OPEL CASCADA 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: CASCADA, Model: OPEL CASCADA 2015Pages: 301, PDF Size: 7.79 MB
Page 101 of 301

Инструменти и контроли99
Местење на времето
За да ги прилагодите поставките за
времето, изберете ја изборната
ставка Set Time (Местење на
часовникот) . Свртете го копчето за
повеќе функции за да ја
прилагодите првата поставка.
Притиснете го копчето за повеќе
функции за да го потврдите
внесеното. Обоената заднина се
поместува на следната поставка.
Прилагодување на сите поставки.
Местење на датумот
За да ги прилагодите поставките за
времето, изберете ја изборната
ставка Set Date (Местење на
датумот) . Свртете го копчето за
повеќе функции за да ја
прилагодите првата поставка.
Притиснете го копчето за повеќе
функции за да го потврдите
внесеното. Обоената заднина се
поместува на следната поставка.
Прилагодување на сите поставки.Формат на времето
За да го изберете саканиот формат на времето, изберете 12 hr / 24 hr
Format (Формат 12/24 часа) .
Активирајте 12 Hour (12 часа) или
24 Hour (24 часа) .
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 123.
Штекери за напојување
Во предната конзола се наоѓа
штекер за напојување од 12 волти.
Дополнителен приклучок за струја
со 12 волти се наоѓа во задната
конзола. Преклопете го капакот
удолу.
Не ја надминувајте максималната
потрошувачка од 120 вати.
При исклучено палење штекерите
за струја се деактивирани.
Дополнително приклучоците за
струја се деактивираат во случај на низок напон во акумулаторот.
Електричните апарати што се
приклучени мора да ги
исполнуваат барањата за
Page 102 of 301

100Инструменти и контроли
електромагнетната
компатибилност што се утврдени
во DIN VDE 40 839.
Не приклучувајте апарати што
произведуваат електрична струја,
на пр. електрични уреди за
полнење или акумулатори.
Не оштетувајте го штекерот со
користење на несоодветни
приклучоци.
Систем за сопирање-поаѓање
3 160.
ЗапалкаЗапалката се наоѓа во предната
конзола.
Притиснете ја запалката навнатре. Таа се исклучува автоматски кога
спиралата ќе се зажари. Извлечете ја запалката.
ПепелнициВнимание
Се користат само за пепел, а не за запално ѓубре.
Преносливиот пепелник може да
се стави во држачите за чаши.
Предупредувачки
светла, мерачи и
индикатори
Група инструменти
Во некои модели стрелките на
инструментите накратко се вртат
до крајната положба кога палењето
ќе се вклучи.
Брзиномер
Ја означува брзината на возилото.
Page 103 of 301

Инструменти и контроли101Километража
Долниот ред го прикажува
регистрираното растојание во
километри.
Долниот ред го прикажува
регистрираното растојание во
милји.
Дневна километража
W го прикажува запишаното
растојание од последното
ресетирање.
Можно е да се изберат две дневни
километражи за различни
патувања. Изберете меѓу страна
W 1 и страна W2 со вртење на
тркалцето за бирање на рачката за трепкачи.
И двете дневни километражи може
поединечно да се ресетираат кога
е вклучено палењето: одберете ја
соодветната страница, држете го
тркалцето за ресетирање
притиснато неколку секунди или притиснете го копчето SET/CLR на
рачката за трепкачите.
Дневната километража брои до
2000 милји , а потоа пак почнува од
0.
Дневната километража брои до
2000 км, а потоа пак почнува од 0.
Информативен центар за возачот
3 113.
Вртежомер
Ја прикажува брзината на моторот.
Page 104 of 301

102Инструменти и контроли
Возете со мал број вртежи на
моторот за секоја брзина колку е
можно подолго за да штедите
гориво.Внимание
Ако стрелката е во црвената предупредувачка зона,
надмината е максимално
дозволената брзина на моторот. Моторот е во опасност.
Мерач за гориво
Го прикажува нивото на горивото
во резервоарот.
Контролната сијаличка i се пали
ако нивото во резервоарот е ниско.
Наполнете гориво веднаш ако
трепка.
Никогаш не дозволувајте
резервоарот да се испразни докрај.
Поради останатото гориво во
резервоарот, количината н
аполнењето може да биде помалку од назначената зафатнина.
Мерач за температурата
на течноста за ладење на
моторотЈа прикажува температурата на
течноста за ладење.лева зона=уште не е
достигната
работната
температура на
моторотсредишна
зона=нормална
работна
температурадесна зона=температурата е
превисокаВнимание
Ако температурата на течноста
за ладење на моторот е
превисока, запрете го возилото, изгаснете го моторот. Опасност
за моторот. Проверете го
новито на течноста за ладење.
Екран за сервисирање
Системот за контрола на
работниот век на моторното масло
Ве известува кога да се сменат
моторното масло и филтерот. Врз
основа на условите за возење,
Page 105 of 301

Инструменти и контроли103
периодот при којшто ќе се укаже наменување на моторното масло и
филтерот може да варира во
голема мера.
Преостанатиот рок на траење на
моторното масло е прикажан на
Vehicle Information Menu (Изборник
за информации за возилото) .
Изборникот и функцијата може да
се изберат преку копчињата на
рачката за трепкачите.
За прикажување на преостанатиот
работен век на моторното масло:
Притиснете го копчето MENU за да
се избере Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за
возилото) X .
Свртете го тркалцето за местење
за да изберете Remaining Oil Life
(Век на останатото масло) .
Системот треба да се препостави секој пат кога се менува моторното масло за да се овозможи
правилното функционирање.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Притиснете го копчето SET/CLR за
препоставување. Затоа, палењето
мора да биде вклучено, но без да
работи моторот.
Кога системот пресметал дека
работниот век на моторното масло се намалил, Change Engine Oil
Soon (Наскоро сменете го
моторното масло) се појавува во
Информативниот центар за
возачот. Нека Ви ги смени
моторното масло и филтерот
автомеханичар во рок од една
недела или 300 милји (кое и да
настапи прво).
Кога системот пресметал дека
работниот век на моторното масло
се намалил, Change Engine Oil
Soon (Наскоро сменете го
моторното масло) се појавува во
Информативниот центар за
возачот. Нека Ви ги смени
моторното масло и филтерот
автомеханичар во рок од една
недела или 500 км (кое и да
настапи прво).
Информативен центар за возачот
3 113.
Page 106 of 301

104Инструменти и контроли
Информации за сервисирањето
3 266.
Контролни сијалички Контролните сијалички што се
опишани ги нема во сите возила.
Описите важат за сите верзии на
инструментите. Во зависност од
опремата, положбата на
контролните сијалички може да
биде различна. Кога палењето се
вклучува повеќето контролни
индикатори ќе се запалат за кратко време како тест за
функционирањето.
Боите на контролната сијаличка
значат:црвена=опасност, важен
потсетникжолта=предупредување,
информација,
дефектзелена=потврдување на
активирањетосина=потврдување на
активирањетобело=потврдување на
активирањето
Page 107 of 301

Инструменти и контроли105
Контролни сијалички во групата инструменти
Page 108 of 301

106Инструменти и контроли
Контролни сијалички во
средишната конзола
Трепкач
O се пали или трепка зелено.
Свети накратко
Паркирните светла се вклучени.
Трепка
Активиран е некој трепкач за
вртење или предупредувачките
трепкачи.
Брзо трепкање: дефект на некој
трепкач или поврзаниот
осигурувач, дефект на трепкачите
на приколката.
Замена на сијалиците 3 223,
осигурувачи 3 232.
Трепкачи 3 140.
Потсетник за
безбедносниот ремен
Потсетник за безбедносните
ремени на предните седишта
X за возачкото седиште се пали
или трепка црвено.
k за седиштата на совозачот свети
или трепка црвено кога седиштето
е зафатено.
Свети
Откако ќе се вклучи палењето
додека не се врзе безбедносниот
ремен.Трепка
По палењето на моторот за
најмногу 100 секунди додека не се
врзе безбедносниот ремен.
Воздушно перниче,
затегнувач на ремените и шипки против
превртувањето v cвети црвено.
Кога палењето ќе се вклучи,
контролната сијаличка свети околу
4 секунди. Ако не свети, не се
исклучи по 4 секунди или свети
додеа возите, има грешка во
системот за воздушни перничиња, системот за затегнување на
безбедносните ремени или кај
подвижните шипки за заштита при
превртување. Воздушните
перничиња, затегнувачите на
безбедносните ремени и шипките
за заштита при преврување може
да не се активираат во случај на
сообраќајна несреќа.
Page 109 of 301

Инструменти и контроли107
Активирањето на затегнувачите на
ремените, на воздушните
перничиња или на шипките против
превртувањето кои се активираат
се означува со непрекинато
светење на v.9 Предупредување
Нека Ви ја отстрани причината
на дефектот автомеханичар
веднаш.
Систем на воздушни перничиња, затегнувачи на безбедносните ремени 3 68, 3 64. Систем за
заштита при превртување 3 53.
Деактивирање на
воздушното перниче
V свети жолто.
Свети околу 60 секунди откако ќе
се вклучи палењето. Воздушното
перниче за совозачот е
активирано.
* свети жолто.
Воздушното перниче за совозачот
е деактивирано 3 73.9 Опасност
Ризик од смртоносна повреда за
дете кое користи систем за
врзување на деца заедно со
активирано воздушно перниче
за совозачот.
Ризик од смртоносна повреда за
возрасно лице со деактивирано
воздушно перниче за совозачот.
Систем за полнење
p cвети црвено.
Се пали кога ќе се вклучи палењето
и се гасне кратко по палењето на
моторот.
Свети додека работи моторот Застанете, изгаснете го моторот.
Акумулаторот не се полни. Може да биде прекинато ладењето на
моторот. Серво уредот на
сопирачките може да престане да
биде ефективен. Побарајте помош
од автомеханичар.
Индикаторско свтело за
дефект Z Симболот свети или трепка
жолто.
Се пали кога ќе се вклучи палењето
и се гасне кратко по палењето на
моторот.
Свети додека работи моторот
Дефект на системот за контрола на издувните гасови. Дозволените
ограничувања за издувните гасови
може да бидат пречекорени.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Ако трепка додека работи моторот Грешка која може да доведе до
оштетување на катализаторот.
Смалувајте го давањето на гас
додека не престане трепкањето.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Page 110 of 301

108Инструменти и контролиТечност за системите на
сопирачките и куплунгот
R cвети црвено.
Ниво на течноста за сопирачките и за куплунгот е премногу ниско
3 220.9 Предупредување
Застанете. Не го продолжете
патувањето. Посоветувајте се со автомеханичар.
Се пали по вклучувањето на
палењето ако рачната сопирачка
за паркирање се применува 3 171.
Притиснете ја педалата - Симболот свети или трепка
жолто.
Свети
Педалата на сопирачките мора да се притисне за да се отпушти
електричната сопирачка за
паркирање 3 171.
Педалата на квачилото мора да се
притисне за да се стартува моторот во режимот Autostop. Систем за
сопирање-поаѓање 3 160.
Трепка
Педалата на квачилото мора да се притисне за главното стартувањена моторот 3 23, 3 159.
Кај некои верзии пораката за
притискање на педалата се
покажува на информативниот
екран за возачот 3 121.
Електрична сопирачка за
паркирање m се пали или трепка црвено.
Свети
Електричната сопирачка за
паркирање е активирана 3 171.Трепка
Електричната сопирачка за
паркирање не е целосно
активирана или не е отпуштена.
Вклучете го палењето, притиснете
ја педалата на сопирачката и
обидете се да го препоставите
системот прво со отпуштање, и
потоа со активирање на
електричната сопирачка за
паркирање. Ако m продолжува да
трепка, не возете понатаму, и
побарајте помош од
автомеханичар.
Дефект на електричнатасопирачка за паркирање
j Симболот свети или трепка
жолто.
Свети
Електричната сопирачка за
паркирање работи со намалени
перформанси 3 171.