OPEL MOVANO_B 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: MOVANO_B, Model: OPEL MOVANO_B 2020Pages: 407, PDF Size: 9.43 MB
Page 291 of 407

Возење и ракување289Притиснете m, контролната
сијаличка U се пали зелена во
групата инструменти.
Контролата на патувањето сега е
во режимот за готовност и на
Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Забрзувајте се до саканата брзина
и притиснете < или ]. Актуелната
брзина сега се зачувува и се
задржува и педалот за гас може да
се отпушти.
Контролната сијаличка m се пали
зелена во групата инструменти
заедно со U и на Информативниот
центар за возачот се појавува
соодветна порака.
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на педалот
за гас. Зачуваната брзина трепка
во групата инструменти. Кога ќе се
отпушти педалот за гас, се
продолжува со претходно
зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Брзината се снима додека не се
исклучи палењето.
Зголемување на брзината
При активна контрола на
патувањето, брзината на возилото
може да се зголемува непрекинато
или во мали чекори со држење
притиснато или потчукнување <
повеќе пати.
Кога ќе се отпушти прекинувачот,
моменталната брзина се снима и
се задржува.
Како алтернатива, забрзете се до саканата брзина и снимете ја со
притиснување <.
Намалување на брзината
При активна контрола на
патувањето, брзината на возилото
може да се намалува непрекинато
или во мали чекори со држење
притиснато или потчукнување ]
повеќе пати.
Кога ќе се отпушти прекинувачот,
моменталната брзина се снима и
се задржува.
Page 292 of 407

290Возење и ракувањеДеактивирање на
функционалноста
Притиснете $: контролата на
патувањето се деактивира и
зелената контролна сијаличка m се
гасне во групата инструменти.
Автоматско деактивирање: ● брзината на возилото паѓа под 30 км/ч
● педалата за сопирачките е притисната
● куплунгот е притиснат
● лостот на менувачот во N
Брзината се зачувува и на
Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Активирање на
функционалноста
Притиснете R при брзини над
30 км/ч.
Ако зачуваната брзина е многу
поголема од актуелната брзина,
возилото силно ќе се забрзува
додека не се постигне зачуваната
брзина.
Притискањето < повторно ќе ја
активира функцијата за контрола
на патувањето, но само со
моменталната брзина на возилото,
а не зачуваната брзина.
Исклучување на системотПритиснете m, зелените контролни
сијалички U и m се исклучуваат во
групата инструменти.Ограничувач на брзината
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да ја надмине
претходно поставената
максимална брзина над 30 км/ч.
Вклучување на системот
Притиснете U, контролната
сијаличка U се пали жолта во
групата инструменти.
Функцијата на ограничувачот на брзината сега е во режим на
подготвеност и на
Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Page 293 of 407
![OPEL MOVANO_B 2020 Сопственички прирачник Возење и ракување291
Забрзувајте се до саканата брзина
и притиснете < или ]. Актуелната
брзина се регистрира.
В OPEL MOVANO_B 2020 Сопственички прирачник Возење и ракување291
Забрзувајте се до саканата брзина
и притиснете < или ]. Актуелната
брзина се регистрира.
В](/img/37/38581/w960_38581-292.png)
Возење и ракување291
Забрзувајте се до саканата брзина
и притиснете < или ]. Актуелната
брзина се регистрира.
Возилото може да се вози
нормално но не ќе може да се
надмине програмираното
ограничување на брзината освен
при итна потреба.
Каде што не може да се задржи ограничената брзина, на пр. кога се
вози по стрмна удолнина,
ограничената брзина ќе трепка на
Информативниот центар за
возачот.
Зголемување на ограничената
брзина
Ограничената брзина на возилото може да се зголемува непрекинато или во мали чекори со држење
притиснато или потчукнување <
повеќе пати.
Намалување на ограничената
брзина
Ограничената брзина на возилото може да се намалува непрекинатоили во мали чекори со држење
притиснато или потчукнување ]
повеќе пати.
Пречекорување на
ограничената брзина
Во случај на итна поптреба
возможно е да се пречекори
ограничената брзина со цврсто
притиснување на педалот за гас
преку отпорната точка.
Ограничената брзина ќе трепка на
Информативниот центар за
возачот за тоа време.Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Предупредување за брзината
3 114.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете $: ограничувачот на
брзината се деактивира и возилото може да се вози нормално.
Page 294 of 407

292Возење и ракувањеОграничената брзина се зачувува и
на Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Активирање на
функционалноста
Притиснете R. Функцијата за
ограничување на брзината е
одново активирана.
Притискањето < повторно ќе ја
активира функцијата за
ограничување на брзината, но
само со моменталната брзина на
возилото, а не зачуваната брзина.
Исклучување на системот Притиснете го U.
Жолтата контролна сијаличка U се
гасне во групата инструменти.
Активно итно сопирање Активното итно сопирање може да
помогне да се намали штетата или повредите од судири со возила
директно напред, кога судирот веќе
не може да се избегне со рачно
сопирање или со вртење.Карактеристиката користи разни
информации (на пр., од сензорот
на камерата, радарскиот сензор,
притисокот на сопирачките,
брзината на возилото) за да ја
пресмета веројатноста за преден
судир.9 Предупредување
Системот не е наменет да ја
замени одговорноста на
возачот за возење на возилото
и гледање напред. Неговата
функција е ограничена на
дополнително користење само
да се намали брзината на
возилото пред судир.
Системот открива само возила
кои се движат во ист правец.
По ненадејно менување лента,
на системот му треба одредено
време да го открие следното
возило напред.
Возачот мора постојано да биде подготвен да дејствува и да ги
активира сопирачките и да го
врти воланот за да избегнува
судири.
Услови за работа
Системот функционира ако
брзината на возилото е помеѓу
15 км/ч и 100 км/ч.
Активирање Системот е активен автоматскикога ќе се вклучи палењето.
Функционалност
Кога возите во горенаведениот
опсег на брзина и има опасност од
судир со возилото напред, l ќе
трепка и ќе се слушне
предупредувачка мелодија.
Сијаличката l и мелодијата ќе
прекинат кога системот ќе открие
дека повеќе нема опасност од
судир.
Веднаш пред заканата за судир,
системот автоматски сопира за да ја намали брзината на ударот или
да спречи судир.
Page 295 of 407

Возење и ракување2939Предупредување
Не потпирајте се на системот за
да го сопрете возилото.
Активното итно сопирање нема
да сопре надвор од опсегот на
брзината за работа и реагира
само на откриени возила.
Деактивирање и повторно
активирање
Активното итно сопирање може да
се деактивира ако возилото не се
движи и палењето е вклучено:
Движете се низ Информативниот
центар за возачот преку копчињата
на врвот од десната рачка додека
не се појави пораката Active
braking .
За да го деактивирате системот,
притиснете и задржете едно од
двете копчиња околу 3 секунди.
l свети во групата инструменти
додека системот ќе се активира
повторно.
За да го активирате системот
повторно, притиснете и задржете
едно од двете копчиња околу
3 секунди. l исчезнува.
Препорачуваме да го
деактивирате системот во
приспособувањето на возилото кон индивидуалните потреби во
следниве случаи:
● кога возилото се влече
● пред да користите автоматска перална за возила со вклучено
палење
● ако шофершајбната е оштетена во близина на
камерата
● ако е оштетен предниот браникУслови за повторно активирање
Системот за активно итно
сопирање може повторно да се
активира само во следниве случаи:
● рачката на менувачот не е во лер
● сопирачката за паркирање не е
активирана
● возилото не врти
Ограничувања на системот
Во извесни случаи, активното итно
сопирање може да даде
автоматско сопирање во ситуации
што изгледаат непотребни, на
пример во паркинг гаражи, поради
сообраќајни знаци на свиок или
поради возила на друга лента. Тоа
е нормална работа, на возилото не му треба сервисирање. Силно
притиснете на педалата за гас за
да го поништите автоматското
сопирање ако тоа го дозволуваат
ситуацијата и околностите.
Page 296 of 407

294Возење и ракувањеФункционирањето на активното
итно сопирање е ограничено во
следниве случаи:
● возење на ветровити или ридести патишта
● откривање на сите возила, особено возила со приколка,
трактори, калливи возила и др.
● откривање возило кога временските услови ја
намалуваат видливоста, како
при магла, дожд или снег
● возење навечер
● сензорот во шофершајбната или радарската единица зад
предниот браник се блокирани
од снег, мраз, лапавица, кал,
нечистотија и сл.
● шофершајбната е оштетена или е под влијание на
надворешни елементи, на
пример, налепници
При возење, секогаш е потребно
целосно внимание, а вие секогаш
треба да бидете подготвени да
преземете дејство и да гипримените сопирачките и / или
воланот на возилото за да
избегнете судир.
Дефект
Ако на системот му е потребно
сервисирање, се прикажува порака
во Информативниот центар за
возачот.
Дополнително, предупредувачките
трепкачи l и j се вклучуваат
истовремено.
Кога системот ќе открие дека
неговата функција не е достапна
повеќе, предупредувачкиот
трепкач l или j светнува и
останува вклучен. Дополнително,
се појавува и порака во
Информативниот центар за
возачот. Системот може да биде
привремено попречен (на пример:
радарот или камерата да се
попречени од нечистотија, кал,
снег и др.). Во овој случај,
паркирајте го возилото и исклучете
го моторот. Исчистете ја
шофершајбната околу камерата и
зоната за откривање на радарот во предниот браник. Когапредупредувачките трепкачи и
пораките сè уште се појавуваат и
по повторното стартување на
возилото, побарајте помош од
автомеханичар.
Помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад и користетего системот за задна помош за
паркирање.
Помошта за паркирање го мери растојанието помеѓу возилото и
пречите зад и, ако е достапно, пред возилото. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали.
Page 297 of 407

Возење и ракување295
Системот се состои од четири
ултразвучни сензори за паркирање во задниот браник и, ако е
достапно, четири ултразвучни
сензори за паркирање во предниот браник.
Ултразвучните сензори за
паркирање може да се активираат
или деактивираат во изборникот за поставки во Инфо-екранот.
Забелешка
Додадените предмети во опсегот
на забележувањето
предизвикуваат неиспавности во
системот.
Активирање
Задната помош за паркирање сеактивира кога ќе се избере
рикверц. Предната помош за
паркирање се активира кога ќе се избере некој степен на пренос. На
подготвеноста за работа укажува
краток звучен сигнал.
Показател
Периодот помеѓу звучните сигнали
се скратува како што возилото се
приближува до пречката. Кога
растојанието е помало од 30 см,
звучниот сигнал е непрекинат.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките се прикажува со
променливи линии за
оддалеченост во Инфо-екранот.
Деактивирање
Системот може да се деактивира
со притискање на =. Кога ќе се
деактивира, светнува LED-
сијаличката во копчето. Во
зависност од верзијата, системот
може да се деактивира и во
изборникот за поставки во Инфо-
екранот.
Page 298 of 407

296Возење и ракувањеРачно деактивирање
Системот мора да се деактивира
пред влечење или ако сензорите се
оштетени.
Автоматско деактивирање
Системот автоматски ќе се
деактивира кога:
● брзината на возилото е над 10 км/ч
● лостот на менувачот во N
● во зависност од верзијата, кога
возилото стои во место
подолго од околу 5 секунди и ќе
се открие пречка
Дефект
Ако системот открие дефект во
работата, се слуша постојано
звучно предупредување околу
3 секунди. Посоветувајте се со
автомеханичар за да Ви ја
отстранат причината на дефектот.Внимание
Кога се вози во рикверц, во
околината не смее да има
пречки кои може да го удрат
долниот дел на возилото.
Ударот на задната оска, кој
можеби не е видлив, може да
доведе до некарактеристични
измени во управувањето со
возилото. Во случај на таков
удар, посоветувајте се со
автомеханичар.
Основни белешки за системот
за помош за паркирање
9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.Внимание
Перформансите на сензоритеможе да се намалат кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за
помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако се
работи за повисоки возила (на
пр. возила за неасфалтирани
патишта, комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
во горните делови од такви
возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување, на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Page 299 of 407

Возење и ракување297Системот за помош за
паркирање нема да открива
предмети кои се надвор од
опсегот за откривање на
сензорите.
Известување за
странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
мртва зона. Системот прикажува
визуелно предупредување во секој
страничен ретровизор кога открива
објекти што може да не се видливи во внатрешниот и страничните
ретровизори.
Известувањето за странична слепа точка користи дел од сензорите за
помош за паркирање што се
наоѓаат на предниот и задниот браник од двете страни на
возилото.
9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
● возила вон страничните слепи зони што може да сеприближуваат брзо
● пешаци, велосипедисти или животни
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Активирање
Системот е активен кога брзината
на возилото е помеѓу 30 км/ч и
140 км/ч.
Деактивирање
За да го деактивирате системот,
притиснете . кога палењето е
вклучено. Кога ќе се деактивира, светнува LED-сијаличката во
копчето.
За повторно да го активирате
системот, повторно притиснете ..
LED-сијаличката во копчето се
исклучува.
Page 300 of 407

298Возење и ракувањеФункционалност
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека
возите напред, ќе светне LED-
сијаличка во соодветниот
страничен ретровизор.
LED-сијаличката се исклучува
веднаш по претекнувањето.
LED-сијаличката се вклучува по
кратко време кога бавно
претекнувате друго возило.
LED-сијаличката трепка кога
трепкачите се активирани и е
откриено возило.
Услови за работа
Следниве услови мора да бидат
исполнети за правилна работа:
● сите возила се движат во ист правец и во соседни ленти
● брзината на вашето возило е помеѓу 30 км/ч и 140 км/ч
● сообраќајот е нормален
● возење на прав пат или пат со мали кривини
● возилото не влече приколка
● сензорите не се покриени со кал, мраз или снег
● зоните за предупредување во страничните ретровизори или
зоните на откривање на
предниот и задниот браник не
се покриени
Нема да се даде предупредување
во следниве ситуации:
● во присуство на објекти што не
се движат, на пример,
паркирани возила, пречки,
улични сијалици, сообраќајни
знаци● со возила што се движат во спротивен правец
● при возење на пат со многу кривини или со остар агол
● кога претекнувате или ве претекнува многу долго
возило, на пример, камион,
шлепер, коешто во исто време
е откриено назад во аголот од
слепата точка и е присутно во
предното видно поле на
возачот
● во многу густ сообраќај, возилата откриени напред и
назад се мешаат со камион или објект што не се движи
● кога претекнувате многу брзо
Дефект
Во случај на дефект, во групата
инструменти ќе се прикаже
соодветна порака. Нека Ви ја
отстрани причината на дефектот
автомеханичар.