OPEL ANTARA 2015 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: ANTARA, Model: OPEL ANTARA 2015Pages: 171, PDF Size: 2.9 MB
Page 71 of 171

Навигација71
Шаховското знаме сега ја означувановата дестинација, а на долниот
дел на картата се прикажува името
на улицата (или координатите
GPS) на новата дестинација.
Изберете го екранското копче Set
(Постави) .
Се прикажува порака со следниве
опции:
Save (Сочувај) : зачувај ги
податоците за адресата на новата
дестинација во адресарот.
Set as (Одреди како) Destination
(Одредиште) : почни водење по
маршрута до новата дестинација.
Изберете ја саканата опција
(екранско копче).
Откако ќе го изберете екранското
копче Save (Сочувај) од пораката,
се прикажува изборник со
тастатура за внесување име.
Внесете го саканото име за новата
дестинација и изберете го
екранското копче OK за да ги
зачувате податоците за адресата
на новата адреса во адресарот.
Откако ќе го изберете екранското
копче Set as (Одреди како)
Destination (Одредиште) од
пораката, се пресметува
маршрутата до новата дестинација и почнува водењето по маршрута.
Опис на водењето по маршрута,
видете во поглавјето
„Водење“ 3 74.
Избирање крстосница како дестинација Овој начин за внесување
дестинација функционира речиси
исто како што е опишано за
„Директно внесување адреса“,
видете погоре.
Наместо одредување локација на улица по број на куќа, треба да
одредите локација по крстосница.
За да изберете крстосница како
дестинација:
Притиснете го копчето NAV, а
потоа изберете ја ставката
Destination (Одредиште) за да се
отвори изборникот ENTER
DESTINATION (ВНЕСИ
ОДРЕДИШТЕ) .
Page 72 of 171

72Навигација
Изберете ја ставката Intersection as
destination (Крстосница како
одредиште) .
Извршете ги чекорите 1 до 3 од
„Директно внесување адреса“,
видете погоре.
Откако ќе внесете име на улица:
Ако има само една улица што се
вкрстува со претходно одредената
улица, се прикажува изборникот
CONFIRM DESTINATION
(ПОТВРДИ ОДРЕДИШТЕ) .
Продолжете со чекорот 5 од
„Директно внесување адреса“,
видете погоре.
Ако има 5 или помалку улици што
се вкрстуваат, се прикажува список
на сите улици што се вкрстуваат.
Изберете ја саканата улица што се
вкрстува и продолжете со чекорот
5 од „Директно внесување адреса“,
видете погоре.
Ако има повеќе од 5 улици што се
вкрстуваат, се прикажува изборник
со тастатура за внесување име.
Внесете го името на улицата што
се вкрстува со претходно
одредената улица или изберете го
екранското копче List (Листа) за
директно прикажување список на
сите улици што се вкрстуваат.
Изберете ја саканата улица што се
вкрстува и продолжете со чекорот
5 од „Директно внесување адреса“,
видете погоре.
Одбирање претходна
дестинација
Притиснете го копчето NAV, а
потоа изберете ја ставката
Previous Destinations (Претходни
одредишта) .
Се прикажува список со
дестинации што претходно биле користени за водење по маршрута.
Page 73 of 171

Навигација73
Автоматски ќе се зачуваат до 50
дестинации. Кога бројот претходни
дестинации ќе надмине 50,
најстарата ќе се отстрани од
списокот и ќе се додаде новата.
Откако ќе изберете претходна
дестинација од списокот, се
прикажува изборник со детални
информации за адресата (ако ги
има) или координатите GPS на
дестинацијата.Достапни се следните опции на
изборникот:
■ Save (Сочувај) : ги зачувува
податоците на прикажаната
дестинација во адресарот.
Детални информации за
адресарот, видете во „Употреба
на адресарот“ погоре.
■ Del. all (Избриши сè) : го брише
целиот список претходни
дестинации.
■ Delete (Избриши) : ги брише
прикажаните дестинации од
списокот претходни дестинации.
■ OK : ја одредува прикажаната
адреса или координатите GPS
како нова дестинација и почнува
водење по маршрута за таа
дестинација.
Опис на водењето по маршрута,
видете во поглавјето
„Водење“ 3 74.
Внесување и избирање
домашна адреса Притиснете го копчето NAV, а
потоа изберете ја ставката Home
(Почеток) .Се прикажува изборник со
моментно одредената домашна
адреса или координати GPS,
видете ја сликата долу.
Ако претходно не била одредена
домашна адреса, полето за адреса во изборникот е празно.
Штом ќе се одреди домашна
адреса, изборникот дава можност
практично да се почне водење по
маршрута до домашната адреса.
Достапни се следните опции на
изборникот:
■ Position (Положба) : ја брише
старата домашна адреса (ако ја
Page 74 of 171

74Навигација
има) и ја зачувува моментната
положба како нова домашна
адреса.
Потоа ќе се прикажат податоците
за адресата или координатите
GPS за моментната положба.
■ Change (Смени) : го прикажува
изборникот за директно
внесување адреса.
Користејќи го овој изборник може да внесете и зачувате нова
домашна адреса, видете во
„Директно внесување
адреса“ погоре.
Старата домашна адреса (ако ја има) ќе се избрише.
■ Start (Почни) : ја одредува
прикажаната домашна адреса
или координатите GPS како нова
дестинација и почнува водење по
маршрута за таа дестинација.
Опис на водењето по маршрута,
видете во поглавјето
„Водење“ 3 74.Водење
Општи информации Водењето по маршрута го
обезбедува навигацискиот систем
преку визуелни упатства и говорни
команди (говорно водење).
Визуелни упатства
Визуелните упатства се
прикажуваат на екранот на
картата, во изборникот TRAFFIC
INFO (СООБРАЌАЈНИ
ИНФОРМАЦИИ) , во сите главни
изборници за аудио, на пр.
изборникот CD, и во изборникот
PHONE (ТЕЛЕФОН) .
Визуелни упатства прикажани на
екранот на картата:
Визуелни упатства прикажани во
изборниците, на пр. радио
изборникот FM1:
Page 75 of 171

Навигација75
За детални описи на екранот на
картата и за информации за
визуелното водење по машрута,
видете во поглавјето
„Користење“ 3 42.
Говорни команди
Говорните команди ќе објават која
насока да се следи кога се
приближувате кон крстосница на
која треба да свртите.
За да го вклучите или исклучите
говорното водење: допрете го
екранското копче Voice (Глас) на
екранот на картата неколку
секунди, видете на сликата на
екранот на картата погоре. Ако е
вклучено говорното водење,
етикетата на копчето е прикажана со бела боја, инаку со црна.
За да се повтори последната
објавена говорна команда:
потчукнете го екранското копче
Voice (Глас) .
За да ја приспособите јачината на
гласот кога се објавуваат
говорните команди: свртете го
копчето X.Забелешка
Вклучувањето и исклучувањето
на говорното водење се
сигнализира со звук ако се
вклучени системските звуци 3 13.
Контролирање на водењето
по маршрута преку
изборникот
NAVIGATION (НАВИГАЦИЈА)
Притиснете го копчето NAV за да
се отвори изборникот NAVIGATION
(НАВИГАЦИЈА) .Изборникот NAVIGATION
(НАВИГАЦИЈА) има три опции што
може да ги користите за
контролирање на водењето по
маршрута:
■ Options (Опции) : го отвора
изборникот ROUTE OPTIONS
(ОПЦИИ ЗА ПАТЕКА) што дава
неколку поставки за
пресметување/повторно
пресметување на маршрутата и
водење по маршрутата, видете
во „Поставки за пресметување и
водење по маршрута“ подолу.
■ Route (Патека) : го отвора
изборникот ROUTE LIST ( ЛИСТА
ПАТЕКИ) што ги прикажува сите
улици на мометната маршрута,
видете во „Прикажување на
списокот маршрути“ подолу.
■ Cancel Route (Откажи патека) : го
откажува моментно активното водење по маршрута.
Ако моментно е одредена
дополнителна точка на патот
(попатна дестинација) за
водењето по маршрута, се
појавува порака да решите:
Page 76 of 171

76Навигација
дали да се откаже водењето по
маршрута до точката на патот и
конечната дестинација, или
дали да се откаже само
водењето по маршрута до
точката на патот.
Ако го откажете водењето по
маршрута само до точката на
патот: навигацискиот систем
автоматски повторно ја
пресметува маршрутата за да ве води до конечната дестинација.
Поставки за пресметување и
водење по маршрута
Пред да почнете водење по
маршрута, но и кога водењето по
маршрута е веќе активно, може да
одредите неколку критериуми за
пресметување/повторно
пресметување на маршрутата и за
водење по маршрута.
Притиснете го копчето NAV, а
потоа изберете ја ставката Options
(Опции) за да се отвори изборникот
ROUTE OPTIONS (ОПЦИИ ЗА
ПАТЕКА) .
Достапни се следните опции на
изборникот:
■ Dynamic navigation (Динамична
навигација) : изберете ако
навигацискиот систем треба да
ги земе предвид сообраќајните
(TMC) пораки за пресметување/
повторно пресметување на
маршрутата, видете во
поглавјето „Динамично
водење“ 3 81.
Достапни поставки:
Off ( Искл.) : Не се земаат предвид
пораките TMC за пресметување
на маршрутата.
Automatic (Автоматски) : сите
пораки TMC автоматски се
земаат предвид за
пресметување/повторно
пресметување на маршрутата.
Prompt (Прашај) : ако има застој
на сообраќајот или други
сообраќајни инциденти за кои
навигацискиот систем ќе прими
порака TMC, ќе ве извести
порака:
дали треба да се пресмета
алтернативна маршрута до
дестинацијата
или
дали претходно пресметаната
маршрута треба да остане
несменета.
Пораката ќе се прикаже на
екранот дури и ако во моментот е
активен аудио режим (на пр. AM/
FM или ЦД) или телефонскиот
режим.
Page 77 of 171

Навигација77
■Route mode (Режим за патека) :
изберете дали за водењето по
маршрута треба да се пресмета
најбрзата, најекономичната или најкратката маршрута.
■ Motorways (Автопати) : изберете
дали магистралните патишта
треба да се избегнуваат или користат за водење по
маршрута.
■ Tolls & Ferries (Патарини и
траекти) : изберете дали при
пресметувањето на маршрутата
до дестинацијата патарините и
траектите треба да се
избегнуваат или користат или
нивното користење да се сведе
на минимум.
Прикажување на списокот на
маршрута
Притиснете го копчето NAV, а
потоа изберете ја ставката Route
(Патека) за да се отвори ROUTE
LIST (ЛИСТА ПАТЕКИ) .
Списокот маршрути ги покажува
сите улици на пресметаната
маршрута, почнувајќи од
моментната локација.
Секоја ставка на списокот може да
ги прикажува следниве
информации:
■ Име на улицата, магистрален пат
или приклучок на магистрален
пат.
■ Стрелка за насока или симбол за
магистрален пат.
Забелешка
Дополнителен мал црвен
триаголники во стрелка за насока
или симбол за магистрален пат
укажуваат на сообраќаен настан
што се очекува на односната
улица или пат.
■ Оддалеченост до најблиската улица на маршрутата, или
■ проценето време потребно да се
дојде до следната улица на
маршрутата, или
■ проценето време на пристигнување кога ќе се дојдедо следната улица на
маршрутата.
Прикажаните информации за
времето зависат од тоа дали на екранот на картата биле избрани
проценетото преостанато време на
патување или проценетото време
на пристигнување.
За да го смените режимот за
прикажување на времето,
притиснете го копчето MAP, а
потоа потчукнете ги информациите
Page 78 of 171

78Навигација
за времето прикажани под
стрелката за насока од левата
страна на екранот на картата.
За да се прикажат сите достапни
информации за одредена ставка на списокот маршрути: изберете ја
таа ставка на списокот.
Контролирање на водењето по маршрута преку
изборникот
TRAFFIC MESSAGES (СООБРАЌАЈНИ ПОРАКИ) Притиснете го копчето TRAF за да
се отвори изборникот TRAFFIC
MESSAGES (СООБРАЌАЈНИ
ПОРАКИ) .
Изборникот TRAFFIC MESSAGES
(СООБРАЌАЈНИ ПОРАКИ) го
прикажува најблискиот сообраќаен настан (ако постои), на пр.
сообраќаен застој, на моментната
маршрута.
Достапни се следните опции на
изборникот:
■ Block (Блокирај) : со оваа ставка
може да исклучувате улици од
водењето по маршрута, видете
во „Исклучување улици од
водењето по маршрута“ подолу.
■ TA : вклучува или исклучува
прием на сообраќајни
соопштенија 3 27.
■ Route (Патека) : прикажува
список на сите сообраќајни
настани на моментната
маршрута.
За да се прикажат детални
информации за одреден
сообраќаен настан: изберете
ставка од списокот.
■ All (Сите) : ги прикажува сите
сообраќајни настани на
моментната маршрута, а
дополнително и сите
сообраќајни настани во близина на моментната положба на
возилото.
Page 79 of 171

Навигација79
Сообраќајните (TMC) симболи
(видете во поглавјето „Преглед
на симболите“ 3 84) што
укажуваат на сообраќајни
настани на моментната
маршрута се нагласени со
црвено.
Исклучување улици од водењето по маршрута
Откако ќе почне водењето по маршрута, може да исклучите
улици од претходно пресметаната
маршрута.
Маршрутата потоа повторно ќе се
пресмета, при што претходно
исклучените улици ќе се одминат.
Притиснете го копчето TRAF, а
потоа изберете го екранското
копче Block (Блокирај) за да се
отвори изборникот AVOID ROUTE
SECTION (ИЗБЕГНИ ДЕЛ ОД ПАТЕКА) .
Достапни се следните опции на
изборникот:
■ Avoid Road Ahead (Избегни го
патот напред) : го отвора
изборникот AVOID ROAD AHEAD
(ИЗБЕГНИ ГО ПАТОТ НАПРЕД) .Со користење на овој изборник
може да ги исклучите првите
следни улици од моментната
маршрута определувајќи ја
должината на делот за
избегнување, почнувајќи од
моментната положба на
возилото.
За да се исклучат следните
улици од маршрутата: одредете ја саканата вредност за Avoid
Dist. (Избегнувај одредиште) , а
потоа изберете ја ставката
Recalculate Route (Повторно
пресметај патека) .
Маршрутата повторно ќе се
пресмета, а исклучените улици
Page 80 of 171

80Навигација
ќе бидат означени со црна линија
и симбол „Затворен пат“ (видете
во поглавјето „Преглед на
симболите“ 3 84) на екранот на
картата.
■ Avoid Road In Route List ( Избегни
пат на листата патеки) : отвора
изборник што го прикажува
списокот на моментната
маршрута.
Со користење на изборникот
може да исклучите една улица
или неколку последователни
улици (дел за исклучување) од
моментната маршрута.
За да исклучите една улица:
изберете ја саканата улица од
списокот. Етикетата на
избраната улица е сега означена со црвена боја.
За да исклучите неколку
последователни улици: изберете
ги првата и последната улица од
саканиот дел за исклучување.
Етикетите на сите
последователни улици во
рамките на определениот дел за
исклучување се сега означени со
црвена боја.
Забелешка
Може да одредите само една
улица или еден дел за
исклучување одеднаш на
списокот на маршрутата.
За исклучување улица: изберете
ја ставката Recalculate Route
(Повторно пресметај патека)
(прва ставка на списокот
маршрути).
Маршрутата повторно ќе се
пресмета, а исклучените улици
ќе бидат означени со црна линија
и симбол „Затворен пат“ (видетево поглавјето „Преглед на
симболите“ 3 84) на екранот на
картата.
■ Use Road Ahead (Користи го
патот напред) : го откажува
исклучувањето улици претходно извршено преку Avoid Road
Ahead (Избегни го патот напред) .
■ Use Road In Route List (Користи
пат во листата патеки) : го
откажува исклучувањето улици претходно извршено преку Avoid
Road In Route List (Избегни пат на
листата патеки) .
Додавање точка на патот
(попатна дестинација) на
маршрутата
Во секое време во текот на
активното водење по маршрута
може да додадете точка на патот
на маршрутата.
Притиснете го копчето NAV, а
потоа изберете ја ставката
Destination (Одредиште) или
ставката Previous Destinations
(Претходни одредишта) .