OPEL MOVANO_B 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: MOVANO_B, Model: OPEL MOVANO_B 2020Pages: 407, PDF Size: 9.43 MB
Page 271 of 407

Возење и ракување269Забелешка
Откривањето на пречките не е
можно при рачното дотерување.
Кога некоја мала брзина е
надмината или кога палењето е
исклучено, прилагодување на
висината автоматски се
деактивира и висината на
амортизација се враќа во
нормалната положба.
Сервисен режим Кога возилото е во мирување,
притиснете i за 5 секунди да се
стави возилото во сервисен режим. Контролната сијаличка ќе светне.
Кога е активиран сервисниот
режим, главниот прекинувач на
воздушната амортизација мора да
е исклучен.
За да излезете од сервисниот
режим, повторно притиснете i
околу 5 секунди.Дефект
Ако се открие дефект, i ќе трепка
повремено. Ако се активира
сервисен режим и има дефект, h,
S и R ќе трепкаат истовремено.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички
Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира честичките
на саѓи од издувните гасови.
Системот содржи функција на
Page 272 of 407

270Возење и ракувањесамочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување.
Филтерот се чисти со изгорување
на честичките од саѓи периодично
на висока температура. Овој
процес се одвива автоматски
според поставени услови за
возење. Autostop не е достапно и
потрошувачката на гориво може да
биде поголема за тоа време.
Испуштањето на миризби и чад за
време на овој процес е нормално.
Во извесни услови за возење, на
пр. кратки растојанија, системот не
може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле автоматско чистење, на тоа ќе
укаже светење на контролната
сијаличка j 3 110. Побарајте
помош од автомеханичар веднаш.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето е побрзо при големи
брзини и оптовареност на моторот.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.
Внимание
Класите на масла поинакви од
оние наброени на страница
3 302 може да го оштетат
катализаторот или
електронските компоненти.
Неизгореното гориво ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, држејќи ја брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
Ако контролната сијаличка Z
трепка, дозволените гранични
вредности за испуштање може да
бидат пречекорени. Подигнете ја
ногата од педалот за гас
додека Z не престане да трепка и
не свети постојано. Контактирајте
со автомеханичар веднаш.
Контролно светло за
неисправности 3 109.
Page 273 of 407

Возење и ракување271AdBlue
Општи информации Селективното каталитичко
намалување е метод за значително
намалување на азотните оксиди во издувните гасови. Тоа се
постигнува со инјектирање издувна течност од дизел (DEF) во
издувниот систем.
Ознаката на оваа течност е
AdBlue ®
. Тоа е нетоксична,
незапалива, безбојна течност без
мирис што се состои од 32% уреа и 68% вода.9 Предупредување
Избегнувајте контакт на очите и
кожата со AdBlue.
Во случај на контакт со очите
или кожата, исплакнете со вода.
Внимание
Избегнувајте контакт на бојата
со AdBlue.
Во случај на контакт, исплакнете со вода.
AdBlue замрзнува на температура
од приближно 11 °C. Со оглед на
тоа што возилото е опремено со предгреач за AdBlue, обезбедено е
намалување на емисиите при
ниски температури. Предгреачот
за AdBlue работи автоматски.
Предупредувања за нивото Потрошувачката на AdBlue е
приближно 3,5 литри на 1000 км и
зависи од начинот на возење.
Мерач за AdBlue 3 103.
Нивоа на предупредување во
Информативниот центар на
возачот
Доколку нивото на AdBlue падне
под одредена вредност, на
Информативниот центар за
возачот ќе се прикаже
предупредување за нивото 3 115.
Додатно, контролната сијаличка ú
свети постојано заедно со
предупредувачка мелодија.
Дополнете го резервоарот за
AdBlue што е можно побрзо.
Погледнете во „Дополнување
AdBlue“ подолу.
Доколку не се наполни AdBlue до
одредено растојание, на
Информативниот центар за
возачот и понатаму се прикажуваат
предупредувања за нивото во
зависност од моменталното ниво
на AdBlue.
Page 274 of 407

272Возење и ракувањеСпречено рестартирање на
моторот
Последователните барања за
дополнување на AdBlue и конечно
објавувањето дека
рестартирањето на моторот ќе биде спречено се прикажани во
Информативниот центар за
возачот.
Забелешка
Овие ограничувања се законска
обврска.Фази на предупредување: нивоа на
предупредување, спречено е
стартување на моторот 1. Пораката за предупредување TOP UP ADBLUE се прикажува
откако палењето ќе се вклучи и опсегот е помал од 2400 км.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Дополнете го резервоарот за
AdBlue наскоро.
2. ú свети и пораката за
предупредување TOP UP
ADBLUE се прикажува откако
палењето ќе се вклучи иопсегот е помал од 1500 или
1200 км.
Дополнете го резервоарот за
AdBlue наскоро.
3. ú свети и пораката за
предупредување XXXX KM
FAILURE TOP UP ADBLUE се
прикажува откако палењето ќе
се вклучи и опсегот е помал од
1000 или 800 км. Пораката за
предупредување се повторува
на секои 100 км. Кога опсегот е
помал од 200 км, пораката се
повторува на секои 50 км.
Брзината на моторот може да
биде ограничена до 20 км/ч по
исклучување и вклучување на
моторот додека растојанието е
ограничено на 0 км.
Дополнете го резервоарот
целосно или со најмалку
10 литри AdBlue (во зависност
од потрошувачката на AdBlue)
што е можно побрзо.
4. Светнува Y при возење со
порака за предупредување 0KM
FAILURE TOP UP ADBLUE :Моторот не може да се стартува
по исклучување на палењето.
За да овозможите стартување
на моторот, дополнете го
резервоарот целосно или со
најмалку 10 литри AdBlue (во
зависност од потрошувачката
на AdBlue) што е можно побрзо.
Покрај светењето на контролната
сијаличка Y, може да се слушне и
предупредувачка мелодија.
Предупредувачки мелодии 3 117.Предупредувања за многу издувни
гасови
Ако издувните гасови се зголемат
над одредена вредност,
предупредувања слични на
предупредувањата за опсегот
опишани погоре ќе се прикажат во
Информативниот центар за
возачот. Контролната сијаличка ú
свети постојано заедно со j
3 110 и предупредувачка мелодија.
Барањата за проверка на
издувниот систем и најпосле
објавувањето дека ќе се спречи
Page 275 of 407

Возење и ракување273стартувањето на моторот се
прикажани во Информативниот
центар за возачот.
Забелешка
Овие ограничувања се законска
обврска.
Побарајте помош од
автомеханичар колку е можно
поскоро.Фази на предупредување: предупредувања за многу издувни
гасови 1. Светнуваат ú и j со порака
за предупредување Check Anti-
Pollution System .
Дефект во системот што може
да предизвика губење на
силата на моторот.
Побарајте помош од
автомеханичар колку е можно
поскоро.
2. Светнуваат ú и j со порака
за предупредување xxxKM
failure antipollution .
Покажува дека за помалку од
1000 или 800 км ќе се спречи
стартувањето на моторот поисклучување на палењето.
Оваа предупредувачка порака
ќе се повторува на секои 100 км.
Кога опсегот е помал од 200 км,
пораката се повторува на секои 50 км.
Брзината на моторот може да
биде ограничена до 20 км/ч по
исклучување и вклучување на
моторот додека растојанието е
ограничено на 0 км.
Побарајте помош од
автомеханичар колку е можно
поскоро.
3. Светнуваат ú и j со порака
за предупредување 0KM failure
antipollution .
Моторот не може да се стартува
по исклучување на палењето.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Покрај светењето на контролните
сијалички ú и j , може да се
слушне и предупредувачка мелодија.
Предупредувачки мелодии 3 117.Верзија без нивоа на
предупредување во
Информативниот центар на
возачот
Кога мерачот за AdBlue покажува
многу ниско ниво, контролната
сијаличка ú прво свети постојано,
а потоа, како што нивото на
мерачот за AdBlue опаѓа за
одредена вредност, ú трепка
неколку секунди, а потоа свети
постојано.
Дополнете го резервоарот за
AdBlue што е можно побрзо.
Погледнете во „Дополнување
AdBlue“ подолу.
Page 276 of 407

274Возење и ракувањеВозењето е можно без никакви
ограничувања.
Забелешка
Овие ограничувања се законска
обврска.Фази на предупредување: нивоа на
предупредување, губење на
силата на моторот
1. Опсег А. Нема контролна
сијаличка:
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
2. Опсег B. Светнува контролната
сијаличка ú:
Дополнете го резервоарот за
AdBlue што е можно побрзо.
3. Опсег C. Контролната сијаличка
ú трепка неколку секунди
секогаш кога ќе се вклучи
палењето, а потоа свети
постојано:
Дополнете го резервоарот за
AdBlue што е можно побрзо.
4. Опсег D. Контролната сијаличка
ú трепка неколку секунди
секогаш кога ќе се вклучи
палењето, а потоа свети
постојано заедно со
предупредувачка мелодија:
Губење на силата на моторот.
Дополнете го резервоарот
целосно или со најмалку
10 литри AdBlue (во зависност
од потрошувачката на AdBlue)
што е можно побрзо.
5. Опсег E. Резервоарот е празен
и контролната сијаличка ú
трепка заедно со
предупредувачки мелодии:
Брзината на возилото ќе биде
ограничена на 20 км/ч поисклучување и вклучување на
моторот.
Дополнете го резервоарот
целосно или со најмалку
10 литри AdBlue (во зависност
од потрошувачката на AdBlue)
што е можно побрзо.
Предупредувања за многу
издувни гасови
Ако емисија на издувни гасови се
издига над одредена вредност,
контролната сијаличка ú свети
заедно со j 3 110 . Посоветувајте
се со автомеханичар колку е можно
поскоро.
Забелешка
Овие ограничувања се законска
обврска.Фази на предупредување:
предупредувања за многу издувни
гасови 1. ú и j светнуваат:
Дефект во системот.
Побарајте помош од
автомеханичар колку е можно
поскоро.
Page 277 of 407

Возење и ракување2752.ú и j трепкаат кога моторот
ќе стартува, а потоа светат
постојано:
Дефект во системот што
предизвикува губење на силата
на моторот.
Побарајте помош од
автомеханичар колку е можно
поскоро.
3. ú и j трепкаат:
Дефект во системот.
Брзината на возилото ќе биде
ограничена на 20 км/ч по
исклучување и вклучување на
моторот.
Побарајте помош од
автомеханичар колку е можно
поскоро.
Покрај светењето на контролните
сијалички ú и j , може да се
слушне и предупредувачка
мелодија.
Предупредувачки мелодии 3 117.Дополнување AdBlueВнимание
Користете само AdBlue што е во
согласност со европските
стандарди DIN 70 070 и
ISO 22241-1.
Не користете адитиви.
Не разредувајте го AdBlue.
Инаку, системот за селективно
каталитичко намалување може
да се оштети.
Забелешка
Ако треба да се дополни AdBlue
на многу ниски температури,
системот може да не го открие
дополнувањето. Во тој случај,
паркирајте го возилото на место
со повисока околна температура
додека AdBlue не се втечни.
Забелешка
Ако стартувањето на моторот е
спречено поради ниско ниво на
AdBlue, препорачуваме да го
дополните резервоарот целосно
или со најмалку 10 литри AdBlue
(во зависност од потрошувачката
на AdBlue).
Избегнувајте мали дополнувања
(на пример помали од 10 литри),
инаку системот може да не го
препознае дополнувањето.
Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење, може да излезат амонијачки
пареи. Не вдишувајте ги затоа
што пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се
вдишат.
Page 278 of 407

276Возење и ракувањеВозилото мора да се паркира на
рамна површина.
Грлото на полначот за AdBlue се
наоѓа позади вратичката на
резервоарот, лоцирана од десната
страна на возилото.
Вратичката на резервоарот може
да се отвори само ако возилото е
отклучено и е отворена десната
врата.9 Опасност
Возила со систем за сопирање-
поаѓање: Моторот мора да се
исклучи и клучот за палење да
се отстрани за да се избегне
ризикот од автоматско повторно стартување на моторот од
страна на системот.
Зафатнини 3 365.
Пумпна станица9 Опасност
Следете ги упатствата за
ракување и безбедност на
бензинската пумпа кога
дополнувате AdBlue.
1. Изгаснете го моторот и извадете го клучот од
прекинувачот за палење.
2. Отворете ја десната врата и повлечете го капачето од
грлото за полнење гориво за да го отворите.
3. Одвртете го синото заштитно капаче кон лево од грлото за
полнење.
4. Целосно вметнете ја цевката на
пумпата во грлото на полначот
и вклучете ја.
5. Кога полнењето е завршено, монтирајте го заштитното
капаче и свртете надесно до
крај.
6. Затворете ја вратичката на резервоарот и вратата од
десната страна.
AdBlue канистер Забелешка
Користете ги само наменските
канти за AdBlue за дотурање за да спречите прекумерно ставање
AdBlue. Освен тоа, пареите во
резервоарот се собираат во
кантата и не излегуваат.
Забелешка
Со оглед на тоа што AdBlue има
ограничена трајност, проверете го рокот на траење пред полнењето.
Page 279 of 407

Возење и ракување2771. Изгаснете го моторот иизвадете го клучот од
прекинувачот за палење.
2. Отворете ја десната врата и повлечете го капачето од
грлото за полнење гориво за да го отворите.
3. Одвртете го синото заштитно капаче кон лево од грлото за
полнење.
4. Отворете ја кантата за AdBlue.
5. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
6. Подигнете ја кантата додека не се испразни или додекапротокот од кантата не запре.
Тоа може да потрае до пет
минути.
7. Спуштете ја кантата за да се испразни цревото и почекајте
15 секунди.
8. Одвртете го цревото од грлото за полнење.
9. Поставете го заштитното капаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.
10. Затворете ја вратичката на резервоарот и вратата оддесната страна.
Забелешка
Фрлете ја кантата за AdBlue
според барањата за животна
средина. Цревото може да се
употреби повторно откако ќе се
исплакне со чиста вода пред да се
исуши AdBlue.
Забелешка
Оставете го возилото да работи во место барем десет секунди за
да му дозволите да го препознае
дополнувањето на AdBlue.Ако не го направите тоа, системот
ќе го препознае дополнувањето на AdBlue по околу 20 минути
возење.
Ако полнењето на AdBlue е
успешно утврдено,
предупредувања за нивото на
AdBlue ќе исчезнат.
Ако полнењето со AdBlue не се
прикаже одредено време после
палење на моторот, побарајте
помош од автомеханичар.
Капаче на резервоар
Користете само оригинални
капачиња на резервоар.
Резервоарот за AdBlue има
специјално капаче.
Дефект
Ако системот открие оперативна
грешка, контролната сијаличка ú
свети заедно со предупредувачка
мелодија j. Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Зависно од верзијата, може да се
појави соодветна порака и во
Информативниот центар за
возачот 3 115.
Page 280 of 407

278Возење и ракувањеРачен менувач
За да ставите во рикверц, кога
возилото е во мирување,
притиснете го куплунгот,
повлечете го прстенот на рачката
на менувачот нагоре и ставете во рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го. Потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Непрепорачливо е да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Менување брзини 3 111.
Систем за сопирање-поаѓање
3 263.
Автоматизиран рачен
менувач
Автоматскиот рачен менувач
(МТА) овозможува рачно (рачен
режим) или автоматско менување
на брзините (автоматски режим), и
двете со автоматска контрола на
кумплунгот.
Екран на менувачот
Ги покажува режимот и
моменталната брзина на
менувачот.