OPEL VIVARO C 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: VIVARO C, Model: OPEL VIVARO C 2020Pages: 321, PDF Size: 10.33 MB
Page 181 of 321

Возење и ракување179предгреач за AdBlue, обезбедено енамалување на емисиите при
ниски температури. Предгреачот
за AdBlue работи автоматски.
Вообичаената потрошувачка на
AdBlue е околу 22 л на 10000 км до
15000 км во зависност од начинот на возење и натовареноста на
возилото.
Предупредувања за нивото Во зависност од пресметаното
растојание за AdBlue, во
Информативниот центар за
возачот се прикажуваат различни
пораки. Пораките и
ограничувањата се законска
обврска.
1. Првото можно предупредување
е Дополнете адитив за
испуштањето издувни гасови:
палењето ќе се спречи по
2400 км .
Кога го палите моторот, ова
предупредување ќе се прикаже
еднаш кратко со пресметаното
растојание. Дополнително,
контролната сијаличка B ќе
светне и ќе се слушне звук.Возењето е можно без никакви
ограничувања.
2. Во следново ниво се влегува кога растојанието е помало од
800 км. Пораката со тековното
растојание ќе се прикажува
секогаш кога ќе се вклучи
палењето. Дополнително,
контролната сијаличка B ќе
светне и ќе се слушне звук. Дополнете AdBlue пред да
влезете во следното ниво за
предупредување.
Додека возите, мелодијата се
емитува и пораката се
прикажува на секои 100 км
додека не се дополни
резервоарот со AdBlue.
3. Во следново ниво се влегува кога растојанието е помало од
100 км. Пораката со тековното
растојание ќе се прикажува
секогаш кога ќе се вклучи
палењето. Дополнително,
контролната сијаличка B ќе
трепка и ќе се слушне звук.
Дополнете AdBlue што е можно
побрзо додека резервоарот за
AdBlue не е целосно празен. Воспротивно, нема да може да го
стартувате моторот.
Додека возите, мелодијата се
емитува и пораката се
прикажува на секои 10 км
додека не се дополни
резервоарот со AdBlue.
4. Во последното ниво на предупредување се влегува
кога резервоарот за AdBlue е
празен. Моторот не може
повторно да се стартува. Ќе се
прикаже следнава порака за
предупредување:
Дополнете адитив за
испуштањето издувни гасови:
палењето е спречено
Дополнително, контролната
сијаличка B ќе трепка и ќе
се слушне звук.
Наполнете го резервоарот до
ниво од најмалку 5 л со AdBlue,
затоа што во спротивно
моторот нема да може да се
стартува.
Забелешка
Во зависност од моторот, може да важат различни нивоа.
Page 182 of 321

180Возење и ракувањеПредупредувања за многу
издувни гасови
Во случај на дефект на системот за контрола на издувните гасови, во
Информативниот центар за
возачот се прикажуваат различни
пораки. Пораките и
ограничувањата се законска
обврска.
1. Ако некој дефект се открие првпат, се прикажува
предупредувањето Дефект на
испуштањето издувни гасови .
Дополнително, ќе се вклучат
контролните сијалички B,
C и W и ќе се слушне звук.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Ако се работи за привремен
дефект, предупредувањето
исчезнува во текот на следното
патување, по самостојната
дијагностика на системот за
контрола на издувните гасови.
2. Ако системот за контрола на издувните гасови го потврдидефектот, ќе се прикаже
следнава порака:Дефект на издувните гасови:
палењето ќе се спречи по
1100 км .
Дополнително, ќе се вклучат
контролните сијалички B,
C и W и ќе се слушне звук.
Додека возите, пораката се
прикажува на секои 30 сек.
додека дефектот продолжи да се појавува.
3. Ако се влезе во последното ниво на предупредување, ќе се
прикаже следнава порака за
предупредување:
Дефект на издувните гасови:
палењето е спречено
Дополнително, ќе се вклучат
контролните сијалички B,
C и W и ќе се слушне звук.
Консултирајте се со
автомеханичар.Дополнување AdBlueВнимание
Користете само AdBlue што е во согласност со европските
стандарди DIN 70 070 и
ISO 22241-1.
Не користете адитиви.
Не разредувајте го AdBlue.
Инаку, системот за селективно
каталитичко намалување може
да се оштети.
Забелешка
Кога нема пумпа за патнички
автомобили на бензинската
станица, користете само шишиња
или канти за AdBlue со запечатен
адаптер за дополнување за да
спречите прскање или истурање и за да бидете сигурни дека
гасовите од резервоарот за
AdBlue се собираат и не
излегуваат. AdBlue во шишиња
или канти е достапна на многу
Page 183 of 321

Возење и ракување181бензински станици и може да се
купи, на пример, кај застапниците
на Opel и во други продавници.
Со оглед на тоа што AdBlue има
ограничена трајност, проверете го
рокот на траење пред полнењето.
Забелешка
Наполнете го резервоарот за
AdBlue до ниво од најмалку 5 л за да може да се открие новото ниво
на AdBlue.
Доколку AdBlue надополнувањето
не е успешно откриено:
1. Непрекинато возете го возилото 10 мин. , со постојана
брзина на возилото поголема
од 20 км/ч.
2. Ако дополнувањето на AdBlue се открие успешно,
предупредувањата и
ограничувањата на
управувањето предизвикани
од нивото на AdBlue ќе
исчезнат.
Ако се уште не е откриено
дополнувањето на AdBlue,
побарајте помош од
автомеханичар.Ако треба да се дополни AdBlue
на температура под -11 °C,
системот може да не го открие
дополнувањето. Во тој случај,
паркирајте го возилото на место со повисока температура на
околината додека AdBlue не стане течна.
Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење,
може да излезат амонијачки
пареи. Не вдишувајте ги затоа
што пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се
вдишат.
Резервоарот за AdBlue треба да се наполни целосно. Тоа мора да се
направи ако веќе се прикажува
пораката за предупредување за
спречување на стартувањето на
моторот.
Возилото мора да се паркира на
рамна површина.
1. Извадете го клучот од бравата за палење.
2. Отворете ја вратата од возачот за да пристапите до
вратничката за AdBlue.
3. Отворете ја вратничката за AdBlue така што ќе ставите прст
во отворот во долниот дел од
вратничката. Повлечете ја
вратничката нанапред.
Page 184 of 321

182Возење и ракување
4.Одвртете го заштитното капаче
од грлото за полнење.
5. Отворете ја кантата за AdBlue.
6. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
7. Подигнете ја кантата додека не се испразни или додека
протокот од кантата не запре.
Тоа може да потрае до 5
минути.
8. Спуштете ја кантата за да се испразни цревото и почекајте
15 секунди.
9. Одвртете го цревото од грлото за полнење.
10. Поставете го заштитното капаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.
Забелешка
Фрлете ја кантата за AdBlue
според барањата за животна
средина. Цревото може да се
употреби повторно откако ќе се исплакне со чиста вода пред да се
исуши AdBlue.Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува
автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Во рачен режим е можно рачно
менување степени на пренос.Тип А
Поставете го изборникот на
степени на пренос во положба D,
притиснете M до изборникот на
степени на пренос и менувајте
степени на пренос со лостовите на воланот + и -.Тип B
Ставете го изборникот на степени
на пренос на M и менувајте степени
на пренос со користење на
лостовите на воланот + и -.
Рачен режим 3 184.
Избор на степени на пренос
3 183.
Page 185 of 321

Возење и ракување183Екран на менувачот
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува режимот или избраната брзина.
Во автоматскиот режим,
програмата за возење е прикажана
со D, A или AUTO .
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
Само за автоматски менувач од тип А: P покажува положба за
паркирање.
Избор на степени на пренос
3 183.
Избор на степени на преносТип А
Свртете го изборникот за степени
на пренос.
P:паркирна положба, предните
тркала се блокирани, ставете
во брзина само кога возилото
е во мирување и е активирана
сопирачката за паркирањеR:рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN:лерD:автоматски режимM:рачен режим
Изборникот на степени на пренос е
заклучен во P и може да се помести
само кога палењето е вклучено и
педалата на сопирачките е
притисната.
Моторот може да се стартува само кога изборникот на степени напренос е во положбата P или N.
Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас кога ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Page 186 of 321

184Возење и ракувањеТип B
Свртете го изборникот за степени
на пренос.
R:рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN:лерA:автоматски режимM:рачен режим
Моторот може да се стартува само
кога изборникот на степени на
пренос е во положбата N. Кога е
одбрана положбата N, притиснете
ја педалата за сопирачките и
стартувајте го моторот.
Не давајте гас кога ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно сопирање
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина кога возите по
надолнини.
ПаркирањеТип А:
Активирајте ја рачната сопирачка и изберете P.Тип B
Применете ја сопирачката за
паркирање и изберете N или
оставете ја избраната положба на
изборникот на степени на пренос.
Рачен режим
1. Активирајте рачен режим а) Автоматски пренос од тип А:
Рачниот режим M може да се
активира од позицијата D при
секоја ситуација и брзина на
возење.
Притиснете го копчето M.
б) Автоматски пренос од тип Б:
Поставете го изборникот за
избор на степени на пренос во
положба M ако возилото стои.
Page 187 of 321

Возење и ракување185
2. Влечете ги лостовите наволанот за рачно менување на
брзините.
Повлечете го десниот лост + на
воланот за да се префрли во
повисок степен на пренос.
Повлечете го левиот лост - на
воланот за да се префрли во понизок степен на пренос.
Повеќекратното повлекување
овозможува прескокнување
брзини.
Избраната брзина е покажана во
групата инструменти.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар за возачот.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Показател за менување брзини Симболот Y или Z со бројка до
него се покажува кога се
препорачува менување брзина
заради штедење гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Електронски програми завозење
● По ладно палење, програмата за работна температура ја
зголемува брзината намоторот за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
● Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини
кога се вози по угорници или
удолнини.
● Во снежни или подмрзнати услови или на други лизгави
површини, контролата на
електронскиот пренос му
овозможува на возачот да
избере рачно прва, втора или
трета брзина за поаѓање.
Збоднување
Притискањето на педалата за гас
повеќе од жлебот за збоднување ќе
предизвика максимално
забрзување без оглед на
избраниот режим на возење.
Менувачот се префрлува во
помала брзина во зависност од
брзината на моторот.
Page 188 of 321

186Возење и ракувањеДефектВо случај на дефект, се прикажува
порака на Информативниот центар за возачот.
Пораки за возилото 3 134.
Електронската контрола на
менувачот овозможува само трета
брзина. Менувачот веќе не менува автоматски брзини.
Не возете побрзо од 100 км/ч.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Рачен менувач
За да ставите во рикверц на 5-
степен менувач, притиснете ја
педалата за куплунгот, па
поместете ја рачката на менувачот
надесно и назад.
За да ставите во рикверц на 6-
степен менувач, притиснете ја
педалата за куплунгот, подигнете
го прстенот под рачката на
менувачот, па поместете ја рачката на менувачот целосно налево и
напред.
Ако менувачот не се стави во
рикверц, ставете ја рачката на
менувачот во лер, отпуштете го
куплунгот и повторно притиснете
го. Потоа повторете го изборот на
брзината.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Page 189 of 321

Возење и ракување187Кога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.
Кога ќе се открие лизнување на куплунгот за одредено време,
моќноста на моторот ќе се намали.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредување. Отпуштете го
куплунгот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката на
менувачот.
Показател за менување брзини
3 121.
Систем за сопирање-поаѓање
3 172.
Сопирачки
Системот на сопирачки се состои од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалата на сопирачките е
притисната цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.Систем за деблокирање
на сопирачките
Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
Кога сопирате во итен случај,
предупредувачките трепкачи се
вклучуваат автоматски во
зависност од силата на
Page 190 of 321

188Возење и ракувањезабавувањето. Тие се исклучуваат
автоматски првиот пат кога ќе
забрзате.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
чујно.
Контролна сијаличка i 3 121.
Дефект
9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Серво кочење
Ако педалата на сопирачките се нагазне брзо и силно, автоматски
се применува максимална сила на сопирање.
Работењето на помошта на
сопирањето може да се забележи
по пулсирање во педалата за
сопирачките и поголем отпор кога
се нагазнува педалата.
Одржувајте постојан притисок врз
педалата на сопирачката додека е
потребно целосно сопирање.
Максималната сила на сопирањето автоматски се намалува кога ќе се
отпушти педалата на сопирачките.