OPEL VIVARO C 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: VIVARO C, Model: OPEL VIVARO C 2020Pages: 321, PDF Size: 10.33 MB
Page 191 of 321

Возење и ракување189Помош при поаѓање наугорници
Системот помага во спречување на ненадејните движења при возење
на закосени површини.
При отпуштање на педалата за
сопирање по застанување на
стрмнина, сопирачките остануваат
активни уште 2 секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.Системи за контрола
на возењето
Електронска контрола на стабилноста и Систем за контрола напролизгувањето
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење / нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се
закочуваат посебно.
ESC работи во комбинација со
систем за контрола на
пролизгувањето. Го спречува
шлајфувањето на погонските
тркала.
TC е компонента на ESC.
Контролата на пролизгувањето ја
подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, безоглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
ESC и TC функционираат по секое
стартување на моторот штом ќе се
изгасне контролната сијаличка J.
Кога ESC и TC работат, J трепка.
Page 192 of 321

190Возење и ракување9Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка J 3 121.
Деактивирање
ESC и TC може да се деактивира
секогаш кога е потребно:
притиснете 9.
Светнува LED-сијаличката во
копчето 9.
Кога ESC и TC ќе се деактивираат,
во Информативниот центар за
возачот се појавува порака за
статус.
ECS и TC повторно се активираат
со повторно притискање на
копчето 9 ако возилото се вози
побрзо од 50 км/ч.
Кога ESC и TC ќе се активираат
повторно, LED-сијаличката во
копчето 9 се исклучува.
ESC и TC исто така се активираат
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Дефект Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка J
постојано свети и на
Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Контрола за избор на
возењеВнимание
Возилото е направено за
возење главно по патишта, но
овозможува и повремено
возење надвор од патиштата.
Сепак, не возете на терен каде
што возилото може да се
оштети од пречки, како што се
камења, меѓу другото, и на
терен со стрмни нагиби и лош
контакт со подлогата.
Не поминувајте преку вода.
Внимание
Кога возите надвор од патиштата, нагли движења и
маневри може да предизвикаат
судир или губење на
контролата.
Page 193 of 321

Возење и ракување191Контролата за избор на возење е
направена за да го оптимизира
триењето во услови на лош контакт
со подлогата (снег, кал и песок).
Се приспособува на теренот со
контрола на предните тркала и на
тој начин ја задржува тежината што
вообичаено се поврзува со
поконвенционалниот погон на
четири тркала.
Контролата за избор на возење
дозволува избор од пет режими на
возење:
● Режимот ESC е исклучен 9
● стандарден режим 2
● режим за снег 3
● режим за кал 4
● режим за песок 1
Со вртење на контролата може да се активираат неколку режими.
Светнува LED-сијаличка и се
појавува порака за статус во
Информативниот центар за
возачот за да се потврди
избраниот режим.
Режимот ESC е исклучен 9
Во овој режим, ESC и Контролата
на пролизгувањето се
деактивирани.
Светнува LED-сијаличка во
копчето 9.
ESC и Контролата на
пролизгувањето се активираат
повторно автоматски од 50 км/ч
или секогаш кога ќе се вклучи
палењето.
Стандарден режим 2
Овој режим е калибриран за ниско
ниво на вртење на тркалата, врз
основа на различни типови контактсо подлогата што вообичаено се
среќаваат во секојдневното
возење.
Секогаш кога ќе се исклучи
палењето, системот автоматски се поставува на овој режим.
Режим за снег 3
Овој режим се приспособува на
условите за контакт со подлогата
со кои се среќава секое тркало при тргнувањето.
Откако ќе тргнете, системот го
оптимизира вртењето на тркалата за да гарантира најдобро
забрзување врз основа на
достапното триење. Се
препорачува во случаи на длабок
снег и стрмни наклони.
Овој режим е активен при брзини
до 50 км/ч.
Режим за кал 4
Овој режим дозволува значително вртење на тркалата при тргнување
за тркалото со најмал контакт со
Page 194 of 321

192Возење и ракувањеподлогата. Ја отстранува калта и
повторно го воспоставува
триењето.
Истовремено, тркалото со најголем
контакт со подлогата добива
најголем можен вртежен момент.
Овој режим е активен при брзини
до 80 км/ч.
Режим за песок 1
Овој режим овозможува мало
количество истовремено вртење
на тркалата на двете погонски
тркала и на тој начин овозможува возилото на напредува и го
намалува ризикот од потонување.
Овој режим е активен при брзини
до 120 км/ч.Внимание
Не користете ги другите режими на песок затоа што возилото
може да заглави.
Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да зачувува и одржува брзини над
40 км/ч. Дополнително, кај рачен
менувач мора да се избере
најмалку трет степен на пренос, а
на автоматски менувач положба D /
M или мора да се избере втор или
повисок степен на пренос во
положба A.
Може да дојде до отстапувања од
снимените брзини кога се вози по
угорници или удолнини.
Системот ја одржува брзината на
возилото на брзината определена
од возачот без притискање на
педалата за гас.
Претходно поставената брзина
може да се надмине привремено со
силно притискање на педалата за
гас.
Статусот и претходно поставената брзина се прикажуваат во
Информативниот центар за
возачот.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Контролна сијаличка v 3 124.
Page 195 of 321

Возење и ракување193Вклучување на системот
Свртете на Cruise, симболот v
заедно со порака се прикажуваат
во Информативниот центар за
возачот. Системот сè уште не е
активен.
Активирање на
функционалноста
Рачно поставување на брзината
Забрзувајте се до саканата брзина
и притиснете SET/+ или SET/- .
Моменталната брзина се снима и одржува. Педалот за гас може дасе отпушти.
Претходно поставената брзина
може да се промени со притискање
на SET/+ за зголемување или на
SET/- за намалување на брзината.
Краткото притискање ја променува
поставената брзина во мали
чекори, а долгото притискање во
големи чекори.
Вредноста на брзината е наведена
во Информативниот центар за
возачот.
Page 196 of 321

194Возење и ракувањеОдбирање претходно поставена
брзина
Претходно поставени вредности за
брзина може да се изберат од
список во Инфо-екранот.
Притиснете MEM за да прикажат
претходно поставените брзини во
Инфо-екранот.
Изберете ја бараната брзина со
допирање на соодветната икона.
Оваа брзина е новата вредност за
контролата на патувањето.
Меморирање на претходно
поставени брзини 3 135
Преземање брзина од
препознавањето ограничување на
брзина
Интелигентното приспособување на брзината го информира возачот
кога препознавањето
ограничување на брзина ќе открие
ограничување на брзината.
Откриеното ограничување на
брзината може да се користи како
нова вредност за контролата на
патувањето.
Со користење на камерата во
горниот дел од шофершајбната,
овој систем го открива и го чита
ограничувањето на брзината и
завршувањето на ограничувањето
на брзината. Системот ги зема
предвид и информациите за
ограничувањата на брзината од
податоците од картата за
навигација.
Функцијата може да се деактивира
или активира во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 135.
Ако контролата на патувањето е активна, препознатото
ограничување на брзината ќе сеприкаже во Информативниот
центар за возачот и ќе светне
MEM .
Прикажаните информации зависат
од верзијата на Информативниот
центар за возачот.
Во Информативниот центар за
возачот, на екранот се прикажува
знак за ограничување на брзината,
а MEM свети неколку секунди.
Притиснете MEM за да побарате
зачувување на предложената
брзина.
Притиснете MEM уште еднаш за да
го потврдите и да го зачувате
новото поставување на брзината.
Оваа брзина е новата вредност за
контролата на патувањето.
Надминување на поставената
брзина
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Page 197 of 321

Возење и ракување195Деактивирање на
функционалноста
Притиснете копче за да ја
деактивирате функционалноста.
Контролата на патувањето е во
режим на пауза и се прикажува
порака. Возилото се вози без
контрола на патувањето.
Контролата на патувањето е
деактивирана, но не е исклучена.
Последната зачувана брзина се
меморира за повторно враќање на
брзината подоцна.
Контролата на патувањето се
деактивира автоматски во
следниве случаи:
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Куплунгот е притиснат.
● Брзината на возилото е под 40 км/ч.
● работи системот за контрола на пролизгувањето или
електронската контрола за стабилност.
● Рачката на менувачот е во N
(автоматски менувач) / прва
или втора брзина (рачен
менувач).Продолжување со снимената
брзина
Притиснете го копчето при брзина
поголема од 40 км/ч за да се
вратите на зачуваната брзина.
Page 198 of 321

196Возење и ракувањеИсклучување на системот
Свртете на 0 за да го исклучите
системот.
Дефект
Во случај на дефект на контролата на патувањето, брзината се брише
и цртичките почнуваат да трепкаат.
Контролата на патувањето може
да не работи правилно ако
сообраќајните знаци не се во
согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци и
сигнали.
Ограничувач на брзината
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се постави при брзини над 30 км/ч.
Возачот може да го забрза
возилото до претходно
поставената брзина. Може да дојде до отстапувања од ограничената
брзина само при возење надолу.
Претходно поставената брзина
може да се надмине привремено со
силно притискање на педалата за
гас.
Статусот и претходно поставеното ограничување на брзината се
прикажуваат во Информативниот
центар за возачот.Вклучување на системот
Свртете на Limit, симболот 5
заедно со порака се прикажуваат
во Информативниот центар за
возачот. Системот сè уште не е
активен.
Page 199 of 321

Возење и ракување197
Активирање на
функционалноста
Притиснете го копчето за да го
активирате системот со
последната програмирана брзина.
Притиснете го копчето повторно за да го паузирате активирањето на
системот.
Поставување на брзината од
возачот
За да ја поставите брзината,
системот не мора да биде
активиран.
Претходно поставената брзина
може да се постави со притискање
на SET/+ за зголемување или на
SET/- за намалување на саканата
максимална брзина. Краткото
притискање ја променува
претходно поставената брзина во
мали чекори, а долгото притискање
во големи чекори. Брзината е
наведена во Информативниот
центар за возачот.
Одбирање претходно поставена
брзина
Претходно поставени вредности за
брзина може да се изберат од
список во Инфо-екранот.
Притиснете MEM за да прикажат
претходно поставените брзини во
Инфо-екранот.
Page 200 of 321

198Возење и ракувањеИзберете ја бараната брзина со
допирање на соодветната икона.
Оваа брзина е новата вредност за
ограничувачот на брзината.
Меморирање на претходно
поставени брзини 3 135
Прифаќање на брзината од
помошникот за сообраќајни знаци
Интелигентното приспособување на брзината го информира возачот
кога помошникот за сообраќајни
знаци ќе открие ограничување на
брзината. Откриеното
ограничување на брзината може да се користи како нова вредност за
ограничувачот на брзината.
Со користење на камерата во
горниот дел од шофершајбната,
овој систем го открива и го чита
ограничувањето на брзината и
завршувањето на ограничувањето
на брзината. Системот ги зема
предвид и информациите за
ограничувањата на брзината од
податоците од картата за
навигација.Функцијата може да се активира
или деактивира во изборникот за
приспособување кон
индивидуалните потреби 3 135.
Ако ограничувачот на брзината е
активен, препознатото
ограничување на брзината ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот и ќе светне
MEM .
Прикажаните информации зависат
од верзијата на Информативниот
центар за возачот.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува знак за
ограничување на брзината, а MEM
свети неколку секунди.
Притиснете MEM за да побарате
зачувување на предложената
брзина.
Притиснете MEM уште еднаш за да
го потврдите и да го зачувате
новото поставување на брзината.
Оваа брзина е новата вредност за
ограничувачот на брзината.Надминување на
ограничувањето на брзината
Во случај на итна потреба,
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас блиску до крајната точка.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом
се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање на
функционалноста