тоа што AdBlue има
ограничена трајност, проверете го
рокот на траење пред полнењето.
Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење,
може да излезат амонијачки
пареи. Не вдишувајте ги затоа
што пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се
вдишат.
Резервоарот за AdBlue треба да се наполни целосно. Тоа мора да се
направи ако веќе се прикажува
пораката за предупредување за
спречување на стартувањето на
моторот.
Возилото мора да се паркира на
рамна површина.
Отворот за дополнување AdBlue се
наоѓа зад капачето за гориво, што
се наоѓа на десната задна страна
од возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако
возилото е отклучено.
1. Извадете го клучот од бравата за палење.
Page 194 of 369
192Возење и ракување2. Затворете ги сите врати за дане навлезат амонијачни
испарувања во внатрешноста
на возилото.
3. Ослободете ја вратничката на резервоарот така што ќе ја
притиснете 3 262.
4. Одвртете го заштитното капаче
од грлото за полнење.
5. Отворете ја кантата за AdBlue.
6. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
7. Подигнете ја кантата додека не се испразни или додека
протокот од кантата не запре.
Тоа може да потрае до
пет минути.
8. Спуштете ја кантата за да се испразни цревото и почекајте
15 секунди.
9. Одвртете го цревото од грлото за полнење.
10. Поставете го заштитното капаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.
Забелешка
Фрлете ја кантата за AdBlue
според барањата за животна
средина. За повторно да го
користите цревото, измијте го со
чиста вода по употребата.Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува
автоматско менување брзини
(автоматски режим) или рачно
менување брзини (рачен режим).
Рачното менување е можно во
рачниот режим со потчукнување на рачката на менувачот на + или - или
со влечење на лостовите на
воланот.
Екран на менувачот
Илустрациите покажуваат
различни верзии.
Page 195 of 369
Возење и ракување193
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува режимот или избраната брзина.
Во автоматскиот режим,
програмата за возење е прикажана
со D.
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Избор на степен на преносP:позиција за паркирање,
тркалата се заклучени,
изберете само кога возилото
стоиR:рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN:лерD:автоматски режимM:рачен режим<:ставање во поголема брзина
во рачен режим]:ставање во помала брзина во
рачен режим
Рачката на менувачот е заклучена
во P и може да се помести само
кога палењето е вклучено, копчето
на рачка на менувачот е
притиснатo и педалот на
сопирачките е нагазнат.
Без нагазување на педалата на
сопирачките, контролната
сијаличка j свети.
Ако рачката на менувачот не е во
P кога палењето е исклучено,
трепка контролната сијаличка j.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Page 196 of 369
194Возење и ракувањеМоторот може да се запали само
кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас кога ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува да лази кога се
отпушта сопирачката.
Моторно кочење
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини, видете под
„рачен режим“.
Нишање на возилото
Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
јама. Местете ја рачката наменувачот помеѓу D и R повеќе
пати. Не турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во P.
Рачен режим
Рачка на менувачот
Поместete ја рачката на менувачот
од положбата D кон лево во
положбата M.
Рачниот режим M може да се
активира од позицијата D при
секоја ситуација и брзина на
возење.
Преместете ја рачката на
менувачот кон напред + за да
префрлите во повисок степен на
пренос.
Преместете ја рачката на
менувачот кон назад - за да
префрлите во понизок степен на пренос.
Избраната брзина е покажана во
групата инструменти.
Лостови на воланот
Page 197 of 369
Возење и ракување195Поместete ја рачката на менувачот
од положбата D кон лево во
положбата M.
Рачниот режим M може да се
активира од позицијата D при
секоја ситуација и брзина на
возење.
Влечете ги лостовите на воланот
за рачно менување на брзините.
Повлечете го десниот лост + за да
се префрли во поголема брзина.
Повлечете го левиот лост - за да се
префрли во помала брзина.
Повеќекратното повлекување
овозможува прескокнување
брзини.
Избраната брзина е покажана во
групата инструменти.
Приверемен рачен режим во
режимот за возење D
Рачното менување со лостовите е
можно и во автоматскиот режим D.
По завршувањето на рачното менување брзини, преносот се
менува во автоматски режим D по
одредено време.За да го прекинете рачниот режим
и да се вратите на D, направете
едно од следново:
● Притиснете го лостот +
1 секунда.
● Поместете ја рачката на менувачот налево за рачен
режим и назад во положбата D.
Ако возилото е во мирување и
моторот работи во празен од,
менувачот ќе остане во привремен
рачен режим. Се менува во
автоматски режим кога се ракува со педалата на гасот одреденовреме и не се смени брзина со
рачка на воланот.
Општо
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема, не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар за возачот.
Во рачниот режим не се врши
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем бројна вртежи на моторот, освен при
активирање на функцијата за
збоднување.
Показател за менување брзини
Симболот R или S со бројка до
него се покажува кога се
препорачува менување брзина
заради штедење гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Електронски програми за возење
● Кога е активен режимот SPORT, менувачот ги
променува степените на
пренос при поголеми брзини на
моторот (освен ако не е
вклучена контролата на
патувањето).
SPORT режим 3 205.
Page 198 of 369
196Возење и ракување● Специјални програмиавтоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини
кога се вози по угорници или
удолнини.
● Во снежни или подмрзнати услови или на други лизгави
површини, контролата на
електронскиот пренос му
овозможува на возачот да
избере рачно прва, втора или
трета брзина за поаѓање.
Збоднување
Притискањето на педалата за гас повеќе од жлебот за збоднување ќе предизвика максимално
забрзување без оглед на
избраниот режим на возење.
Преносот се префрла во помала
брзина во зависност од брзината
моторот, а во поголема брзина при
високи вртежи на моторот.Заштита од прегревање
Во случај на прегревање на
преносот поради висока
надворешна температура или
спортски стил на возење,
вртежниот момент и максималната брзина на моторот може
привремено да се намалат.
Дефект
Во случај на грешка, во
Информативниот систем за
возачот се прикажува порака за
возилото.
Пораки за возилото 3 137.
6-степен автоматски менувач:
контролата на автоматскиот
пренос ја овозможува само
четвртата брзина. 8-степен
автоматски менувач: контролата
на автоматскиот пренос ја
овозможува само третата брзина.
Менувачот веќе не менува брзини
автоматски.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Прекин на напојувањето
Во случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 315.
Ако акумулаторот не е причина за дефектот, отпуштете ја рачката на
менувачот.
1. Применете ја сопирачката за паркирање.
2. Отпуштете го тапацирот нарачката на менувачот од
средишната конзола. Протнете
Page 199 of 369
Возење и ракување197го прстот во кожениот џеб
покрај рачката на менувачот,
внимателно повлечете ја
облогата и ќе видите дека има
кабел што е прицврстен на него. Повлечете ја подлогата малку
напред затоа што е
прицврстена на задната страна.
Потурнете ја ослободената
облога налево за да не го
оптегнувате кабелот.
3. Вметнете мало стапче (на пример пенкало илишрафцигер) во отворот воблизина на рачката на
менувачот. Притиснете го
вертикално надолу стапчето и
извадете ја рачката на
менувачот од P. Ако оваа
позиција се вклучи повторно,
рачката на менувачот ќе се
заклучи повторно. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.Рачен менувач
За да ставите во рикверц,
притиснете ја педалата на
куплунгот. па притиснете го
копчето за ослободување на
рачката на менувачот и ставете во
рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Page 200 of 369
198Возење и ракувањеКога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.
Кога ќе се открие лизнување на
куплунгот за одредено време,
моќноста на моторот ќе се намали.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредување. Отпуштете го
куплунгот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката на
менувачот.
Показател за менување брзини
3 119.
Систем за сопирање-поаѓање
3 183.
Системи за возење
Погон на сите тркала Системот на Погонот на сите
тркала ги зголемува возните
карактеристики и стабилноста, и
помага да се постигне најдобрата
можна возност независно од
површината на земјата. Системот
секогаш е активен и не може да се
деактивира.
Вртежниот момент се дистрибуира
чекор по чекор меѓу тркалата на
предната и задната оска до
поделба на вртежниот момент од
50% на 50%. Во зависност од
условите за возење, односно
возење во стабилна состојба,
системот за погон на сите тркала
пренесува минимален вртежен
момент за поефикасна
потрошувачка на гориво.
Дополнително, векторскиот
вртежен момент меѓу задните
тркала се распределува во
зависност од динамиката на
возилото и површината.Тоа е можно затоа што системот за погон на сите тркала работи со две
спојки, по една на секоја страна.
За оптимални перформанси на
системот, гумите на возилото не
смеат бидат изабени до различни
степени.
Ако се прикаже сервисна порака во Информативниот центар за
возачот, системот може да има
ограничена функционалност (или
може да се биде целосно исклучен
во некои случаи, т.е. возилото се
префрлува на погон на предните
тркала). Побарајте помош од
автомеханичар.
Влечење на возилото 3 316.