OPEL CORSA F 2020 Сопственички прирачник

Page 201 of 259

Нега на возилото199Кутија со осигурувачи во
таблата со инструменти
Кутија со осигурувачи на
левата страна од таблата со
инструменти
Во возилата со воланот од левата
страна, кутијата со осигурувачи се
наоѓа зад капак во таблата со
инструменти. Турнете го капакот од
долниот дел и извадете го.
Бр.Струјно коло1Радар / Ретровизор3Индуктивно полнење4Сирена5Миење на шофершајбната6Миење на шофершајбната7USB8Заден бришач10Централна брава11Централна браваБр.Струјно коло12Модул за приклучок за
дијагностика13Систем за контрола на
климатизацијата14Аларм / Opel Connect17Група инструменти21Копче за вклучување / Систем за заштита од кражба22Сензор за дожд / Сензор за
светла / Камера23Потсетник за безбедносниот
ремен24Екран на допир од 7 инчи /
Помош за паркирање /
Ретровизорска камера25Воздушно перниче27Систем за тревожење при
кражба29Екран на допир од 7 инчи /
Инфозабава

Page 202 of 259

200Нега на возилотоБр.Струјно коло31Запалка / Штекер за
напојување од 12 V32Волан со греење33Систем за контрола на
климатизацијата / Автоматски
менувач34Помош за паркирање /
Местење на страничните
ретровизори
Кутија со осигурувачи на
десната страна од таблата со
инструменти
Во возилата со воланот од левата
страна, кутијата со осигурувачи е
сместена зад капак во касетата.
Отворете ја касетата и извадете го капакот. Извадете го држачот.Бр.Струјно коло1Греење на задното стакло2Странични ретровизори со
греење3Предни електрични прозорци4Местење на странични
ретровизори / Ретровизори на
преклопувањеБр.Струјно коло5Задни електрични прозорци8Кутија со осигурувачи (од
десната страна од таблата со
инструменти)10Греење на предните седишта11Функција за масажа на
седиштата

Page 203 of 259

Нега на возилото201Прирачен алат
Алати Возила со резервно тркало Отворете го товарниот простор.
Алатите се наоѓаат во торбата за
алати:
● Дигалка (1)
● Клуч за тркалата (2)
● Алка за влечење (3)
● Отстранувач на капачињата на
завртките (4)
● Блокатор (5)
● Адаптер за навртките за заклучување на тркалата (6)
Возила без резервно тркало
Алката за влечење се наоѓа во
кутија под капакот на подот во
товарниот простор.
Комплет за поправање гуми 3 206.
Тркала и гуми
Состојба на гумите, состојба на
тркалата
Преку рабови возете полека и, ако е можно, под прав агол. Возењето
преку остри рабови може да
предизвика оштетувања на гумите
и на тркалата. Не ги заглавете
гумите на работ од тротоарот кога
паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Контактирајте
со автомеханичар во случај на
оштетување или необично абење.
Зимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба
да се стават на сите тркала.
Во согласност со прописите
спесифични за државата, залепете ја налепницата за брзина во
видното поле на возачот.
Сите големини на гуми се
дозволени за зимски гуми 3 236.

Page 204 of 259

202Нега на возилотоОзнаки на гумитеНа пр. 225/55 R 18 98 V225:широчина на гумата во мм55:профил (сооднос на
височината со широчината
на гумата) во %R:вид ремен: РадијаленRF:вид: RunFlat (функционира и
издишана)18:пречник на тркалото во инчи98:индекс на оптоварувањето,
на пр. 98 одговара на 750 кгV:буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q:до 160 км/чS:до 180 км/чT:до 190 км/чH:до 210 км/чV:до 240 км/чW:до 270 км/ч
Изберете гума соодветна за
најголема брзина на Вашето
возило.
Најголемата брзина се постигнува
со максимална тежина со возачот
(75 кг) плус 125 кг товар.
Дополнителната опрема може да ја намали максималната брзина на
возилото.
Перформанси 3 233.
Еднонасочни гуми Еднонасочните гуми треба да се
монтираат така што ќе се вртат во
правилна насока. Правилната
насока на вртење ја покажува
симбол (на пр. стрелка) од
страната на гумата.
Притисок на гумите Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за откривање
на издишаноста на гумите.
Притисок во гумите 3 236.
Етикетата со информации за
притисокот во гумите на рамката на
десната врата ги посочува
оригиналните гуми и соодветните
притисоци во гумите.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за
целосна оптовареност.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето со возилото,

Page 205 of 259

Нега на возилото203удобноста и економичноста напотрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:
1. Идентификувајте ја идентификациската шифра намоторот.
Податоци за моторот 3 233.
2. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 236.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно
прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
9 Предупредување
За специфични гуми,
препорачаниот притисок во
гумите што е прикажан во
табелата за притисок во гумите може да биде поголем од
максималниот притисок во
гумите што е наведен на гумата.
Никогаш не надминувајте го
максималниот притисок што е
прикажан на гумата.
Зависност од температурата
Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат. Вредностите на
притисокот во гумите кои се дадени
на етикетата за информации за
притисокот на гумите, важи за
ладни гуми што значи на 20 °C.
Притисокот се зголемува за околу
10 kPa за покачување на
температурата од 10 °C. Тоа мора да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Систем за откривање наиздишаноста на гумите
Системот за откривање на
издишаноста на гумите постојано
ја проверува брзината на ротација
на сите четири тркала и
предупредува за низок притисок во гумите кога возилото е во
движење. Тоа се постигнува со
споредување на работ на
тркалање со референтни
вредности и дополнителни
сигнали.

Page 206 of 259

204Нега на возилотоАко некоја гума го загуби
притисокот, контролната сијаличка
w светнува, а во Информативниот
центар за возачот се прикажува
порака за предупредување.
Контролна сијаличка w 3 78.
Во овој случај, намалете ја
брзината, избегнувајте остри
свртувања и нагло сопирање.
Запрете штом ќе ви се укаже
можност и проверете го притисокот во гумите.
Откако ќе го приспособите
притисокот во гумите, активирајте
го системот за да ја исклучите
контролната сијаличка и да го
рестартирате системот.
Ако грешката продолжи да се
прикажува, посетете
автомеханичар. Системот не може
да работи ако ABS или ESC имаат
дефект или се користи резервно
тркало. Штом ќе се постави
нормално тркало, проверете го
притисокот во гумите кога гумите
се ладни и повторно активирајте го
системот.Внимание
Системот за откривање на
издишаноста само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Иницијализирање на системот
По корекција на притисокот во
гумите или менување тркала,
системот мора да се активира за да
ги научи новите референти
вредности за тркалање:
1. Секогаш проверувајте дали сите четири гуми го имаат
точниот притисок 3 236.
2. Применете ја сопирачката за паркирање.
3. Активирајте го системот преку Инфо-екранот 3 82.
4. Ресетирањето се потврдува со појавно известување.
По активирањето, системот
автоматски се калибрира на новите
притисоци во гумите во текот на
возењето. По подолго возење, системот ќе ги прифати и ќе ги
следи новите притисоци.
Секогаш проверувајте го
притисокот во гумите кога гумите
се ладни.
Системот мора да се активира
повторно кога:
● Притисокот во гумите се променил
● Натовареноста се променила ● Тркалата ги замениле местата или биле променети
Системот нема веднаш да
предупреди за дупка во некоја гума или за брзо издишување. Ова е
поради потребното време за
пресметување.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини ако
длабочината на шарите падне под 2-3 мм (4 мм за зимските гуми).

Page 207 of 259

Нега на возилото205Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред отколку назад, повремено
заменувајте ги предните и задните тркала. Проверете дали насоката
на вртењето на тркалата е иста.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.
Менување на големинатана гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде неопходно одново да се
програмира системот за
откривање на издишаноста на
гумите и да се извршат други
преиначувања на возилото.
Систем за откривање на
издишаноста на гумите 3 203.
Заменете ја налепницата со
притисоците во гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе ја поништи
дозволата за работа на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возила со челични тркала: Кога
користите завртки за заклучување
на тркалата, не ставајте раткапни.

Page 208 of 259

206Нега на возилотоСинџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 9 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџирите за гуми се дозволени за
гуми со големина 185/65R15 и
195/55R16.
Привремено резервно тркало Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање гуми
Помалите оштетувања на шаратана гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може да се поправат со комплетот за
поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Во случај на дупната гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.

Page 209 of 259

Нега на возилото207Комплетот за поправање гуми е во
товарниот простор под капакот на
подот.
1. Извадете ги шишето со заптивната смеса икомпресорот.
2. Извадете ја налепницата за ограничување на брзината од
шишето со заптивната смеса и
ставете ја некаде каде што ќе
биде видлива за возачот.
3. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот на
приклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучокот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката 3 64.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.

Page 210 of 259

208Нега на возилото
10. Поставете го преклопникот накомпресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 600 kPa (6 бари)
додека шишето за заптивната
смеса се празни (околу
30 секунди). Потоа притисокот
почнува да опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надувува.
13. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 236.
Кога ќе се постигне правилниот притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Испуштете го вишокот притисок со копчето на цревото за
воздух.
Не работете со компресорот подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Отстранете гошишето со заптивната смеса од држачот. Зашрафете го
цревото за полнење врз
слободниот приклучок од
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.

Page:   < prev 1-10 ... 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 ... 260 next >