OPEL VIVARO B 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2014.5Pages: 209, PDF Size: 4.27 MB
Page 121 of 209

Возење и ракување119Положби на
прекинувачот за палењеSt=Исклучено палењеA=Бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палењеM=Вклучено палење
Мотори на дизел:
предзагревањеD=ПалењеКопче за вклучување
Електронскиот клуч треба да е во
возилото, или во читачот на
картички или во совозачката
касета.
Ако електронскиот клуч не е во
возилото, се појавува соодветна
порака на Информативниот центар за возачот 3 93.
Забелешка
Не ставајте го електронскиот клуч
во товарниот простор додека
возите, бидејќи тоа е надвор од
зоната на откривање (на што
укажува предупредувачка
мелодија при мала брзина 3 94 и
порака на Информативниот
центар за возачот 3 93).
Некои функции, на пр.
Инфозабавниот систем, се
достапни за употреба штом
влезете во возилото.
Режим за помошно
напојување
Притиснете го копчето Start/Stop
без притискање на педалите на
куплунгот или на сопирачките за да овозможите да се ракува со повеќе
електрични функции.
Стартување на моторот
Притиснете ги педалите на
куплунгот и сопирачките и
притиснете го копчето Start/Stop.
Отпуштете го копчето откако ќе
почне стартувањето.
Ако е ставено во брзина, моторот
може да се запали само со
притискање на педалата на
куплунгот и со притискање на
копчето Start/Stop .
Page 122 of 209

120Возење и ракување
Во некои случаи може да биде
потребно да се помести малку воланот додека се притиска
копчето Start/Stop за да се
ослободи блокадата на воланот. На Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака 3 93.
При многу ниска надворешна
температура (на пр. под 10 °C)
држете ја педалата на куплунгот
притисната додека го притискате
копчето Start/Stop додека да
запали моторот.
Ако еден од условите за палење не
е исполнет, се појавува соодветна
порака на Информативниот центар за возачот 3 93.
Пораки за возилото 3 93.
Гаснење на моторот
Електронскиот клуч треба да е во
возилото, или во читачот на
картички или во совозачката
касета.
Кога возилото е во мирување,
притиснете го копчето Start/Stop за
да го изгасите моторот. Блокадатана воланот се активира кога ќе се
отвори возачката врата и возилото е заклучено.
Централна брава 3 25.
Задржано исклучување Притиснете го копчето Start/Stop
подолго од две секунди; моторот се
гаси додека некои функции, на пр.
Инфозабавниот систем, се
достапни за употреба околу
10 минути.
Овие функции престануваат да
работат кога ќе се отвори
возачката врата и возилото е
заклучено.
Забелешка
Секогаш земајте го електронскиот клуч со себе кога излегувате од
возилото.
На електронски клуч оставен во
читачот на картички укажуваат
предупредувачка мелодија 3 94 и
порака на Информативниот
центар за возачот 3 93 кога е
отворена возачката врата.9 Опасност
Не оставајте го електронскиот
клуч во возилото кога оставате деца или животни во него за да
избегнете ненамерно ракување
со прозорците, вратите или
моторот. Ризик од смртоносна
повреда.
Дефект
Ако моторот не може да се запали,
причина може да биде следното:
■ Дефект на електронскиот клуч.
■ Електронскиот клуч е надвор од опсегот на приемот.
■ Напонот во батеријата е пренизок.
■ Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
■ Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Замена на батеријата 3 21.
Page 123 of 209

Возење и ракување121
Централна брава 3 25.
Систем на електронскиот клуч
3 24.
Палење на моторот
Рачен менувач:ракувајте со
куплунгот.
Не давајте гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положба M за предзагревање
додека не се изгасне контролната
сијаличка ! во групата
инструменти 3 90.
Свртете го клучот во положбата D
и отпуштете го.
Зголемената брзина на моторот
автоматкси се враќа на
нормалната брзина во лер додека
зголемува температурата на
моторот.
Обидите за палење не смеат да
потраат подолго од 15 секунди. Ако
моторот не се пали, почекајте
15 секунди пред да ја повторите постапката за палење. Ако е
потребно, притиснете го педалот
за гас пред да ја повторите
постапката за палење.
Пред да палите повторно или за да се изгасне моторот, вратете го
клучот на St.Контрола на брзината во
лер
За зголемување на брзината во
лер, притиснете го прекинувачот.
За неколку секунди функцијата ќе се активира.
Функцијата ќе се деактивира кога: ■ Куплунгот е притиснат
■ Педалот за гас е притиснат
■ Брзината на возилото е над 0 км/ч
■ Контролната сијаличка F, W
или C свети во групата
инструменти
Page 124 of 209

122Возење и ракување
За да се зголеми или намали
степенот на брзото возење во лер, посоветувајте се со
автомеханичар.
Исклучување на
возилото
Систем за прекин на дотокот
на гориво
Ако возилото остане без гориво,
горивниот систем се отсекува и
треба да се препостави по
полнењето гориво. Соодветна
предупредувачка порака може да
се појави и во Информативниот
центар за возачот 3 93.9 Опасност
Ако ви замириса на гориво во
возилото, или има истекување
гориво, веднаш поправете ја
причината за тоа на сервис. Не
ресетирајте го системот за
прекин на дотокот на гориво за
да спречите опасност од пожар.
Препоставување со клучот на
далечинскиот управувач /
рачниот клуч
За да го ресетирате системот за
прекин на дотокот на гориво и да овозможите возилото да се вози:
1. Свртете го клучот за палење во
положба M 3 119.
2. Почекајте неколку минути за да се препостави горивниот
систем.
3. Свртете го копчето во положба D за да го запалите моторот.
Ако моторот не запали, повторете
ја постапката.Препоставување со системот
на електронски клуч
За да го ресетирате системот за
прекин на дотокот на гориво и да
овозможите возилото да се вози:
1. Вметнете го електронскиот клуч
во читачот на картички 3 119.
2. Притиснете го копчето за палење/гасење на моторот без
притискање некоја педала.
3. Почекајте неколку минути за да се препостави горивниот
систем.
Ако моторот не запали, повторете
ја постапката.
Систем на електронскиот клуч
3 24.
Копче за вклучување 3 119.
Полнење гориво 3 139.
Page 125 of 209

Возење и ракување123Исклучување на
пребрзувањето Доводот на гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина но
педалот за гас е отпуштен.
Систем за сопирање-
поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите, го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
притисне педалата на куплунгот.
Активирање
Системот за сопирање-поаѓање е
достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање рачно со
притискање на копчето Î. LED-от
во копчето свети за да укаже на
исклучувањето и соодветна порака се појавува на Информативниот
центар за возачот 3 93.
Ако се исклучи рачно, можно е
повторно да се активира системот
за сопирање-поаѓање со повторно
притискање на копчето Î.
Пораки за возилото 3 93.
Autostop
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го
Autostop на следниов начин:
■ Притиснете ја педалата за куплунг.
■ Ставете ја рачката на менувачот во лер.
■ Отпуштете ја педалата за куплунг.
Моторот ќе се изгасне, а палењето останува вклучено.
На Autostop укажува запалено Ï во
групата инструменти 3 92.
Page 126 of 209

124Возење и ракување
За време на Autostop,
перформансите на сопирачките
остануваат исти. Меѓутоа, не е
достапно серво кочење 3 129.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање проверува дали се исполнети ситеуслови:
■ Cистемот за сопирање-поаѓање не е исклучен рачно.
■ багажникот е целосно затворен.
■ возачката врата е затворена и безбедносниот ремен на возачот
е прицврстен.
■ акумулаторот е доволно наполнет и е во добра состојба.
■ моторот е загреан.
■ температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока.
■ надворешната температура не е прениска или превисока (на пр.
под 0 °C или над 30 °C).
■ вакуумот на сопирачката е доволен.■ функцијата за одмрзнување не евклучена 3 107.
■ функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честички
не е вклучена 3 125.
■ возилото е поместено од последното Autostop.
Инаку, Autostop е попречено.
Повторно палење на моторотод страна на возачот
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Контролната сијаличка Ï 3 92 се
гаси во групата инструменти кога
моторот ќе се запали повторно.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за сопирање-поаѓање Рачката на менувачот треба да
биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот ќе се запали повторно
автоматски од страна на системот
за сопирање-поаѓање:
■ Системот за сопирање-поаѓање е исклучен рачно.
■ багажникот е отворен.
■ безбедносниот ремен на возачот
е одврзан и е отворена возачката
врата.
■ акумулаторот е испразнет.
■ температурата на моторот е прениска.
■ вакуумот на сопирачката не е доволен.
■ возилото почнува да се движи.
■ функцијата за одмрзнување е вклучена 3 107.
Ако некој електричен уред, на пр.
преносен ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кус
пад на напонот за време на
повторното палење.
Page 127 of 209

Возење и ракување125
ДефектАко дојде до дефект на системот за
сопирање-поаѓање, LED-от во
копчето Î свети, а на
Информативниот центар за
возачот 3 93 се појавува соодветна
порака. Побарајте помош од
автомеханичар.
Пораки за возилото 3 93.
Предупредувачки мелодии 3 94.
Паркирање ■ Не паркирајте го возилото на лесно запалива површина.
Високата температура на
системот на ауспухот може да ја
запали површината.
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка без да го притиснете
копчето за ослободување.
Затегнувајте ја колку што може
поцврсто на падини или
угорници. Истовремено
притиснете ја ножната сопирачка за да се намалат работните сили.■ Исклучете ги моторот и палењето. Завртете го воланот
додека не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.
■ Ако возилото е на рамна површина или угорница, ставете
во прва брзина пред да го
исклучите палењето. Ако
возилото е на угорница, свртете
ги предните тркала од работ на тротоарот.
Ако возилото е на удолнина,
ставете во рикверц пред да го
исклучите палењето. Свртете ги
предните тркала кон работ на
тротоарот.
■ Заклучете го возилото и активирајте ги системите за
заштита од кражба и за
тревожење при кражба.Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
Page 128 of 209

126Возење и ракување
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски и нормално е да
се испуштат мириси и чад притоа.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и не дојде до автоматско чистење, тоа ќе се означи со
светење на контролната сијаличка
F и Z во групата инструменти.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Катализатор Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класите на гориво поинакви од
оние наведени на страницата 3 139, 3 191, може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Неизгореното гориво ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, одржувајќи се брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
Ако контролната сијаличка Z
трепка, дозволените гранични
вредности за испуштање може да
бидат пречекорени. Подигнете ја
ногата од педалот за гас додека
Z не престане да трепка и не свети
постојано. Контактирајте со
автомеханичар веднаш.
Контролно светло за
неисправности 3 88.
Page 129 of 209

Возење и ракување127Рачен менувач
За да ставите во рикверц, кога
возилото е во мирување,
притиснете го педалот на
куплунгот, повлечете го прстенот
на рачката на менувачот нагоре и
ставете во рикверц спротив
отпорот.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Непрепорачливо е да се вози со раката легната на рачката на
менувачот.
Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање,
возилото се уште може да се сопре со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога ќе го притиснете педалот за
сопирачките цврсто. Значително
повеќе сила треба да користите за
тоа. Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Page 130 of 209

128Возење и ракување
Ако контролната сијаличка R
свети во групата инструменти за
време на возењето и се појавува
соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот, има дефект во системот
на сопирачките. Побарајте помош
од автомеханичар веднаш.
Контролна сијаличка R 3 89.
Пораки за возилото 3 93.
Систем за деблокирање
на сопирачките
Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
Контролна сијаличка u 3 89.
Дефект Ако контролната сијаличка u не се
изгасне по неколку секунди откако ќе се вклучи палењето или ако
свети за време на возењето, има
дефект на ABS. Контролната
сијаличка F 3 89 може да се запали
и во групата инструменти заедно со соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот. Системот на сопирачки
останува функционален, но без
регулирање од ABS.9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Ако контролните сијалички u, F ,
R 3 89 и C 3 89 светат, ABS и ESP
се деактивирани и се појавува
соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот. Нека Ви ја отстрани
причината на дефектот
автомеханичар.
Пораки за возилото 3 93.