OPEL ANTARA 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: ANTARA, Model: OPEL ANTARA 2015Pages: 249, PDF Size: 6.11 MB
Page 151 of 249

Возење и ракување149
вози и по патишта без преголемо
абење на гумите и погонскиот
систем или слаба контрола.
Проверете дали гумите
(вклучувајќи ја и резервната) се напумпани со правилен притисок
3 236 и дали се погодни за
условите на патот. За оптимални
перформанси на системот, гумите
на возилото не смеат бидат
изабени до различни степени.
Ако контролната сијаличка B
трепка во групата инструменти за
време на возењето, погонот на
сите тркала е привремено
исклучен. Ако B трепка постојано,
има дефект на системот; побарајте помош од сервис.
Контролна сијаличка на погонот на
сите тркала B 3 96.
Возење по патишта Зголемената влечност на возилатасо погон на сите тркала дава
поголема контрола на возењето
при тешки услови на патот,
особено при голем снег и мраз.
Меѓутоа, возилата со погон на ситетркала не се отпорни на
пролизгување и немаат побрзо
сопирање.
Возилата со погон на сите тркала
имаат повисоко тежиште од
обичните возила. Секогаш
влегувајте во свиоците со
соодветна брзина. Не обидувајте
се да возите исто брзо на свиоците како со обично возило. Силни
странични ветрови може да влијаат
врз нормалното управување со
возилото. Возете побавно кога
дува силен ветар.
Возење надвор од патишта ■ Избегнувајте испакнати предмети (како карпи или
пенушки) што може да ги оштетат
подвозјето и тркалата на вашето
возило.
■ Испитајте ги сопирачките откако сте ги користеле во кал за да гоисчистите вишокот кал од
сопирните површини.
■ Држете го воланот цврсто кога патувате по тежок терен.
Условите на теренот може дапредизвикаат брзо и
неочекувано движење на
воланот.
Височината на тлото, аголот на
косините, аголот на влегување и
излегување и длабочините на
газењето треба да се земат
предвид, особено во ридски услови
и кога се гази преку река за да не
се заглави или оштети возилото.
Димензии на возилото 3 233.
Влечење на возилото 3 214.
Возење низ вода
Не надминувајте ја максималната
длабочина за газење преку река
3 233.
Проверете ја длабочината на
водата: изберете ги најмалите
влезни и излезни агли пред да
влезете. Одржувајте постојана
брзина на моторот за да спречите
навлегување на водата во
издувниот систем, но не
надминувајте 5 км/ч за да не
плискате вода.
Page 152 of 249

150Возење и ракување
Возете со текот каде што е можно,
не спроти него. Ако треба да возите
спроти текот, обидете се да одите
под агол, така што предниот агол
на возилото ќе помогне да се одбие
водата од моторниот оддел.
Избегнувајте плискање на водата -
ако се наводени системот за
палење, моторот може да се
задуши.
Избегнувајте навлегување на
водата во системот за влез на
воздух. Ако влезе вода во системот за влез на воздух, може да дојде дотешки и скапи оштетувања на
моторот.
Испитајте ги сопирачките откако ќе
излезете од водата - водени
сопирачки се помалку ефикасни од суви. Извршете ги сервисните
проверки за возење низ вода,
вклучително и проверки за
загадување со вода, што е можно
поскоро.Сервисни проверки по возење низ вода
Проверете да не навлегла вода во
следниве:
■ Резервоарот за течност за сопирачките
■ Компонента на воздушниот филтер
■ Мотор
■ Менувач
■ Оските
■ Внатрешноста на возилото
Сменете ги маслата за
подмачкување или хидраулични
течности што имаат млечна боја -
тоа укажува на загаденост со вода.
Чистење
Исчистете го возилото темелно
што е можно поскоро по возењето
надвор од патишта.
Не дозволувајте калта да се исуши
на некој дел од возилото бидејќи
станува грубо и може да ги оштети бојата, стаклата, заптивките,
лежиштата и деловите на
сопирачките. Ако се дозволи да сенатрупа, калта може сериозно да
повлијае врз протокот на воздух
низ и преку механичките делови и
да предизвика локализирано
прегревање и откажување на
деловите, особено во моторниот
оддел.
Внимавајте да се исчисти јадрото
на ладилникот и подрачјето меѓу
ладилникот и меѓуладилникот/
ладилникот за масло (каде што го
има) за да се одржи правилен
проток на воздухот за ладење.
Проверете ги јадрата на
ладилникот да не се блокирани
(песок, мил и сл.).
Проверете ги шарите на гумите.
Исчистете ги и проверете ги
механичките делови на возилото,
особено следниве подрачја:
■ Погонските оски, вклучувајќи ги заптивните мевови
■ Предните држачи на сопирачките, подлогите и
дисковите
■ Предната амортизација
Page 153 of 249

Возење и ракување151
■ Заптивните мевови навилушката на куплунгот
■ Задните држачи на сопирачките, подлогите и дисковите
■ Задната амортизација
■ Резервоарот за гориво и долниот
штитник
■ Отворите за воздух, оските и резервоарот за гориво
■ Вентилот за оптовареност
■ Преносната кутија и долниот штитник
■ Тавата за моторно масло и долниот штитник
Внимавајте на следново: ■ Не прскајте вода под голем притисок директно на заптивкитена возилото
■ Тркалата мора да се извадат за да се исчистат сета кал и камењаод држачите на сопирачките и за
да се провери изабеноста на плочките
■ Подрачјата од горните страни на
долните штитници мора да се
исчистат од камења за да сеспречи оштетување на тавата за
моторно масло и на резервоарот за горивоСопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две посебни кола за сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалот на сопирачкте е
притиснат цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Пред да продолжете со патувањето побарајте помош од
автомеханичар.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува откако
педалот ќе се притисне еднаш или
двапати. Дејството на сопирањето
не е намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 94.
Page 154 of 249

152Возење и ракувањеСистем за деблокирање
на сопирачките
Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
чујно.
Контролна сијаличка u 3 95.Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Може да продолжите да возите,
под услов да возите внимателно и
претпазливо. Нека Ви ја отстрани
причината на дефектот
автомеханичар.
Рачна сопирачка
Електрична сопирачка за
паркирање
Се применува кога возилото е во
мирување
Повлечете го прекинувачот m,
електричната сопирачка за
паркирање работи автоматски со
доволна сила. За максимална
сила, на пр. паркирање со приколка
или на стрмнини, повлечете го
прекинувачот m двапати.
Page 155 of 249

Возење и ракување153
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
секогаш, дури ако палењето е
исклучено.
Не ракувајте со системот на
електронската паркирна сопирачка пречесто без да работи моторот
зашто тоа ќе го испразни
акумулаторот.
Пред да го напуштите возилото, проверете ја состојбата на
електричната сопирачка за
паркирање.
Контролна сијаличка m 3 95.
Ослободување
Вклучете го палењето. Држете ја педалата на сопирачката
притисната и потоа притиснете го
прекинувачот m.
Ако педалата на сопирачката не е
притисната кога сакате да ја
отпуштите електричната паркирна
сопирачка, ќе се огласи
предупредувачки сигнал и
контролната сијаличка - свети во
групата инструменти 3 100.Функција за поаѓање
Додека работи моторот, ставање
во брзина за напред (рачен
менувач) или ставање во D
(автоматски менувач), а потоа
притискање на педалата за гас
автоматски ја отпушта
електричната паркирна сопирачка.
Тоа не е возможно кога
прекинувачот m се повлекува
истовремено.
Оваа функција исто така помага со
поаѓањето на стрмнини.
Агресивното поаѓање може да им
го намали работниот век на
деловите кои се амортизираат.
Динамично сопирање кога
возилото се движи
Кога возилото се движи и
прекинувачот m се држи повлечен,
ќе се огласи предупредувачки
сигнал и системот на електричната паркирна сопирачка ќе го забави
возилото, но нема да се примени
статично.Штом прекинувачот m ќе се
ослободи, динамичното сопирање
ќе престане.
Дефект
На дефект на електричната
паркирна сопирачка укажува
контролната сијаличка j 3 95.
Во случај на дефект, за да ја
примените електричната паркирна
сопирачка: повлечете го и држете
го прекинувачот m неколку
секунди. Ако контролната
сијаличка m свети, електричната
паркирна сопирачка е успешно
применета.
Ослободување на електричната
паркирна сопирачка: притиснете го
и држете го прекинувачот m
неколку секунди. Ако контролната сијаличка m се изгасне,
електричната паркирна сопирачка
е успешно отпуштена.
Ако контролната сијаличка m
трепка: електричната паркирна
сопирачка не е целосно применета или отпуштена. Кога m трепка
постојано, со вклучено палење,
Page 156 of 249

154Возење и ракување
притиснете ја педалата на
сопирачката, отпуштете ја
електричната паркирна сопирачка
и повторно обидете се да ја
примените.
Ако m продолжи да трепка, не
возете го возилото. Ако е
неопходно, ставете потпорни
клинови или нешто слично пред и
зад тркалата за да спречите
движење на возилото. Побарајте
помош од автомеханичар за да Ви
ја отстранат причината на
дефектот.
Серво кочење Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно
сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.Помош при поаѓање на
угорници
Системот помага да се спречи несакано движење кога се вози по
косини.
Кога ја отпуштате сопирачката
откако ќе сопрете на косина,
сопирачките остануваат активни
уште 2 секунди. Сопирачките се
отпуштаат автоматски штом
возилото ќе почне да забрзува.Системи за контрола
на возењето
Електронска контрола на
стабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите. Го
спречува и шлајфувањето на
погонските тркала.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се закочуваат посебно. Тоа
значително ја подобрува
стабилноста при возење на
возилото на лизгави површини.
ESC функционира штом ќе се
изгасат контролните сијалички b и
t на групата инструменти откако ќе
се вклучи палењето.
Кога ESC е активно, b трепка 3 97.
Page 157 of 249

Возење и ракување1559Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Деактивирање
Кога е активно ESC, ако тркалата
се лизгаат по воден, снежен или
подмрзнат пат, брзината на
моторот може да не се зголеми
кога ќе се притисне педалата на гасот. Возилото може да не седвижи.
Исклучете ја функцијата ESC за да
овозможите да се зголемат
вртежите на моторот со кусо
притискање на копчето t.
Контролната сијаличка t свети во
групата инструменти.
ESC повторно се активира со
повторно притискање на копчето
t . Контролната сијаличка се гаси.
Контролна сијаличка t 3 97.
Серво сопирање
Кога ќе се вклучи функцијата ESC
или препознае итна ситуација при
која е потребно големо сопирање,
таа автоматски дава поголем
притисок за сопирање на тркалата.
Активна заштита од
превртување Ако возилото се движи нестабилно,функцијава помага возилото да
одржи нормална стабилност.Помош за стабилноста на
приколката
Ако системот открие занесувања,
моќноста на моторот се намалува и комбинацијата возила/приколка се
кочи селективно додека не
престане занесувањето. Додека системот работи, држете го
воланот колку што може помирно.
Систем за контрола на
спуштањето
Системот за контрола на
спуштањето (DCS) овозможува
возилото да патува со мала брзина без притискање на педалата на
сопирачката. Возилото автоматски
ќе ја намали брзината и ќе остане
на таа брзина кога е активен
системот. Може да има бучава или
вибрации од сопирачките кога е
активен системот.
Page 158 of 249

156Возење и ракувањеВнимание
Користете го само кога се
спуштате по стрмнини додека
возите надвор од патишта. Не
користете го кога возите по
нормални патни површини.
Непотребното користење на
функцијата DCS, како при
возење по нормални патишта,
може да ги оштети системот на
сопирачките и функцијата ESC.
Активирање
При брзина помала од околу
50 км/ч, притиснете го копчето u.
Зелената контролна сијаличка u
трепка во групата инструменти за
да покаже дека DCS работи. DCS
нема да се активира при брзини
над 50 км/ч, дури и ако се притисне
копчето.
Деактивирање
Повторно притиснете го копчето u.
Зелената контролна сијаличка u се
гаси. Притискање на педалата на
сопирачката или на гасот исто ќе го исклучи системот.
Дефект Жолтата контролна сијаличка u
трепка за да укаже дека системот
не е подготвен да работи во
дадените услови поради висока температура (околу 350 - 400 °C) на
материјалот за триење поради
големо или често сопирање. Ќе се
изгасне кога температурата ќе
падне под 350 °C.
Жолтата контролна сијаличка u се
пали кога има неисправност на
системот поради високатемпература (преку 400 °C) на
материјалот за триење поради
големо или често сопирање. Ќе се
изгасне кога температурата ќе
падне под 350 °C. Овие
температури може да се
разликуваат, зависно од состојбата на возилото или надворешните
услови.
Трепкањето или светењето на
жолтата контролна сијаличка u го
потсетува возачот дека
материјалот за триење треба да се излади: возете го возилото без
сопирање колку е можно подолго.
Ако контролната сијаличка не се
изгасне, одете на сервис да се
отстрани причината за дефектот.
Контролна сијаличка за DCS u
3 96.
Автоматска контрола на
нивоата Задното ниво на возилото
автоматски се дотерува според
условите на товарењето за време
на возењето. Амортизацијата и
Page 159 of 249

Возење и ракување157
слободниот простор од земјата се
зголемуваат, што ги подобрува
условите на возењето.
Автоматската контрола на нивото
се активира откако возилото било
возено одредено растојание,
зависно од оптовареноста на
возилото и патните услови.
Во случај на дефект не го товарете
возилото целосно. Нека Ви ја
отстрани причината на дефектот
автомеханичар.
Регулирање на опсегот на
фаровите 3 118.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини над
40 км/ч. Може да дојде до
отстапувања од снимените брзини
кога се вози по нагорнини или
надолнини.
Од безбедносни причини,
контролата на возењето не може
да се активира додека не се
користи ножната сопирачка еднаш.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Со автоматскиот менувач,
контролата на патувањето
активирајте ја само во автоматски
режим.
Контролна сијаличка m 3 101.
Page 160 of 249

158Возење и ракување
Активирање
Притиснете го копчето e,
контролната сијаличка m свети
жолто во групата инструменти. Забрзајте до саканата брзина,
притиснете го копчето - SET и
отпуштете го. Моменталната
брзина се снима и одржува.
Контролна сијаличка m се пали во
зелено. Педалот за гас може да се
отпушти.
Брзината на возилото може да се зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Зголемување на брзината Кога е активна контролата на
патувањето, држете го притиснато
копчето + RES или потчукнувајте го
копчето + RES повеќе пати:
брзината се зголемува постојано
или во мали чекори.
Или, забрзајте до саканата брзина
и снимете ја со притискање на
копчето - SET.Намалување на брзината
Кога е активна контролата на
патувањето, држете го притиснато
копчето - SET или потчукнувајте го
копчето - SET повеќе пати:
брзината се намалува постојано или во мали чекори.
Деактивирање Притиснете го копчето e;
контролната сијаличка m се гаси и
возилото постепено забавува.
Автоматско деактивирање: ■ брзината на возилото е под околу
45 км/ч,
■ педалот на сопирачките е притиснат,
■ куплунгот е притиснат,
■ рачката на менувачот е во N,
■ работи електронската контрола на стабилноста.
Продолжување со снимената
брзина
Притиснете го копчето + RES при
брзини над 45 км/ч. Снимената
брзина ќе се постигне.Бришење на снимената
брзина Снимената брзина ќе се избрише
со притискање на копчето
e или при исклучување на
палењето.
Помош за паркирање
Системот за помош при паркирањего олеснува паркирањето со
мерење на растојанието меѓу
возилото и пречките напред и
назад и со давање звучни сигнали.