OPEL MOVANO_B 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: MOVANO_B, Model: OPEL MOVANO_B 2020Pages: 407, PDF Size: 9.43 MB
Page 281 of 407

Возење и ракување279Палење на моторот
Нагазнете ја педалата на
сопирачката кога го палите
моторот. Ако педалата на
сопирачката не е притисната, на
екранот на менувачот се пали T и
моторот не може да се запали.
Кога е притисната педалата на
сопирачката, менувачот
автоматски се префрлува во N
(лер). На екранот на менувачот се појавува „N“ и моторот може да се
стартува. Може да настапи кратко
задоцнување.
Рачка на менувачотСекогаш придвижувајте ја рачката
на менувачот во соодветната
насока до каде што може да оди.
При пуштање, автоматски се враќа во средишната положба.N:лерD/
M:префрлување помеѓу
автоматскиот и рачниот
режим
Приказот за менувачот
покажува „D“ кога е во
автоматски режим.R:рикверц
Ставајте во рикверц само
кога возилото е во
мирување. Екранот на
менувачот покажува „R“ кога
е ставено во рикверц.+:менување во поголема
брзина.-:менување во помала
брзина.
Поаѓање
Кога се пали моторот, менувачот е
во автоматскиот режим. Нагазнете
ја сопирачката педала и поместете ја рачката на менувачот кон + за да
се стави во прва брзина.
Ако се избере R, се активира
рикверц. Возилото почнува да се
движи штом ќе се отпушти
педалата на сопирачката. За брзо
поаѓање, отпуштете ја педалата на сопирачка и давајте гас веднаш по
ставањето во брзина.
Во автоматскиот режим, менувачот се префрлува во други брзини
автоматски, зависно од условите
за возење.
За да го вклучите рачниот режим,
поместете ја рачката на менувачот
кон D/M . Моменталната брзина ќе
се појави на екранот на менувачот.
За да се стави во прва брзина,
нагазнете ја сопирачката педала и
поместете ја рачката на менувачот кон + или -. Префрлувајте во
поголема и помала брзина со
движење на рачката на менувачот
кон + или -. Брзините може да се
прескокнат со придвижување на
рачката на менувачот повеќепати
за кратки периоди.
Page 282 of 407

280Возење и ракувањеЗапирање на возилотоВо автоматски или рачен режим,
првата брзина е ставена и
куплунгот е отпуштен кога
возилото се запира. Во R,
рикверцот останува активен.
Кога застанувате на стрмнини,
затегнете ја сопирачката за
паркирање или притиснете ја
педалата на сопирачката. За да се
спречи прегревањето на
квачилото, може да се огласи
повремен предупредувачки звук
како опомена да ја притиснете
педалата на сопирачка или да ја
затегнете сопирачката за
паркирање.
Изгаснете го моторот ако
застанувате за подолго, на пр. во
сообраќајни метежи.
Кога возилото е паркирано и е
отворена возачката врата, се
огласува предупредувачки звук ако
не е избран лер или ако не е
притисната педалата за сопирање.Моторно сопирање
Aвтоматски режим
Кога се вози по удолнини,
автоматизираниот рачен менувач
не се префрлува во поголеми
брзини додека не се достигне
релативно голема брзина на
моторот. Благовремено се
префрлува во помала брзина кога
се сопира.
Рачен режим
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини.
Нишање на возилото Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
дупка. Ставајте ја рачката на
менувачот меѓу R и D/M (или меѓу
+ и -) повеќепати, истовремено
благо притискајќи ја педалата за
гас. Не турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка. Останува активирана најпоследно
избраната брзина (видете на
екранот на менувачот). Со N не е
ставено во ниедна брзина.
Кога палењето е исклучено,
менувачот веќе не реагира на
движењата на рачката на
менувачот.
Ако палењето не е исклучено или
рачната сопирачка не е затегната,
ќе се огласи предупредувачко
ѕвоно при отворање на возачката
врата.
Рачен режим
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на моторот е
премала, или помала брзина на
менувачот кога брзината на
возилото е преголема, не се
извршува менувањето на брзини.
Тоа го спречува моторот да работи
со премала или преголема брзина
на моторот.
Page 283 of 407

Возење и ракување281Ако брзината на моторот е
премала, менувачот автоматски се
менува во помала брзина.
Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина
само преку збоднувањето.
Електронски програми завозењето
Режим за товарење кг
Возможно е да се користи режимот
за товарење и во рачен и во
автоматски режим. И во двата
случаја шаблоните за менување на
брзините се приспособуваат
автоматски кон носењето на
зголемен товар.
Активирање
Притиснете kg. Контролната
сијаличка kg се покажува на
екранот на менувачот. Менувачот
потоа ќе одбира оптимизирани
шаблони за менување брзини.
Деактивирање
Режимот за товарење се исклучува со:
● притиснете kg повторно
● исклучување на палењето
Збоднување Ако педалот за гас е притиснатпреку отпорната точка, менувачот
се префрлува во помала брзина
зависно од брзината на моторот.
За забрзување целата моќност на
моторот стои на располагање.
Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина,
дури во рачниот режим. Беззбоднувањето ова автоматско
менување не настанува во
механичкиот режим.
Дефект
Во случај на дефект, контролната
сијаличка W се покажува на
екранот на менувачот. Може да се
продолжи со возењето под услов
возилото да се вози внимателно и
со предвидување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањето Куплунгот не се ослободува ако
има прекин на напојувањето кога
се става во брзина. Возилото не може да се помрдне.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 351.
Ако причината за прекинот на
напојувањето не е испразнет
акумулатор, побарајте помош од
автомеханичар.
Page 284 of 407

282Возење и ракувањеАко не може да се стави во лер,
возилото смее да се влече само така што погонските тркала треба
да бидат кренати од земјата
3 353.
Влечење на возилото 3 353.Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога ќе го притиснете педалот за
сопирачките цврсто. Значително
повеќе сила треба да користите за
тоа. Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 110.Систем за деблокирање
на сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото осанува управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз педалот.
Контролна сијаличка u 3 111.
Дефект
Ако контролните сијалички u и
j светнуваат со порака во
Информативниот центар за
Page 285 of 407

Возење и ракување283возачот, има дефект на ABS.
Системот на сопирачките останува
функционален, но без регулирање
ABS.9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Ако контролните сијалички u, j ,
R и C светат, ABS и ESC се
деактивирани и се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на сопирачка за
паркирање, истовремено
ослободете ја педалата на
сопирачката.
Контролна сијаличка j 3 110.
Паркирање 3 266.
Повлекувачка сопирачка за
паркирање
Зависно од возилото, сопирачката
за паркирање се повлекува во
хоризонална позиција дури и кога
сопирачката за паркирање е
подигната.
Page 286 of 407

284Возење и ракувањеЗа да ја ослободите сопирачката запаркирање, притиснете го копчето
за ослободување и повлечете ја
рачката малку нагоре, па вратете ја
во хоризонтална положба.
За да ја затегнете сопирачката за
паркирање, повлечете ја рачката
нагоре, па отпуштете ја. Рачката се
враќа во хоризонтална положба.
Серво кочење
Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно
сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Серво кочењето не е достапно за
време на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 263.Помош при поаѓање на
угорници
Системот спречува несакано
движење кога поаѓате на нагиби,
во зависност од стрмноста.
При ослободување на педалата на
сопирачката при запирање на
закосени површини (со менувачот
во брзина или рикверц),
сопирачките остануваат активни за дополнителни 2 секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.Внимание
Помошта при поаѓање на нагорнина не може целосно да
го спречи движењето на
возилото во сите ситуации
(екстремно стрмни делови од
патот, итн.).
Ако е потребно, притиснете ја
педалата на сопирачката за да
спречите движење на возилото наназад.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 263.
Page 287 of 407

Возење и ракување285Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето е составен дел од
електронската контрола на
стабилноста (ESC) која ја
подобрува стабилноста на
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
патот или прилепувањето на
гумите, така што спречува
пролизгување на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да пролизгуваат, излезната сила на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу пролизгува се сопира
поединечно. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.Системот за контрола на
пролизгувањето почнува да работи штом палењето ќе се вклучи и
контролната сијаличка b се
исклучи во групата инструменти.
Кога системот за контрола на
пролизгувањето е активен, b
трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 111.
Помош за стабилноста на
приколката 3 307.
Подобрена функција на
пролизгување
Ако е потребно, ако има меко тло,
кал или патот е покриен со снег,
системот за контрола на
пролизгувањето може да се
деактивира за да се намали
пролизгувањето:
Притиснете го Ø.
Во Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Кога брзината на возилото ќе
достигне 50 км/ч, системот
автоматски се префрла на
стандардна работа на системот за
Page 288 of 407

286Возење и ракувањеконтрола на пролизгувањето. Во
Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Системот за контрола на
пролизгувањето повторно се
активира со повторно притискање
на Ø .
Во Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Дефект
Ако системот забележи дефект,
контролната сијаличка b 3 111
постојано свети заедно со j
3 110 во групата инструменти и
соодветна порака се појавува во
Информативниот центар за
возачот.
Системот за контрола на
пролизгувањето не работи. Нека
Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Пораки за возилото 3 117.
Информативен центар за возачот
3 115.Електронска контрола на
стабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на површината на патот или
прилепувањето на гумите. Го
спречува и шлајфувањето на
погонските тркала.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење / нагло
свртување), излезната сила на моторот се намалува и тркалата се закочуваат посебно. Тоа
значително ја подобрува
стабилноста при возење на
возилото на лизгави површини на
коловозот.
ESC почнува да работи штом
палењето ќе се вклучи и
контролната сијаличка b се
исклучи во групата инструменти.
Кога се активира ESC, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 111.
Помош за стабилноста на
приколката 3 307.
Подобрена функција на
пролизгување
Page 289 of 407

Возење и ракување287Ако е потребно, ако има меко тло,
кал или патот е покриен со снег,
ESC може да се деактивира за да
се намали пролизгувањето:
Притиснете го Ø.
Во Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Кога брзината на возилото ќе
достигне 50 км/ч, системот
автоматски се префрла на
стандардна работа на системот
ESC. Во Информативниот центар за возачот се појавува порака.
ESC повторно се активира со
повторно притискање на Ø.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.Контрола на вртежниот момент
на влечењето на моторот
Системот за контрола на
вртежниот момент на влечењето
на моторот е интегрална функција
на ESC. Кога се става во помала
брзина на лизгави површини,
брзината на моторот и вртежниот
момент се зголемуваат за да се
спречи заклучување на погонските
тркала при нагло забавување.
Помош за страничен ветар Помошта за страничен ветар е
вградена карактеристика на ESC и
ја одржува патеката на возилото.
Кога системот ќе се вклучи, во
Информативниот центар за
возачот ќе се појави ".
Дефект
Ако системот забележи дефект,
контролната сијаличка b 3 111
постојано свети заедно со j
3 110 во групата инструменти и
соодветна порака се појавува во
Информативниот центар за
возачот 3 115.ESC не функционира. Нека Ви ја
отстрани причината на дефектот
автомеханичар.
Пораки за возилото 3 117.
Информативен центар за возачот
3 115.
Задна оска со ограничено лизгање
Возилата со погон на задните
тркала може да се опремени со
заден диференцијал со автоматско
заклучување којшто автоматски го
контролира вртежниот момент на
секое задно тркало, го подобрува
триењето на мека подлога, кал или подлоги прекриени со снег.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Page 290 of 407

288Возење и ракувањеКога брзината на возилото ќе
стигне до 30 км/ч или кога задните
тркала ќе се вратат на подлоги со
нормално триење, на пример
асфалтирани патишта, системот
автоматски се деактивира, а
понекогаш при тоа се слуша и
бучава (но тоа не влијае врз
однесувањето на возилото).
Системот може да се деактивира и
рачно штом ќе се создадат услови
за нормално триење со кратко
ослободување на педалата за гас.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и задржи брзини од
30 км/ч и нагоре. Може да дојде до
отстапувања од снимените брзини кога се вози по угорници или
удолнини. Зачуваната брзина ќе
трепка на информативниот центар
за возачот 3 115.
Од безбедносни причини
контролата на патувањето не може
да се активира се додека еднаш не
се искористи педалата за
сопирање.
Не ја користете контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се задржува постајана брзина.
Со автоматизираниот рачен
менувач, контролата на
патувањето активирајте ја само во
автоматски режим.
Контролните сијалички m и U
3 114.
Вклучување на системот