OPEL VIVARO B 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2016.5Pages: 239, PDF Size: 4.92 MB
Page 171 of 239

Нега на возилото169
Препорачуваме употреба на
моторно масло од ист вид како она
што било употребено при
последното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката за максимум MAX на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
За спречување на истурање на
моторно масло при дотурање,
препорачуваме да се користи инка
за надополнување на моторно
масло. Внимавајте инката да е
добро наместена на цевката за
полнење.
По надополнувањето, ставете ја
инката во пластична кеса и чувајте
ја на сигурно.
Потрошувачката на моторното
масло нема да се стабилизира
додека возилото не поминало
повеќе илјади километри. Дури
тогаш може да се утврди
фактичката мера на
потрошувачката.
Ако потрошувачката надминува
повеќе од 0,6 литри на 1000 км по
периодов на разработувањето,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Зафатнини 3 224.
Наместете го капачето право и
затегнете го.Филтер за воздух
Сијаличка за протокот на
воздух во моторот
Кај одредени модели сијаличката
се наоѓа во системот за индукција на моторот и покажува дали е
ограничен доводот на воздух во
моторот.
Слободен:Нема
ограничувањеЦрвен
симбол:Ограничен
Page 172 of 239

170Нега на возилотоАко е прикажан црвениот симбол
кога моторот работи,
посоветувајте се со
автомеханичар.
Ладилник
Течноста за ладење дава заштита
од замрзнување до околу -28 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за
ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
нивото на течноста за ладење
треба да биде токму над ознаката
MINI . Дотурете ако нивото е ниско.
9Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
Дотурете антифриз. Ако нема
антифриз на располагање,
користете чиста вода од чешма или дестилирана вода. Ставете го
капакот цврсто. Нека Ви ја провери концентрацијата на антифризот и
нека Ви ја отстрани причината на
губење на течноста за ладење
автомеханичар.
Ако е потребно значтелно
количество на течност за ладење,
ќе треба да се исцеди заглавениот
воздух од системот за ладење.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Ако температурата на течноста за
ладење е превисока, контролната
сијаличка W 3 98 свети црвено во
групата инструменти, заедно со C
3 97. Посоветувајте се со
автомеханичар ако нивото на
течноста за ладење е доволно.
Течност за серво
управувањеВнимание
Многу мали загадувања може да предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не
Page 173 of 239

Нега на возилото171дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на
капачето на резервоаротили да
навлезат во резервоарот.
Резервоарот на течноста за серво
управување се наоѓа под сводот на
левото предното тркало, под
плочата на облогата.
Нивото на течноста обично не
треба да се проверува. Во случај на невообичаен звук при
управувањето или ако серво
управувањето реагира
невообичаено, побарајте помош во
сервис.
Ако нивото на течноста во
резервоарот падне под ознаката
MIN , посоветувајте се со
автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење на шофершајбната која
содржи антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Користењето течност за миење
што содржи изопропанол може
да ги оштети надворешните
ламби.
Сопирачки
Шкрипењето означува дека
поставите на пакните се изабени
до својата минимална дебелина.
Можно е да се продолжи
патувањето но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките што
побргу.
Штом се ставени нови пакните, не сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Page 174 of 239

172Нега на возилотоТечност за сопирачките9Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Течноста за сопирачките мора да
биде меѓу ознаките MINI и MAXI .
Кога дотурате, уверете се дека течноста е сосема чиста бидејќи
загадената течност за сопирачките
може да доведе до неисправности
во системот на сопирачки. Нека Ви
ја отстрани причината на губењето
на течноста за сопирачките
автомеханичар.
Користете течност за сопирачките
само со високи перформанси
одобрена за Вашето возило.
Течност за сопирачките 3 209.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Кратки возења и
чести палења на моторот можат да
го испразнат акумулаторот.
Избегнувајте ја употребата на
непотребни електрични
потрошувачи.Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирањето на возилото за
подолго од 4 недели може да
доведе до празнење на
акумулаторот.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Замена на акумулаторот Во возилата со акумулатор AGM
(Впивачка стаклена подлога)
проверете дали го заменувате акумулаторот со друг AGM
акумулатор.
Page 175 of 239

Нега на возилото173
Акумулатор AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор на Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси на системот за
сопирање-поаѓање.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 136.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
9 Опасност
Обезбедете соодветно
проветрување кога го полните акумулаторот. Постои ризик одексплозија ако гасовите што се
произведуваат за време на
полнењето се остават да се
насоберат!
Палење со кабли 3 200.
Предупредувачки натпис
Значење на симболите:
● Без искри, отворени огнови или
пушење.
● Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
Page 176 of 239

174Нега на возилото● Видете го упатството засопственикот за понатамошни
информации.
● Можно е присуство на експлозивен гас во близина на
акумулаторот.
Филтер за дизел гориво На филтерот за дизел гориво може
да му се пристапи од долната
страна на возилото.
Исцедете ја наталожената вода од
филтерот при секое менување на
моторното масло.
Ставете сад под куќиштето на
филтерот. Олабавете ја
избраздената завртка од долниот
дел од филтерот со приближно
еден круг за да ја исцедите водата.
Филтерот е исцеден штом ќе
излезе дизел гориво без вода.
Затегнете ја завртката.
Проверувајте го филтерот за дизел гориво почесто ако возилото е
изложено на екстремни работни
услови.
Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот за гориво се
испразнил докрај, ќе треба да се
проветри или исцеди системот за
дизел гориво.
Дополнете гориво, па постапете вака:Со клуч за палење
● Вклучувајте го палењето (клучот во положба 2)
5 секунди одеднаш.
● Исклучете го палењето (клучот
во положба 1) 3 секунди.
● Повторете го тоа повеќепати.
● Запалете го моторот (клучот во
положба 3), потоа исклучете го
(клучот во положба 0).
Положби на прекинувачот за
палење 3 131.
Page 177 of 239

Нега на возилото175Со копче за вклучување
● Вметнете го електронскиотклуч во читачот на картички.
● Притиснете START/STOP без
притискање на педалите.
● Почекајте неколку минути пред
да го стартувате моторот.
Копче за вклучување 3 132.
Ако моторот не се пали, побарајте
помош од автомеханичар.
Палење на моторот 3 133.
Замена на четкичките на
бришачите
Четкички на бришачите на
шофершајбната
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете го копчето за да се
откачи четкичката на бришачот и
извадете ја.
Прицврстете ја новата четкичка на бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете ги спојките заедно за
да се откачи четкичката на
бришачот и извадете ја.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Page 178 of 239

176Нега на возилотоЗамена на сијалицитеИсклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на
сијаличка за замена.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.
Предни фарови
Средно светло и долго светло Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
1. Извадете го заштитниот капак вртејќи го налево.
2. Извадете го кабел штекерот.
3. Ослободете ја спојката за држење и извадете ја
сијалицата.
4. Сменете ја сијалицата и инсталирајте ја спојката за
држење уверувајќи се дека
сијалицата е во правилната
насока.
5. Монтирајте ги кабел штекерот и
заштитниот капак.
Странични светла
1. Извадете го држачот на ламбата од куќиштето на фаротсо завртување налево.
2. Сменете ја сијалицата.
3. Инсталирајте го држачот на сијалицата во куќиштето на
фарот.
Фарови за магла Дојдете до ламбата на предното
светло за магла од под возилото.
Page 179 of 239

Нега на возилото177
1. Од левата страна на возилото,откачете ја спојката на држачот
и отворете го пристапниот
капак.
Од десната страна на возилото, извадете ги завртките и
спојките на држачот за да го
извадите пристапниот капак.
2. Извадете го кабел штекерот.
3. Завртете го држачот на ламбата налево и извадете ја
ламбата.
4. Заменете ја ламбата и монтирајте го држачот на
ламбата.
5. Монтирајте ги кабел штекерот и
пристапниот капак.
Предни трепкачи
1. Извадете го држачот на ламбата од куќиштето на фарот
вртејќи го налево.
2. Сменете ја сијалицата.
3. Инсталирајте го држачот на сијалицата во куќиштето на
фарот.
Задни светла
Задни стоп-светла, трепкачи и
задни светла
1. Извадете ги 3-те завртки (со приложениот алат).
2. Претпазливо извлечете го комплетот на светлото од
штипките за држење на
надворешната страна и
извадете го.
Page 180 of 239

178Нега на возилото
3.Свртете го држачот на ламбата
налево за да го одделите од
комплетот на светлото.
4. Сменете ја сијалицата.
5. Со притискање монтирајте го држачот на ламбата во
комплетот на светлото, потоа
свртете го надесно за да се
прицврсти.
6. Проверете дали жичната скоба е правилно наместена.
7. Вратете го комплетот насветлото во првобитната
положба, уверувајќи се дека е
правилно легнат.
8. Монтирајте го комплетот на светлото врз иглите за држење
и вратете ги 3-те завртки.
Странични трепкачи
1. Ослободете го комплетот светла од браникот со
притискање на клиповите
користејќи соодветен алат и
оттргнувајќи го комплетот светла од отворот.
2. Извадете го држачот на ламбата од комплетот на
светлото со вртење налево и
сменете ја ламбата.
3. Вметнете го држачот на сијалицата во комплетот на
светлото и наместете го
комплетот на светлото во
отворот.
Средишно високо монтирано стоп-светло
1. Отворете ги задните врати/ задната врата.