OPEL MOKKA 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2014.5Pages: 249, PDF Size: 6.1 MB
Page 131 of 249

Контрола на климатизацијата129
Системот за електронска контрола
на климатизацијата е целосно
функционален само кога работи
моторот.
Автоматски режим AUTO
Основна поставка за максимална
удобност:
■ Притиснете го копчето AUTO,
распределбата на воздухот и
брзината на вентилаторот се
регулираат автоматски.
■ Отворете ги сите отвори за проветрување.
■Притиснете го n за да го
вклучите ладењето.
■ Поставете ја саканата температура.
Претходно одбирање на
температурата
Температурите може да се
наместат на саканата вредност.
Ако минималната температура е
наместена, системот за контрола
на климатизацијата работи со
максимално ладење.
Ако максималната температура е
наместена, системот за контрола
на климатизацијата работи со
максимално греење.
Забелешка
Ако температурата се намалува
за климатска удобност, Autostop може да се потисне или моторот
ќе се рестартира автоматски кога
ќе се вклучува ладењето.
Систем за сопирање-поаѓање
3 137.Температурата може да се
прилагоди посебно за возачката и
за совозачката страна.
Одмаглување и одмрзнувањена прозорците V
■ Притиснете го копчето V.
■ Притиснете го копчето за ладење n.
■ Температурата и распределбата на воздохут се поставуваат
автоматски и вентилаторот
работи на голема брзина.
■ Вклучете го греењето на задното
стакло Ü.
■ За да се вратите во автоматскиот
режим: притиснете го копчето
V или AUTO .
Забелешка
Ако копчето V се притисне
додека работи моторот, Autostop ќе биде попречено додека
повторно не се притисне
копчето V.
Ако копчето V се притисне кога
моторот е во Autostop, моторот ќе
се запали повторно автоматски.
Page 132 of 249

130Контрола на климатизацијата
Рачни поставки
Поставките на системот за
контрола на климатизацијата може
да се изменат со активирање на
копчињата и вртливите копчиња
според следново. Менувањето на
една поставка ќе го деактивира
автоматскиот режим.
Брзина на вентилаторот Z
Одбраната брзина на
вентилаторот се означува со x и
бројка на екранот. Ако
вентилаторот е исклучен,
климатизацијата исто така се
деактивира.
За да се вратите на автоматскиот
режим: Притиснете го копчето
AUTO .
Распределба на
воздухот l, M , K
Притиснете го соодветното копче
за саканото прилагодување.
Активирањето се означува со
сијаличката во копчето.l=кон шофершајбната и
прозорците на предните
врати.M=кон пределот на главата.K=кон пределот на нозете.
Може да се комбинираат
поставките.
Враќање на автоматската
распределба на воздухот:
Деактивирајте ја соодветната
поставка или притиснете го
копчето AUTO.
Ладење n
Се активира или деактивира со
копчето n.
Системот за климатизација лади и
суши кога надворешната
температура е над определено
ниво. Затоа може да се формира
кондензација и да капе од под
возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за
ладење за да заштедите гориво. Активирано ладење може да ги
спречи автоматските запирања.
На екранот ќе се прикаже Eco кога
е деактивирано ладењето.
Режим за кружење на
воздухот 4
Притиснете го копчето 4 еднаш
за да се активира рачниот режим за
кружење на воздухот.9 Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може одвнатре да
се замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
Page 133 of 249

Контрола на климатизацијата131
Климатизација кога моторотне работи
Кога палењето е исклучено,
преостанатата топлина или
ладење во системот може да се
употреби за контрола на климата
во патничкиот простор.
Дополнително греење
Грејач на воздухот
Брзото греење е дополнителен
електричен грејач кој автоматски го
загрева патничкиот простор
побргу.Отвори за
проветрување
Приспособливи отвори
за проветрување
Барем еден отвор за
проветрување треба да биде
отворен додека е вклучено
ладењето.
За да се отвори отворот, свртете го
тркалцето за местење надесно.
Дотерајте го количеството на
воздухот кај отворот со вртење на
тркалцето за местење.
Насочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.
За да се затвори отворот, свртете
го тркалцето за местење налево.
9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај
на сообраќајка.
Page 134 of 249

132Контрола на климатизацијатаФиксни отвори за
проветрување Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на
вратите и во пределите на нозете.Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува чист за да
се овозможи доводот на воздухот.
Извадете ги лисјата, нечистотијата
или снегот.
Филтер за полен
Филтерот за полен ги отстранува
правта, саѓите, поленот и спорите
од воздухот што влегува во
возилото преку доводот за воздух.
Обично работење на
климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е
возможно ракувањето со ладењето кога надворешната температура е
прениска.
Сервис За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува ситемот
за контрола на климатизацијата да
се проверува годишно, почнувајќи
три години по првата регистрација
на возилото, вклучувајќи ги
следните:
Page 135 of 249

Контрола на климатизацијата133
■ Тестирање на функционирањетои притисокот
■ Функционирање на греењето
■ Проверка да не капе
■ Проверка на погонските ремени
■ Чистење на одводот на кондензаторот и испарувачот
■ Проверка на перформансите
Page 136 of 249

134Возење и ракувањеВозење и ракувањеПрактични совети за возење..134
Поаѓање и ракување ................ 135
Издувни гасови од моторот .....140
Автоматски менувач ................142
Рачен менувач ......................... 145
Системи за возење ..................146
Сопирачки ................................. 147
Системи за контрола на
возењето ................................... 149
Системи за помош на возачот 151
Гориво ....................................... 166
Кука за приколки ......................174Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop) Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други. Сите
системи функционираат за време
на Autostop, но силата на серво
управувањето ќе биде
контролирано намалена, како и
брзината на возилото.
Систем за сопирање-поаѓање
3 137.
Педали За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.Управување
Доколку се исклучи помошта за
серво управување заради
запирање на моторот или грешка во системот, возилото може да се
управува, но можеби ќе биде
потребен поголем напор.
Контролна сијаличка c 3 94.Внимание
За возилата опремени со
хидраулично управување:
Ако се сврти воланот додека
дојде до крајот на кругот и се
држи во таа положба подолго од 15 секнди може да дојде до
оштетување на системот за
хидраулично управување и
може да нема помош за
хидраулично управување.
Page 137 of 249

Возење и ракување135Поаѓање и ракувањеРазработување на
новото возило
Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото од системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на
отворено место за некое време по првото возење и не ги вдишувајте
пареите.
За време на периодот на
разработувањето потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за
дизелски честички може да се
одвива почесто. Autostop може да
биде попречено за да се овозможи
полнење на акумулаторот.
Филтер за дизелски честички
3 140.Положби на
прекинувачот за палење0=Исклучено палење1=Бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палење2=Вклучено палење, за мотор на
дизел: предзагревање3=ПалењеПалење на моторот
Рачен менувач: ракувајте со
куплунгот.
Автоматски менувач: нагазнете ја
сопирачката и ставете ја рачката
на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положбата 2 за предзагревање
додека да се изгасне контролната
сијаличка !.
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот се пушта со автоматска
Page 138 of 249

136Возење и ракување
постапка со кратко доцнење дури
моторот работи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
Пред да го запалите повторно или за да го изгаснете моторот, вратете
го клучот во положба 0.
За време на Autostop, моторот
може да се запали со притискање
на педалата на куплунгот.
Копче за заклучување на
клучот Некои возила со автоматскипренос се опремени со
електронски систем за
заклучување на клучот. Копчето за
заклучување на клучот има за цел
да спречи отстранување на клучот
за палење освен ако рачката на
менувачот не е во P.Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси и доволно полн акумулатор. При
температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу 5 минути.
Рачката на менувачот мора да
биде во положбата P.
Автоматска контрола на
анласерот Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот.
Возачот не мора да го држи клучот во положбата 3. Штом се
применува, системот ќе продолжи да запали автоматски додека не
проработи моторот. Поради
постапката за проверување
моторот проработува по кратка
пауза.Возможни причини за непалење на
моторот:
■ Куплунгот не е притиснат (рачен менувач)
■ Педалот на сопирачките не е притиснат или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач)
■ Дојде до надминување на времето
Турбо-загревање на моторот По палењето, достапниот вртлив
момент на моторот може да е
ограничен некое време, особено
кога моторот е студен.
Ограничувањето постои за да му
овозможи на системот за
подмачкување целосна заштита на
моторот.
Page 139 of 249

Возење и ракување137Исклучување на
пребрзувањето Доводот на гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т. е. кога возилото
се вози во некоја брзина но
педалот за гас е отпуштен.
Систем за сопирање-
поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите, го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или
стои, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
отпушти куплунгот. Сензорот за
акумулаторот обезбедува Autostop
да се врши само ако акумулаторот е доволно полн за повторно
палење.Активирање
Системот за сопирање-поаѓање е достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.
Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање
на копчето eco. Деактивирањето се
означува со гасење на сијаличката во копчето.
Autostop
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го Autostop на следниов начин:
■ Притиснете ја педалата за куплунг
■ поставете го менувачот во лер
■ отпуштете ја педалата за куплунг
Моторот ќе се изгасне, а палењето останува вклучено.
Autostop е покажано на
вртежометарот со иглата во
положба AUTOSTOP .
Page 140 of 249

138Возење и ракување
За време на Autostop, греењето,
серво управувањето и сопирачките
функционираат.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање проверува дали се исполнети ситеуслови:
■ системот за сопирање-поаѓање не е исклучен рачно
■ багажникот е целосно затворен
■ возачката врата е затворена или
безбедносниот ремен на возачот
е прицврстен
■ акумулаторот е полн и во добра состојба
■ моторот е загреан
■ температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока
■ температурата на издувните гасови не е превисока, на пр. по
возење со големо оптоварување
на моторот
■ околната температура не е прениска■ системот за контрола наклиматизацијата дозволува
Autostop
■ вакуумот на сопирачката е доволен
■ функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честички
не е вклучен
■ возилото е поместено од последното Autostop
Инаку, Autostop ќе биде спречено.
Околна температура блиску до
точката на мрзнење може да го
попречи Autostop.
Одредени поставки на системот за
контрола на климатизацијата може
да го спречат Autostop. Видете во
поглавјето за контрола на
климатизацијата за повеќе детали.
Веднаш по возењето по автопат,
Autostop може да биде попречено.
Разработување на новото возило
3 135.Заштита од празнење на
акумулаторот
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Мерки за штедење енергија
За време на Autostop, неколку
електрични функции, како
помошниот електричен грејач или
греењето на задното стакло се
исклучени или префрлени во
режим за штедење енергија.
Брзината на вентилаторот на
системот за контрола на
климатизациајта се намалува за да се заштеди енергија.
Повторно палење на моторот
од страна на возачот Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Палењето на моторот е прикажано
од иглата на вртежометарот во
положба за лер.