OPEL MOVANO_B 2014.5 Прирачник за инфозабавата
Page 81 of 117
Навигација81
Where am I? (каде сум?)
Системот ја покажува Вашата
моментална местоположба
(адреса) и ги дава GPS
координатите (географска ширина/ должина).
TomTom Safety Cameras
(TomTom безбедносни
камери) Системот може да даде опомени за
попатните безбедносни или
камери за брзина. За опциите
изберете го TomTom Safety
Cameras (TomTom безбедносни
камери) во главниот изборник:
Report safety camera (безбедносна
камера со извештај)
Ако системот не означи некоја
камера која е по маршрутата на
патувањето, нејзините детали
можат да се внесат рачно со
избирање на Report safety camera
(безбедносна камера со извештај) .
Видот на камерата мора да се
внесе (фиксна или мобилна).
Системот отвора страна со карта, и
користејќи ги контролите за насока,ставете го црвеното сигнално
знаменце врз местоположбата на
камерата и потврдете користејќи ги
меките копчиња.
Потврдете го видот на камерата, и ако е одбрано Speed camera
(камера за брзината) ,
ограничувањето на брзината исто така треба да се внесе и да се
потврди.
За системот да ги интегрира
камерите внесени рачно од други
корисници, треба да бидете
запишани за ажурирањата на
камери во TomTom HOME .
Опомената за камери ќе стане активна само по потврдувањето на местоположбата од страна
Техничкото одделение на TomTom.
И брзиот изборник може да се
користи за пријавување на една
камера. Изберете го Report safety
camera (безбедносна камера со
извештај) . Системот го бара
внесувањето на видот на
камерата, па информација за тоашто на која страна на улицата се
наоѓа истата. Потврдете со
десното меко копче.
Change warning preferences
(менување на претпочитаните
поставки за предупредувањата)
Користете го за бришење или
модифицирање на времето на
предупредувањето пред камерата
и звукот на предупредувањето.
За додавање опомени за камера
(мобилна камера, камера на пат со патарина итн.), проверете ги
саканите видови на камери.
Изберете го видот на камерата за
модифицирање, па за бришење на
предупредувањето, користете ги
меките копчиња за потврдување со
„yes“ (да) или „no“ (не). Ако се
одбере „No“ (не), внесете го
времето на предупредувањето пред камерата и Done (готово)
користејќи го мекото копче.
Изберете го саканиот звук за
предупредување за претстојна
камера. Испробајте го звукот
користејќи го левото меко копче и
потврдете со десното меко копче.
Page 82 of 117
82Навигација
Disable alerts (исклучување на
опомените)
Предупредувањата за камери
можат да се вклучат/исклучат.
Изберете го Disable alerts
(исклучување на опомените) во
главниот изборник ако
предупредувањата се вклучени
или Enable alerts (вклучување на
опомените) ако предупредувањата
се исклучени.
Забелешка
Во извесни држави е незаконско
да се превземе и активира
опцијата за предупредување на
камера и тоа може да доведе до
судско гонење.
Traffic info (сообраќајни
информации)
Го овозможува примањето на
актуелни сообраќајни информации
од локални извори. Во сообраќајни информации можат да спаѓаат:
■ сообраќајки и случки,
■ густина на сообраќајот,
■ поправки на патот,■ временски услови,
■ затворања на ленти.
Услугата Traffic info (сообраќајни
информации) не е достапна во сите
земји и региони.
За случки во сообраќајот
известуваат усни пораки и симболи
на картата - видете во делот
Преглед на симболите .
За покажување на состојбата на
услугата Traffic info (сообраќајни
информации) , следните икончиња
се прикажуваат на страничната
линија за сообраќајот:A=Уредот пребарува FM
станица која емитува
сообраќајни информации.$=Сообраќајните информации
се актуелни или се
ажурираат во моментов.%=Информација која не е
ажурирана за најмалку 9
минути.^=Информација која не е
ажурирана за најмалку
14 минути.&=Информација која не е
ажурирана за најмалку
19 минути.*=Информација која не е
ажурирана за најмалку
24 минути.
За да ракувате со услугата Traffic
info (сообраќајни информации) ,
изберете го Traffic info (сообраќајни
информации) (или HD Traffic (HD
сообраќај) ) од главниот изборник и
изберете од следните опции:
Minimise traffic delays (намалување
на доцнењата поради сообраќајот
на минимум)
Изберете го овој изборник за да ја
планирате маршрутата врз основа
на најпоследните сообраќајни
информации.Show traffic on route (покажување
на сообраќајот по пат)
Изберете го овој изборник за да
имате преглед на сите сообраќајни случки по пат. Користете ги меките
копчиња на екранот кој се појавува за да видите подетални
информации за секоја една случка.
Page 83 of 117
Навигација83
Browse map (прегледување на
картата)
Овој изборник овозможува
истражување на картата и држење
чекор со сообраќајната ситуација
во даденото подрачје. Картата го
прикажува последно покажаното
место.
За информации во врска со
случките покажани на картата,
изберете ја случката користејќи ги
десните и левите копчиња, па
потврдете ја.
За побрз пристап кон подрајчето
кое го пребарувате, додајте го до
Вашите миленици.Change Traffic info preferences
(менување на претпочитувањата
за сообраќајни информации)
Следните можат да се изменат:
■ Автоматско минимализирање на доцнењата по секое ажурирање
на сообраќајните информации.
■ Пип сигнал за известување кога попатната сообраќајна ситуација
се менува.Read aloud traffic info ( прочитување
на сообраќајни информации на
глас)
Изберете го овој изборник за да се
прочитаат попатните сообраќајни
случки на глас.
Преглед на симболитеL=СообраќајкаM=Застој во сообраќајотG=Една или повеќе ленти се
затворениF=Затворен патN=Сообраќајна случкаE=Работи на патотJ=Силен дождC=СнегB=Јак ветар, бураK=МаглаI=Мраз
Page 84 of 117
84Препознавање на гласотПрепознавање на
гласотОпшти информации ...................84
Контрола на телефонот ............. 84Општи информации
Функцијата за препознавање на
гласот на системот за
телефонирање без употреба на
рацете ви овозможува да ракувате
со извесни функции на мобилниот
телефон преку гласовен внес.
Може да се креираат етикети за
гласот за контактите во именикот
на возилото што ќе ви овоможи да
повикате контакт без рачен избор
на името или бројот на
повикувачот.
За да се осигурате дека
разговорите што се водат во
возилото не започнуваат
ненамерни повици кон зачуван
контакт, функцијата за
препознавање на гласот мора
најпрво да се активира преку
контролите на управувачкиот
столб.
Во случај на неправилно ракување, функцијата за препознавање на
гласот бара од вас да ја повторите
саканата наредба, или ги
репродуцира достапните опции.Контрола на телефонот
Создавање етикети со глас Како дополнение на имињата и
броевите, етикетите со глас може
да се креираат при додавање нови контакти во именикот на возилото.
Погледнете во Ракување во делот
Телефон 3 96.
Етикетите со глас може да се
додадат или да се изменат и
подоцна со избирање на следните
изборници и опции:
■ Directory Management
(Управување со директориуми) ,
■ Vehicle phonebook (телефонски
именик во возилото) ,
■ Modify this contact
(модификување на овој контакт) .
Изберете го контактот што треба
да се измени од списокот на
контакти, потоа изберете ги
следните опции од изборникот со свртување и притискање на
вртливото копче:
Page 85 of 117
Препознавање на гласот85
■(voice tag) (етикета со глас) ,
■ Launch voice tag recording
(почнување на снимањето на
етикетата со глас) ,
Кога се бара од Вас да снимите
етикета со глас, зборувајте после
тонот. Една порака го бара
повторувањето на етикетата со
глас. Ако системот не ја препознае
повторената етикета со глас,
истиот ќе побара пак да се повтори.
Потврдува порака дека етикетата
со глас се снимила успешно.
По завршувањето, уверете се дека етикетата со глас е зачувана
заедно со другите податоци за
контактот со одбирање на
Memorise (меморизирање) .
Активирање на
препознавањето на гласот
За активирање на функцијата за
препознавање на гласот:
■ Притиснете го копчето 5, или
■ Притиснете го копчето w (на
контролите на воланот)По тонот повторете ја етикетата со
глас која беше претходно снимена
за саканиот контакт за да го
почнете процесот на бирањето.
Кажете ја етикетата со глас
директно, т.е. не кажете
„јавување“ пред етикетата со глас.
Ако системот не ја препознае
етикетата со глас, една порака
бара од Вас да ја повторите. Ако
етикетата со глас се уште не се
препознава, листата на снимените
етикети со глас се репродуцира.
Повторете ја саканата етикета со
глас кога истата се репродуцира за да почне процесот на бирањето.
Во случај системот се уште да не ја препознае етикетата со глас,
функцијата за препознавање на
гласот автоматски се деактивира.
Page 86 of 117
86ТелефонТелефонОпшти информации...................86
Поврзување ................................ 88
Поврзување Bluetooth ................92
Итен повик .................................. 95
Ракување .................................... 96
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема ........................... 109Општи информации
Системот за телефонирање без
употреба на рацете ви дава
можност да водите разговори на
мобилен телефон преку
микрофонот и звучниците во
возилото, како и да ракувате со
најважните функции на мобилниот
телефон преку Инфозабавниот
систем.
За да можете да го користите
системот за телефонирање без
употреба на рацете, мобилниот
телефон мора да биде поврзан со
него преку Bluetooth.
Не сите функции на системот за
телефонирање без употреба на
рацете се поддржани од секој
мобилен телефон. Можните
функции на телефонот зависат од
соодветниот мобилен телефон и
провајдерот на мрежата. Видете ги инструкциите за ракување за
вашиот мобилен телефон или
консултирајте се со вашиот
обезбедувач на мрежата.Важни инфорамции за
ракувањето и безбедноста на сообраќајот9 Предупредување
Употребата на системот за
телефонирање без употреба на
рацете додека возите може да
биде опасна зашто вашата
концентрација се намалува кога телефонирате. Паркирајте го
возилото пред да го користите
системот за телефонирање без
употреба на рацете.
Следете ги прописите на
земјата во која возите.
Исто така, следете ги посебните
прописи кои важат во конкретни
области и секогаш исклучувајте
го мобилниот телефон ако
употребата на мобилни
телефони е забранета, ако
мобилниот телефон
предизвикува пречки или ако
дојде до опасни ситуации.
Page 87 of 117
Телефон879Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина.
Заради тоа, подготвени се
безбедносни прописи со кои
треба да се запознаете пред
користењето на телефонот.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com
Контроли на телефонот
Најважните контроли на
телефонот се следниве:
Контроли на Инфозабавниот
систем или на управувачкиот
столб:
■ Копче 6, или
■ Копче TEL: Го отвора изборникот
Phone (телефон) .
Контроли само на управувачкиот
столб:
■ 7, 8 : Примање повик,
завршување/одбивање повик.
■ MODE/OK : Примање повик,
завршување/одбивање повик,
потврда на дејство.
■ 5 или w: Активирање/
деактивирање на
препознавањето на говорот.
Со одредени функции на системот
за телефонирање без употреба на
рацете може да се ракува и преку
препознавањето на гласот 3 84.Работа на екранот
R15 BT / CD15 BT / R16 BT /
CD16 BT / CD18 BT - Работа на
екранот
■ За движење горе/долу на екранот: Вртете го вртливото
копче OK.
■ За потврда на дејствата: Притиснете го вртливото копче
OK .
■ За да откажете дејство (и да се вратите на претходниот
изборник): Притиснете го
копчето /.
CD30 BT - Работа на екранот ■ За движење горе/долу на екранот:
Завртете го вртливото копче.
■ За движење лево/десно на екранот: Притиснете го копчето
⊲ или ⊳.
■ За потврда на дејствата (и за движење десно само на
екранот):
Притиснете го вртливото копче.
Page 88 of 117
88Телефон
CD35 BT - Работа на екранот■ За движење горе/долу на екранот: Вртете го средишното
вртливо копче.
■ За потврда на дејствата: Притиснете го средишното
вртливо копче.
■ За да откажете дејство (и да се вратите на претходниот
изборник): Притиснете го
копчето /.
Работни тастатури на екранот R15 BT / CD15 BT, R16 BT /
CD16 BT, CD18 BT - Работни
тастатури на екранот
За да се движите и да внесувате
знаци на бројчената тастатура
прикажана на екранот: Вртете и
притискајте го го вртливото копче
OK .
Внесовите може да се поправаат
за време на внесот со знакот ← на
тастатурата.Притиснете го копчето / за да
престанете да ја користите
тастатурата и да се вратите на
претходниот екран.
CD30 BT - Работни тастатури на екранот
За да се движите и да внесувате
знаци на азбучната и бројчената
тастатура прикажана на екранот:
Свртете и притиснете го вртливото копче.
Притиснете го копчето ⊲ или ⊳ за
движење меѓу подрачјето на
тастатурата и подрачјето за
уредување/потврдување (т.е.
Memorise (меморизирање) , Cancel
(откажување) и бирачот на типот на
тастатурата).
Бирачот на тастатурата се
префрла меѓу типовите на
тастатури, на пр. мали букви/
големи букви со/без акцентирани
самогласки.
Записите може да се корегираат во
текот на внесувањето преку опција на екранот или со знакот на
тастатурата ←.По завршувањето, зачувајте ги
записите со избирање на Memorise
(меморизирање) , или изберете го
Cancel (откажување) за да
прекинете со користење на
тастатурата и да се вратите на
претходниот екран.
CD35 BT - Работни тастатури на
екранот
За да се движите и да внесувате
знаци на азбучната и бројчената
тастатура прикажана на екранот:
Вртете и притискајте го го
средишното вртливо копче.
Внесовите може да се поправаат
за време на внесот со знакот ← на
тастатурата.
Притиснете го копчето / за да
престанете да ја користите
тастатурата и да се вратите на
претходниот екран.
Поврзување
Мобилниот телефон мора да биде
поврзан со системот за
телефонирање без употреба на
Page 89 of 117
Телефон89
рацете за да ги контролиранеговите функции преку
Инфозабавниот систем.
Не смее да се приклучи телефон до системот освен ако претходно не
беше спарен. Погледнете во делот Bluetooth врска (3 92) за
спарување на мобилен телефон со
системот за телефонирање без употреба на рацете преку
Bluetooth.
Кога палењето е вклучено,
системот за телефонирање без употреба на рацете пребарува
спарени телефони во близина.
Bluetooth мора да биде активирано
на мобилниот телефон за да може
телефонот да биде препознаен од
системот за телефонирање без употреба на рацете.
Пребарувањето продолжува
додека не се најде спарен
телефон. Порака на екранот
означува дека телефонот е
поврзан.Забелешка
Кога е активно поврзувањето Bluetooth, користењето на
системот за телефонирање без
користење на рацете побрзо ќе ја
испразни батеријата на
мобилниот телефон.
Автоматско приклучување За да може вашиот телефон да се
поврзе автоматски кога системот е
вклучен, можеби е неопходно да ја
активирате функцијата на вашиот
мобилен телефон за автоматско
поврзување со Bluetooth; видете во
инструкциите за ракување со
мобилниот телефон.
Забелешка
При повторно поврзување со
спарен телефон, или кога
2 спарени телефони се во опсегот
на системот за телефонирање без користење на рацете, или
приоритетниот телефон (ако е
одреден) или последниот поврзан
телефон се поврзуваат
автоматски, дури и ако овој
телефон е надвор од возилото, ное сеуште во опсегот на системот
за телефонирање без користење
на рацете.
Во текот на автоматското
поврзување, ако одреден повик е
веќе во тек, разговорот автоматски ќе се префрли на микрофонот и
звучниците на возилото.
Ако поврзувањето не успее: ■ Проверете дали телефонот е вклучен,
■ Проверете дали батеријата на телефонот не е испразнета,
■ Проверете дали телефонот е веќе спарен.
Функцијата Bluetooth на мобилниот
телефон и на системот за
телефонирање без употреба на
рацете треба да биде активна и
мобилниот телефон треба да биде наместен за прифаќање на
барањето на системот за
приклучување.
Page 90 of 117
90Телефон
Рачно приклучување
R15 BT / CD15 BT, R16 BT /
CD16 BT, CD18 BT - Рачно
поврзување
За промена на телефонот што е
поврзан со системот за
телефонирање без употреба на
рацете, притиснете го копчето
TEL и изберете го изборникот
Select device (Бирање уред).
Списокот на уредите ги покажува
веќе спарените телефони.
Изберете го саканиот телефон од
списокот и потврдете со
притискање на вртливото копче
OK . Порака на екранот го
потврдува поврзувањето на
телефонот.
CD30 BT - Рачно поврзување
За промена на телефонот што е
поврзан со системот за
телефонирање без употреба на
рацете, притиснете го копчето 0 и
изберете го Bluetooth connection
(Bluetooth врска) од изборникот запоставки. Списокот на уредите ги
покажува веќе спарените
телефони.
Изберете го саканиот телефон од
списокот на уреди, потоа изберете
го Connect the device
(приклучување на уредот) и
потврдете со притискање на
ротирачкото копче. Порака на
екранот го потврдува
поврзувањето на телефонот.
CD35 BT - Рачно поврзување
За промена на телефонот што е
поврзан со системот за
телефонирање без раце,
притиснете го копчето
SETUP / TEXT и изберете Bluetooth
connection (Bluetooth врска) (или
притиснете го копчето TEL кога не
е поврзан ниеден уред). Списокот
на уредите ги покажува веќе
спарените телефони.
Изберете го саканиот телефон од
списокот и потврдете со вртење и
притискање на средишното
вртливо копче. Порака на екранот
го потврдува поврзувањето на
телефонот.Откачување на телефон
Ако мобилниот телефон е
исклучен, телефонот автоматски
се исклучува од системот за
телефонирање без употреба на
рацете.
При исклучувањето, ако одреден
повик е веќе во тек, разговорот
автоматски ќе се префрли на
мобилниот телефон.
R15 BT / CD15 BT, R16 BT /
CD16 BT, CD18 BT - Прекинување
врска со телефон
За да ја прекинете врската на
телефон со Инфозабавниот
систем, притиснете го копчето TEL (или копчето SETUP) и
изберете Bluetooth connection
(Bluetooth врска) . Изберете го
саканиот уред од списокот, потоа
изберете Disconnect the device
(откачување на уредот) и
потврдете со притискање на
вртливото копче OK. Порака на
екранот го потврдува
исклучувањето на телефонот.