OPEL VIVARO B 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2016.5Pages: 239, PDF Size: 4.92 MB
Page 101 of 239

Инструменти и контроли99Контролната сијаличка треба да е
сина пред да продолжите да
возите.
Предзагревање
! свети жолто.
Предзагревањето е активирано. Дури тогаш се активира кога
надворешната температура е
ниска.
AdBlue
Y свети жолто.
Нивото на AdBlue е ниско.
Дополнете AdBlue што побрзо, за
да се избегне спречувањето на
стартувањето на моторот.
Светнува заедно со контролниот
индикатор F за да покаже
неисправен систем или како
предупредување дека
стартувањето на моторот нема да
биде можно по одредено
растојание. Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.На Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака (DIC) 3 101.
Процентот на останато AdBlue може исто така да биде проверен
со постојано притискање на
копчето на крајот од рачката на
бришачот. Патен компјутер 3 104.
AdBlue 3 140.
Систем за контрола на притисокот во гумите
w свети или трепка жолто.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.
Свети
Губење на притисокот во гумата.
Застанете веднаш и проверете го
притисокот во гумата.
Контролната сијаличка w постојано
свети заедно со C 3 97, а во
Информативниот центар за
возачот (DIC) се појавува
соодветна порака ако е
забележана пукната или многу
издишана гума.Трепка
Дефект во системот. По извесно
време контролната сијаличка свети непрекинато. Посоветувајте се со
автомеханичар.
Контролната сијаличка w постојано
свети заедно со A 3 97, а во DIC
се појавува соодветна порака ако е ставена гума без сензор за
притисок (на пр. резервна гума).
Систем за контрола на притисокот
во гумите (TPMS) 3 189.
Притисок на моторното
масло
I свети црвено.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.
Свети додека работи моторот
Ако контролната сијаличка I
свети додека работи моторот
(заедно со контролна сијаличка C
и предупредувачка мелодија):
Сопрете, изгаснете го моторот.
Page 102 of 239

100Инструменти и контролиВнимание
Може да е прекинато
подмачкувањето на моторот.
Тоа може да резултира со
оштетување на моторот и/или
закочување на погонските
тркала.
1. Притиснете го куплунгот.
2. Ставете во лер (или ставете ја рачката на менувачот на N).
3. Иставете го возилото од сообраќајниот тек колку е
можно побрзо без попречување
на другите возила.
4. Исклучете го палењето.
9 Предупредување
Кога моторот е изгаснат,
потребна е значително
поголема сила за сопирање и за управување.
Не вадете го клучот додека
возилото не е во мирување,
инаку бравата на воланот може да се заглави неочекувано.
Проверете го нивото на маслото
пред да побарате помош од
автомеханичар 3 168.
Режим за економичност на горивото
ECO свети зелено кога е вклучен
ЕКО-режимот за да се намали
потрошувачката на гориво.
ЕКО-режим, возење економично
3 130.
Ниско ниво на гориво
Y свети жолто.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.
Свети кога нивото во резервоарот
за гориво е ниско (опсег прибл.
50 км), веднаш наполнете гориво
3 160.
Катализатор 3 140.
Цедење на системот за дизел
гориво 3 174.
Autostop D свети кога моторот е во Autostop.\ свети кога е попречено
Autostop затоа што некои услови не
се исполнети.
Систем за сопирање-поаѓање
3 136.
Надворешно светло
9 свети зелено.
Свети кога се запалени предните
фарови.
8 свети зелено.
Свети кога се запалени
страничните светла.
Светла 3 108.
Долго светло P свети сино.
Свети кога долгото светло се
запалено и за време на
аблендирањето 3 109.
Светло за магла
> Свети зелено.
Свети кога се запалени предните
фарови за магла 3 111.
Page 103 of 239

Инструменти и контроли101Заден фар за магла
ø свети жолто.
Свети кога е запален задниот фар
за магла 3 112.
Контрола на патувањето
m , U свети зелено или жолто.
m свети зелено кога се снима
извесна брзина.
U свети зелено кога системот е
вклучен.
Ограничувач на брзината
U свети жолто.
U свети жолто кога системот е
вклучен.
Контрола на патувањето и
ограничувач на брзината 3 152.
Тахограф
& свети кога има дефект 3 107.
Отворена врата y cвети црвено.Свети кога некоја врата не е
целосно затворена.
На Информативниот центар за
возачот (DIC) исто така се појавува
и соодветна порака 3 101.Информативни екрани
Информативен центар завозачот
Во зависност од конфигурацијата
на возилото, на екранот се
појавуваат следните ставки:
● надворешната температура 3 86
● часовник 3 87
● километража 3 90
● дневна километража 3 90
● екран за сервисирање 3 91
Page 104 of 239

102Инструменти и контроли● пораките за возилото 3 102
● патен компјутер 3 104
Инфо-екран
Централниот екран на
Инфозабавниот систем ги
прикажува времето и информации
од системот.
За повеќе информации, видете во
упатството за Инфозабавниот
систем.
Пораки за возилото
Пораките се прикажуваат на
Информативниот центар за
возачот (DIC) и може да се
придружени со светење на
контролната сијаличка F или C во
групата иструменти.
Информативни пораки
Информативните пораки во врска
со, на пр., условите за палење на
моторот, системот за сопирање-
поаѓање, затегнувањето на
паркирната сопирачка,
централната брава, блокирањето
на воланот итн. известуваат за моменталната состојба на
одредени функции на возилото и
даваат упатства за употреба.
Пораки за дефект
Пораки за дефект во врска со, на
пр., филтерот за гориво,
воздушните перничиња,
испуштањето издувни гасови итн.
се прикажуваат заедно соконтролната сијаличка F. Возете
претпазливо и побарајте помош од
сервисер што е можно поскоро.
За да се отстранат пораките за
дефект од екранот, на пр.
" ПРОВЕРКА НА ВБРИЗГУВАЊЕ ",
притиснете го копчето на крајот од
рачката на бришачите. По неколку
секунди пораката може да ја снема
автоматски и F останува запалено.
Тогаш дефектот ќе се зачува во
системот на автомобилот.
Предупредувачки пораки Предупредувачки пораки во врска
со, на пр. моторот, акумулаторот
или откажување на системот на сопирачките се прикажуваат
заедно со контролната сијаличка
C и може да ги придружува
предупредувачка мелодија.
Изгаснете го моторот веднаш и
побарајте помош од
автомеханичар.
Предупредувачки пораки, на пр.
„ ЕФЕКТ НА ПОЛНЕЊЕ НА
АКУМУЛАТОРОТ " исчезнуваат од
екранот автоматски кога причината
за дефект ќе биде отстранета.
Page 105 of 239

Инструменти и контроли103Пораки за економичноста на
потрошувачката
Пораките за економичноста напотрошувачката даваат совети за
подобрување на ефикасноста на
трошењето гориво. Патувања
можат да се сочуваат во
системската меморија, со што
можете да споредувате
перформанси.
Видете во прирачникот на
инфозабавниот систем за повеќе
информации.
Оценка за економичност на
потрошувачката 3 104.
Предупредувачки
мелодии
Се огласува само една
предупредувачка мелодија
одеднаш.
Може да се појави и соодветна
порака на Информативниот центар за возачот (DIC) кога ќе се огласи
предупредувачка мелодија.Кога се пали моторот или
додека се вози:
● Ако не е врзан безбедносен ремен 3 56.
● За време на работењето на трепкачите за вртење и
менување ленти 3 111.
● За време на светењето на одредени контролни сијалички.
● Ако помошта при паркирање забележи пречка 3 156.
● Ако брзината на возилото накратко надмине определено
ограничување 3 152, 3 155.
● Ако некоја врата или хаубата не се правилно затворени кога
возилото ќе надмине одредена брзина.
● Ако има дефект во системот за
сопирачки 3 97.
● Ако акумулаторот не се полни 3 96.
● Ако е прекинато подмачкувањето на моторот3 99.● Ако AdBlue има потреба од
дополнување или постои
дефект 3 140.
● Ако електронскиот клуч е надвор од опсегот за
откривање.
Систем на електронскиот клуч
3 24, Копче за вклучување
3 132.
Кога возилото е паркирано
и/или возачката врата е
отворена:
● Ако клучот е оставен во бравата за палење.
● Ако електронскиот клуч е оставен во читачот на
картички.
Систем на електронскиот клуч
3 24, Копче за вклучување
3 132.
● Ако возилото е во Autostop. Систем за сопирање-поаѓање
3 136.
● Ако се запалени надворешните
светла.
Page 106 of 239

104Инструменти и контролиНиво на моторното масло
Ако се достигне минималното ниво
на моторното масло, се прикажува
порака на Информативниот центар за возачот (DIC) 3 101 за
30 секунди откако ќе се запали
моторот.
Проверете го нивото на маслото
3 168.Патен компјутер
Патниот комјутер обезбедува
информации за податоците на
возењето, кои постојано се
снимаат и се оценуваат
електронски.
Зависно од возилото, следниве
функции може да се изберат со
притискање на копчето на крајот од
рачката на бришачите повеќепати:
● километража 3 90
● потрошено гориво
● просечна потрошувачка
● моментална потрошувачка
● досег
● дневна километража
● просечна брзина
● растојание пред сервисирање 3 91
● часовник 3 87, надворешна
температура 3 86
● брзината снимена од контролата на патувањето и
ограничувачот на брзината
3 152
● оценка за економичност на потрошувачката
● AdBlue преостанат процент 3 140
● пораки за дефекти и информации
Потрошено гориво
Го прикажува количеството на
потрошено гориво од последното
препоставување.
Мерењето може да се почне
одново во било кое време со
притиснување и држење на
копчето.
Page 107 of 239

Инструменти и контроли105Просечна потрошувачка
Вредноста се прикажува по возење на растојание од 400 метри.
Се прикажува просечната
потрошувачка, земајќи ги предвид
поминатото растојание и
потрошеното гориво од
последното препоставување.
Мерењето може да се почне од почеток во кое било време.
Моментална потрошувачка
Вредноста се прикажува откако ќе
се достигне брзина од 30 км/ч.
Опсег Вредноста се прикажува по возење
на растојание од 400 метри.
Досегот се пресметува од
актуелната содржина на
резервоарот за гориво и
просечната потрошувачка од
последното препоставување.
Досегот нема да се прикажува ако
контролната сијаличка Y свети во
групата инструменти 3 100.Дневна километража
Го прикажува извозеното
растојание од последното
препоставување.
Мерењето може да се почне од
почеток во кое било време.
Дневна километража 3 90.
Просечна брзина
Вредноста се прикажува по возење
на растојание од 400 метри.
Се прикажува просечната брзина
по последното ресетирање.
Мерењето може да се почне од
почеток во кое било време.
Прекините во патувањето кога
палењето беше исклучено не се вклучуваат во пресметките.
Препоставување на
информациите на патниот
компјутер
За препоставување на патниот
компјутер изберете една од
неговите функции, па притиснете
го и држете го копчето на крајот од
рачката за бришачите.Следните информации на патниот
компјутер ќе се препостават:
● потрошено гориво
● просечна потрошувачка
● дневна километража
● просечна брзина
Патниот компјутер автоматски ќе
се препостави кога максималната
вредност на било кои од
параметрите ќе се надмине.
Оценка за економичност на
потрошувачката
(еко-Резултати)
Ако има во опремата, оценка од
0 до 100 се прикажува на инфо-
екранот како помош да се процени
ефикасноста на потрошувачката, врз основа на вашиот стил на
возење.
Повисока оценка значи подобра
економичност на потрошувачката.
На инфо-екранот се даваат и
совети за подобрување на
економичноста на
потрошувачката. Патувања можат
да се сочуваат во системската
Page 108 of 239

106Инструменти и контролимеморија, со што можете да
споредувате перформанси.
Видете во прирачникот на
инфозабавниот систем за повеќе
информации.
Пораки за возилото 3 102.
Снимање на патувањето
Кога моторот е исклучен, на инфо-
екранот се прикажува снимка од
последното патување.
Се прикажуваат следните
информации:
● просечна потрошувачка на гориво
● вкупна потрошувачка на гориво
● дневна километража
● заштедено гориво во километри
Мерна единица За да ја промените мерната
единица за траењето на
патувањето:Возила со копче за вклучување:
Со исклучено палење,
истовремено притиснете и држете
го копчето на крајот од рачката на
бришачот и притиснете го копчето
за вклучување 3 132; централниот
екран трепка околу 10 секунди
додека не се прикаже нова
единица. Ослободете го копчето на
крајот од рачката за бришачот кога екранот ќе престане да трепка.
Возила без копче за вклучување:
Со исклучено палење,
истовремено притиснете и држете
го копчето на крајот од рачката на
бришачот и вклучете го палењето; централниот екран трепка околу
10 секунди додека не се прикаже
нова единица. Ослободете го
копчето на крајот од рачката за
бришачот кога екранот ќе престане
да трепка.
Кога моторот е исклучен, патниот
компјутер автоматски се враќа до
правобитната мерна единица.Прекин на напојувањето
Ако напојувањето било прекинато
или ако напонот на акумулаторот
паднал премногу, вредностите
чувани во патниот компјутер ќе се
изгубат.
Page 109 of 239

Инструменти и контроли107Тахиграф
Со тахиграфот се ракува како што
е опишано во приложеното
упатство за употреба. Почитувајте
ги правилата во поглед на
употребата.
Забелешка
Кога е монтиран тахограф,
вкупното поминато растојание
може да биде прикажано само на
тахографот, а не на
километражата која е на екранот на инструментот.
Километража 3 90.
Контролната сијаличка
& 3 101
свети во групата инструменти во
случај на дефект. Побарајте помош од автомеханичар.
Page 110 of 239

108СветлаСветлаНадворешни светла.................108
Прекинувач за светлата ........108
Автоматска контрола на светлата ................................ 109
Долго светло .......................... 109
Аблендирање ......................... 109
Регулирање на височината на фаровите ............................... 109
Предните фарови кога се вози во странство .......................... 110
Светла за дневно возење .....110
Приспособливо предно
светло .................................... 110
Предупредувачки трепкачи ... 111
Трепкачи за вртење и менување ленти .................... 111
Предни фарови за магла ......111
Заден фар за магла ...............112
Светло за рикверц .................112
Замаглени капаци на светлата ................................ 112
Внатрешно светло ...................112
Контрола на осветлувањето на таблата со инструменти ..112
Внатрешни светла .................112Светло во товарниот
простор .................................. 114
Осветлување на касетата .....114
Карактеристики на
осветлувањето .........................114
Осветлување при влегување ............................. 114
Осветлување при излегување ............................ 115
Заштита од празнење на акумулаторот ........................ 115Надворешни светла
Прекинувач за светлата
Свртете го надворешниот
прекинувач:
7:исклучено8:странични светла9P:предни фарови
Контролна сијаличка за долго
светло P 3 100.
Контролна сијаличка за средно
светло 9 3 100.