OPEL COMBO 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: COMBO, Model: OPEL COMBO 2014Pages: 205, PDF Size: 4.22 MB
Page 111 of 205

Контрола на климатизацијата109
Странични отвори за
проветрување
Лизгајте го копчето на лево за да го
отворите отворот.
Насочете го протокот на воздухот
со вртење на отворот.
Лизгајте го копчето на десно за да
го затворите отворот.
Фиксни отвори за
проветрување Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на вратите и во пределите на нозете.Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува чист за да
се овозможи доводот на воздухот.
Извадете ги лисјата, нечистотијата
или снегот.
Филтер за полен Филтерот за полен ги отстранува
правта, саѓите, поленот и спорите
од воздухот што влегува во
возилото преку доводот за воздух.
Page 112 of 205

110Контрола на климатизацијатаОбично работење на
климатизацијата За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето
мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е
возможно ракувањето со ладењето кога надворешната температура е
прениска.
Сервис За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува ситемот
за контрола на климатизацијата да
се проверува годишно, почнувајќи
три години по првата регистрација
на возилото, заедно со следниве:
■ Тестирање на функционирањето и притисокот
■ Функционирање на греењето
■ Проверка да не капе
■ Проверка на погонските ремени
■ Чистење на одводот на кондензаторот и испарувачот
■ Проверка на перформансите
Page 113 of 205

Возење и ракување111Возење и ракувањеПрактични совети за возење..111
Поаѓање и ракување ................ 111
Издувни гасови од моторот .....117
Рачен менувач ......................... 118
Автоматизиран рачен менувач ..................................... 119
Сопирачки ................................. 123
Системи за контрола на
возењето ................................... 125
Контрола на патувањето .........127
Системи за приметување
предмети ................................... 128
Гориво ....................................... 130
Влечење ................................... 135Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop) Многу системи нема да
функционираат во оваа ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, серво
управувањето). Таквото возење е
опасно за Вас и за други. Сите
системи работат за време на
Autostop, но ќе има контролирано
намалување на серво
управувањето и брзината на
возилото е намалена.
Систем за сопирање-поаѓање
3 113.
Педали За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.Поаѓање и ракување
Разработување на
новото возило
Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото на системот за издувни гасови. Паркирајте го возилото наотворено место за извесно време
по првото возење за да не ги
вдишувате пареите.
За време на периодот на
разработувањето потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за
дизелски честички може да се
одвива почесто. Autostop може да
е попречено за да се овозможи
полнење на акумулаторот.
Филтер за дизелски честички
3 117.
Page 114 of 205

112Возење и ракувањеПоложби на
прекинувачот за палењеSTOP=Бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палењеMAR=Вклучено палење, за
мотор на дизел:
предзагревањеAVV=ПалењеПалење на моторот
Рачен менувач: нагазнете ги
куплунгот и сопирачките.
Автоматизиран рачен менувач:
нагазнете ја сопирачката;
менувачот автоматски се
префрлува во N (лер)
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положбата MAR за
предзагревање додека не се
изгасне контролната сијаличка !.
Свртете го клучот накратко во
положбата AVV и отпуштете го.
Пред да го запалите повторно или
за да го изгаснете моторот, вратете го клучот во положба STOP.
Autostop
За време на Autostop, моторот
може да се запали повторно
автоматски со притискање на
педалата на куплунгот. Возилата
со автоматизиран рачен менувач (MTA): ставете во брзина за
напред, отпуштете ја педалата на
сопирачките или ставете ја рачката
на +, – или R за да вклучите
автоматско повторно палење.
Систем за сопирање-поаѓање
3 113.
Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензинските мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси и доволно полн акумулатор.
Page 115 of 205

Возење и ракување113
Загревање на турбо моторПо палењето, достапниот вртеженмомент на моторот може да биде
ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска. Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.
Исклучување на
возилото
Систем за прекин на дотокот
на гориво
Во случај на судар со одредена
тежина, се прекинува дотокот на
горивото и моторот се исклучува
автоматски, поради безбедносни
причини. Соодветна
предупредувачка порака може да
се појави и во Информативниот
центар за возачот 3 85.
Забелешка
Освен тоа, возилото автоматски се отклучува и се палат
внатрешните светла.Свртете го клучот за палење во
положба STOP за да спречите
празнење на акумулаторот и
веднаш побарајте помош од
сервис. Возилото треба да се
провери да не истекува гориво во
моторниот простор, под возилото и блиску до резервоарот.
За да го ресетирате системот за
прекин на дотокот на гориво и да
овозможите возилото да се вози:
1. Свртете го клучот за палење во
положба MAR 3 112
2. Активирајте го докрај десниот трепкач 3 98
3. Исклучете го десниот трепкач
4. Активирајте го докрај левиот трепкач
5. Исклучете го левиот трепкач
6. Повторете ги чекорите 2, 3, 4 и 5.
7. Свртете го клучот за палење во
положба STOP.9Опасност
Ако ви замириса на гориво во
возилото, или има истекување
гориво, веднаш поправете ја
причината за тоа на сервис. Не
ресетирајте го системот за
прекин на дотокот на гориво за
да спречите опасност од пожар.
Пораки за горивниот систем 3 92.
Исклучување на
пребрзувањето Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзување, на пр. кога возилото
се вози во некоја брзина без
давање гас.
Систем за сопирање-
поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
Page 116 of 205

114Возење и ракување
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
отпушти куплунгот.
Сензорот за акумулаторот
обезбедува Autostop да се врши
само ако акумулаторот е доволно
полн за повторно палење.
Активирање Системот за сопирање-поаѓање е
достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.Деактивирање
Деактивирајте го системот за
сопирање-поаѓање рачно со
притискање на копчето ^ во
средишната конзола. LED-от во
копчето светнува за да се потврди деактивирањето.
Autostop
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го Autostop на следниов начин:
■ Притиснете ја педалата за куплунг
■ Ставете ја рачката во лер
■ Отпуштете ја педалата за куплунг
Моторот ќе се изгасне, а палењето останува вклучено.
На Autostop укажува трепкање на
контролната сијаличка ^ на
информативниот центар за
возачот 3 85.
Page 117 of 205

Возење и ракување115
За време на Autostop, греењето исопирачките остануваат активни.Внимание
Серво управувањето може да се намали за време на Autostop.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање проверува дали се исполнети ситеуслови. Инаку, Autostop е
попречено.
■ Системот за сопирање-поаѓање не е исклучен рачно
■ багажникот е целосно затворен
■ возачката врата е затворена и безбедносниот ремен на возачот
е прицврстен
■ акумулаторот е полн и во добра состојба
■ моторот е загреан
■ температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока
■ температурата на издувните гасови не е превисока, на пр. по
возење со големо оптоварување
на моторот
■ околната температура не е прениска
■ системот за контрола на климатизацијата дозволува
Autostop
■ функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честички
не е вклучен
■ возилото е поместено од последното Autostop
■ вакуумот на сопирачката е доволен
■ бришачите на шофершајбната не работат со голема брзина
■ не е избран рикверц
■ греењето на задното стакло не работи
Околна температура блиску до
точката на мрзнење може да го
попречи Autostop.За возила со автоматизиран рачен
менувач, Autostop може да се
потисне додека не се достигне
брзина од околу 10 км/ч.
Разработување на новото возило
3 111.
Заштита од празнење на
акумулаторот
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Запалете го моторот
повторно. Рачен менувач
Рачката на менувачот треба да биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Автоматизиран рачен менувач
Page 118 of 205

116Возење и ракување
Ако рачката на менувачот е во
положба N, изберете друга брзина,
инаку отпуштете ја педалата на сопирачката или ставете ја рачката на +, – или R за да овозможите
автоматско повторно палење.
Кога ќе се појави некоја од
следниве околности за време на
Autostop, моторот треба повторно
да се запали рачно со клучот.
■ безбедносниот ремен на возачот
е одврзан и е отворена возачката врата
■ поминале три минути откако моторот бил исклучен
Ако некој електричен уред, на пр.
преносен ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кусо
опаѓање на напонот за време на
повторното палење.
Паркирање ■ Не паркирајте го возилото на лесно запалива површина.
Високата температура на
системот на ауспухот може да ја
запали површината.■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка. Затегнете ја рачната
сопирачка за паркирање без
притиснување на копчето за
ослободување. Затегнувајте ја
колку што може поцврсто на
угорници или падини.
Притиснете ја ножната
сопирачка истовремено за да се
намалат работните сили.
■ Исклучете го моторот и палењето. Свртете го воланотдури не се заглави истиот.
■ Ако возилото е на рамнина или нагорнина, ставете во прва
брзина. Ако возилото е на
нагорнина, свртете ги предните
тркала од работ на тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц. Свртете ги
предните тркала кон работ на
тротоарот.
■ Заклучете го возилото.Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Page 119 of 205

Возење и ракување117Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути.
Вообичаено се потребни
15 минути. Autostop не е достапно
и потрошувачката на гориво може
да биде поголема во овој период.
Испуштањето на миризби и чад за
време на овој процес е нормално.
Во извесни услови за возење,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле автоматско чистење, тоа ќе се
означи со контролната сијаличка
[ . Истовремено може да се
појави порака во Информативниот
центар за возачот 3 85.Контролната сијаликча [ свети
кога филтерот за дизелски
честички е полн. Почнете го
чистењето што е можно поскоро за да се избегне оштетување на
моторот.
Процес на чистење
За да се активира чистењето,
продолжете со возењето,
одржувајте брзина на моторот над
2000 вртежи во минута. Сменете во
помала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски честички.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето се одвива најбрзо при големи брзини и оптовареност на
моторот.
Контролната сијаличка [ се
гаси штом ќе заврши
самочистењето.
Page 120 of 205

118Возење и ракувањеКатализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 130, 3 180 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичаени проблеми,
причината за дефектот треба да ја
отстрани автомеханичар колку е
можно поскоро. Во хаварии, со
возењето може да се продолжи за
кратко време, одржувајќи се
брзината на возилото и вртежите
на моторот на ниско ниво.Рачен менувач
За да ставите во рикверц, кога
возилото е во мирување, почекајте 3 секунди откако ќе го притиснете
куплунгот, повлечете го прстенот
на рачката на менувачот нагоре и
ставете во рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер,
отпуштете го куплунгот и повторно притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.