OPEL ZAFIRA C 2014.5 Сопственички прирачник
Page 241 of 337
Возење и ракување239Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од задната десна
страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако
возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со притискање на истата.
Полнење со бензин и дизел
За да го отворите, полека свртете
го капачето налево.
Капачето за полнење гориво може
да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
За полнење гориво, целосно
вметнете ја цевката на пумпата и
вклучете ја.
По автоматското исклучување,
може да се дополни со најмногу
две дози гориво.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Возила со инхибитор за погрешно
гориво
9 Предупредување
Не обидувајте се рачно да ја
отворите вратичката на грлото
на резервоарот за гориво кај
возилата со инхибитор за
погрешно гориво.
Непочитувањето на ова може
да доведе до фаќање на
прстите.
Page 242 of 337
240Возење и ракување
Возилата со систем за селективно
каталитичко намалување се
опремени со инхибитор за
погрешно гориво.
Инхибиторот за погрешно гориво
дава сигурност дека вратичката на грлото на резервоарот за гориво
може да се отвори само со
користење млазница за дизел
гориво или инка за итно полнење.
Полека свртете го капачето на
резервоарот за гориво налево.
Капачето може да се задржи во
рамката на вратичката на
резервоарот за гориво.
Поставете ја млазницата во
исправена положба во однос на
грлото за полнење и притиснете
малку за да влезе.
Во случај на итно полнење со
канта, мора да се користи инка за
отворање на капачето на грлото за полнење.
Инката се наоѓа во складиштето оддесната страна на товарниот
простор.
Поставете ја инката во исправена
положба во однос на грлото за
полнење и притиснете малку за да
влезе.
Употребете ја инката за долевање
дизел гориво во грлото за
полнење.
Откако ќе наполните, ставете ја инката во пластичната ќесичка и
ставете ја во просторот за
складирање.
Систем за селективно каталитичко
намалување 3 185.
Полнење на природен гас
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако
возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со притискање на истата.
Page 243 of 337
Возење и ракување2419Предупредување
Полнете само со максимален
излезен притисок од 250 бари.
Користете само станици за
полнење каде што има
компенсирање на
температурата.
Постапката за полнење треба да биде завршена, т.е. грлото за
полнење треба да биде
испразнето.
Капацитетот на резервоарот за
природен гас зависи од
надворешната температура,
притисокот на полнењето и видот
на системот за полнење.
Зафатнини 3 318.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Термини за „возила со природен
гас“ во странство:
ГерманскиErdgasfahrzeugeАнглискиNGVs = Natural Gas
VehiclesФранцускиVéhicules au gaz
naturel ‑ или ‑
Véhicules GNVИталијанскиMetano auto
Термини за „природен гас“ во
странство:
ГерманскиErdgasАнглискиCNG = Compressed
Natural GasФранцускиGNV = Gaz Naturel
(pour) Véhicules
‑ или ‑
CGN = carburantgaz
naturelИталијанскиMetano (per auto)
Полнење со течен гас
Следете ги упатствата за ракување
и безбедноста на бензинската
пумпа кога полните гориво.
Вентилот за полнење течен гас е
зад капачето на резервоарот за
гориво.
Одвртете го заштитното капаче од
грлото за полнење.
Page 244 of 337
242Возење и ракување
Навртете го потребниот адаптер
цврсто со рака на грлото за
полнење.
Адаптер ACME: Завртете ја
навртката на цревото за полнење
на адаптерот. Притиснете ја
рачката за блокирање на цревото
за полнење надолу.
Тркалезно (Италија) грло за
полнење: Ставете го цревото за
полнење во адаптерот.
Притиснете ја рачката за
блокирање на цревото за полнење
надолу.
Бајонет грло за полнење: Ставете
го цревото за полнење на
адаптерот и свртете го лево или
десно четвртина круг. Повлечете ја
рачката за блокирање на цревото
за полнење докрај.
ЕУРО грло за полнење:
Притиснете го цревото за полнење на адаптерот додека не се заглави.
Притиснете го копчето на пумпата
за течен гас. Системот за полнење
сопира или почнува да работи
полека кога ќе се дојде до 80 % од зафатнината на резервоарот
(максимално ниво за полнење).Отпуштете го копчето на системот
за полнење и полнењето сопира.
Отпуштете ја рачката за
блокирање и извадете го цревото
за полнење. Може да се испушти
мало количество течен гас.
Извадете го адаптерот и одложете
го во возилото.
Ставете го заштитното капаче за
да спречите влегување туѓи тела во отворот за полнење и во
системот.9 Предупредување
Поради конструкцијата на
системот, неизбежно е
испуштање течен гас по
отпуштањето на рачката за
блокирање. Не вдишувајте.
9 Предупредување
Резервоарот за течен гас може
да се наполни само 80 % заради безбедносни причини.
Page 245 of 337
Возење и ракување243
Мултивентилот на резервоарот за
течен гас автоматски го ограничува
количеството за полнење. Ако се
додаде поголемо количество,
препорачуваме возилото да не се
изложува на сонце додека не се
искористи вишокот.
Адаптер за полнење
Бидејќи системите за полнење не
се стандардизирани, потребни се
различни адаптери коишто се
достапни од дистрибутерите на
Opel и од овластените сервисери
на Opel.Адаптер ACME: Белгија,
Германија, Ирска, Луксембург,
Швајцарија
Адаптер бајонет: Холандија,
норвешка, Шпанија, Велика
Британија
ЕУРО адаптер: Шпанија
Тркалезен (Италија) адаптер:
Босна и Херцеговина, Бугарија,
Данска, Естонија, Франција, Грција,
Page 246 of 337
244Возење и ракување
Италија, Хрватска, Летонија,
Литванија, Македонија, Австрија,
Полска, Португалија, Романија, Шведска, Швајцарија, Србија,
Словачка, Словенија, Чешка,
Турција, Украина, Унгарија
Капаче за полнење гориво Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за
полнење гориво.
Потрошувачка на
гориво - CO 2-испуштање
Бензински и мотори на дизел
Потрошувачката на гориво
(комбинирана) на моделот Opel
Zafira е во опсег од 7,2 до
4,1 л/100 км.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
од 169 до 109 г/км.За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Мотори на природен гас Потрошувачката на гас
(комбинирана) на моделот Opel
Zafira е 5,6 кг/100 км.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
129 г/км.
За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Општи информации
Наведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2
emission се однесуваат на
основниот модел за ЕУ со
стандардна опрема.Податоците за потрошувачка на
гориво и испуштање CO 2 се
одредуваат според прописот
R (EC) бр. 715/2007 (во верзијата
што е применлива), со земање
предвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведената
потрошувачка и испуштање CO 2.
Понатаму потрошувачката на
гориво зависи од личниот стил на
возењето, како и од условите на
коловозот и сообраќајот.
Природен гас
Информацијата за потрошувачката на горивото е добиена со употреба
на референтно гориво G20 (однос
на метан 99 - 100 мол%) под
пропишаните услови за возење.
Page 247 of 337
Возење и ракување245
Кога се користи природен гас со
помал однос на метан,
потрошувачката на гориво може да биде поинаква од определените
вредности.Кука за приколки
Општи информации
Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило. Возилата со мотор на
природен гас бараат посебна
опрема за влечење.
Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Функцијата за откривање
откажување на ламбите за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на ламбите,
на пр., во случај на 4 х 5 вати,
открива откажување на ламбите
само кога останала само една
ламба од 5 вати или нема ниедна.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Акое така, за влечење користете ја
влечната кука. Секогаш чувајте ја
влечната кука во возилото.
Возни карактеристики,
совети за влечење Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со мазиво. Меѓутоа, не ја
подмачкувајте ако за намалување
на кривулести движења се
употребува стабилизатор, којшто
делува врз влечната топка.
Со приколки кои имаат мала
стабилност при возењето и
камперски приколки со дозволена
бруто тежина на возилото од
повеќе од 1300 кг употребата на
стабилизатор особено се
препорачува кога се вози над
80 км/ч.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Page 248 of 337
246Возење и ракување
Кога возите по надолнина, возете
во иста брзина како да возевте по нагорнина и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена за полна
натовареност 3 319.
Влечење на приколка Товарење на приколката Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12 %Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 306.Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) 2)
е наведена
на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под
25 кг.2) Мотор B16DTH: зависно од опремата, максималната дозволена вертикална оптовареност на влечната спојка може да
изнесува 75 кг или 60 кг.
Page 249 of 337
Возење и ракување247
Натоварување на заднатаоска Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
60 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото за 60 кг. Ако се
надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Вреќичката со куката за влечење
се чува во товарниот простор.
Протнете го ременот низ десната
задна алка за врзување, завиткајте
го околу неа двапати и затегнете го ременот за да се прицврсти
вреќичката.
Монтирање на топчестата
влечна кука
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Page 250 of 337
248Возење и ракување
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
■ Црвената ознака на вртливото
копче посочува кон зелената
ознака на влечната кука.
■ Меѓупросторот помеѓу вртливото
копче и влечната кука мора да
биде околу 6 мм.
■ Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
■ Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.
■ Извлечете го вртливото копче и
свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.