OPEL INSIGNIA BREAK 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: INSIGNIA BREAK, Model: OPEL INSIGNIA BREAK 2019Pages: 395, PDF Size: 9.8 MB
Page 241 of 395

Возење и ракување239симболот за приспособлива
контрола на патувањето во сина боја.
Показатели на страницата
Driver Assistance (Помош на
возачот)
Додека поставената брзина е
надмината, лентите пред симболот
за возилото се појавуваат со сина
боја.
Зголемување или намалување
на брзината
Претходно поставената брзина
може да се промени со вртење на
вртливото копче на RES/+ за
зголемување или на SET/- за
намалување на брзината.
Поместете го вртливото копче
неколку пати за да ја променувате
брзината во мали чекори.
Поместете го и задржете го за да ја
променувате брзината во големи
чекори.
Продолжување со снимената
брзина
Ако системот бил вклучен, но не
бил активен, а брзината била
зачувана претходно, поместете го
вртливото копче на RES/+ при
брзина поголема од 5 км/ч (со
автоматски менувач) или поголема
од 30 км/ч (со рачен менувач) за да продолжи зачуваната брзина.Приспособлива контрола на
патувањето за целосен опсег
на брзината кај возила со
автоматски менувач
Приспособливата контрола на
патувањето за целосен опсег на
брзината ќе одржува растојание на следење зад откриено возило и ќе
го забави вашето возило до
застанување зад тоа возило.
Кога возилото напред ќе тргне по
кратко сопирање,
приспособливата контрола на
патувањето ќе тргне автоматски
без дејство од возачот. Ако е
потребно, притиснете RES/+ или
педалата за гас за да продолжи
приспособливата контрола на
патувањето. Притискањето на
педалата за гас овозможува
поголема контрола на
забрзувањето по тргнувањето.
Имајте предвид дека автоматското
сопирање е оневозможено додека
се користи педалата за гас.
Ако запреното возило напред не се
движело подолго време, а потоа
почне да се движи нанапред,
зелената контролна сијаличка за
Page 242 of 395

240Возење и ракувањевозило напред A ќе трепка и ќе се
огласи предупредувачка мелодија
како потсетник да го проверите
сообраќајот пред да продолжите.9 Предупредување
Кога приспособливата контрола
на патувањето со целосен опсегна брзината е деактивирана,
возилото нема повеќе да биде запрено и може да започне да
се движи. Бидете секогаш
подготвени за рачно
активирање на педалата за
сопирачките за да го задржите возилото неподвижно.
Не напуштајте го возилото
додека е запрено со
приспособливата контрола на
патувањето со целосен опсег на брзината. Секогаш ставајте ја
рачката на менувачот во
позиција за паркирање Р и
исклучете го палењето пред
напуштање на возилото.
Поставување на растојанието
напред
Кога приспособливата контрола на патувањето ќе открие побавно
возило на возната патека, ќе ја
приспособи брзината на возилото
за да го одржи растојанието напред
избрано од возачот.
Растојанието напред може да се
постави на блиску, средно или
далеку.
Притиснете K, моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете го K повторно
за да ја смените оддалеченоста за
следење. Поставката е прикажана
и на Информативниот центар за
возачот.
Избраното растојание напред е
прикажано со наполнети ленти за
растојание на страницата на
приспособливата контрола на
патувањето.
Имајте предвид дека поставката за
растојание напред е иста како и
поставката за чувствителноста на
предупредувањето за преден
судир 3 248.
Пример: Ако е избрана
поставката 3 (далеку), возачот се
предупредува поскоро пред
Page 243 of 395

Возење и ракување241можниот судир ако
приспособливата контрола на
патувањето е неактивна или
исклучена.9 Предупредување
Возачот ја презема целосната
одговорност за возење со
соодветна оддалеченост за
следење врз основа на
сообраќајот, времето,
видливоста и регионалните
прописи. Оддалеченоста за
следење треба да се прилагоди или системот треба да се
исклучи кога бараат условите.
Показатели на страницата
Driver Assistance (Помош на
возачот)Приспособлива контрола на
патувањето во спортски режим
Кај возила со режими на возење
„Флекс рајд“, возачот може малку
да го зголеми забрзувањето на приспособливата контрола на
патувањето кога е избран спортски режим. Оваа функција може да се
активира и деактивира во
изборникот за визуализација на
Флекс рајд 3 230
Page 244 of 395

242Возење и ракувањеОткривање на возило напред
Зелената осветлена контролна
сијаличка A за возило напред се
прикажува кога системот ќе открие
возило на патеката за возење.
Опсегот на сензорите е помеѓу 25 и
150 метри, во зависност од
брзината на возилото.
Предупредување за преден судир
3 248.
Доколку овој симбол не се прикаже,
или доколку накратко се прикаже,
приспособливата контрола на
патувањето нема да реагира на
возилата напред.
Показатели на страницата
Driver Assistance (Помош на
возачот)
Ако системот е активен и открие
возило напред, лентите пред
симболот за возилото се
покажуваат со зелена боја и го
покажуваат поставеното
растојание.
Деактивирање на
функционалноста
Возачот ја деактивира
приспособливата контрола на
патувањето кога:
● Ќе се притисне y.
● Ќе се притисне педалата за сопирачките.
● Педалата на куплунгот е притисната подолго од
четири секунди.
● Рачката на менувачот на автоматскиот менувач е
ставена во N.
Системот се деактивира
автоматски и кога:
● Брзината на возилото се зголемува над 190 км/ч или се
намалува под 25 км/ч.
Возилата со автоматски
менувач забавуваат до
сопирање без деактивирање
во рок од пет минути.
● Системот за контрола на пролизгувањето е деактивиран
или работи.
Page 245 of 395

Возење и ракување243● Електронската контрола настабилноста е деактивирана
или работи.
● Нема сообраќај и не е откриено
ништо од страните на патот
околу една минута. Во тој
случај, нема радарско ехо и
сензорот може да извести дека
е блокиран.
● Системот за активно итно сопирање ги активира
сопирачките.
● Возење на остри стрмнини.
● Радарскиот сензор е блокиран од мраз или слој вода.
● Откриен е дефект на радарот, камерата, моторот или
системот на сопирачките.
● Сопирачките треба да се изладат.
Освен тоа, системот автоматски се деактивира кај возилата со
автоматски менувач
(приспособлива контрола на
патувањето за целосен опсег на
брзината) кога:● Нагорнината или надолнината е поголема од 20%.
● Електричната сопирачка за паркирање е активирана.
● Возилото е запрено од системот повеќе од
пет минути.
● Возилото сопира, безбедносниот ремен на
возачот е одврзан и возачката врата е отворена.
Зачуваната брзина се прикажува
во загради во Информативниот
центар за возачот кога системот е
деактивиран, но не е исклучен.
Симболот за приспособливата
контрола на патувањето C се
променува од зелена во бела боја
кога системот е деактивиран, но не
е исклучен.
9 Предупредување
Кога ќе се деактивира
приспособливата контрола на
патувањето, возачот мора
веднаш да ја преземе
целосната контрола врз
сопирачките и моторот.
Исклучување на системот
Притиснете v за да ја исклучите
приспособливата контрола на
патувањето. Контролната
сијаличка C во Информативниот
центар за возачот се гаси.
Зачуваната брзина се брише.
Со исклучување на палењето се
исклучува и приспособливата
контрола на патувањето и се
брише зачуваната брзина.
Внимание на возачот ● Користете ја приспособливата контрола на патувањето
внимателно на свиоци или
планински патишта, бидејќи
Page 246 of 395

244Возење и ракувањеможе да го изгуби возилото
напред и потребно е време
повторно да го регистрира.
● Не користете го системот на лизгави патишта бидејќи може
да создаде брзи промени на
припивањето на гумите
(пролизгување на тркалата),
така што може да изгубите
контрола врз возилото.
● Не користете ја приспособливата контрола на
патувањето при дожд, снег или многу прашина, бидејќи
радарскиот сензор може да се
прекрие со слој вода, земја,
мраз или снег. Тоа ја намалува
или сосема ја онеспособува
видливоста. Во случај на
блокирање на сензорот,
исчистете го капакот на
сензорот.Ограничувања на системот9 Предупредување
Силата на автоматско
сопирање на системот не
дозволува нагло сопирање и
нивото на сопирање може да не
е доволно за да се избегне
судар.
● По ненадејно менување лента,
на системот му треба
одредено време да го
регистрира следното возило
напред. Затоа, ако се открие ново возило, системот може да забрза наместо да сопре.
● Приспособливата контрола на патувањето го игнорира
сообраќајот од спротивната
страна.
● Приспособливата контрола на патувањето не регистрира
пешаци и животни за сопирање
и тргнување.
● Приспособливата контрола на патувањето регистрира
запрени возила само при мала брзина.
● Не користете ја приспособливата контрола на
патувањето кога влечете
приколка.
● Не користете ја приспособливата контрола на
патувањето на патишта со
стрмнини поголеми од 10%.
Свиоци
Приспособливата контрола на
патувањето пресметува
предвидена патека врз основа на
центрифугалната сила. Оваа
предвидена патека ги зема
предвид својствата на
моменталниот свиок, но не може да земе предвид и следна промена на
Page 247 of 395

Возење и ракување245свиокот. Системот може да го
изгуби возилото напред или да
земе предвид возило што не е во
истата лента. Тоа може да се случи
кога се влегува или излегува од
свиок или ако свиокот стане
поостар или поблаг. Камерата
врши одредена корекција според
ознаките за ленти што може да се
откријат. Контролната сијаличка
A ќе се исклучи ако напред повеќе
не се открива возило.
Ако центрифугалната сила е
преголема во свиок, системот го
забавува малку возилото. Тоа ниво на сопирање не е конструирано даизбегне излетување од свиокот.
Возачот е одговорен за
намалување на избраната брзина
пред да влезе во свиок и, општо
земено, да ја приспособи брзината
на видот на патот и постојните
ограничувања на брзината.Автопати
На автопати, прилагодете ја
поставената брзина според
ситуацијата и времето. Секогаш земајте предвид дека
приспособливата контрола на
патувањето има ограничен опсег
на видливост, ограничено ниво на
сопирање и одредено време за
реакција за да потврди дали има
возило на возната патека.
Дополнително, приспособливата
контрола на патувањето е
направена да сопре колку што е
можно подоцна за да дозволи
промена на лентата пред
автоматското сопирање.
Приспособливата контрола на
патувањето можеби нема да може
да го сопре возилото навреме за да
избегне судир со многу побавно
возило или по менување лента.
Тоа е особено опасно додека
возите брзо или ако видливоста е
намалена поради временските услови.
Кога влегувате или излегувате од
автопат, приспособливата
контрола на патувањето може да го изгуби возилото напред и дазабрза до поставената брзина.
Поради тоа, намалете ја
поставената брзина пред излез или
пред влегување на автопат.
Менување на патеката на возилото
Ако друго возило влезе на вашата
возна патека, приспособливата контрола на патувањето ќе го земе
предвид возилото кога ќе биде
целосно на вашата патека. Бидете
подготвени да реагирате и да ја
притиснете педалата на
сопирачката ако треба да сопрете
побрзо.
Page 248 of 395

246Возење и ракувањеИнформации за нагорнини9Предупредување
Не користете ја
приспособливата контрола на
патувањето на стрмнини.
Перформансите на системот по
нагорнини зависат од брзината на
возилото, натовареноста на
возилото, сообраќајните услови и
степенот на стрмнината. Може да
не открие возило на вашата патека
додека возите по ридови.
Приспособливата контрола на
патувањето за целосен опсег на
брзината се деактивира
автоматски како што возилото
сопира на нагорнина или
надолнина поголема од 10%. Во
оваа ситуација, бидете подготвени
да ја преземете контролата над
возилото.
Имајте предвид дека со
притискање на сопирачката го деактивирате системот.
Радарска единица
Радарската единица е монтирана
зад решетката на ладилникот зад
или под амблемот на брендот.
9 Предупредување
Радарската единица е
порамнета внимателно за
време на производството.
Затоа, во случај на преден
судир, не користете го системот. Предниот браник може да
изгледа неоштетен, меѓутоа
сензорот одзади може да е
изместен и да реагира
неправилно. По несреќа,
посетете автомеханичар за да ја провери и приспособи
положбата на радарската
единица.
Поставки
Порака за возилото и мелодија го
потсетуваат возачот да тргне кога
приспособливата контрола на
патувањето го држи возилото во
место. Оваа функција со име Go
Notifier (Известувач за одење)
може да се активира и деактивира
во изборникот за приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби на Инфо-екранот.
Page 249 of 395

Возење и ракување247Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 139.
Дефект Ако приспособливата контрола на
патувањето не работи поради
привремени услови (на пр.
блокирање од мраз, прегреани
сопирачки или маневри при мала брзина) или ако има постојана
грешка на системот, се прикажува
порака во Информативниот центар
за возачот.
Пораки за возилото 3 137.
Интелигентна приспособлива
контрола на патувањето
Оваа карактеристика е
подобрување на приспособливата контрола на патувањето.
Автоматски ја ажурира
поставената брзина на новата
откриена брзина ако возачот
заборави да ја приспособи
поставената брзина. Оваа
функција најдобро е да се користи
надвор од градови и села. Користиинформации кои би обезбедува
помошникот за сообраќајни знаци
3 276.
Забелешка
Редовно ажурирајте ги картите за
навигација и проверувајте дали во
портата за картичка со карта за
навигација се наоѓа правилната
SD-картичка.
Забелешка
Овој систем не ги зема предвид
Знаците за ограничување на
брзината кои се комбинираат со
дополнителните знаци, на
пример, време или ограничувања
за типот на возилото.
Забелешка
Возачот е целосно одговорен за
возењето во рамките на
ограничувањата за брзина и
треба да ја надгледува секоја
автоматски поставена промена на брзината што ја извршил
системот.Поради ограничувања и доцнења
на системот, поставената брзина може да се промени откако ќе
влезете на дел од патот со нов
ограничување на брзината.
Се земаат предвид знаци за
ограничување на брзината помеѓу
30 км/ч и 150 км/ч.
Вклучување на системот
Функцијата може да се активира
или деактивира во изборникот за
поставки во Информативниот
центар за возачот 3 123. Покрај
тоа, приспособливата контрола на патувањето треба да се вклучи
како што е опишано погоре.
Употреба
Дури и кога приспособливата
контрола на патувањето не е
активна, поставената брзина се
ажурира автоматски на секое
новооткриено ограничување на
брзината. Притиснете RES+ за да
ја активирате повторно
приспособливата контрола на
патувањето со користење на
меморираната поставена брзина.
Page 250 of 395

248Возење и ракувањеЗабелешка
Приспособливата контрола на
патувањето може да се активира
со притискање SET- по палењето
или само треба да се активира.
Ако приспособливата контрола на
патувањето е активна, откриеното
ограничување на брзината ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот. Возачот може
да ја прифати или одбие
откриената нова поставена брзина
додека се прикажува пораката на
екранот.
Притиснете SET- на воланот за да
го прифатите откриеното
ограничување на брзината и тоа да
се преземе како нова поставена
брзина.
Притиснете RES+ за да го одбиете
откриеното ограничување на
брзината и да ја задржите
постојната поставена брзина.
Ако не се преземе никакво дејство додека пораката се прикажува,
откриеното ограничување на
брзината се презема автоматски
како ново поставено ограничувањена брзината по 3 секунди. Пораката
исчезнува и по неа се прикажува
друга порака:
Ако била поставена нова брзина,
се прикажува порака за
потврдување. Во овој временски
период, може да се постави
достигнувањето на поставената
брзина.
Притиснете SET- или RES+ за да го
приспособите достигнувањето.
Ако не се преземе никакво дејство
додека пораката се прикажува, ќе
се користи последното
достигнување и пораката ќе
исчезне по 3 секунди.
Новата поставена брзина заедно
со достигнувањето се прикажува
во Информативниот центар за
возачот.
Системски ограничувања
Интелигентната приспособлива
контрола на патувањето ги има
истите ограничувања како и
приспособливата контрола на
патувањето 3 276.Имплицираните ограничувања на
брзината може да се земат
предвид со задоцнување, на
пример, знаци за влегување во
град, излегување од град или
приклучување на автопат.
Системот може да игнорира
одреден сообраќаен знак или да
користи погрешно ограничување
на брзината.
Ново ограничување на брзината може да се преземе автоматски од
навигацијата по одредено
растојание по последниот откриен
сообраќаен знак или кога
влегувате во нов дел од патот, на
пример, излези од патот или
кружни текови.
Предупредување запреден судир
Предупредувањето за преден
судир е дел од системот за
предупредување за судир 3 139.
Може да помогне да се избегне или
намали штетата предизвикана од
предни судири.