OPEL GRANDLAND X 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2020Pages: 323, PDF Size: 21.86 MB
Page 201 of 323

Возење и ракување1999Предупредување
Системот не е наменет да ја
замени одговорноста на
возачот за возење на возилото
и гледање напред. Неговата
функција е ограничена на
дополнително користење само
да се намали брзината на
возилото пред судир.
Можно е системот да не реагира на животни. По ненадејно
менување лента, на системот
му треба одредено време да го
открие следното возило напред.
Возачот мора постојано да биде подготвен да дејствува и да ги
активира сопирачките и да го
врти воланот за да избегнува
судири.
Функционалност
Ако е опремено само со предна
камера, активното итно сопирање
работи при брзина за движење
напред во опсег помеѓу 5 км/ч и
85 км/ч. Со радарски сензор и
предна камера, активното итно
сопирање работи при брзина за
движење напред во опсегот помеѓу
5 км/ч и 140 км/ч.
Предуслов е предупредувањето за преден судир со систем на предна
камера да не е деактивирано во
изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби и безбедносните ремени
за предните патници да се врзани
3 119.
Системот вклучува: ● систем за подготовка на сопирачките
● итно автоматско сопирање
● предно серво сопирање
● интелигентно серво сопирање (само со радарски сензор)
● предупредување за преден судир
● предна заштита за пешациСистем за подготовка на
сопирачките
Кога се приближувате до возило или пешак напред толку бргу што е
веројатен судир, системот за
подготовка на сопирачките го
зголемува малку притисокот во
сопирачките. Ова го намалува
времето на реакција кога е
потребно сопирање.
Итно автоматско сопирање По активирањето на системот за
подготвување на сопирачките и
токму пред судирот, функцијата
автоматски активира извесно
сопирање за да ја намали ударната
брзина на судирот или да спречи
судир. Ако е применето активно
итно сопирање, во групата
инструменти трепка m. Во
зависност од ситуацијата,
возилото може автоматски да
сопре умерено или нагло. Предно
автоматско сопирање може да се
случи само ако се открие возило
напред. На возилата со предна
заштита на пешаците, предното
Page 202 of 323

200Возење и ракувањеавтоматско сопирање може да се
случи и кога ќе се открие пешак
напред.
Предупредување за преден судир
3 196
Предна заштита за пешаци 3 202
Итното автоматско сопирање може
да го забави возилото до целосно
сопирање за да се обиде да
избегне можен судир. Ако тоа се
случи, итното автоматско
сопирање може да ја активира
електричната сопирачка за
паркирање за да го сопре
возилото. За да ја ослободите,
притиснете го копчето за
електричната сопирачка за
паркирање или силно притиснете
ја педалата за гас.9 Предупредување
Итното автоматско сопирање е
карактеристика за подготовка за
итен судир и не е направена да
избегнува судири. Не
потпирајте се на системот за да
го сопрете возилото. Итното
автоматско сопирање нема да
сопре надвор од опсегот на
брзината за работа и одговара
само на откриени возила и
пешаци.
Предно серво сопирање
Освен системот за подготовка на
сопирачките и итното автоматско
сопирање, функцијата за предно
серво сопирање го прави сервото
почувствително. Затоа, не толку
силно притискање на педалата за
сопирачките предизвикува
моментално нагло сопирање. Оваа функција помага возачот да сопре
побрзо и посилно пред очекуван
судир.
9 Предупредување
Активното итно сопирање не е
проектирано да активира силно
самостојно сопирање или
автоматски да избегне судир.
Конструирано е да ја намали
брзината на возилото пред
судир. Може да не реагира на
животни. По ненадејно
менување лента, на системот
му треба одредено време да го открие следното возило напред.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот мора
постојано да биде подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките и да го врти
воланот за да избегнува судири.
Системот е конструиран да работи
со сите патници со врзани
безбедносни ремени.
Интелигентно серво сопирање
Ако возилото е опремено со
радарски сензор, може да биде
достапно интелигентно серво
сопирање. Интелигентното серво
сопирање го помага сопирањето
кога брзо ќе се притисне педалата
за сопирање. Сопирањето се
заснова на брзината на
пристапување и растојание до
возилото напред.
Page 203 of 323

Возење и ракување201Во ваква ситуација нормална
појава се пулсирања на педалата за сопирање или движење на
педалата и притискањето на
педалата треба да продолжи
според потребите. Интелигентното
серво сопирање автоматски ќе се
исклучи само кога ќе се отпушти
педалата за сопирање.9 Предупредување
Интелигентното серво
сопирање може да го зголеми
сопирањето на возилото во
ситуации кога можеби не е
неопходно. Може да го
блокирате протокот на
сообраќајот. Ако тоа се случи,
тргнете ја ногата од педалата за сопирачките, па применете
сопирање според потребата.
Предупредување за преден судир
3 196.
Предна заштита за пешаци 3 202.
Ограничувања на системот
Во извесни случаи, активното итно
сопирање може да даде
автоматско сопирање во ситуации
што изгледаат непотребни, на
пример во паркинг гаражи, поради
сообраќајни знаци на свиок или
поради возила на друга лента. Тоа
е нормална работа, на возилото не му треба сервисирање. Силно
притиснете на педалата за гас за
да го поништите автоматското
сопирање ако тоа го дозволуваат
ситуацијата и околностите.
Функционирањето на активното
итно сопирање е ограничено во
следниве случаи:
● возење на ветровити или ридести патишта
● откривање на сите возила, особено возила со приколка,
трактори, калливи возила и др.
● времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег
● возење навечер● сензорот во шофершајбната или радарската единица зад
предниот браник се блокирани
од снег, мраз, лапавица, кал, нечистотија и сл.
● шофершајбната е оштетена или е под влијание на
надворешни елементи, на
пример, налепници
При возење, секогаш е потребно
целосно внимание, а вие секогаш
треба да бидете подготвени да
преземете дејство и да ги
примените сопирачките и / или
воланот на возилото за да
избегнете судир.
Препорачуваме да го
деактивирате системот во
приспособувањето на возилото кон индивидуалните потреби во
следниве случаи:
● кога влечете приколка или караван-приколка
● кога носите долги предмети на носачи на покрив или багажникза на покрив
● кога возилото се влече додека моторот работи
Page 204 of 323

202Возење и ракување● кога е монтирано резервнотркало што е помало од
другите тркала
● пред да користите автоматска перална за автомобили додекамоторот работи
● пред да го ставите возилото на
валјаци во автомеханичарски
сервис
● ако шофершајбната е оштетена во близина на
камерата
● ако е оштетен предниот браник
● ако светлата за сопирачките не
работат
Дефект Ако на системот му е потребно
сервисирање, се прикажува порака
во Информативниот центар за
возачот.
Ако системот не работи како што
треба, се прикажуваат пораки на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 117.Предна заштита за
пешаци
Предната заштита за пешаци може
да помогне да се избегне или да се намали штетата предизвикана од
предни судари со пешаци кога
возите напред.
Системот ја користи предната
камера во шофершајбната и
радарската единица што се наоѓа
зад предниот браник од возилото
за да открие пешак директно пред
вас во вашата патека на движење.
Предната заштита за пешаци може да открие и да предупреди за
пешаци во брзина за напред при
брзини помеѓу 5 км/ч и 60 км/ч. Дополнително, предната заштита
за пешаци може да помогне при
сопирањето или автоматски да го
сопре возилото.
При ноќно возење, перформансите на системот се ограничени.9 Опасност
Сопирањето за пешаци напред
не дава предупредување и не го сопира автоматски возилото,
освен ако не открие пешак.
Системот може да не открие
пешаци, вклучувајќи и деца,
кога пешаците не се директно
напред, не се видливи целосно,
не стојат исправено или кога се
дел од група.
Предната заштита за пешаци
вклучува:
● откривање пешак напред
● предупредување за пешак напред
Предната заштита за пешаци се
активира заедно со
предупредување за преден судир.
Предупредување за преден судир
3 196.
Откривање пешак напред Пешак напред на растојание до
приближно 40 м се прикажува со
симбол во групата инструменти.
Page 205 of 323

Возење и ракување203Предупредување за пешак
напред
Кога премногу брзо се
приближувате до откриен пешак,
во Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредувачка порака. Се слуша и предупредувачка мелодија.
Контролата на патувањето или
приспособливата контрола на
патувањето може да се исклучат
кога ќе се појави предупредување
за пешак напред.
Ограничувања на системот
Во следниве случаи, предната заштита за пешаци може да не
открие пешак напред или
перформансите на сензорот се
ограничени:
● брзината на возилото што се движи напред е надвор од
опсегот од 5 км/ч до 60 км/ч
● растојанието до пешакот напред е поголемо од 40 м
● возење на ветровити или ридести патишта● возење навечер
● времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег
● сензорот во шофершајбната или радарската единица зад
предниот браник се блокирани
од снег, мраз, лапавица, кал, нечистотија и сл.
● шофершајбната е оштетена или е под влијание на
надворешни елементи, на
пример, налепници
Помош за паркирање
Општи информации Кога прицврстувате приколка или
носач за велосипеди на куката за
приколки, помошта за паркирање
се деактивира.9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Задна помош за паркирање
Системот го предупредува возачот
со звучни сигнали и показатели на
екранот за потенцијално опасни
пречки зад возилото во опсег на
оддалеченост до 50 см додека е
менувачот е во рикверц.
Page 206 of 323

204Возење и ракување
Системот работи со
ултрасоничните сензори за
паркирање во задниот браник.
Активирање
Задната помош за паркирање се
активира кога ќе се избере рикверц
и се вклучи палењето.
Системот е подготвен за работа
кога LED-сијаличката во копчето за
помошта за паркирање ¼ не свети.
Показател
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките од назад се прикажува со променливи линии за
оддалеченост во Инфо-екранот
3 113. Кога пречката е многу
блиску, се прикажува 9 за
опасност.
Деактивирање
Системот се исклучува кога ќе се
извади од рикверц. Притиснете ¼
за да го деактивирате системот
рачно. LED-сијаличката во копчето
свети кога системот е деактивиран.
Ако системот е деактивиран рачно, нема да се активира автоматски
при следното вклучување на
палењето.
Предно-задна помош за
паркирање
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
Page 207 of 323

Возење и ракување205зад возилото. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Системот работи со
ултрасоничните сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Активирање
Покрај задната помош за
паркирање, предната помош за
паркирање се вклучува кога ќе се
открие пречка напред, а брзината
на возилото е под 10 км/ч.
Системот е подготвен за работа
кога LED-сијаличката во копчето за
помошта за паркирање ¼ не свети.
Кога системот е деактивиран, LED-
сијаличката во копчето свети.
Показател
Системот го предупредува возачот со звучни сигнали за потенцијално
опасни пречки пред или зад
возилото.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките назад и напред се
прикажува со променливи линии за
оддалеченост на Инфо-екранот
3 113.
Ако возилото запре подолго од
3 секунди во брзина за движење
напред, ако автоматскиот менувач
Page 208 of 323

206Возење и ракувањее во P или ако не се откриени други
пречки, не се даваат акустични
сигнали за предупредување.
Деактивирање
Системот се деактивира
автоматски кога брзината на
возилото надмине 10 км/ч, со
активирање на електричната
сопирачка за паркирање или со
притискање на копчето за помош за паркирање ¼.
Кога системот е деактивиран
рачно, LED-сијаличката во копчето
свети.
Ако системот е деактивиран рачно, нема да се активира автоматски
при следното вклучување на
палењето.
Ограничувања на системот Во случај на дефект или ако
системот привремено не работи,
на пример, поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, во групата инструменти
светнува C. Во
Информативниот центар за
возачот се прикажува порака.9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот
дел на браникот.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Page 209 of 323

Возење и ракување207Напредна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Напредната помош за паркирање
мери соодветно место за
паркирање при поминување, ја
пресметува патеката и автоматски
го наведува возилото при
паркирање.
Напредната помош за паркирање
помага за следниве маневри:
● влегување во паралелно место
за паркирање
● влегување во напречно место за паркирање
● излегување од паралелно место за паркирање
Возачот треба да ги контролира
забрзувањето, сопирањето и
менувањето брзини, додека
управувањето се врши автоматски.
Возачот може да ја преземе
контролата во секое време така
што ќе го фати воланот.
Можеби ќе биде потребно да се
движи напред и назад повеќе од
еднаш.
Упатствата се дадени на Инфо-
екранот 3 113.
Напредната помош за паркирање
може да се активира само при
возење напред.
Напредната помош за паркирање
секогаш е во спој со предно-
задната помош за паркирање.
Системот има шест ултрасонични
сензори за паркирање и во задниот и во предниот браник.
Влегување во паралелно место за паркирање
Активирање
Намалете ја брзината на возилото
под 20 км/ч.
Информативен екран во боја од 7
инчи: за да се пребарува за место
за паркирање, активирајте го
системот со избирање Park Assist
Page 210 of 323

208Возење и ракување(Помош за паркирање) на Инфо-
екранот. Потоа изберете Enter
parallel parking space (Влез во
простор за паралелно паркирање) .
Информативен екран во боја од 8
инчи: за да се пребарува за место
за паркирање, активирајте го
системот со притискање на Í.
Изберете Driving functions
(Функции за возење) на Инфо-
екранот, па Park Assist ( Помош при
паркирање) . Изберете Enter parallel
parking space (Влези во местото за паралелно паркирање) .
Изберете ја страната за паркирање
со вклучување на трепкачот на
соодветната страна.
Дозволеното паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е помеѓу
0,5 м и 1,5 м.
Системот нема да идентификува места кои се јасно помали или
поголеми од возилото.
Кога ќе се открие слободно место,
се даваат визуелни информации
на Инфо-екранот и прв звучен
сигнал. Возете бавно напред. Кога
ќе се даде вториот звучен сигнал,
запрете го возилото, ставете во
рикверц, пуштете го воланот и
почнете да се движите бавно. На
Инфо-екранот се дава визуелен
приказ.Движете се напред и назад и
почитувајте ги предупредувањата
на Помошта за паркирање додека
не се означи крајот на
маневрирањето.
Влегување во напречно место
за паркирање
Активирање
Информативен екран во боја од 7
инчи: за да се пребарува за место
за паркирање, активирајте го
системот со избирање Park Assist
(Помош за паркирање) на Инфо-
екранот. Потоа изберете Enter