OPEL MOVANO_B 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: MOVANO_B, Model: OPEL MOVANO_B 2020Pages: 407, PDF Size: 9.43 MB
Page 261 of 407

Возење и ракување259Практични совети за
возење
Економично возење
ЕКО-режим ЕКО-режимот е функција што јаоптимизира потрошувачката на
гориво. Влијае врз силата на
моторот и вртежниот момент,
забрзувањето, индикаторот за
менувањето брзини, греењето,
климатизацијата и потрошувачите
на електрична енергија.
АктивирањеПритиснете ECO. Кога е
активирано, во Информативниот
центар за возачот ќе се појави
ECO .
При возење може привремено да
се исклучи режимот ECO, на пр. за
да се зголемат перформансите на
моторот, со цврсто притискање на
педалата за гас.
ЕКО-режимот се реактивира кога
притисокот на педалата за гас се
намалува.
Деактивирање
Притиснете ECO повторно. ECO
исчезнува од Информативниот
центар за возачот.
Информативен центар за возачот
3 115.
Контрола над возилото Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop)
Нема да функционираат многу
системи во таква ситуација (на пр.
серво уредот на сопирачките,
серво управувањето). Таквотовозење е опасно за Вас и за други. Сите системи работат за време на
Autostop, но може да има
контролирано намалување на
серво управувањето, а брзината на
возилото ќе се намали.
Систем за сопирање-поаѓање
3 263.
Педали За да се обезбеди непречен од напедалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат од држачите на
страната на возачот.
Возење по удолнини Ставете во брзина кога возите по
удолнина за да имате доволен
притисок за сопирачките.
Управување Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект
Page 262 of 407

260Возење и ракувањена системот, со возилото може да
се управува, но може да треба поголем напор.Внимание
За возилата опремени со
хидраулично управување:
Ако се сврти воланот додека
дојде до крајот на кругот и се
држи во таа положба подолго од 15 секнди може да дојде до
оштетување на системот за
хидраулично управување и
може да нема помош за
хидраулично управување.
Поаѓање и ракување
Разработување на новото возило
Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања и по
монтирањето на нови пакни од
дискот на сопирачката.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото од системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на
отворено место за некое време по првото возење и не ги вдишувајте
пареите.
Ограничете ја брзината на моторот
до 2.500/мин. во првите 1.500 км.
За време на периодот на
разработувањето потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за
дизелски честички може да се
одвива почесто. Autostop може да
се попречи за да се овозможи
полнење на акумулаторот.Систем за сопирање-поаѓање
3 263.
Филтер за дизелски честички
3 269.
Положби на прекинувачот
за палење
Свртете го клучот:
Page 263 of 407

Возење и ракување2610:исклучено палење: Некои
функции остануваат активни
додека не се извади клучот или
не се отвори возачката врата,
под услов палењето да било
вклучено претходно1:режим за помошно напојување:
Заклучувањето на воланот се
отпушта, некои електрични
функции работат, палењето е
исклучено2:палењето е вклучено, дизел
моторот се предзагрева.
Контролните сијалички светат
и може да се ракува со
повеќето електрични функции3:стартување на моторот:
Отпуштете го клучот откако ќе
почне стартувањето
Заклучување на воланот
Извадете го клучот од
прекинувачот за палење и вртете
го воланот додека да се заглави.
9 Опасност
Не вадете го клучот од
прекинувачот за палење при
возење затоа што тоа ќе го
блокира воланот.
Палење на моторот
Рачен менувач: ракувајте со
куплунгот.
Автоматизиран рачен менувач:
нагазнете ја сопирачката;
менувачот автоматски се
префрлува во N.
Не давајте гас.
Свртете го клучот во положба 2 за
предзагревање и држете го додека
контролната сијаличка N не се
изгасне во Информативниот
центар за возачот.
Page 264 of 407

262Возење и ракувањеЗабелешка
Во зависност од возилото, ако е
избрана некоја брзина при
предзагревање, во
Информативниот центар за
возачот (DIC) 3 115 може да се
појави порака што покажува дека мора да се притисне педалата закуплунгот кога се стартува
моторот.
Свртете го клучот во положба 3 и
отпуштете го.
Зголемената брзина на моторот
автоматкси се враќа на
нормалната брзина во лер додека
зголемува температурата на
моторот.
Обидите за палење не смеат да
потраат подолго од 15 секунди. Ако
моторот не се пали, почекајте
15 секунди пред да ја повторите
постапката за палење. Ако е
потребно, притиснете го педалот
за гас пред да ја повторите
постапката за палење.
Забелешка
Погон на задните тркала со двојни задни тркала и погон на предните
тркала: Кога поаѓате на рамнаподлога со ненатоварено возило,
се препорачува да биде избрана
втората брзина кога поаѓате.
Пред да го запалите повторно или
изгаснете моторот, вратете го
клучот во положбата 0.
За време на Autostop, моторот
може да се запали со притискање
на педалата на куплунгот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 263.
Загревање на турбо мотор По стартувањето, достапниот
вртежен момент на моторот може
да биде накратко ограничен,
особено кога моторот е ладен.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосна заштита на моторот.Контрола на брзината во
лер
За зголемување на брзината во
лер притиснете го прекинувачот.
За неколку секунди функцијата ќе се активира.
Функцијата ќе се деактивира кога: ● Куплунгот е притиснат.
● Педалот за гас е притиснат.
● Автоматизираниот рачен менувач не е во N (лер).
Page 265 of 407

Возење и ракување263● Брзината на возилото е над0 км/ч.
● Контролната сијаличка j, W
или C свети во групата
инструменти.
За да се зголеми или намали
степенот на брзото возење во лер,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Забелешка
Кога е активирана функцијата за
брзо мирување, системот за
сопирање-поаѓање автоматски е
деактивиран.
Систем за сопирање-поаѓање 3 263.
Исклучување на
пребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина, но
педалата за гас е отпуштена.
Во зависност од условите за
возење, исклучувањето на
пребрзувањето може да се
деактивира.Систем за сопирање-
поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж.
Автоматски го стартува моторот
штом ќе се притисне педалата за
куплунгот (рачен менувач) или ќе
се отпушти педалата за
сопирачките (автоматизиран рачен менувач).
Сензорот за акумулаторот
обезбедува Autostop да се врши
само ако акумулаторот е доволно
полн за повторно палење.
Активирање
Системот за сопирање-поаѓање е
достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.Ако условите подолу не се
исполнети, Autostop се спречува и
контролната сијаличка \ свети во
група инструменти 3 113.
Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на ) . На исклучувањето укажува
постојаното светење на LED
сијаличката во копчето.
За повторно активирање
притиснете го Ï повторно. LED-
сијаличката во копчето се
исклучува. Системот повторно се
активира автоматски следниот пат
кога ќе се вклучи палењето.
Page 266 of 407

264Возење и ракувањеЗабелешка
Кога е активирана функцијата за
брзо мирување, системот за
сопирање-поаѓање автоматски се
деактивира и не може да се
активира повторно со притискање Ï . LED-сијаличката во копчето
светнува за да ја прикаже
деактивацијата и соодветна
порака се појавува во
Информативниот центар за
возачот 3 115.
Контрола на брзината во лер
3 262.
AutostopРачен менувач
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, активирајте го
Autostop на следниов начин:
● притиснете ја педалата за куплунг
● ставете ја рачката на менувачот во лер
● отпуштете ја педалата за куплунгКонтролната сијаличка Ï може да
трепка ако куплунгот не се отпушти доволно.Автоматизиран рачен менувач
Ако возилото е сопрено,
активирајте го Autostop на
следниов начин:
● рачката на менувачот е во положбата D, M или N
● силно притиснете ја педалата за сопирачките
● не давајте гас
Моторот ќе се исклучи, а палењето
ќе остане вклучено ако се
исполнети бараните услови.
Се известува за Autostop кога Ï
свети 3 113.
За време на Autostop, греењето, серво управувањето и сопирачките функционираат. Меѓутоа, помошта
за сопирање не е достапна 3 284.
Забелешка
Ако излезете од возилото додека моторот е во Autostop, ќе се
слушне предупредувачка
мелодија како потсетник дека моторот е во мирување и не е
исклучен.9 Предупредување
Исклучете го моторот и
палењето пред да излезете од возилото.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање
проверува дали е исполнет секој од
следните услови, инаку ќе се
спречи Autostop и контролната
сијаличка \ ќе свети.
● системот за сопирање- поаѓање не е рачно исклучен
● багажникот е целосно затворен
● акумулаторот е доволно наполнет и е во добра состојба
● моторот е загреан
● температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока
● околната температура не е прениска
Page 267 of 407

Возење и ракување265● надморската висина не епреголема
● нагибот не е премногу стрмен
● функцијата за одмрзнување не
е вклучена
● помошта за паркирање не работи
● системот за контрола на климатизацијата не го
попречува Autostop
● системот на задната климатизација не е активиран
● вакуумот на сопирачката е доволен
● функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честичкине е вклучен 3 269
● возилото е поместено од последното Autostop
Инаку, Autostop е попречено.
Autostop може да стане недостапно
ако околната температура е околу
точката на мрзнење.
Одредени поставки на системот за
контрола на климатизацијата може
исто така да го попречат Autostop.Видете во поглавјето „Контрола на
климатизацијата“ за повеќе
информации 3 239.
Веднаш по возење по автопат,
Autostop може да биде попречено.
Разработување на новото возило
3 260.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Повторно палење на моторот
од страна на возачотРачен менувач
Со рачката на менувачот во лер,
притиснете ја педалата за
куплунгот за да го стартувате
моторот повторно.
Забелешка
Ако некоја брзина е избрана,
педалата за куплунгот мора да
биде целосно притисната за да се рестартира моторот.Ако моторот не стартува повторно
од првпат, повторно притиснете ја
педалата за куплунгот до крај.Автоматизиран рачен менувач
Со рачката на менувачот во
положба N, D или M и отпуштена
сопирачка за паркирање,
отпуштете ја педалата за
сопирачките за да го стартувате
моторот повторно.
Моторот може да го стартувате
повторно и ако ставите во рикверц
или ја притиснете педалата за гас.
Зелената контролна сијаличка Ï
ќе се исклучи во групата
инструменти кога моторот ќе
стартува повторно. Ако не се
исполнети одредени услови,
моторот нема да стартува.
Стартувајте со клучот за палење.
Палење на моторот 3 261.
Автобус
Моторот стартува повторно
автоматски кога се активира
прекинувачот за електричната
лизгачка врата на таблата за
инструменти при Autostop.
Page 268 of 407

266Возење и ракувањеШибер врата 3 32.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање
Ако еден од условите за Autostop
не е исполнет повеќе или ако
возилото почне да се движи,
системот за сопирање-поаѓање
може автоматски да го стартува
моторот.
Автоматското повторно
стартување на моторот може да не е можно ако е отворена некоја
врата или хаубата.
Ако некој електричен уред, како
пренослив ЦД-плеер, е поврзан со штекер, може да се забележи кусо
опаѓање на напонот за време на
повторното палење.
Ако е активен инфозабавниот
систем, звукот на аудиото може
накусо да се намали или прекине
при повторното палење.Дефект
Ако LED-сијаличката светне во
копчето за деактивирање ) без
да се притисне за деактивирање на системот, тогаш има дефект на
системот за сопирање-поаѓање и
тој се деактивира. Се појавува и
соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот 3 115.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја педалата на сопирачката истовремено за
да се намали работната
сила.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамнина или нагорнина, ставете во
прва брзина. Ако возилото е
на угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц. Свртете
ги предните тркала кон работ на тротоарот.
● Затворете ги прозорците.
● Свртете го клучот за палење во положба 0 и извадете го.
Завртете го воланот додека
Page 269 of 407

Возење и ракување267не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.
Заклучете го возилото 3 25 и
активирајте ги системот за заштита
од кражба 3 38 и системот за
тревожење при кражба 3 39.
Воздушна амортизација
Работи автоматски кога се вози
возилото. Системот за воздушна
амортизација постојано ја
прилагодува висината на
движењето според оптовареноста
на возилото.
Внимание
Да се обезбеди безбедно
функционирање на системот за
воздушно потпирање, не треба
да се надмине максимално
дозволената бруто тежината на
возилото. Погледнете ја
идентификациската табличка
3 364 или документите на
возилото.
За повеќе информации за системот
за воздушна амортизација, видете
во приложеното упатство за
ракување.
Главен прекинувачВнимание
Системот за воздушна
амортизација мора да се
исклучи кога возилото се влече, се пали со кабли, се крева од
тлото или се превезува.
Не исклучувајте го системот за
воздушна амортизација додека
возите.
Палење со кабли 3 351.
Влечење на возилото 3 353.
Главниот прекинувач се наоѓа на
долниот дел од столбот на десната врата, зад тапацирот.
Вклучете го за да се овозможи
ракување и прилагодување на системот за воздушна
амортизација.
Исклучете го за да го ставите
возилото во сервисен режим.
Page 270 of 407

268Возење и ракувањеДалечински управувач
Кога е потребно поголемо
растојание од тлото или подобрен
пристап на возилото,
амортизацијата може да се крене
или спушти со далечинскиот
управувач.
Внимание
Осигурете се дека има доволно
простор и дека нема други
пречки кога се нагодува
висината на суспензијата.
Уредот на далечинскиот управувач
е магнетен и може да биде
фиксиран за кој било метален дел
на возилото или да се чува во
неговиот држач.
Кога работи моторот, притиснете
го соодветното копче две секунди
за да ја приспособите висината на
амортизацијата. Контролната
сијаличка ќе трепка повремено
додека трае дотерувањето на
висината и свети постојано кога е
завршено.
Ако палењето е вклучено со
неработење на моторот, висина на амортизација може само да биде
намалена.
Забелешка
Постапувајте претпазливо,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно користење.
Претходно програмирани поставки
Висината на амортизацијата се
дотерува на една од трите
претходно програмирани положби.l:спуштена положбаk:нормална положбаj:крената положбаВнимание
Ако при подигање или
спуштање се открие пречка,
висината на суспензијата се
враќа во нормална позиција по
пауза. Ова не гарантира
операција без оштетување.
Обезбедување на доволен
простор и тргнување на
пречките е одговорност на
возачот.
Рачни поставки
Рачното дотерување може да се
врши само кога возилото не се
движи.
Изберете со притискање h за
2 секунди, а потоа R за кревање
или S за спуштање.
За да излезете, притиснете некое
од копчињата за претходни
програми.