OPEL VIVARO B 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2016.5Pages: 239, PDF Size: 4.92 MB
Page 141 of 239

Возење и ракување139Ако возилото е на надолнина,ставете во рикверц. Свртете
ги предните тркала кон работ на тротоарот.
● Заклучете го возилото 3 26.
● Активирајте го системот за заштита од кражба 3 37 и
системот за тревожење при
кражба 3 38.
Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички
Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување.
Филтерот се чисти со изгорување
на честичките од саѓи периодично
на висока температура. Овој
процес се одвива автоматски
според поставени услови за
возење. Autostop не е достапно и
потрошувачката на гориво може да биде поголема за тоа време.
Испуштањето на миризби и чад за
време на овој процес е нормално.
При извесни услови на возењето,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле
автоматско чистење, тоа ќе се
означи со светење на контролните
сијалички F 3 97 и Z 3 96 во
групата инструменти. Побарајте помош од автомеханичар веднаш.
Page 142 of 239

140Возење и ракувањеВнимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето се одвива најбрзо при големи брзини и оптовареност на
моторот.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.
Внимание
Класите на гориво поинакви од
оние наведени на страницата 3 160, 3 214, може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Неизгореното гориво ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, одржувајќи се брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
Ако контролната сијаличка Z
трепка, дозволените гранични
вредности за испуштање може да
бидат пречекорени. Подигнете ја
ногата од педалот за гас додека
Z не престане да трепка и не свети
постојано. Контактирајте со
автомеханичар веднаш.
Контролно светло за
неисправности 3 96.
AdBlue
Општи информации Селективното каталитичко
намалување ( BlueInjection) е метод
на значително намалување на
азотните оксиди во издувните
емисии. Тоа се постигнува со
инјектирање издувна течност од
дизел (DEF) во издувниот систем.
Ознаката на оваа течност е AdBlue
Ⓡ. Тоа е нетоксична, незапалива, безбојна течност без мирис што се
состои од 32% уреа и 68% вода.
Забелешка
AdBlue Ⓡ е регистрирана трговска
марка на Verband der
Automobilindustrie e.V. (VDA).9 Предупредување
Избегнувајте контакт на очите и
кожата со AdBlue.
Во случај на контакт со очите
или кожата, исплакнете со вода.
Page 143 of 239

Возење и ракување141Внимание
Избегнувајте контакт на бојата
со AdBlue.
Во случај на контакт, исплакнете со вода.
AdBlue замрзнува на температура
од приближно 11 °C. Со оглед на
тоа што возилото е опремено со предгреач за AdBlue, обезбедено е
намалување на емисиите при
ниски температури. Предгреачот
за AdBlue работи автоматски.
AdBlue преостанат процент
Моменталниот процент на Adblue
кој преостанал може да биде
прикажан во Информативен
центар за возачот 3 101.
Притискајте го неколку пати
копчето на крајот на рачката од
бришачот додека не се прикаже
„AdBlue преостанат процент“.
Предупредувања за нивото
Потрошувачката на AdBlue е
приближно 0.7 литри на 1000 км и
зависи од начинот на возење.
Доколку нивото на AdBlue падне
под одредена вредност, на
Информативниот центар за
возачот ќе се прикаже
предупредување за нивото 3 101.
Додатно, контролната сијаличка Y
свети постојано заедно со
предупредувачка мелодија.
Дополнете го Adblue резервоарот
што е можно побргу. Погледнете во " Дополнување AdBlue " подолу.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Доколку не се наполни AdBlue до одредено растојание, на
Информативниот центар за
возачот и понатаму се прикажуваат
Page 144 of 239

142Возење и ракувањепредупредувања за нивото во
зависност од моменталното ниво
на AdBlue.
Спречено рестартирање на
моторот
Последователните барања за
дополнување на AdBlue и конечно
објавувањето дека
рестартирањето на моторот ќе
биде спречено се прикажани во
Информативниот центар за
возачот.
Забелешка
Овие ограничувања се законска
обврска.
Пред спречувањето на
стартувањето на моторот, се
прикажува предупредувачка
порака со 0 км во Информативниот
центар за возачот, што покажува
дека по исклучувањето на
палењето, ќе биде спречено
рестартирање на моторот.
По спречувањето на стартувањето
на моторот, се прикажува
предупредувачка порака во
Информативниот центар завозачот потсетувајки го возачот
дека нивото на AdBlue е
недоволно.
За да се дозволи моторот да биде рестартиран, резервоарот би
требало да биде дополнет со
најмалку 10 литри AdBlue.
Предупредувања за многу
издувни гасови
Ако издувните гасови се зголемат
над одредена вредност,
предупредувања слични на
предупредувањата за опсегот
опишани погоре ќе се прикажат во
Информативниот центар за
возачот. Контролната сијаличка Y
свети постојано заедно со F и
предупредувачка мелодија.
Барање да се провери системот за
издувни гасови и конечно
објавувањето дека
рестартирањето на моторот ќе
биде спречено се прикажани во
Информативниот центар за
возачот.
Забелешка
Овие ограничувања се законска
обврска.Во AdBlue спектарот на 1100 км, на
екранот во Информативниот
центар за возачот ќе се појави
предупредувачка порака
покажувајќи го преостанато
растојание кое возилото може да го помине пред рестартирањето на
моторот да биде спречено. Оваа
предупредувачка порака се
повторува на секои 100 км.
Побарајте помош од
автомеханичар колку е можно
поскоро.
Дополнување AdBlue
Page 145 of 239

Возење и ракување143Внимание
Користете само AdBlue што е восогласност со европските
стандарди DIN 70 070 и
ISO 22241-1.
Не користете адитиви.
Не разредувајте го AdBlue.
Инаку, системот за селективно
каталитичко намалување може
да се оштети.
Забелешка
Ако треба да се дополни AdBlue
на многу ниски температури,
системот може да не го открие
дополнувањето. Во тој случај,
паркирајте го возилото на место
со повисока околна температура
додека AdBlue не се втечни.
Забелешка
Ако стартувањето на моторот е
оневозможено заради ниско ниво
на Adblue, препорачуваме
додавање на количина од барем
10 литри на AdBlue при
дополнување. Избегнувајте мали
дополнувања (на пример помали
од 5 литри), инаку системот може
да не го препознае
дополнувањето.
Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење, може да излезат амонијачки
пареи. Не вдишувајте ги затоа
што пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се
вдишат.
Возилото мора да се паркира на
рамна површина.
Грлото на полначот за AdBlue се
наоѓа позади вратичката на
резервоарот за гориво, лоцирана
од левата страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено и е отворена
левата врата.9 Опасност
Возила со систем за сопирање-
поаѓање: Моторот мора да се
исклучи и клучот за палење да
се отстрани за да се избегне
ризикот од автоматско повторно стартување на моторот од
страна на системот.
Зафатнини 3 224.
Пумпна станица
9 Опасност
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога
надополнувате Adblue.
1. Изгаснете го моторот и извадете го клучот од
прекинувачот за палење.
2. Повлечете ја вратичката на капачето на резервоарот за да
го отворите.
Page 146 of 239

144Возење и ракување
3.Одвртете го заштитното капаче
кон лево од грлото за полнење.
4. Целосно вметнете ја цевката на
пумпата во грлото на полначот
и вклучете ја.
5. Кога полнењето е завршено, монтирајте го заштитното
капаче и свртете надесно до
крај.
6. Затворете ја вратичката на резервоарот и вратата одлевата страна.
AdBlue канистер
Забелешка
Користете ги само наменските
канти за AdBlue за дотурање за да спречите прекумерно ставање
AdBlue. Освен тоа, пареите во резервоарот се собираат во
кантата и не излегуваат.
Забелешка
Со оглед на тоа што AdBlue има
ограничена трајност, проверете го рокот на траење пред полнењето.
1. Изгаснете го моторот и извадете го клучот од
прекинувачот за палење.
2. Повлечете ја вратичката на капачето на резервоарот за да
го отворите.
3. Одвртете го заштитното капаче
кон лево од грлото за полнење.
4. Отворете ја кантата за AdBlue.
5. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
6. Подигнете ја кантата додека не се испразни.
7. Одвртете го цревото од грлото за полнење.
Page 147 of 239

Возење и ракување1458. Поставете го заштитнотокапаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.
9. Затворете ја вратичката на резервоарот и вратата одлевата страна.
Забелешка
Фрлете ги кантата и цревото за
AdBlue според барањата за
животна средина.
Забелешка
Оставете го возилото во лер
10 секунди за да може системот
да го детектира полнењето за AdBlue.
Неможноста за изведување на оваа постапка ќе резултира со тоа
што системот ќе го препознае
полнењето со AdBlue по
20 минути возење.
Ако полнењето на AdBlue е
успешно утврдено,
предупредувања за нивото на
AdBlue ќе исчезнат.
Ако полнењето со AdBlue не се
прикаже одредено време после
палење на моторот, побарајте
помош од автомеханичар.Капаче на резервоар
Користете само оригинални
капачиња на резервоар. Adblue
резервоарот има специјално
капаче на резервоар.
Дефект
Ако системот открие оперативна грешка, контролната сијаличка Y
свети заедно со предупредувачка
мелодија F. Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
На Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака 3 101.Рачен менувач
За да ставите во рикверц, кога
возилото е во мирување,
притиснете го педалот на
куплунгот, повлечете го прстенот
на рачката на менувачот нагоре и
ставете во рикверц спротив
отпорот.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Page 148 of 239

146Возење и ракувањеКога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Непрепорачливо е да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање,
возилото се уште може да се сопре со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога ќе го притиснете педалот за
сопирачките цврсто. Значително
повеќе сила треба да користите за
тоа. Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.Ако контролната сијаличка R
свети во групата инструменти за
време на возењето и се појавува
соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот (DIC) 3 101 , има дефект во
системот на сопирачките.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Контролна сијаличка R 3 97.
Пораки за возилото 3 102.
Систем за деблокирање
на сопирачките
Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
Page 149 of 239

Возење и ракување147За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 97.
Дефект
Ако контролната сијаличка u не се
изгасне неколку секунди откако ќе
се вклучи палењето или ако се
запали за време на возењето, има
дефект на ABS. Контролната
сијаличка F 3 97 може да се запали
и во групата инструменти заедно со соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот (DIC). Системот на
сопирачки останува
функционален, но без регулирање
од ABS.9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Ако контролните сијалички u, F ,
R 3 97 и C 3 97 светат, постои
дефект во системот на сопирачки.
Соодветна порака исто така се
појавува и во DIC 3 101 . Причината
на дефектот нека ја отстрани
автомеханичар.
Пораки за возилото 3 102.
Сопирачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
Page 150 of 239

148Возење и ракувањеЗа да се намалат работните
сили на сопирачка за
паркирање, истовремено
ослободете ја педалата на
сопирачката.
Контролна сијаличка R 3 97.
Паркирање 3 138.
Серво кочење
Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Серво кочењето не е достапно за
време на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 136.
Помош при поаѓање на
угорници
Системот помага во спречување на ненадејните движења при возење
на закосени површини.
При ослободување на педалата на
сопирачката при запирање на
закосени површини (со менувачот во брзина или рикверц),
сопирачките остануваат активни за дополнителни 2 секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.Внимание
Помошта при поаѓање на угорници не може целосно да го спречи движењето на возилото
во сите ситуации (екстремно
стрмни делови од патот, итн.).
Ако е потребно, притиснете ја
педалата на сопирачката за да
спречите вртење на возилото
нанапред или наназад.
Помошта при поаѓање на
нагорнини не е активна за време на
Autostop. Систем за сопирање-
поаѓање 3 136.