OPEL VIVARO B 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2016.5Pages: 239, PDF Size: 4.92 MB
Page 131 of 239

Возење и ракување129Возење и
ракувањеПрактични совети за возење ..130
Економично возење ............... 130
Контрола над возилото .........130
Управување ............................ 131
Поаѓање и ракување ................131
Разработување на новото возило .................................... 131
Положби на прекинувачот за палење .................................. 131
Копче за вклучување .............132
Палење на моторот ...............133
Контрола на брзината во лер 134
Исклучување на возилото .....135
Исклучување на пребрзувањето .....................135
Систем за сопирање- поаѓање ................................. 136
Паркирање ............................. 138
Издувни гасови од моторот .....139
Филтер за дизелски честички ................................ 139
Катализатор ........................... 140
AdBlue ..................................... 140Рачен менувач......................... 145
Сопирачки ................................. 146
Систем за деблокирање на сопирачките .......................... 146
Сопирачка за паркирање ......147
Серво кочење ......................... 148
Помош при поаѓање на угорници ................................ 148
Системи за контрола на
возењето ................................... 149
Систем за контрола на пролизгувањето ....................149
Електронска програма за
стабилност ............................ 150
Системи за помош на возачот 152 Контрола на патувањето .......152
Ограничувач на брзината .....155
Помош за паркирање ............156
Ретровизорска камера ..........158
Гориво ....................................... 160
Гориво за мотори на дизел ...160
Полнење гориво ..................... 160
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
...................162
Кука за приколки ......................163
Општи информации ...............163
Возни карактеристики, совети за влечење ............................ 163Влечење на приколка ............163
Помош за стабилноста на приколката ............................ 164
Page 132 of 239

130Возење и ракувањеПрактични совети за
возење
Економично возење ЕКО-режим
ЕКО-режимот е функција што ја
оптимизира потрошувачката на
гориво. Влијае врз силата на
моторот и вртежниот момент,
забрзувањето, индикаторот за
менувањето брзини, греењето,
климатизацијата и потрошувачите
на електрична енергија.
АктивирањеПритиснете ECO. Контролната
сијаличка ECO свети во групата
инструменти кога е активно.
При возење може привремено да
се исклучи режимот ECO, на пр. за
да се зголемат перформансите на
моторот, со цврсто притискање на
педалата за гас.
ЕКО-режимот се реактивира кога
притисокот на педалата за гас се
намалува.
Деактивирање
Притиснете го ECO повторно.
Контролната сијаличка ECO во
групата инструменти се гаси.
Контрола над возилото
Никогаш не оставајте го
возилото да оди на падини со
изгаснат мотор
Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други.
Сите системи работат за време на
Autostop, но може да биде
контролирано намалување на
серво управувањето и брзината на
возилото е намалена.
Систем за сопирање-поаѓање
3 136.
Педали За да се обезбеди непречен од напедалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Page 133 of 239

Возење и ракување131Управување
Ако серво управувањето се изгуби
поради сопирање на моторот или
дефект на системот, со возилото
може да се управува, но може да
треба повеќе напор.Внимание
За возилата опремени со
хидраулично управување:
Ако се сврти воланот додека
дојде до крајот на кругот и се
држи во таа положба подолго од 15 секнди може да дојде до
оштетување на системот за
хидраулично управување и
може да нема помош за
хидраулично управување.
Поаѓање и ракување
Разработување на новото возило
Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања и по
монтирањето на нови пакни од
дискот на сопирачката.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото на системот за издувни гасови. Паркирајте го возилото наотворено место за извесно време
по првото возење за да не ги
вдишувате пареите.
За време на периодот на
разработување, потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и чистењето на
филтерот за дизелски честички
може да се врши почесто.
Autostop може да се овозможи
полнење на акумулаторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 136.
Филтер за дизелски честички
3 139.Положби на прекинувачот
за палење0:Исклучено палење1:Бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палење2:Вклучено палење
Мотори на дизел:
предзагревање3:Палење
Page 134 of 239

132Возење и ракувањеКопче за вклучување
Електронскиот клуч треба да е во
возилото, или во читачот на
картички или во совозачката
касета.
Ако електронскиот клуч не е во
возилото, се појавува соодветна
порака на Информативниот центар за возачот (DIC) 3 101.
Забелешка
Не ставајте го електронскиот клуч
во товарниот простор додека
возите, бидејќи тоа е надвор од
зоната на откривање (на што
укажува предупредувачка
мелодија при мала брзина 3 103 и
порака на Информативниот центар за возачот (DIC) 3 102).
Некои функции, на пр.
Инфозабавниот систем, се
достапни за употреба штом
влезете во возилото.
Режим за помошно напојување
Притиснете START/STOP без
притискање на педалите на
куплунгот или на сопирачките за да овозможите да се ракува со повеќе електрични функции.
Стартување на моторот Управувајте со куплунгот и
сопирачките и притиснете
START/STOP . Ослободете го
копчето откако ќе започне
стартната процедура.
Ако е ставено во брзина, моторот
може да се запали само со
притискање на педалата на
куплунгот и со притискање на
копчето START/STOP .Во некои случаи може да биде
потребно да се помести малку
воланот додека притискате
START/STOP за да се ослободи
блокадата на воланот. Соодветна
порака се појавува во DIC 3 101.
При многу ниска надворешна
температура (на пр. под -10 °C)
држете ја педалата на куплунгот
притисната додека притискате
START/STOP додека да запали
моторот.
Ако еден од условите за палење не е исполнет, се појавува соодветна
порака на DIC 3 101.
Пораки за возилото 3 102.
Гаснење на моторот
Електронскиот клуч треба да е во
возилото, или во читачот на
картички или во совозачката
касета.
Кога возилото е во мирување,
притиснете START/STOP за да го
изгасите моторот. Блокадата на
воланот се активира кога ќе се
отвори возачката врата и возилото е заклучено.
Page 135 of 239

Возење и ракување133Ако електронскиот клуч не е
препознаен, соодветна порака се
појавува во DIC 3 101. Во овој
случај, притиснете START/STOP за
2 секунди за да се исклучи моторот.
Централна брава 3 26.
Задржано исклучување Притиснете START/STOP подолго
од две секунди; моторот се гаси
додека некои функции,на пр.
Инфозабавниот систем, се
достапни за употреба околу
10 минути.
Овие функции престануваат да
работат кога ќе се отвори
возачката врата и возилото е
заклучено.
Забелешка
Секогаш земајте го електронскиот клуч со себе кога излегувате од
возилото.
На електронски клуч оставен во
читачот на картички укажуваат
предупредувачка мелодија 3 103
и порака на Информативниот центар за возачот (DIC) 3 102 кога
е отворена возачката врата.9 Опасност
Не оставајте го електронскиот
клуч во возилото кога оставате деца или животни во него за да
избегнете ненамерно ракување
со прозорците, вратите или
моторот. Ризик од смртоносна
повреда.
Дефект
Ако моторот не може да се запали, причина може да биде следното:
● Дефект на електронскиот клуч.
● Електронскиот клуч е надвор од опсегот на приемот.
● Напонот во батеријата е пренизок.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Замена на батеријата 3 22.
Централна брава 3 26.
Систем на електронскиот клуч
3 24.
Палење на моторот
Рачен менувач:ракувајте со
куплунгот.
Не давајте гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положба 2 за предзагревање
додека не се изгасне контролната
сијаличка ! во групата
инструменти 3 99.
Свртете го клучот во положба 3 и
отпуштете го.
Page 136 of 239

134Возење и ракувањеЗголемената брзина на моторот
автоматкси се враќа на
нормалната брзина во лер додека
зголемува температурата на
моторот.
Обидите за палење не смеат да
потраат подолго од 15 секунди. Ако
моторот не се пали, почекајте
15 секунди пред да ја повторите
постапката за палење. Ако е
потребно, притиснете го педалот
за гас пред да ја повторите
постапката за палење.
Пред да го запалите повторно или изгаснете моторот, вратете го
клучот во положбата 0.
За време на Autostop, моторот
може да се запали со притискање
на педалата на куплунгот. Систем
за сопирање-поаѓање 3 136.Загревање на турбо мотор
По палењето, достапниот вртеженмомент на моторот може да биде
ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.
Контрола на брзината волерЗа зголемување на брзината во
лер, притиснете го прекинувачот.
За неколку секунди функцијата ќе се активира.
Функцијата ќе се деактивира кога: ● Куплунгот е притиснат.
● Педалот за гас е притиснат.
● Брзината на возилото е над 0 км/ч.
● Контролната сијаличка F, W
или C свети во групата
инструменти.
За да се зголеми или намали
степенот на брзото возење во лер,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Забелешка
Кога е активирана функцијата за
брзо мирување, системот за
сопирање-поаѓање автоматски е
деактивиран.
Систем за сопирање-поаѓање
3 136.
Page 137 of 239

Возење и ракување135Исклучување на возилотоСистем за прекин на дотокот на
гориво
Ако возилото остане без гориво, горивниот систем се отсекува и
треба да се препостави по
полнењето гориво. Соодветна
предупредувачка порака може да
се појави и во Информативниот
центар за возачот (DIC) 3 101.9 Опасност
Ако ви замириса на гориво во
возилото, или има истекување
гориво, веднаш поправете ја
причината за тоа на сервис. Не
ресетирајте го системот за
прекин на дотокот на гориво за
да спречите опасност од пожар.
Препоставување со клучот на
далечинскиот управувач /
рачниот клуч
За да го ресетирате системот запрекин на дотокот на гориво и да
овозможите возилото да се вози:
1. Свртете го клучот за палење во
положба 2 3 131.
2. Почекајте неколку минути за да се препостави горивниот
систем.
3. Свртете го копчето во положба 3 за да го запалите моторот.
Ако моторот не запали, повторете
ја постапката.Препоставување со системот
на електронски клуч
За да го ресетирате системот за
прекин на дотокот на гориво и да
овозможите возилото да се вози:
1. Вметнете го електронскиот клуч
во читачот на картички 3 132.
2. Притиснете START/STOP без
притискање на педали.
3. Почекајте неколку минути за да се препостави горивниот
систем.
Ако моторот не запали, повторете
ја постапката.
Систем на електронскиот клуч
3 24.
Копче за вклучување 3 132.
Полнење гориво 3 160.
Исклучување на
пребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзување, на пр. кога возилото
се вози во некоја брзина без
давање гас.
Page 138 of 239

136Возење и ракувањеСистем за сопирање-поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
притисне педалата на куплунгот.
Сензорот за акумулаторот
обезбедува Autostop да се врши
само ако акумулаторот е доволно
полн за повторно палење.
Активирање Системот за сопирање-поаѓање едостапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.
Ако условите подолу не се
исполнети, Autostop е спречено и
контролната сијаличка \ свети во
група инструменти 3 100.Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање рачно со
притискање Î. LED-от во копчето
свети за да укаже на
исклучувањето и соодветна порака се појавува на Информативниот
центар за возачот (DIC) 3 101.
Ако се исклучи рачно, можно е
повторно да се активира системот
за сопирање-поаѓање со повторно
притискање Î.
Пораки за возилото 3 102.
Забелешка
Кога е активирана функцијата за
брзо мирување, системот за
сопирање-поаѓање автоматски е
деактивиран и не може да биде
реактивиран со притискање Î.
LED во копчето се осветлува за да
ја прикаже деактивацијата и
соодветна порака се појавува во
Информативниот центар за
возачот (DIC) 3 101.
Контрола на брзината во лер
3 134.
Autostop
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го
Autostop на следниов начин:
● притиснете ја педалата за куплунг
● ставете ја рачката на менувачот во лер
● отпуштете ја педалата за куплунг
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.
Page 139 of 239

Возење и ракување137
На Autostop укажува запалено Ï во
групата инструменти 3 100.
За време на Autostop, греењето и
сопирачките остануваат активни.
Меѓутоа, не е достапно серво
кочење 3 148.
Внимание
Серво управувањето може да се
намали за време на Autostop.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање
проверува дали се исполнети сите услови:
● системот за сопирање- поаѓање не е исклучен рачно
● багажникот е целосно затворен
● акумулаторот е доволно наполнет и е во добра состојба
● моторот е загреан
● температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока
● надворешната температура не е прениска или превисока (на
пр. под 0 °C или над 35 °C)
● вакуумот на сопирачката е доволен
● функцијата за одмрзнување не
е вклучена 3 119
● функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честичкине е вклучен 3 139
● систем за деблокирање на сопирачките (ABS) 3 146,
Систем за контрола напролизгувањето (TC) 3 149 и
Електронска програма за
стабилност (ESP® Plus
) 3 150
системи за контрола на
возењето не се активно
вклучени
● возилото е поместено од последното Autostop
Инаку, Autostop е попречено.
Одредени поставки на системот за контрола на климатизацијата може
да го попречат Autostop. Видете во
поглавјето „ Контрола на
климатизацијата “ за повеќе
информации 3 119
Повторно палење на моторот
од страна на возачот
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Page 140 of 239

138Возење и ракувањеЗабелешка
Ако некоја брзина е избрана,
педалата за куплунгот мора да
биде целосно притисната за да се
рестартира моторот.
Контролната сијаличка Ï 3 100 се
гаси во групата инструменти кога
моторот ќе се запали повторно.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање
Рачката на менувачот треба да
биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот ќе се запали повторно
автоматски од страна на системот
за сопирање-поаѓање:
● системот за сопирање- поаѓање е исклучен рачно
● багажникот е отворен
● акумулаторот е испразнет
● температурата на моторот е прениска● вакуумот на сопирачката не едоволен
● возилото почнува да се движи
● функцијата за одмрзнување е вклучена 3 119
Ако некој електричен уред, на пр.
преносен ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кус
пад на напонот за време на
повторното палење.
Дефект
Ако има дефект во системот за
сопирање-поаѓање, LED во Î
свети, и се појавува соодветна
порака во DIC 3 101. Побарајте
помош од автомеханичар.
Пораки за возилото 3 102.
Предупредувачки мелодии 3 103.Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја ножната
сопирачка истовремено за да
се намалат работните сили.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамнина или нагорнина, ставете во
прва брзина. Ако возилото е
на угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.