OPEL ZAFIRA C 2014.5 Сопственички прирачник
Page 191 of 337
Возење и ракување189
Забелешка
Фрлете ја кантата и цревото за
AdBlue според барањата за
животна средина.
Замена на AdBlue Ако во последните 2 години не
биле дополнети најмалку 5 литри
AdBlue, преостанатата течност
треба да се смени бидејќи AdBlue
има ограничен рок на траење.Внимание
Непочитување би можело да
доведе до оштетување на
системот за селективно
каталитичко намалување.
Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува
автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Екран на менувачот
На екранот на менувачот е
прикажано во која брзина или
режим е менувачот.
Рачка на менувачотP=паркирна положба, тркалата
се блокирани, ставајте во
брзина само кога возилото е
во мирување и сопирачката
за паркирање е применетаR=рикверц, ставајте во него
само кога возилото е во
мирувањеN=лерD=aвтоматски режим со сите
брзини на менувачот
Page 192 of 337
190Возење и ракување
Рачката на менувачот е закочена
во P и може да се помрдне само
кога палењето е вклучено и
педалот на сопирачките е
нагазнат.
Без нагазнување на педалата на
сопирачките, контролната
сијаличка j свети.
Ако рачката на менувачот не е во
P кога палењето е исклучено,
контролните сијалички j и P
трепкаат.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас кога ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно кочење
За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по надолнини, видете под
„рачен режим“.Нишање на возилото
Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
јама. Местете ја рачката на
менувачот помеѓу D и R повеќе
пати. Не турирајте го моторот и избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во P.
Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.
Page 193 of 337
Возење и ракување191Рачен режим
Извадете го менувачот од
положбата D налево а потоа
нанапред или наназад.
<=Менување во поголема
брзина.]=Менување во помала брзина.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака на инфо-екранот за
возачот.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Електронски програми за
возење ■ По ладно палење, програмата за
работна температура ја
зголемува брзината на моторот
за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
■ Функцијата за автоматско префрлување во лер автоматскиго префрлува менувачот на
работење в место кога возилото
е застанато во некоја брзина за
напред и педалот за сопирачките
е притиснат.
■ Кога е активен режимот SPORT, менувачот ги менува брзините
при поголеми брзини на моторот(освен ако не е вклучена
контролата на патувањето).
SPORT режимот 3 198.
■ Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини кога се вози по нагорнини или
удолнини.
■ Кога поаѓање во снежни или мразни услови или на друга
лизгава површина,
електронската контрола на
преносот автоматски избира
поголема брзина.
Збоднување Ако педалот за гас е притиснат
докрај во автоматскиот режим,
менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.
Дефект
Во случај на дефект, се пали g.
Дополнително се прикажува број
на шифра или порака за возилото
на Информативниот центар за
возачот. Пораки за возилото 3 137.
Page 194 of 337
192Возење и ракување
Менувачот веќе не менува
автоматски брзини. Непрекинато
патување е возможно со рачно менување.
Може да се избере само
најголемата брзина. Зависно од
дефектот, и втората брзина може
да се користи во рачниот режим.
Менувајте брзини само кога
возилото е во мирување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањето
Во случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 292.
Ако акумулаторот не е причина за
дефектот, отпуштете ја рачката на менувачот.1. Затегнете ја рачната сопирачка.
2. Ослободете ја облогата на рачката на менувачот од
средишната конзола напред,
преклопете ја угоре и завртете
ја влево.
3. Вметнете шрафцигер во отворот колку што може
подлабоко и извадете ја
рачката на менувачот од P или
N . Ако Pили Nе одбрано
повторно, рачката на
менувачот ќе биде закочена во
положбата повторно. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.
Page 195 of 337
Возење и ракување193Рачен менувач
За ставање во рикверц, кога
возилото е во мирување, почекајте 3 секунди откако ќе го притиснете
куплунгот и потоа притиснете го
копчето за ослободување на
рачката на менувачот и ставете во
рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер,
отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете го куплунгот целосно. Не одморајте ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози сораката легната на рачката на
менувачот.
Сопирачки
Системот на сопирачките се состои од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалата на сопирачките е
притисната цврсто. Значително
повеќе сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 123.
Page 196 of 337
194Возење и ракувањеСистем за деблокирање
на сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 124.Приспособливо стоп-светло
При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање
Рачна сопрачка за паркирање
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да ракувате со копчето за ослободување, и на
удолнини или угорнини затегнете
ја истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
Page 197 of 337
Возење и ракување195
За да се намалат работните сили
на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка R 3 123.
Електрична сопирачка за
паркирање
Се применува кога возилото е во
мирување
Повлечете го прекинувачот m
околу една секунда; електричната сопирачка за паркирање се
активира автоматски со соодветна
сила. За максимална сила, на пр.
паркирање со приколка или на
стрмнина; повлечете го
прекинувачот m двапати.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога ќе
светне контролната сијаличка m
3 124.
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
секогаш, дури ако палењето е
исклучено.
Не ракувајте со системот на
електричната сопирачка за
паркирање пречесто без да работи
моторот, тоа ќе го испразни
акумулаторот.
Пред да го напуштите возилото,
проверете ја состојбата на
електричната сопирачка за
паркирање. Контролна сијаличка
m 3 124.
Ослободување
Вклучете го палењето. Држете ја
педалата на сопирачката
притисната, па притиснете го
прекинувачот m.Функција за поаѓање
Кога ќе се притисне педалата на
куплунгот (рачен менувач) или ќе
се стави во брзина за возење
(автоматски менувач), па ќе се
притисне педалата за гас,
електричната сопирачка за
паркирање се отпушта автоматски. Тоа не е возможно кога
прекинувачот се повлекува
истовремено.
Оваа функција исто така помага со поаѓањето на стрмнини.
Агресивно поаѓање може да го
намали работниот век на
потрошните делови.
Динамично сопирање кога
возилото се движи
Кога возилото се движи и
прекинувачот m се држи повлечен,
системот на електричната
сопирачка за паркирање ќе го
забави возилото, но нема да се
активира статично.
Штом прекинувачот m ќе се
ослободи, динамичното сопирање ќе престане.
Page 198 of 337
196Возење и ракување
Дефект
На дефектниот режим на
електричната сопирачка за
паркирање укажува контролната
сијаличка j и број на шифра или
порака за возилото што е
прикажана во Информативниот центар за возачот (DIC). Пораки за
возилото 3 137.
Активирање нa електричната
сопирачка за паркирање:
повлечете го и држете го
прекинувачот m подолго од
5 секунди. Ако контролната
сијаличка m светне, електричната
сопирачка за паркирање е
активирана.
Отпуштање нa електричната
сопирачка за паркирање:
притиснете го и држете го
прекинувачот m подолго од
2 секунди. Ако контролната
сијаличка m се изгасне,
електричната сопирачка за паркирање е отпуштена.
Контролната сијаличка m трепка:
електричната сопирачка за
паркирање не е целосноактивирана или отпуштена. Кога
трепка постојано, отпуштете ја
електричната сопирачка за
паркирање и обидете се да ја
активирате повторно.
Серво кочење
Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно
сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Помош при поаѓање на
угорници Системот помага да се спречинесакано движење кога се вози по стрмнини.При отпуштање на ножната
сопирачка по застанување на
закосена површина, сопирачките
се активирани уште две секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.
Помошта при поаѓање на
нагорнини не е активна за време на
Autostop.
Page 199 of 337
Возење и ракување197Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на
пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста.
TC ја подобрува стабилноста при возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
TC функционира штом
контролната сијаличка b ќе се
изгасне.Кога TC е активно, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 125.
Деактивирање
TC може да се исклучи кога е
потребно вртење на погонските
тркала во место: притиснете го
копчето b накратко.
Контролна сијаличка k се пали.
TC повторно се активирана со
притиснување на копчето b
одново.
TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Електронска контрола на
стабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите. Го
спречува и превртувањето на
погонските тркала.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се
сопираат посебно. Тоа значително
Page 200 of 337
198Возење и ракување
ја подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
ESC функционира штом
контролната сијаличка b ќе се
изгасне.
Кога ESC е активно, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 125.
Деактивирање
За возење со многу високи
перформанси ESC може да се
деактивира: држете го копчето b
притиснато околу 5 секунди.
Контролна сијаличка n се пали.
ESC повторно се активирана со
притиснување на копчето b
одново. Ако системот TC беше
претходно исклучен, и TC и ESC се
активирани повторно.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Интерактивен систем за
возење
„Флекс рајд“ Flex Ride системот за возење му
овозможува на возачот да избере
помеѓу три режими за возење:
■ SPORT режим: притиснете го копчето SPORT, сијаличката
свети.
■ TOUR режим: притиснете го копчето TOUR, сијаличката
свети.
■ Нормален режим: двете копчиња
SPORT и TOUR не се
притиснати, не свети сијаличка.
Деактивирајте ги режимот SPORT
и режимот TOUR со притиснување
на соодветното копче уште еднаш.
Во секој режим за возење
Flex Ride ги сврзува следните
електронски системи во мрежа:
■ Постојана контрола на амортизацијата.
■ Контрола на педалот за гас.