OPEL ANTARA 2015 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: ANTARA, Model: OPEL ANTARA 2015Pages: 171, PDF Size: 2.9 MB
Page 111 of 171

Вовед111
Страниците за избирање имаат
изборник за избирање со преглед
на секоја ставка од левата страна
на екранот. Страниците за
избирање ве водат до страниците
со функции или за поставки.
Изборникот Audio (аудио) е пример
за страница за избирање.
Страници со функции
Страниците со функции се
страници на изборниците каде што останувате, на пр. кога слушате
радио или ЦД.
Страниците со функции исто имаат
ставки што може да се извршат и
тие водат до понатамошни
страници со функции или за
поставки.
Изборникот за радио е пример за
страница со функции.
Страници за поставки
Страниците за поставки се
страници на изборникот каде што
може да се вршат поставки, на пр.
поставки за звукот и сл.
Изборникот CD Extras
(дополнително за ЦД) е пример за
страница за поставки.
Нивоа на изборниците
Изборниците на Инфозабавниот
систем се поделени на нивоа.
Моменталното ниво на изборникот
е прикажано со вертикални линии
на работ на екранот (на пр. главен
= нема линија, страница со
функции радио = 1 линија итн.).
Избирање од изборник
Ставките во изборниците се
избираат со користење на
покажувач што се поместува со
вртење на копчето за повеќе
функции. Покажувачот има облик
на рамка (лента). Покажувачот
укажува која ставка е избрана.
Page 112 of 171

112Вовед
Вртете го копчето за повеќе
функции додека не се означи
саканата ставка.
Притиснете го копчето за повеќе
функции.
Соодветната функција се
извршува или се прикажува друг
изборник.
■ Во следните поглавја на упатствата за ракување,
барањата за дејството опишано
погоре се сумирани на следниов
начин:
Изберете ја ставката.
■ Во некои изборници поставките се вршат со вртење на копчето за
повеќе функции.
■ Активните функции се препознаваат по штиклиран
квадрат или избрано поле за
опција пред ставката.
■ Функциите што се исклучени се препознаваат по отштиклиран
квадрат или празно поле за
опција пред ставката.Избирање од список
Некои изборници се прикажуваат
како списоци.
Движете го покажувачот нагоре или надолу со вртење на копчетоза повеќе функции.
Притиснете го копчето за повеќе
функции за да го потврдите
изборот.
Во следните поглавја на
упатствата за ракување, барањата
за дејството опишано погоре се
сумирани на следниов начин:
Изберете ја саканата ставка од
списокот.
■ Ако го придвижите покажувачот
најгоре или најдолу на екранот,
се појавуваат други ставки од
списокот. Лента за листање од
десната страна на екранот
укажува на моменталната
положба на покажувачот во
списокот.
■ Последната ставка од списокот е
означена со стрелка на некои
списоци.
■ Името на списокот и бројот ставки во него се прикажани
најгоре.
Појавни изборници Во одредени случаи, на екранот се
појавуваат дополнителни белешки
и информации од Инфозабавниот
систем или од другите делови на
возилото.
За таа цел, моментално
прикажаниот изборник е прекриен
со појавната порака.
Некои појавни пораки треба да
потврдите (на пр. сообраќајни
соопштенија за време на
Page 113 of 171

Вовед113
телефонски разговор), а другите
автоматски ќе исчезнат по кусо
време.
Во режимот за ЦД, на пример, се
прикажува сообраќајната станица
за време на сообраќајно
соопштение кога е активно ТР.
Избирање на главниот
изборник
За да го отворите главниот
изборник, постапете на следниов
начин:
Притиснете го копчето MAIN.
Се прикажува главниот изборник.
Или:
Свртете го копчето за повеќе
функции надесно додека во
подножјето не се појави ставката
Main (главно) .
Притиснете го копчето за повеќе
функции.
Се прикажува главниот изборник.
Или:
Повторете ги следниве чекори
додека не се прикаже главниот
изборник:
Вртете го копчето за повеќе
функции додека на насловната
лента не се прикаже ставката
Return (назад) .
Притиснете го копчето за повеќе
функции.
Избирање на изборникот за
радио Притиснете го копчето TUNER.
Се прикажува изборникот за радио.
Се прикажува последната
наместена станица.
Ја слушате последната наместена
станица.
Избирање на изборникот
CD (ЦД) Притиснете го копчето MEDIA
еднаш или повеќепати додека не
се прикаже изборникот CD (ЦД).
Page 114 of 171

114Вовед
Ако не е вметнато ЦД, се
прикажува соодветна порака.
Се прикажува последната
репродуцирана песна од дискот.
Ја слушате последната
репродуцирана песна од дискот.
Избирање на изборникот
Audio (аудио)
Во изборникот Audio (аудио),
менувајте меѓу брановите
должини FM, AM, DAB (ако е
достапно) и ЦД, USB, AUX за да го
отворите изборникот Sound (звук).
За да го избереете изборникот
Audio (аудио) , постапете на
следниов начин:
Во изборниците за радио, извор на звук или Sound (звук) :
Вртете го копчето за повеќе
функции додека на насловната
лента не се прикаже ставката
Return (назад) .
Притиснете го копчето за повеќе
функции.
Се прикажува изборникот Audio
(аудио) .
Избирање на изборникот за
звук
Притиснете го копчето SOUND.
Се прикажува изборникот Sound
(звук) .
Излегување од изборник
Од изборник може да излезете на
два начина:
Излегување од изборник со
копчето за повеќе функции
Вртете го копчето за повеќе
функции додека на насловната лента не се прикаже ставката
Return (назад) .
Притиснете го копчето за повеќе
функции.
Се прикажува следниот повисок
изборник.
Оваа опција не е достапна во
главниот изборник.
Или:
Page 115 of 171

Вовед115
Вртете го копчето за повеќе
функции надесно додека на
долната лента не се прикаже
ставката Main (главно) .
Притиснете го копчето за повеќе
функции.
Се прикажува главниот изборник.
Оваа опција не е достапна во
списоците, изборниците за
внесување и главниот изборник.
Користење на функциските
копчиња за излегување од
изборник
За да излезете од изборник, може
да ги користите функциските
копчиња MEDIA, TUNER ,
SETTINGS , SOUND и MAIN .
■ Притиснете го копчето MEDIA.
Се прикажува изборникот за
извор на звук.
■ Притиснете го копчето TUNER.
Се прикажува изборникот за
радио.
■ Притиснете го копчето SETTINGS .Се прикажува изборникот
Settings (поставки) .
Од изборниците отворени со
копчето SETTINGS може да се
излезе со истото копче.
■ Притиснете го копчето SOUND.
Се прикажува изборникот Sound
(звук) .
■ Притиснете го копчето MAIN.
Се прикажува главниот
изборник.
Главен изборник
Главниот изборник е екран што
дава само информации. Може да
се изберат три главни прегледи на
изборникот: аудио, Портал за
мобилен телефон и компјутер во
автомобил.
За да влезете во главниот
изборник, постапете на следниов
начин.
Може да се прикажат следниве
информации:
Информации на компјутерот во
автомобил
Прикажување информации од
компјутерот во автомобил, избрани
со копчето BC. Видете во
упатството за употреба на
автомобилот.
Информации на Порталот за
мобилен телефон
Се прикажуваат информации ако е монтиран Портал за мобилен
телефон. Видете го упатството за
ракување со Порталот за мобилен
телефон.
Page 116 of 171

116Вовед
Аудио информации
Приказ на следниве аудио
информации:
■ Место во меморијата на моменталната станица.
■ Име на моменталната станица или нејзината фреквенција, име
на албумот, име на песната и
името на изведувачот или број на
песната или време на песната.
■ Ако е вклучено аналогно радио, прикажано е FM, AM или FMDAB
(FM дигитална аудио дифузија)
3 120.
■ Ако е вклучено дигиталното радио, прикажано е DABFM
(дигитална аудио дифузија FM)
или DAB (дигитална аудио
дифузија) плус името на
ансамблот и на услугата 3 130.
■ Ако е вклучена регионалната функција, прикажано е REG
(регионални) 3 126.
■ Ако е вклучена меморијата за автоматско зачувување, ќе се
прикаже AS (автоматско
зачувување) 3 124.■ Името на програмата е
прикажано ако е активна
функцијата RDS 3 126.
■ Ако се вклучени сообраќајните соопштенија, ќе биде прикажано
[TP (сообраќајна програма)] или
[ ] 3 126.
■ Ако е ставено ЦД, ќе се прикаже CD in (вметнато е ЦД) . Ако се
репродуцира ЦД со музика МР3,
прикажано е и MP3 3 135.
■ Ако е вклучено Random CD
(произволно ЦД) , Random USB
(произволен USB) или Random
Album (произволен албум) , се
прикажува g 3 135.
■ Ако е вклучено Repeat Track
(повторувај песна) , прикажано е
i 3 135.
■ Ако е вклучено Scan CD (сканирај
ЦД) или Scan USB (скенирај
USB) , се прикажува k 3 135.
Надворешна температура
Показател на моменталната
надворешна температура. Видете
во упатството за употреба на
автомобилот.Време
Приказ на моменталното време.
Видете во упатството за употреба
на автомобилот.
Информација за системот за
контрола на климатизацијата
Видете во упатството за употреба
на автомобилот.
Поставки на тонот
Page 117 of 171

Вовед117
Во изборникот Sound (звук), што се
повикува со копчето SOUND,
достапни се следниве ставки:
■ Treble (високи тонови) и Bass
(басови)
■ Balance (баланс) и Fader
(распределба на звукот)
■ Sound (звук)
Поставка
Treble (високи тонови) и
Bass (басови) Поставките важат за моментално
избраниот извор на звук и се
меморираат посебно за секое
достапно фреквентно подрачје и
извор на звук.
1. Изберете ја ставката Treble
(високи тонови) или Bass
(басови) .
2. Вртете го копчето за повеќе функции додека не се постависаканата вредност.
3. Притиснете го копчето за повеќе функции.4. Ако сакате: изберете Treble
(високи тонови) или Bass
(басови) .
5. Продолжете како што е опишано погоре.
Басовите се приспособуваат
автоматски според брзината на
возењето заради надоместување
на бучавата од тркалата и од
околината. Поставката не може да
се смени.
Поставување на
распределбата на гласноста
лево-десно или напред-назад
1. Изберете ја ставката Balance
(баланс) или Fader
(распределба на звукот) .
2. Вртете го копчето за повеќе функции додека не се постави
саканата вредност.
3. Притиснете го копчето за повеќе функции.4. Ако сакате: изберете Balance
(баланс) или Fader
(распределба на звукот) .
5. Продолжете како што е опишано погоре.
Sound (звук) Ако сакате претходно поставен
стил на звукот, може да бирате
меѓу пет опции.
Изберете ја ставката Sound (звук).
Достапни се следниве можности:
User (корисник) (кориснички
определена боја на звукот), Jazz
(џез) , Speech (говор) , Pop (поп-
музика) , Classic (класична) и Rock
(рок) .
Активирајте го саканиот стил на звук.
Поставки на гласноста Изборникот Volumes (гласности)
може да се повика од изборниците
за радио или за извор на звук.
Притиснете го копчето SETTINGS.
Изберете ја ставката Volumes
(гласности) .
Page 118 of 171

118Вовед
Се прикажува изборникот Volumes
(гласности) .
Достапни се следниве ставки:
■ TA Volume (гласност на
сообраќајните соопштенија) :
Гласност на сообраќајните соопштенија
■ SDVC : Контрола на гласноста
зависно од брзината
■ Start-up volume (гласност при
вклучување) : Максимална
гласност кога се вклучува
Инфозабавниот систем
■ External In (надворешен влез) :
Гласност на надворешен извор
(на пример кога се поврзува
мобилен телефон)
■ Aux volume (гласност на Aux) :
Гласност на надворешен извор
на звук (на пример кога се
поврзува ЦД-плеер)
TA Volume (гласност на
сообраќајните соопштенија)
Користете ја оваа функција за
прилагодување на гласноста на
сообраќајните соопштенија.
Изберете ја ставката TA Volume
(гласност на сообраќајните
соопштенија) .
Вртете го копчето за повеќе
функции додека не се постави
саканата вредност.
Притиснете го копчето за повеќе
функции.
SDVC
За да се надомести за околната и
бучавата од тркалата, гласноста на Инфозабавниот систем се
прилагодува кон брзината навозилото. Може да ја користите
функцијата SDVC за
прилагодување на гласноста
зависно од брзината.
Изберете ја ставката SDVC.
Вртете го копчето за повеќе функции додека не се постави
саканата вредност.
Притиснете го копчето за повеќе
функции.
Start-up volume (гласност при
вклучување)
Изберете ја ставката Start-up
volume (гласност при вклучување) .
Вртете го копчето за повеќе
функции додека не се постави саканата вредност.
Притиснете го копчето за повеќе
функции.
Page 119 of 171

Вовед119
■ Кога ќе се вклучи,Инфозабавниот систем почнува
со последната избрана гласност
ако е таа под максималната
гласност при вклучување.
■ Кога ќе се вклучи, Инфозабавниот систем почнува
со максималната гласност за
вклучување ако е таа под
последната избрана гласност.
External In (надворешен влез) Користете ја оваа функција за
прилагодување на гласноста на
надворешните извори, на пример
мобилен телефон.
Изберете ја ставката External In
(надворешен влез) .
Вртете го копчето за повеќе
функции додека не се постави
саканата вредност.
Притиснете го копчето за повеќе
функции.Aux volume (гласност на Aux)
Користете ја оваа функција за
прилагодување на гласноста на
надворешните извори на звук, на
пример ЦД-плеер.
Изберете ја ставката Aux volume
(гласност на Aux) .
Вртете го копчето за повеќе
функции додека не се постави
саканата вредност.
Притиснете го копчето за повеќе
функции.
Page 120 of 171

120РадиоРадиоУпотреба................................... 120
Пребарување станици .............120
Списоци за автоматско
зачувување ............................... 124
Радио податочен систем
(RDS) ......................................... 126
Дигитална аудио дифузија ......130Употреба
Радио режим
Префрлете од друг режим во радио
како што е прикажано подолу:
Притиснете го копчето TUNER.
Ја слушате последната наместена
станица.
Избирање фреквентен опсег
за радио-режимот
Ја слушате последната наместена
станица.
Во изборникот за радио, вртете го
копчето за повеќе функции налево
додека на насловната лента не се
прикаже ставката Return (назад).
Притиснете го копчето за повеќе
функции.
Се прикажува изборникот Audio
(аудио) .
Изберете фреквентен опсег FM,
AM или DAB (ако е достапен).
Последната избрана страница од
брановата должина се слуша и
прикажува.
Можете да избирате помеѓу FM/AM ( аналогно радио) и DAB ( дигитално
радио, ако е достапно) сo
притискање на копчето TUNER.
Пребарување станици Меморија на станици