OPEL CORSA F 2020 Сопственички прирачник
Page 141 of 259
Возење и ракување139Притиснете i за да го активирате
ограничувачот на брзината.
Преземање брзина од
препознавањето ограничување на брзина
Интелигентното приспособување на брзината го информира возачот
кога препознавањето
ограничување на брзина ќе открие
ограничување на брзината.
Откриеното ограничување на
брзината може да се користи како
нова вредност за ограничувачот на
брзината.
Со користење на камерата во
горниот дел од шофершајбната,
овој систем го открива и го чита ограничувањето на брзината и
завршувањето на ограничувањето
на брзината.
Ако ограничувачот на брзината е
активен, препознаеното
ограничување на брзината ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот и MEM светнува
ако разликата помеѓу поставената
брзина и ограничувањето на
брзината е поголема од 9 км/ч.Притиснете MEM на воланот за да
побарате зачувување на
предложеното ограничување на
брзина.
Притиснете MEM на воланот уште
еднаш за да ја потврдите и
зачувате новата поставка за
брзината.
Оваа брзина е новата вредност за
ограничувачот на брзината.
Функцијата може да се активира и
деактивира во приспособувањето
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 85.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Во случај на итна потреба,
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас до крајната точка. Во овој
случај, претходно поставената
вредност за брзина трепка.Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете i, ограничувачот на
брзината е во режим на пауза и се
прикажува порака. Возилото се
вози без ограничувачот на
брзината.
Ограничувачот на брзината е
деактивиран, но не е исклучен.
Последната зачувана брзина
останува во меморијата за да може
повторно да се активира подоцна.
Продолжување на
ограничената брзина
Притиснете i и ќе се постигне
зачуваното ограничување на
брзината.
Page 142 of 259
140Возење и ракувањеИсклучување на системотПритиснете 5 и режимот за
ограничувачот на брзината ќе се
исклучи, а во Информативниот
центар за возачот ќе се исклучи и
показателот за ограничувањето на
брзината.
Со притискање на v за
активирање на контролата на
патувањето се деактивира
ограничувачот на брзината.
Претходно поставената брзина
останува во меморијата кога ќе се
исклучи палењето.
Дефект
Во случај на дефект на
ограничувачот на брзината,
брзината се брише и цртичките
почнуваат да трепкаат.
Препознавањето на ограничување
на брзина може да не работи
правилно ако сообраќајните знаци
не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци и
сигнали.Приспособлива контрола
на патувањето
Приспособливата контрола на
патувањето претставува
подобрување на
конвенционалната контрола на
патувањето со дополнителна
карактеристика на одржување
одредена оддалеченост за
следење на возилата напред.
Користи радарски сензор и сензор
за камера за да открива возила
напред. Ако не се открие возило на патеката на возење,
приспособливата контрола на
патувањето ќе се однесува како
конвенционална контрола на
патувањето.
Приспособливата контрола на
патувањето го забавува возилото
кога се приближува кон возило што
се движи побавно. Потоа ја
приспособува брзината на
возилото да го следи возилото
напред со избраната оддалеченост
за следење. Брзината на возилото
се зголемува или намалува за да го следи возилото напред, но нема да
ја надмине поставената брзина.
Може да примени ограничено
сопирање со активирани светла за
сопирачките.
Ако возилото напред забрза или ја
промени лентата,
приспособливата контрола на
патувањето постепено го забрзува
возилото за да се врати на
зачуваната поставена брзина. Ако
возачот вклучи некој од трепкачите
за да претекне побавно возило,
приспособливата контрола на
патувањето дозволува возилото
привремено да пристапи до
возилото напред за да помогне во
претекнувањето. Сепак,
поставената брзина никогаш нема
да се надмине.
Приспособливата контрола на
патувањето може да зачува брзини над 30 км/ч за рачен менувач. Ако
возилото напред се движи многу
бавно и избраната оддалеченост
Page 143 of 259
Возење и ракување141за следење повеќе не може да се
одржува, се слуша
предупредувачка мелодија и се
прикажува порака во
Информативниот центар за
возачот. Пораката го потсетува
возачот да ја преземе контролата
над возилото. Кај возила со
автоматски менувач, системот може да го сопре возилото до
целосно запирање.9 Предупредување
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот додека се
вози со приспособливата
контрола на патувањето.
Возачот има целосна контрола
врз возилото бидејќи педалата
на сопирачките, педалата на
гасот и копчето Ñ се
поприоритетни од кое било
работење на приспособливата
контрола на патувањето.
Вклучување на системот
Притиснете го w.
Во Информативниот центар за
возачот се покажува w. Системот
сè уште не е активен.
Активирање на
функционалноста
Поставување на брзината од
возачот
Приспособливата контрола на
патувањето треба да се вклучи
рачно при брзини помеѓу 30 км/ч и
180 км/ч. Кај возилата со
автоматски менувач, рачката на
автоматскиот менувач мора да
биде во положба D или M.
Забрзајте до саканата брзина и
поместете го вртливото копче до
SET/- . Моменталната брзина се
снима и одржува.
Page 144 of 259
142Возење и ракување
Брзината е наведена во
Информативниот центар за
возачот.
Потоа, претходно поставената
брзина може да се промени со
вртење на вртливото копче на
RES/+ за зголемување или на
SET/- за намалување на брзината.
Поместете го вртливото копче
неколку пати за да ја променувате
брзината во мали чекори.
Поместете го и задржете го за да ја
променувате брзината во големи
чекори.
Кога приспособливата контрола на патувањето работи, системот за
сопирање-поаѓање автоматски се
деактивира.
Преземање брзина од
препознавањето ограничување на брзина
Интелигентното приспособување на брзината го информира возачот
кога препознавањето
ограничување на брзина ќе открие
ограничување на брзината.
Откриеното ограничување на
брзината може да се преземе како
нова поставена брзина за
приспособливата контрола на
патувањето.
Со користење на камерата во
горниот дел од шофершајбната,
овој систем го открива и го чита ограничувањето на брзината и
завршувањето на ограничувањето
на брзината.
Ако приспособливата контрола на
патувањето е активна,
препознаеното ограничување на
брзината ќе се прикаже во
Информативниот центар за
возачот и MEM светнува акоразликата помеѓу поставената
брзина и ограничувањето на
брзината е поголема од 9 км/ч.
Притиснете MEM на воланот за да
побарате зачувување на
предложената брзина.
Притиснете MEM на воланот уште
еднаш за да ја потврдите и
зачувате новата поставка за
брзината.
Ова ограничување на брзината
сега е новата поставена брзина за
приспособливата контрола на
патувањето.
Функцијата може да се активира и
деактивира во приспособувањето
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 85.
Надминување на поставената
брзина
Секогаш е можно да се вози побрзо
од избраната поставена брзина со
притискање на педалата на гасот.
Кога ќе се отпушти педалата за гас, возилото се враќа на зачуваната
брзина. Ако напред има возило што
Page 145 of 259
Возење и ракување143се движи побавно, се враќа
оддалеченоста за следење што ја
избрал возачот.
Ако поставената брзина се
надмине, наведената поставка за
брзина се исклучува и се
прикажува порака за
предупредување.9 Предупредување
Забрзување од страна на
возачот го исклучува
автоматското сопирање од
системот. На тоа укажува
појавно предупредување на
Информативниот центар за
возачот.
Продолжување со зачуваната
брзина
Поместете го вртливото копче на RES/+ на брзина поголема од
30 км/ч. Приспособливата
контрола на патувањето се
активира со зачуваната поставена
брзина.
Приспособлива контрола на
патувањето кај возила со
автоматски менувач
Кај возила со автоматски менувач,
приспособливата контрола на
патувањето овозможува да се
одржи избраното растојание зад
возило што сопира додека не се
постигне целосно запирање.
Ако системот го запрел вашето
возило зад друго возило, тогаш
поставената брзина се заменува со
зелена контролна сијаличка ..
Овој симбол укажува дека
возилото автоматски се задржува во запрена позиција.
Кога возилото пред вас тргне во
рок од неколку секунди и условите
во сообраќајот дозволуваат
повторно стартување на возилото,
активната контрола на патувањето
автоматски продолжува.
Ако запреното возило напред било запрено подолго време и потоа
почне да се движи нанапред,
зелената контролна сијаличка .
ќе трепка и ќе се огласипредупредувачка мелодија како
потсетник да го проверите
сообраќајот пред да продолжите.
Кога возилото напред ќе тргне,
притиснете ја педалата за гас или
притиснете i за да продолжи
приспособливата контрола на
патувањето.
Ако возилото останало запрено подолго од 5 минути или ако се
отвори возачката врата и
безбедносниот ремен за возачот
се ослободи, автоматски се
активира електричната сопирачка
за паркирање за да го задржи
возилото. Ќе се вклучи
контролната сијаличка j. За да ја
ослободите електричната
сопирачка за паркирање,
притиснете ја педалата за гас.
Електрична сопирачка за
паркирање 3 129.9 Предупредување
Кога системот е деактивиран
или откажан, возилото нема
повеќе да биде запрено и може
Page 146 of 259
144Возење и ракувањеда започне да се движи.
Секогаш бидете подготвени за
рачно применување на
сопирачката за да го задржите
возилото неподвижно.
Не напуштајте го возилото
додека е запрено со
приспособливата контрола на
патувањето. Секогаш ставајте
ја рачката на менувачот во
позиција за паркирање Р и
исклучете го палењето пред
напуштање на возилото.
Поставување на растојанието
напред
Кога приспособливата контрола на патувањето ќе открие побавно
возило на возната патека, ќе ја
приспособи брзината на возилото
за да го одржи растојанието напред
избрано од возачот.
Оддалеченоста за следење може
да се постави на блиску (1
цртичка), нормално (2 цртички) или
далеку (3 цртички).
Ако моторот работи и е
овозможена приспособливата
контрола на патувањето (сива) или активна (зелена), може да ги
променувате следниве поставки за
оддалеченоста за следење:
Притиснете V, моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот.
Притиснете го V повторно за да
ја смените оддалеченоста за
следење: новата поставка се
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Избраното растојание напред е
прикажано со полни цртички за
растојание на страницата на
приспособливата контрола на
патувањето.9 Предупредување
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Оддалеченоста за следење
треба да се прилагоди или
системот треба да се исклучи кога бараат условите.
Откривање на возило напред
Ако системот открие возило на
патеката на движење, симболот за
приспособливата контрола на
патувањето што се прикажува во
Информативниот центар за
возачот се променува: - се
променува во w.
Деактивирање на
функционалноста
Page 147 of 259
Возење и ракување145Притиснете i, приспособливата
контрола на патувањето е во
режим на пауза и се прикажува
порака. Возилото се вози без
приспособлива контрола на
патувањето.
Приспособливата контрола на
патувањето е деактивирана, но не
е оневозможена. Последната
зачувана брзина останува во
меморијата за да се користи
подоцна.
Приспособливата контрола на
патувањето се деактивира
автоматски во следниве случаи:
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Возилото забрзува над 180 км/ч (рачен и автоматски
менувач) или забавува под
30 км/ч (рачен менувач).
● Електричната сопирачка за паркирање е активирана.
● Системот за контрола на пролизгувањето или
електронската контрола на
стабилноста се деактивирани или работат.● Рачката на менувачот кај автоматскиот менувач не е
ниту во D ниту во M.
● Откриена е грешка кај електронската контрола на
стабилноста или кај
радарскиот систем.
● Веднаш откако педалата за куплунгот ќе се притисне или
неколку секунди откако
педалата за куплунгот ќе се
притисне (во зависност од
рачниот менувач).
Исклучување на системот Притиснете w и режимот на
приспособливата контрола на
патувањето ќе се оневозможи, а во Информативниот центар за
возачот ќе се исклучи и
показателот за приспособливата контрола на патувањето.
Со притискање на 5 за
активирање на ограничувачот на брзината се деактивира
приспособливата контрола на
патувањето.Исклучувањето на палењето ја
брише поставената брзина.
Внимание на возачот ● Користете ја приспособливата контрола на патувањето
внимателно на свиоци или
планински патишта, бидејќи
може да го изгуби возилото
напред и потребно е време
повторно да го регистрира.
● Не користете го системот на лизгави патишта бидејќи може
да создаде брзи промени на
припивањето на гумите
(пролизгување на тркалата),
така што може да изгубите
контрола врз возилото.
● Не користете ја приспособливата контрола на
патувањето при дожд, снег или многу прашина, бидејќи
радарскиот сензор може да се
прекрие со слој вода, земја,
мраз или снег. Тоа ја намалува
или сосема ја онеспособува
видливоста. Во случај на
Page 148 of 259
146Возење и ракувањеблокирање на сензорот,
исчистете го капакот на
сензорот.
● Не користете го системот кога се користи резервно тркало.
Ограничувања на системот9 Предупредување
Силата на автоматско
сопирање на системот не
дозволува нагло сопирање и
нивото на сопирање може да не
е доволно за да се избегне
судар.
● По ненадејно менување лента,
на системот му треба
одредено време да го
регистрира следното возило
напред. Затоа, ако се открие ново возило, системот може да забрза наместо да сопре.
● Приспособливата контрола на патувањето го игнорира
сообраќајот од спротивната
насока.
● Приспособливата контрола на патувањето не регистрира
пешаци и животни за сопирање
и тргнување.
● Приспособливата контрола на патувањето регистрира
запрени возила само при мала брзина.
● Не користете ја приспособливата контрола на
патувањето кога влечете
приколка.
● Не користете ја приспособливата контрола на
патувањето на патишта со
стрмнини поголеми од 10%.
Бидејќи областа за откривање на
радарот е тесна, можно е системот да не открие:
● возила со мала ширина, на пример, моторцикли, скутери
● возила кои не возат во средината на лентата
● возила кои влегуваат во агол
● возила кои ненадејно тргнуваатСвиоци
Приспособливата контрола на
патувањето пресметува
предвидена патека врз основа на
центрифугалната сила. Оваа
предвидена патека ги зема
предвид својствата на
моменталниот свиок, но не може да земе предвид и следна промена на
свиокот. Системот може да го
изгуби возилото напред или да
земе предвид возило што не е во
истата лента. Тоа може да се случи
кога се влегува или излегува од
свиок или ако свиокот стане
поостар или поблаг. Ако веќе не
регистрира возило напред, тогаш
w ќе се изгасне.
Ако центрифугалната сила е
преголема во свиок, системот го
забавува малку возилото. Тоа ниво
на сопирање не е конструирано да избегне излетување од свиокот.
Page 149 of 259
Возење и ракување147Возачот е одговорен за
намалување на избраната брзина
пред да влезе во свиок и, општо земено, да ја приспособи брзината
на видот на патот и постојните
ограничувања на брзината.
Автопати
На автопати, прилагодете ја
поставената брзина според
ситуацијата и времето. Секогаш земајте предвид дека
приспособливата контрола на
патувањето има ограничен опсег
на видливост, ограничено ниво на
сопирање и одредено време за
реакција за да потврди дали има
возило на возната патека.
Приспособливата контрола на
патувањето можеби нема да може
да го сопре возилото навреме за да
избегне судир со многу побавно
возило или по менување лента.
Тоа е особено опасно додека
возите брзо или ако видливоста е
намалена поради временските услови.
Кога влегувате или излегувате од
автопат, приспособливата
контрола на патувањето може да го изгуби возилото напред и да
забрза до поставената брзина.
Поради тоа, намалете ја
поставената брзина пред излез или
пред влегување на автопат.
Менување на патеката на возилото
Ако друго возило влезе на вашата
возна патека, приспособливата контрола на патувањето ќе го земе
предвид возилото кога ќе биде
целосно на вашата патека. Бидете
подготвени да реагирате и да ја
притиснете педалата на
сопирачката ако треба да сопрете
побрзо.
Информации за нагорнини9 Предупредување
Не користете ја
приспособливата контрола на
патувањето на стрмнини.
Перформансите на системот по
нагорнини зависат од брзината на
возилото, натовареноста на
возилото, сообраќајните услови и
степенот на стрмнината. Може да
не открие возило на вашата патека
додека возите по ридови. На
стрмнини, може ќе треба да ја
користите педалата на гасот за да
ја одржувате брзината на
возилото. Кога одите по
надолнини, може ќе треба да
сопирате за да ја одржите или намалите брзината.
Page 150 of 259
148Возење и ракувањеИмајте предвид дека со
притискање на сопирачката го деактивирате системот.
Радарска единица
Радарската единица се наоѓа во
средината на предниот браник.
9 Предупредување
Радарската единица е
порамнета внимателно за
време на производството.
Затоа, во случај на преден
судир, не користете го системот. Предниот браник може да
изгледа неоштетен, но тоа може
да влијаело на сензорот одзади
и тој да реагира неправилно. По несреќа, посетете
автомеханичар за да ја провери
и приспособи положбата на
радарската единица.9 Предупредување
Користењето на поддршката за
регистарска табличка може да влијае врз правилната работа
на радарската единица и може
да ги намали перформансите на сензорот. Возила што возат
пред вас, пешаци или други
предмети што се наоѓаат пред
возилото можно е да не ги
открие системот.
Не користете поддршка за
регистарската табличка на
предниот браник за да
обезбедите правилна
функционалност на системот.
Дефект
Во случај на дефект на
приспособливата контрола на
патувањето, вие добивате
предупредување преку
вклучување на сијаличка за
предупредување и се прикажува
порака во таблата со инструменти
заедно со звучен сигнал.
Приспособливата контрола на
патувањето може да не работи правилно ако сообраќајните знаци
не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци и
сигнали.
Системот треба да го провери
претставникот или автомеханичар.
Како мерка за безбедност, не
користете го системот ако има
дефект на сијаличките за
сопирачките. Не користете го
системот ако има оштетување на
предниот браник.