OPEL MOKKA 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2014.5Pages: 249, PDF Size: 6.1 MB
Page 141 of 249

Возење и ракување139
Ако рачката на менувачот се
помести од лер пред претходно
притискање на куплунгот,
контролната сијаличка - свети
или е прикажана како порака на
Информативниот центар за
возачот.
Контролна сијаличка - 3 93.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање Рачката на менувачот треба да
биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот автоматски ќе се запали
повторно од страна на системот за
сопирање-поаѓање:
■ системот за сопирање-поаѓање е
исклучен рачно
■ багажникот е отворен
■ безбедносниот ремен на возачот
е одврзан и е отворена возачката врата■ температурата на моторот е прениска
■ акумулаторот е празен
■ вакуумот на сопирачката не е доволен
■ возилото почнува да се движи
■ системот за контрола на климатизацијата бара палење на
моторот
■ климатизацијата е вклучена рачно
Ако багажникот не е целосно
затворен, се прикажува
предупредувачка порака на
Информативниот центар за
возачот.
Ако некој електричен уред,
како на пример, пренослив ЦД-
плеер, е поврзан со штекер, може
да се забележи кусо опаѓање на
напонот за време на повторното
палење на моторот.Паркирање
■ Не паркирајте го возилото на лесно запалива површина.
Високата температура на
системот на ауспухот може да ја
запали површината.
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка без да го притиснете
копчето за ослободување.
Затегнувајте ја колку што може
поцврсто на угорници или
падини. Притиснете ја ножната
сопирачка истовремено за да се
намалат работните сили.
■ Исклучете ги моторот и палењето. Свртете го воланот
дури не се заглави истиот.
■ Ако возилото е на рамна површина или на угорница,
ставете во прва брзина или
наместете ја рачката на
менувачот во P пред да го
исклучите палењето. На
угорници свртете ги предните тркала настрана од работ на
тротоарот.
Page 142 of 249

140Возење и ракување
Ако возилото е на удолница,
ставете во рикверц или
наместете ја рачката на
менувачот во P пред да го
исклучите палењето. Свртете ги
предните тркала кон работ на
тротоарот.
■ Заклучете го возилото и активирајте го системот за
тревожење при кражба.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути.
Типично му се потребни помеѓу
7 и 12 минути. Autostop не е
достапно и потрошувачката на
гориво може да биде поголема за
тоа време. Испуштањето на
миризби и чад за време на овој
процес е нормално.
Page 143 of 249

Возење и ракување141
Во извесни услови за возење,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле автоматско чистење, тоа ќе се
означи со контролната сијаличка
% .
% свети кога филтерот за дизелски
честички е полн. Почнете го
процесот на чистење колку е можно
поскоро.
% трепка кога филтерот за
дизелски честички го достигнал максималното ниво за полнење.
Почнете го процесот на чистење
веднаш за да се избегне
оштетување на моторот.
Процес на чистење
За да се активира процесот на
чистење, продолжете со возењето, држете ја брзината на моторот над
2000 вртежи на минута. Сменете вопомала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски честички.
Ако се осветли и контролната
сијаличка g, чистењето не е
можно, побарајте помош во сервис.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето се одвива најбрзо при големи брзини и оптовареност на
моторот.
Контролната сијаличка % се гасне
штом ќе заврши процесот на
самочистење.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.
Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 166, 3 230 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
Page 144 of 249

142Возење и ракување
време, одржувајќи се брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Екран на менувачот
На екранот на менувачот е
прикажано во која брзина или
режим е менувачот.
Рачка на менувачотP=паркирна положба, тркалата
се блокирани, ставајте во
брзина само кога возилото е
во мирување и сопирачката
за паркирање е применетаR=рикверц, ставајте во него
само кога возилото е во
мирувањеN=лерD=aвтоматски режим со сите
брзини на менувачотM=рачен режим
Page 145 of 249

Возење и ракување143
Рачката на менувачот е закочена
во P и може да се помрдне само
кога палењето е вклучено и
педалот на сопирачките е
нагазнат.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само
кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас кога ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно кочење
За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по надолнини, видете под
„рачен режим“.
Нишање на возилото
Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
јама. Местете ја рачката на
менувачот помеѓу D и R повеќе
пати. Не турирајте го моторот и избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во P.Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.
Рачен режим
Ставете ја рачката на менувачот во положбата M.
Притиснете го копчето на рачката
на менувачот:
<=Менување во поголема
брзина.]=Менување во помала брзина.
Page 146 of 249

144Возење и ракување
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака на инфо-екранот за
возачот.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Електронски програми за возење ■ По ладно палење, програмата за
работна температура ја
зголемува брзината на моторот
за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
■ Функцијата за автоматско префрлување во лер автоматскисе префрлува на работење в
место кога возилото е застанатово некоја брзина за напред и
педалот за сопирачките е
притиснат.
■ Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини кога
се вози по угорници или
удолнини.
Збоднување Ако педалот за гас е притиснат
докрај во автоматскиот режим, менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.
Дефект
Во случај на дефект, се пали g.
Дополнително се прикажува број
на шифра или порака за возилото
на Информативниот центар за
возачот. Пораки за возилото 3 104.
Менувачот веќе не менува автоматски брзини. Непрекинато
патување е возможно со рачно
менување.Може да се избере само
најголемата брзина. Зависно од
дефектот, и втората брзина може
да се користи во рачниот режим.
Менувајте брзини само кога
возилото е во мирување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањетоВо случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.
Ако акумулаторот е испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 212.
Ако акумулаторот не е причина на
дефектот, ослободете ја рачката на менувачот.
1. Исклучете го палењето и извадете го клучот.
Page 147 of 249

Возење и ракување145
2. Притиснете го и држете гопедалот за сопирачките иповлечете ја рачката на
паркирната сопирачка нагоре.
3. Извадете го капачето на конзолата со тенок предмет, на
пример одвртка.
4. Вметнете одвртка во отворот до каде што може.
5. Ставете ја рачката на менувачот на N.
6. Извадете ја одвртката од процепот.
7. Вратете го капачето.
8. Нека Ви ја елиминира причината на прекинот на
напојувањето автомеханичар.
Рачен менувач
За ставање во рикверц, кога
возилото е во мирување, почекајте 3 секунди откако ќе го притиснете
куплунгот и потоа притиснете го
копчето за ослободување на
рачката на менувачот и ставете во
рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер,
отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Page 148 of 249

146Возење и ракување
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката на
менувачот.
Системи за возење
Погон на сите тркала Системот за погон на сите тркала
(AWD) ги зголемува возните
карактеристики и стабилноста, и
помага да се постигне најдобрата
можна возност независно од
површината на земјата. Системот
секогаш е активен и не може да се
деактивира.
Вртежниот момент се
распределува без фази помеѓу
тркалата на предната и задната
оска, зависно од условите на
возењето. Дополнително
вртежниот момент меѓу задните
тркала се распределува зависно од
површината.
За оптимални перформанси на
системот, гумите на возилото не
смеат бидат изабени до различни
степени.
При користење на привремено
резервно тркало, системот AWD
автоматски се оневозможува.Системот AWD ќе биде
привремено оневозможен за да го заштити системот од прегревање,доколку дојде до прекумерно
вртење на тркалото. Кога системот ќе се излади, AWD повторно ќе сеактивира.
Деактивирањето на системот AWD
ќе се означи со порака на центарот за информирање на возачот.
Ако се појави порака за сервис или
предупредување код Ѕ73 на
информативниот центар за
возачот, во тој случај има грешка
во системот AWD. Побарајте
помош од автомеханичар.
Пораки за возилото 3 104,
Влечење на возилот 3 214.
Page 149 of 249

Возење и ракување147Сопирачки
Системот на сопирачките се состои
од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалата на сопирачките е
притисната цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 93.Систем за деблокирање
на сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 93.Приспособливо стоп-светло
При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Page 150 of 249

148Возење и ракувањеСопирачка за паркирање
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да ракувате со копчето за ослободување, и на
удолнини или угорнини затегнете
ја истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните сили
на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка R 3 93.
Серво кочење Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно
сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Помош при поаѓање на
угорници
Системот помага да се спречи несакано движење кога се вози по
стрмнини.
При отпуштање на ножната
сопирачка по застанување на
закосена површина, сопирачките
се активирани уште две секунди.Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop.