OPEL COMBO 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: COMBO, Model: OPEL COMBO 2014Pages: 205, PDF Size: 4.22 MB
Page 71 of 205

Иинструменти и контроли69ЧасовникЗависно од варијантата на
моделот, моменталното време
и/или датум може да се појавува на
информативниот центар за
возачот 3 85.
Вредностите може да се
приспособат со копчињата SETq,
R и S на таблата со инструменти.
Поставување на времето во
Информативниот центар за
возачот - Стандардна верзија1. Притиснете го копчето SETq
еднаш за да пристапите до
изборникот за поставки.
2. Листајте ги опциите на изборникот со копчињата R и
S додека не се прикаже HOUR.
3. Притиснете SETq за да
дојдете до оваа опција на
изборникот, часовите ќе
трепкаат на екранот.
4. Притиснете R или S за да ја
зголемите или намалите
прикажаната вредност.
5. Притиснете SETq за да ги
потврдите промените;
минутите ќе почнат да трепкаат
на екранот.
6. Притиснете R или S за да ја
зголемите или намалите
прикажаната вредност.
7. Притиснете SETq накусо за да
ги потврдите промените и автоматски да се вратите на
претходниот екран.Поставување на времето и
датумот во Информативниот
центар за возачот - Повеќефункциска верзија
Местење на времето
Откако ќе дојдете до оваа опција на изборникот, може да се постави
времето или да се смени приказот
на часовникот меѓу 12 часа и
24 часа.
Притиснете го копчето SETq
еднаш за да пристапите до
изборникот за поставки.
Page 72 of 205

70Иинструменти и контроли
Листајте ги опциите на изборникот
со копчињата R и S додека не се
прикаже Set time (Постави време) .
Притиснете го SETq за да дојдете
до оваа опција на изборникот; се
прикажуваат Time (Време) и Mode
(Режим) .
За да го поставите времето: 1. Притиснете R или S за да
изберете Time (Време) и
притиснете SETq за да
дојдете до оваа опција на
подизборникот; часовите ќе
трепкаат на екранот.
2. Притиснете R или S за да ја
зголемите или намалите
прикажаната вредност.
3. Притиснете SETq за да ги
потврдите промените;
минутите ќе почнат да трепкаат на екранот.4. Притиснете R или S за да ја
зголемите или намалите
прикажаната вредност.
5. Притиснете SETq накусо за да
ги потврдите промените и
автоматски да се вратите на
претходниот екран.
За да го смените приказот на
часовникот меѓу 12 и 24 часа:
1. Притиснете R или S за да
изберете Mode (Режим) и
притиснете SETq за да
дојдете до оваа опција на
подизборникот; екранот ќе
почне да трепка.
2. Притиснете R или S за да го
смените приказот на часовикот
меѓу 12h и 24h.
3. Притиснете SETq накусо за да
ги потврдите промените и
автоматски да се вратите на
претходниот екран.Местење на датумот
1. Притиснете го копчето SETq
еднаш за да пристапите до
изборникот за поставки.
2. Листајте ги опциите на изборникот со копчињата R и
S додека не се прикаже Set date
(Постави датум) .
3. Притиснете SETq за да
дојдете до оваа опција на
изборникот, годината ќе трепка
на екранот.
4. Притиснете R или S за да ја
зголемите или намалите
прикажаната вредност.
5. Притиснете SETq за да ги
потврдите промените; месецот
ќе почне да трепка на екранот.
6. Притиснете R или S за да ја
зголемите или намалите
прикажаната вредност.
7. Притиснете SETq за да ги
потврдите промените; денот ќе
почне да трепка на екранот.
Page 73 of 205

Иинструменти и контроли71
8. Притиснете R или S за да ја
зголемите или намалите
прикажаната вредност.
9. Притиснете SETq накусо за да
ги потврдите промените и
автоматски да се вратите на
претходниот екран.
Штекери за напојување
Во средишната конзола се наоѓа
штекер за струја од 12 волти.
Задни штекери за напојување
Зависно од варијантата на
моделот, штекерите за напојување од 12 волти се наоѓаат на
страничниот ѕид во товарниот
простор.
Комбе со кратко меѓуоскино
растојаниеКомбе со долго меѓуоскино
растојание
Combo Tour
Page 74 of 205

72Иинструменти и контроли
Не ја надминувајте максималната
потрошувачка од 180 вати.
При исклучено палење штекерите
за струја се деактивирани.
Дополнително штекерите за струја
се деактивираат во случај на низок
напон во акумулаторот.
Електричните апарати што се
приклучени мора да ги
исполнуваат барањата за
електромагнетната
компатибилност што се утврдени
во DIN VDE 40 839.
Не приклучувајте апарати што
произведуваат електрична струја,
на пр. електрични уреди за
полнење или акумулатори.
Не оштетувајте ги штекерите со
користење на несоодветни
приклучоци.
Ако работи комплетот за
поправање гуми, исклучете ги сите потрошувачи на струја. Комплет за
поправање гуми 3 158.Запалка
Запалката е во средишната
конзола.
Притиснете ја запалката навнатре. Таа се исклучува автоматски кога
спиралата ќе се зажари. Извлечете ја запалката.
Пепелници
Внимание
Се користат само за пепел, а не за запално ѓубре.
Преносливиот пепелник треба да
биде во држачите за чаши во
средишната конзола.
Page 75 of 205

Иинструменти и контроли73Предупредувачки
светла, мерачи и
индикатори
Група инструменти
Стрелките на инструментите
накратко се вртат до крајната
положба кога ќе се вклучи
палењето.
Брзиномер
Ја покажува брзината на моторот.
Километража
Го прикажува забележаното
растојание во километри.
H може да се појави на екранот
додека возилото не помине 100 км .
Дневна километража Го прикажува запишаното
растојание од последното
ресетирање.
Зависно од варијантата на
моделот, има две независни
дневни километражи А или В кои
означуваат колку далеку се
извозило возилото од последното
ресетирање.
За ресетирање на дневната
километража, притиснете го и
држете го копчето TRIP неколку
секунди додека се прикажува
соодветната дневна километража.
Вртежомер
Ја прикажува брзината на моторот. Возете со мал број вртежи на
моторот за секоја брзина колку е
можно подолго.
Page 76 of 205

74Иинструменти и контролиВнимание
Ако стрелката е во црвенатапредупредувачка зона,
надмината е максимално
дозволената брзина на моторот. Моторот е во опасност.
Мерач за гориво
Го прикажува нивото на горивото
или нивото на гасот во
резервоарот, зависно од режимот
на работа.
За време на работата на природен
гас, системот автоматски се
префрлува на работа на бензин
кога резервоарите за гас се празни 3 75. Селектор на гориво 3 131.
Контролната сијаличка $ се пали
ако нивото во резервоарот е ниско.
Никогаш не дозволувајте
резервоарот да се испразни докрај.
Поради горивото што останува во
резервоарот, количеството при
полнењето може да биде помалку
од определената зафатнина на
резервоарот.
Стрелката покажува на 0 и
сијаличката $трепка да покаже
грешка во системот. Побарајте
помош од автомеханичар.
Контролна сијаличка за ниско ниво
на гориво $ 3 84.Мерач на гориво за гас
Во режимот за работа на природен
гас, четирите вертикални ленти до
CNG одговараат на нивото на
метан во цилиндрите. Како што
опаѓа нивото на горивото, лентите
во мерачот на гориво за гас
исчезнуваат.
CNG и едната преостаната лента
ќе трепкаат ако нивото на метан во
цилиндрите е ниско.
Полнење гориво 3 132.
Page 77 of 205

Иинструменти и контроли75Селектор на гориво
Со притискање на копчето Y во
средишната конзола се менува
помеѓу работа на природен гас и
бензин. Состојбата на сијаличката
1 го покажува тековниот режим на
работа.
1 исклучување=работење со
природен гас.1 свети=работење со
бензин.
За време на работа со природен
гас, ако светне контролната
сијаличка Y на Информативниот
центар за возачот 3 85,
резервоарите за природен гас се
празни и автоматски се активира
работа на бензин.
Гориво за работење со природен
гас 3 131, полнење гориво 3 132.
Мерач за температурата
на течноста за ладење на
моторот
Ја прикажува температурата на
течноста за ладење.
C=уште не е
достигната
работната
температура на
моторотсредишна
зона=нормална работна
температураH=температурата е
превисока
Ако контролната сијаличка $ свети
заедно со порака на
Информативниот центар за
возачот 3 85, температурата на
течноста за ладење е превисока.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Внимание
Ако температурата на течноста
за ладење на моторот е
превисока, запрете го возилото, изгаснете го моторот. Опасност
за моторот. Проверете го
новито на течноста за ладење.
Page 78 of 205

76Иинструменти и контролиЕкран за сервисирање
Екранот за сервисирање е
достапен кај возилата со
повеќефункционална верзија на
Информативниот центар за
возачот 3 85.
Кога е вклучено палењето,
преостанатото растојание до
следниот сервис се покажува
накусо. Врз основа на условите за
возење, периодот при којшто ќе се
укаже на сервисирање може да
варира во голема мера.
Кога преостанатото растојание до
следниот сервис е помало од
2000 км, се појавува Serv. на
Информативниот центар за
возачот. Потсетникот за сервисот
се повторува по секои следни
200 км и станува почест кога
преостанатото растојание е под
200 км.
На возилото му треба
сервисирање. Побарајте помош од автомеханичар.
Преостанатото растојание до
следниот сервис може да се види
на Информативниот центар за
возачот со избирање на SERVICE
(Сервис) од опциите на изборникот за поставки 3 85.
Препоставување на екранот
за сервисирање По сервисирање, екранот за
сервисирање треба да се ресетира
во сервисот.Контролни сијалички
Контролните сијалички што се
опишани ги нема во сите возила. Описот важи за сите верзии на
инструментите. Во зависност од
опремата, положбата на
контролните сијалички може да
биде различна.
Кога палењето се вклучува,
повеќето контролни индикатори ќе
се запалат за кратко време како тест за функционирањето.
Боите на контролната сијаличка
значат:црвено=опасност, важен
потсетникжолто=предупредување,
информација, дефектзелено=потврдување на
активирањетосино=потврдување на
активирањето
Page 79 of 205

Иинструменти и контроли77
Контролни сијалички во групата инструменти
Page 80 of 205

78Иинструменти и контролиОпшто предупредување
9 свети жолто.
Зависно од варијантата на
моделот, контролната сијаличка 9
може да свети независно или
заедно со Æ, t , Z или r.
Ако 9 свети заедно со I;
изгаснете го моторот веднаш и
побарајте помош од
автомеханичар.
Истовремено, може да се прикаже предупредувачка порака на
Информативниот центар за
возачот 3 85.
9 свети и ако е вклучен
прекинувачот за прекин на дотокот
на гориво, или ако е откриен
дефект на сензорот за притисокот
на моторното масло.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Систем за прекин на дотокот на
гориво 3 92.
Трепкач 2 или 3 трепка зелено.Трепка
Активиран е некој трепкач за вртење или предупредувачките
трепкачи.
Брзо трепкање: дефект на некој
трепкач или поврзаниот
осигурувач, дефект на трепкачите
на приколката.
Замена на сијалиците 3 145,
осигурувачи 3 151.
Трепкачи 3 98.
Потсетник за
безбедносниот ремен
Потсетник за безбедносните
ремени за предните седишта X за возачкото и/или совозачкото
седиште свети или трепка црвено.
Свети
Кога е вклучено палењето,
контролната сијаличка X светнува
накусо ако возачкиот безбедносен
ремен и/или совозачкиот
безбедносен ремен не е врзан.Може да се огласува и
предупредувачки тон неколку
секунди.
Трепка
За време на возењето, X ќе трепка
и ќе се огласува предупредувачки
тон 90 секунди додека не се врзат
предните безбедносни ремени.
Врзување на безбедносниот ремен 3 42.9 Предупредување
Пред секое патување врзете ги
безбедносните ремени.
Во случај на сообраќајка, луѓето кои не се врзани со ремени ги
загрозуваат своите сопатници и
себеси.
За да го деактивирате потсетникот за безбедносниот ремен,
консултирајте се со сервисер.
Повторното активирање на
предупредувачкиот тон на
потсетникот за безбедносниот