OPEL VIVARO B 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2016.5Pages: 239, PDF Size: 4.92 MB
Page 161 of 239

Возење и ракување159АктивирањеРетровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се стави во рикверц. Звучен сигнал го потврдува активирањето.
Функционалност
Камерата е монтирана на задните
врати/задната врата.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Приказ на лентата на
траекторијата (1)
Зависно од верзијата, лентата на
траекторијата (1) на возилото се
прикажува со сина боја на инфо-
екранот. Ја покажува патеката на
возилото во согласност со аголот
на управувањето.
Приказ на права лента (2)
Приказот на права лента (2) ја
покажува патеката на возилото ако
тркалата се држат право.
Линиите водилки (3, 4, 5) се
користат заедно со приказот на
права лента (2) и укажуваат на
растојанието зад возилото.
Интервалите на линиите водилки
се следниве:3 (црвено):30 см4 (жолто):70 см5 (зелено):150 см
Поставки
Поставки, како на пример
осветеленост, контраст и бои може
да бидат променети преку
Инфозабавниот систем.
Функцијата исто така може да биде трајно исклучена. Видете во
прирачникот на инфозабавниот
систем за повеќе информации.
Деактивирање Камерата се исклучува по извесно
време ако не е ставено во рикверц
за приближно 5 секунди.
Дефект Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
● наоколу е темно
● сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата
Page 162 of 239

160Возење и ракување●мраз, снег, кал или нешто друго
го прекрива објективот на
камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа
● задните врати/задната врата не се затворени правилно
● возилото се судрило од задната страна
● има екстремни промени на температуратаГориво
Гориво за мотори на дизел
Користете само дизел гориво што е усогласено со EN 590. Горивото
треба да има мала содржина на сулфур (најмногу 10 ppm). Може да
се користат еквивалентни
стандардизирани горива со
биодизел (= FAME според
EN14214) со содржина од најмногу
7 % по волумен (како DIN 51628 или
еквивалентни стандарди).
Во земјите надвор од Европската
унија користете дизел гориво со
концентрација на сулфур под
50 ppm.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и
загуба на гаранцијата.
Не користете бродски дизел
горива, горива за греење, Аквазол
и слични мешавини на дизел и
вода. Дизел горивата не смеат да
се разредат со горива за бензински мотори.
Протокот и способноста за
филтрирање на дизел горивата
зависат од температурата. Кога е
ниска температурата, наполнете
со дизел гориво со гарнтирани
зимски својства.
Филтер за дизел гориво 3 174,
Цедење на системот со дизел
гориво 3 174.
Полнење гориво9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги моторот и сите
надворешни грејачи со комори за согорување.
Возила со систем за сопирање-
поаѓање: Моторот мора да се
исклучи и клучот за палење да
се отстрани за да се избегне
Page 163 of 239

Возење и ракување161ризикот од автоматско повторностартување на моторот од
страна на системот.
Исклучете ги сите мобилни
телефони.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Забелешка
За посигурно прикажување на
нивото на горивото, палењето
мора да е исклучено пред
полнење со гориво. Избегнувајте
мали дополнувања гориво (на пр.
помалку од 5 литри) за поточно
прикажување на нивото.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од левата страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено и е отворена
левата врата.
Повлечете ја вратичката за да ја
отворите.
За да го отворите капачето на
резервоарот за гориво, свртете го
налево.
Капачето за полнење гориво може да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
За полнење гориво, целосно
вметнете ја цевката на пумпата и
вклучете ја.
По автоматско исклучување, може
да се дополни целосно со
вклучување на цевката на пумпата
уште најмногу двапати.
Page 164 of 239

162Возење и ракувањеВнимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
Кога полнењето гориво е
завршено, вратете го капачето на
резервоарот и свртете го надесно
колку што може.
Затворете ја вратичката на
резервоарот.
Капаче за полнење гориво Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за полнење гориво.
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
Вредностите за потрошувачката на
гориво (комбинирана) на моделот
Opel Vivaro е во опсегот од 7,4 до 5,7 л/100 км.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
во опсег од 195 до 149 г/км.
За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Општи информации Наведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2 се
однесуваат на основниот модел за
ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачката на
гориво и испуштањето CO 2 се
одредуваат според прописот
R (EC) бр. 715/2007 (во најновата
важечка верзија), со земање
предвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.Дополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведената
потрошувачка на гориво и
испуштање CO 2. Понатаму
потрошувачката на гориво зависи од личниот стил на возењето, како
и од условите на коловозот и
сообраќајот.
Page 165 of 239

Возење и ракување163Кука за приколки
Општи информации Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат
измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило.
Возни карактеристики, совети за влечење
Во случај на приколки со
сопирачки, закачете го кабелот за
приврзување.
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не подмачкајте ја ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто дејствува врз
влечната топка. Кај приколки сослаба стабилност при возење
употребата на стабилизатор се
препорачува.
Максималната брзина од 80 км/ч не смее да се надмине, дури и во
држави каде што се дозволени
поголеми брзини.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло, ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна натовареност 3 225.
Влечење на приколка Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката еразликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12 %.
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).
Page 166 of 239

164Возење и ракувањеНе смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 212.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка е забележана на
идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.Во случај на оптовареност на
приколката од 1200 кг или повеќе,
вертикалната оптовареност на
влечната спојка не смее да биде
помала од 50 кг.
Натоварување на задната оскаКога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено (вклучувајќи ги и сите
патници), дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) не смее да се надмине.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира
додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи,
држете го воланот колку што може постабилно.Помош за стабилност на
приколката (TSA) е функција на
Електронската програма за
стабилност (ESP® Plus
) 3 150.
Page 167 of 239

Нега на возилото165Нега на возилотоОпшти информации.................166
Додатоци и модификации на возилото ................................ 166
Чување на возилото ..............166
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......167
Прверки на возилото ...............167
Вршење работа ...................... 167
Хауба ...................................... 167
Моторно масло ......................168
Филтер за воздух ...................169
Ладилник ................................ 170
Течност за серво управување ........................... 170
Течност за миење ..................171
Сопирачки .............................. 171
Течност за сопирачките ........172
Акумулатор ............................. 172
Филтер за дизел гориво ........174
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 174
Замена на четкичките на бришачите ............................. 175
Замена на сијалиците ..............176
Предни фарови ......................176Фарови за магла ....................176
Предни трепкачи ....................177
Задни светла .......................... 177
Странични трепкачи ..............178
Средишно високо монтирано стоп-светло ........................... 178
Светло за рикверц .................179
Светло за регистарската табличка ................................ 179
Заден фар за магла ...............180
Внатрешни светла .................180
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 181
Електричен систем ..................181
Осигурувачи ........................... 181
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......182
Прирачен алат ......................... 186
Алати ...................................... 186
Тркала и гуми ........................... 187
Гуми ........................................ 187
Зимски гуми ............................ 187
Ознаки на гумите ...................187
Притисок на гумите ................ 188
Систем за следење на
притисокот на гумите ...........189
Длабочина на шарата ...........191
Менување на големината на гумите и тркалата .................192Раткапни................................. 192
Синџири за гуми ..................... 193
Комплет за поправање гуми . 193
Менување тркала ................... 196
Резервно тркало ....................198
Палење со кабли ......................200
Влечење ................................... 202
Влечење на возилото ............202
Влечење друго возило ..........203
Нега за изгледот ......................203
Нега на надворешноста ........203
Нега на внатрешноста ........... 206
Page 168 of 239

166Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или во рикверц. Спречете го возилото од тркалење.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Page 169 of 239

Нега на возилото167Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашата
веб страна. Доверете му ја
работава само на овластен центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење генерира
крајно високи волтажи. Не
допирајте ги.
За полесно препознавање,
капачињата за дотурање на
моторното масло, течноста за
ладење, течноста за миење и
рачката од прачката за мерење на
нивото на маслото се жолти.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.
Page 170 of 239

168Нега на возилото
Поместете го безбедносното резе
(што се наоѓа малку десно)
настрана на левата страна од
возилото и отворете ја хаубата.
Багажникот се држи отворен
автоматски со подигач.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 136.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(приближно 30 см). Проверете
дали хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да нема
оштетувања на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните течности и средства за
подмачкување 3 209.
Максималната потрошувачка на моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на рамна површина. Моторот треба
да биде со работна температура и
изгаснат за најмалку 10 минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.
Внимание
Не дозволувајте нивото на
масло во моторот да се спушти
под минималното ниво!